Добра вечер женски. Ние цееела недела со гости, со золвами можам сега да подпишам за да живее со нас, ептеен си се сакаме и се разбираме, не е нешто многу од помош низ дома ама е мила и полна со разбирање, а свекрва... женана е нон стоп крената во носон, ни сама не знајт зш. Бива ли бе во рок од една недела, а остана сама дома по 4 саати и тоа 3 пати, да не речи Бубе бе, дај истај крпи нешто дур сте излезени да ти поможам. Неее, суви барут беа алиштата и не ги имаше ни кренато, а машината испрана за да се спростри. Мајка на 2 пати дојде ручек да ни донеси и да ми испегла, па деуг да беше в земји ќе пропаднеше. Мислит ак играт со големава ептееен ми помогнала, пак уште ми велит ееј остави го бебе за да мојш да ја нараниш Н., само и реков ја жено по цел ден сум сама, знам да ги ранам и двете во исто време и го крена носот ОКЕЕЈ. Бебе, бебе е во глобала стварно супер бебе пу пи, смешко невиден. Имаше денови два како денес шо беше, слабо спиење т.е ја да сум до неа иначе станвеше одма ии плачење без врска т.е зовревме дее, може и заради тоа. Вчера се погоди така денот да од сабајле морав до бебе да бркам работа, па со мајка ми на кафе, паа решивме после ручек да одиме на базен, леле која среќа Нина. И така бебе го преспа денот во количка, милина. Ако не ка избањаме со маж пред да оди на вежбање, јас ја редам под чешма.. единствена сум или? Уживат Кренав раце со Н за градинка, до октв не ни покушавам, секако за месец дена одиме Мк, таму ќе сме месец дена ии само тргни застани, живци губење ќе сме. Ептен станала разбрана хммм можело и така значит. Јест да си е она палава и луда Нина ама нема повеќе лигавење, туку Не е Не и не смее да припраша уште еднаш. Ама луѓе, премногу е добра дада, многу ја сака Клара, ја чува, ја пази, гали. Само на вечер пред спиење ја фаќа криза и ме бара мене, сака да се гушкаме и ако тогаш не е дозаспана Клара, еее тогаш бегај те сите зш лошо ви се пишит. Од кога спијам со неа, наспани сме ситеее, уште проверува дали сум до неа ама нема такви страшно кризи Уште не доиспрани работите, петок пак гостиии ама аку старосватовите ни идат со детето и ќе биде забава цел ден, познавајќи ја Нина, на сите ќе им даде да си играат само него не сите ќе полудиме ама ај може ќе изненади. Туку спомнав дека ќе идаме Мк, ееее ама 2 месеци од како е родено бебе секој ден звонам амбасада за да извадиме државјанство и патен лист и никој не крева, а не примаат без термин. Може ли бе нешо да функционира од таа држава? ете, дур исмукав, избришав секаде и дур се средив 2 ќе ме фати, да си легвам и јас до момичките сега. Добра ви ноќ
Hi, moms Одамна не сум пишала, а богами не сум ве ни исчитала раат. Периодов, хаос пи*ке, лудило Ни ги блокираа одморите на работа, го јадев заради глупи Американци. Јеј Успеав да ископам 5 дена + викенди. Дај шта даш. Газдата се понаша како жена во ПМС од време на време Ама барем се понуди, ако имаме букирано да му пратиме скриншот, ќе ни ги врател парите. Е јас кај бате немав букирано, така да ништо од тоа Ќерка е бетер од жена во ПМС, уште од сега се плашам каква ќе биде како тинејџерка, жими се. Нервни сломови добива девојката. Живее на банани, така да научи да кажува мајмун. Оти цело време и викам дека мајмун не и е рамен во бананите Само трпение Маж ми почна да гледа еден цртан со мечки со Софи, и другарки не можам да ви опишам колку е досаден цртанот, а сум осудена да го гледам... Pray for me Настрана од моментите кога е пренапорна, преинтересна е. Изненадува како и текнуваат некои глупости. На мене на пример, немаше да ми текне 3 минути да правам балончиња со устата и да се излигавам цела. Ама ете, на ќерка ми и текна Сега станува интересна Некогаш се заигрува сама, си прави муабет со играчките. Една играчка и збори на Германски, ама си зборат И пее на Германски, оваа денса. Прејако и е во главата Кафето од мене Глупоста од Софи: "Софи, сакаш ли вода?" - Не "Е како бе така, ич не пиеш вода" - Кака бе (Така, ваљда )
Wonder weeks вика ден пред громчето. Не е ни чудо што од сабајле плачки еден тон имаме. Ама бар пред викендов надежно ќе завршат. Имаме договорено средба на викендичка со поголемо друштво. Или ова дете мое ќе сака деца и ќе се радува. Или можеби не. Ќе видиме.
Утрово ми стигна нарачката од Ани Фарм. Се супер, за 1500ден пуна ќеса, дефинитивно ќе користам и друг пат услуга многу се експедитивни, а ми се јавија и кога немало нешто од нарачката. И сеа отварам ја и го барам факторот, нарачав за малото Мустела на 30% акција и го гледам едно прцле колку палецот, стикче, ко лепак за деца за хартија, толкицко. 940ден за толкицко прцле. Имам лоша навика да не гледам до крај информации, не сум прочитала и исперцепирала дека 9мл е и се изненадив. Додуша со оглед на тоа што е стик ќе трае долго, верувам, ама малку ме фати неспремна. Затоа па Мустела купка за 300ден купив, реално 200ден е Алвердето или нешто друго такво. Каши земав од овие паучите, знам да му додадам во домашна ако немам разновидно овошје. Искрено моментално најсплатливи се паучите со житарка некоја, можеш 2 дена да поминеш, овошјето е отров. Дадов 100ден за диња, пола диња, не е ни нешто превкусна, ама бебе многу ја сака и дадов, што да правам. Диња и лубеница кај нас мора да има, само тоа го лаже прасево дури јадеме. Туку 2 дена беше невозможен, ама па затоа од сабајле се смееше цело време и не сакаше ни да заспие, се закачка бебе, се кикоти, покажува што научило. Мајмунче право. Најзабавно му е да праиме тоц со главите, да го скокоткаме и да го закачкаме демек го брка некој од нас. Забава за цело семејство ни е малово. Одмор напола спремен, ама смештај малку трудно. Цените отров. Грција сакав јас, тате сака Албанија или Црна Гора, ама битно спремни сме. Најдов многу убави купаки, не се скапи, 1100ден во сара фешн, ама мора да ги пробам. Така да вечер сама или со тате на проба ќе одам. Плус тие што ги имам од лани, од прехлани за замена и доста се. Нови пешкири само сакам, само што е со цениве да ми е да знам. Отров, пешкир 1200ден за на плажа, треба да купам минимум 4, а со едни пешкири ли ќе бидеме цел одмор, треба значи 8, 200е за пешкири скоро. Луда работа. Пред 4г земав едни по 250, сега истите се 600. А не убав материјал, лити и тие одма се прават крути од солта. Ми се чини понекогаш дека само мене ми е се скапо, што вика мм ефтино си се омажила, ама мислам и 1000е плата да зимам, не бедниве 350, нема да се опуштам толку да трошам. Едвај го чекам ноември, да земам цела плата нормална, а наводно и пак ќе качеле до Нова Година. Да стигнам бар до 500, срамота е со оваа плата архитект еј, жива срамота. Гледав да се префрлам, батали си викам администрација иди во приватна некоја, исти тулац, 400е почетна, работа и сабота и празници, епа не идем па до таму да е. Башка триста услови. Абе ај. Доста се жалев, заспа пак Бејби, да земам да му доправам ручекот, нашиот да го доправам и да продолжам после со чистење. Убав ден!
Ко на норма денес Тема администрација Не знам кои се моментално платите во државна ама во мојов град во приватна се зема повеќе сигурно. Бар ако над 450-500 евра не е државната плата во моментот. Е сега си носи повеќе обврски, постојана достапност. Почесто и работа во викенд и сето тоа. За државна администрација бар тие што ги знаев од порано важеше дека може да си шетаат каде и кога сакаат во работно време. Сега не знам како е, во приватна дали и два часа месечно се гратис од фирмата или ни толку. Тема: душевен мир. Шетајќи утрово рано рано со бебе, среќавам бивша колешка од работа. Јас кога се сретнавме прв пат во рани дваесетти. Битно каде ќе излезам и што ќе носам, плус попатно да ја учам работата, таа во доцни триесетти со пропаднат брак зад себе, борба за детето со кој родител ќе остане. Битно да заработи за да има за детето. Со сите маки изгледаше благо речено како 15 години постара. Денес улогите обратни - јас како од поплава исфрлена, со бебе во раце, што најдов чисто облеков утрово, битно да прошетаме. Таа - конечно успеала да го добие детето, да си најде партнер нов, да смени имиџ, да си има далеку подобра работа од претходно. Сега веќе скоро доцни 40ти, а со изглед како моја генерација. Со поглед да прозборува дека сега е и на право место. Така позитивна енергија ми даде.
Многу муабети сте свртеле, не дочитав се. Околу одење на одмор со баба, ние лани бевме со моите плус брат ми, не за да ни го чуваат детето него убаво ни е. Лабави се моите не се класика баба дедо, мезиме, пиеме заедно. Годинава сами ќе идеме за да си поуживаме сами. Базенче купивме, купачи такоџе, уште крај на август да дојде. Нејсе. Месецов преживуваме на релација фонтана во населба и игротека Плеј. Откако не иде во градинка, како уплав од деца да има. Ич не ги сака, се дружи само со 2 3 девојчиња. Во август дефф ја враќам во градинка. Роденден спремаме, шлог ме мавна која ми побараа исто пари за торта 15 парчиња како лани за 30 парчиња. 2 дена ќе правиме, 2 торти ќе имаме, затоа најдов поевтина слаткара од Делиција. Почнав ѓаќи да и облакам по дома, знае што е мочкање, какање, сите кукли ги моча во шоља ама не, кога нејзе и се примочка реши во плакарот за кондури на мама да се измоча . За надвор не сум уште психички спремна во ѓаќи да ја носам, ќе се посветиме на одмор на тој мајлстоне. Допивам Скопсково и ви правам живели и поддршка на сите што се справувате со заби, скокови, тантруми, темпертури, стрептококи, грчеви итн
Мамаа неможам да ти пишам на лп , која слаткара најде ? Него и ние едвај чекаме да дојде бар 13ти август со надеж дека ќе е добро времето за на плажа
Во Ла крем тортите се преубави. Ме изненадува што поефтино побарале. Откако пробав нивна торта, само од кај нив нарачувам. Сега чекам запче да излезе на малиов за да имам повод за да нарачам ама мали ме зафркава. Уште се крие запчето, па нема торта за мама
Добра ви вечер. Немам со кого да си направам два реда муабет вечерва, па ќе ви шкртнам нешто. Изморена сум. Не можам да дишам. Тешко ми е. Се плашам. Ама мајка сум. Милото вади запчиња, се лигави, кашла од лигите и има болки. Се разбуди вриштејќи. Гелче, сирупче, смирена мама, гушкање и сѐ помина. Во вакви моменти мило ми е што сум му мама. Што сум тука до него. Што се чувствува безбеден. Што можам да му ја олеснам болката. Што можам да го развеселам. Што сум карпа за него. А од друга страна, ми треба да сум едно дете. Да имам потпора при секоја мака. Мама да ме гушне, да ми каже дека сѐ ќе биде подобро, и дека нема веќе да боли. Да најдам утеха. Да заспијам на најсигурното место во светот. Да ми помине сѐ како на кутре.
Значи скок поминавме, ова не се опраи. Хорор е. Дали заби го мачат, дали нешто друго, не знам, ама не се трпи. Нон стоп да се вика. Најсмешно е што ако се заигра и не ме гледа, дали на земја, дали во џампер, дали во хранилка, он е супер, ме пикира ли со поглед, не застанува. Тоа ме теши дека додека сум на работа може мирен ќе седи. Еве го цица, пред нецел саат цицаше и заспа, дремна едвај 15мин и стана, сега цица да презаспие и прета, клоца, мава со раце, цица голта ко да не видел а сабајлево изеде цела каша голема (таа количина, мерам со празни теглички од каши) и цицаше после, сега се понаша ко да сум го изгладнувала. А јас се фатив со генералка, хах, генералка 5ти ден. Смукав дневна 3 дена, 2 дена ја џогирав, кујна фаќам да чистам 3 дена, денес има надеж да ја завршам. И тоа генералка провизорна, не детална, за детална во некој друг живот или кога ќе наполни 18 теленцево. Средства ми стојат на островот цела недела и само си потфаќам, кај видам дека нешто штрчи фаќам. Ова историско чистење. Се надевам до 18ти ќе завршам да видам и јас одмор раат. Оно до 18ти ќе се испрља пак али добро. И кога ќе чујам демагогии Јас чистев кога сите спиеа, е добро кога спиеше, па малку спиев, 3 саата и после цел ден си играв со нив... Рачунај лажат, нема шанси да си фул енергија, да имаш сила да чистиш цела вечер и да издржиш цел ден да ти скокаат на глава 2. Али добро... Се гледа дека сум наку*чена и дека ме боли глава и дека втор ден добиено... Е кога сме кај добиеното, добив минатиот месец и ми траеше 2 дена оскудно, сега ми трае еве трет ден поплава. Во живот немам наполнето цела влошка, сега сум фул, само што стомак не ме боли, иначе истоштувачко што да зборам. Се надевам искрено дека ќе ми заврши побрзо, нема некоја компликација да се деси. А да не зборам дека ќе ме фати да имам добиено на одмор. Нормално дека додека пишувам он заспа и стана, тоа е, муња мој, свеж е ко марула, мислиш спиел 2 саати. Ми иде да фатам пак патот кај мајка, таму бар немав обврска да чистам и готвам. Што нема да заспие нема, да земам јас да продолжам со чистењето зошто сакам да завршам со дневна денес и да фатам малку и спална и ходник, ако ми дозволи младиот господин. Убав ден мајки!
Чистење/средување со бебе е друг левел. Куќата крај нема посекако, ама со бебево еве веќе две недели средувам алишта и бебешки реквизити, конечно го гледам крајот. Кога спие секогаш морам да одредам што е најприоритетно: работа, одмор или домашни обврски. Ми доаѓаат гости на поседок, па веќе морам да збрзнам. Ако не стигнам скрос ќе им поделам обврски, еден правосмукалка, друг џогер, па сега тоа е. Блиски ми се, башка немам срам освен понекогаш Бебе е сто на сат, ползењето веќе не е толку интересно, сега мора на се' да се исправа и да оди. Почна да се пушта да стои сама, мислам дека ќе прооди за брзо. За 2 ипол недели роденден ќе славиме во двор ќе ги собираме гостите, тортата и дел од јадењето со свекрва ми ќе правиме, другиот дел од јадењето вујна ми и тетка ми ќе ми зготват. Олдскул сум јас за прослави, искрено по ресторани ај што ми е скапо, треба да се резервира многу порано, туку и јадењето е мех. Не вреди ич за 15-20 евра порција. Лабаво ќе е, шведска маса, масички наоколу и на средина да трчаат дечињата Инаку третиот заб проби, горе кец, го чекаме другиот.
Завчера бев толку исцедена и уморна, што се од вечерта оставив за следниот ден да средам. Од играчки, облека, крпи, чинии во умивалник, памперси. Се беше расфлено низ соба. Вообичаено, јас средувам се, пружам, диплам, пеглам облека, мијам садови, собирам играчки откако ќе заспијат сите. Секој ден до 1 после полноќ обавезно. Ама баш ко за малер, рано утрото дојдоа свеки. Кога виде соба, еден поглед зачуден а мене смеа ме фати. Може ќе стасав и утрото, бидејќи моиве се ранобудни ама баш тогаш морав дете да носам на базен, да купам стек за ручек... И знаете, вика леле хаос, кога ќе стигнеш да средиш. Слезе долу, јас со бебе за час два светнав. Далеку потешко ми е со двајца сама, без никаква помош, ама се навикнав да функционирам со 4-5 часа сон. Се надевам дека еден ден овој терет и умор нема да ми излезе низ уста.
Два реда муабет и од мене...жештиниве не ги поднесувам, бевме кај неговите на гости, дете од топлото не јаде а и од порано не јадеше сега па ич. Свеќи боцкање со муабети немав сила цела недела да се расправам не знам да излезам на крај. од подбуцнување се вративме дома на дете се истурив го искарав ама колку се чувствувам виновна на мравка не гази колку е мил и мирен мамина маза. (А баба му: ауу па мајка ти вика дека мирен си бил лигушко еден, па и со золвата на телефон ) боже ме сачувј