Многу се плашам од ова. Маж ми стално ми вика кога ќе пораснат малку децата и ќе здивнам тогаш ќе ме удри некаде овој умор и стрес. И јас сум лудача што сонот и е на последно место. Ќе чистам, ќе средувам, ќе пазарам, ќе работам ама нема да легнам. Засега постигнувам, не сум човек што легачи, а и ако легнам после цел ден сум флегма. Нормално дека пак ми е хаос дома, што вика Ангел една соба и јас со денови ја средувам зашто стално ме прекинува некој, па после гледаш вцто стигнало на ред за чистење, па детска и така во круг. Ај ќе пораснат и ќе ни свети дома, барем и они ќе учествуваат. Моментално двајцата се дома, големиот паузира од градинка, малото ќе го чувам дома додека не прими ммр, па од октомври здравје заедно ќе почнам да ги носам. Едвај чекам, ова е многу напорно. Посебно сабајле и навечер. Преку ден некако се снаоѓам, па и бато знае да го заигра, да го причува додека ја средувам кујната од доручек или диплам алишта, некогаш успевам и да се избањам. Почнав и нив заедно во корито да ги бањам и многу им е интересно, а и мене ми се олеснува на една мака двајцата. За утре гости ми се најавија Да не се налути некоја ама јас стварно не знам на луѓево како им се оди по гости на овие температури. Мене искрено ми се шета навечер кога се дише, децата ги фаќа воздух, а утре во најтоплото треба да спремам нешто, бебето како што е крш со дремките знам дека се ќе му се изремети, ќе има плачки. Е ама тоа е, што да правам. Се изнашетавме во количка, тој исправен да разгледува, мама си направи шопинг, бато лут зашто не го земавме. Да го поминам редот со гостите, недела пакуваме куферите и одиме за Грција, едвај чекам. Може таму нема толку напорно да ми биде.
Приоритет ми е сонот, куќата ако сака може и нозе да фати. Кога сум наспана можам и да средувам, и да работам и на бебе да се посветам. Кога не спијам доволно многу брзо се уморувам што и да правам, па легнувам на тепих и бебе ползи околу мене, ми се качува, си игра, јас џоа одмарам, не ми се станува не ми се мрда...
Приоритет да, ама и да се има услови. Мм вика спиј дури спие бебе. Две дремки има во текот на денот. Првата е после 10ч баш кога треба да спремам ручек, да средам од доручек и да обрнам внимание на големиот. Втората е веднаш после ручек и пак исто, распремам што сме ручале, пак со големиот малку време да поминеме, некогаш веѓи средувам. Јас почнав да се бањам со бебе во купатило или ги оставам со големиот со врати разотворен да слушам што се случува. Два пати неделно одиме до маркет да испазариме, и тоа ми одзема голем дел од денот,затоа понекогаш си викам и подолг да беше денов немаше да ни стигне
Добро утро Стомачен вирус ги фати сите четири. До сега џогирав повраќаници од под, дезинфицирав вециња и не знам која машина од 03 веќе. Таман едниот малку поарен, па друго трето четврто. Бебуш вчера и поврати, ама се мачеше цел ден. Се надевам денес да е подобар барем он. И двојката пробила, другата отечена. Кецовите за една недела ги извади веќе. Јас пазарувам минимум 3 пати неделно, страшно колку само оди за кутиите за појадок и ужинка во школо/градинка. Плус едното си иде после 12.00 од школо, мора да има ручек на маса, а и после градинка како гладници се кога идат, јадење цел ден како да не виделе . Од 5 претпладниња 3 ми одат за тоа, пазарување, по 2часа, додека поминам супермаркетите и дм. Деца викаат, да се враќам во барабанот.
Добро утро од Крушево. Ако не знаете што да правете на пеколот елајте овде Синоќа спиевме со долги ракави и јорган ,па можете да замислите.
И јас сум турбо за време на дремките. Едноставно никогаш не сум можела да спијам дење. Ама навечер не останувам до доцна за да средувам, секогаш ми е тоа контрапродуктивно. Насабајле средувам кога ќе ме разбуди бебе во 5-6, заедно со спремање кафе и доручек за сите
Добро утро, Да се пријавам од покрај езеро. Вака така успешно се довлечкавме. Два дена едвај се спакував мислиш бо Тунгузија одиме, а не во Охрид. Ама сакам спремна да одам, а не да трчам да купувам кога ќе стигнам. Вчера решивме да тргаме после 7 за да избегнеме жештините. Е арно ама нормално бебе се изремети па имавме циркуз на сред автопат, реши да плаче до зајдување. Како што беше настинат нос полн мрсули. А за малер ни паркинг ни бензиска, на сред моравме да застанеме . Чистевме мрсули и цицаше. Среќа тоа траеше 10 минути и бебе се расположи да може да тргнеме. Си заспа и се подразбиди на стража, за среќа краткотрајно додека стоевме пс презаспа. Се подразбуди пак пред влез во Охрид и тргна накај рикање, ама го погалив се смири и успешно стигнавме. Нормално тука ни очи не отвори да види кај сме, кај се баба и дедо, ама ако убаво преспа и нормално стана свеж и расположен за игра уште во 6 саат. Знам дека ќе е тешко, ама овде стварно воздухот за спиење е друг, одма е поинаку, па ќе стиснам заби. Да седеше и мм цело време друго ќе беше. Ама он мора назад на работа. Така да од понеделник до петок журка ќе е. Ама ако се спие преку ден се надевам ќе фатиме некаков ред. Во меѓувреме бебе и дремка истера и доручкуваше и плажа фативме и втора дремка под длабока сенка тера, додека бато не можеме да го извадиме од вода. Фаќа риби, се шлапа, па се полеваше сам со кофа и други циркузи. Ама јас не памтам езерово волку топло да било оддамна, така да нека ужива. Плаживе преполни, ама дека ние порано дојдовме фативме убава сенка, па може да уживаме. Само јас неспремна тргнав па денес полуоблечена само ќе кулирам, попладне се надевам ќе успеам да се средам и утре и јас да го сефтосам езерово. Бебе денес мора да пофалам одлично јадеше за разлика од претходните денови. Дали до воздухов е или пак му одговараше посвежа, малку киселка каша ќе видиме. Битно излапа сервираното. На тема чистење, никогаш не правам компромис чистење пред децата и одмор. Обично се организираме или јас или маж вади децата, додека другиот набрзина зачистува купатило, усисава и забришува прашина. За она другото од нога кога можам пофаќаме. Имав жена, ама многу скапо ми земаше, а плус сега со бебе дома тешко ми е логистички. Дополнително што пред да дојде се наткревам да расчистам за да може да чисти. Незнам дали ова само јас сум будала? Пред да дојде жена дали средувате по дома? @danichap нека минува само побрзо. Одам да уживам под сенката со кафе покрај езеро. Имајте убав викенд
Убав одмор мама и да се изнауживате Истото го правев со жените а по последната и пречистував и се помирив дека додека да тргне бебе во градинка така ќе ни биде дома. Битно вака налик подсредено е, ама едната детска ни е плакар, се перено, пеглано, сушено ни е таму а во другата ставаме работи што не знаеме уште каде да ги сместиме и маж таму се пресоблекува Со еден збор бомба.
Мајки здраво. Ќе бидам кратка, дека сум уморна многу. Се миев во вц ставам кремови, серуми џа бу, ок. И кога се загледувам во огледало и забележувам дека погледот ми е сменет, очите ми се уморни, немам сјај. И вам така ви е? Се исплашив од себеси, како во длапка очите. Дали од умор, дали од вчера ме фати кратко вирус ли беше со повраќање, дали од неспиење. Џабе ми цела козметика од Белина, кога сон и одмор салам немам. Добра ноќ слатки сништа
Иначе жива сум загрижена зашто ке ја пуштам беба во градинка на 9 месеци. Ве молам утешете ме дека има и други како мене што рано ги пуштиле и секое искуство како сте поминале ке ми биде добредојдено. Најмногу ми е страв дека нема да биде боцната ММР а и од други вируси ми е страв
Од вирусот ти е. А може нели комбинација и од неспиење. Нека причува бебе една ноќ тате поспиј малку. Јас кога се разболев многу сопруг така направи, 40тт не е хумано да очекуваше дека цела ноќ ќе се грижам за бебе, една ноќ млеко во шише и јас отспав цела ноќ во бунило. Додуша ме будеше за да пијам парацетамол и да се истуширам зошто сум бладала. Едно сфатив, медалот никој нема да ни го закачи, а не си ништо помалку вредна ако речеш Не можам веќе! Морбили моментално нема активни случаи, не знам од што се плашиш. Реално има полоши работи од морболи, а за нив нема вакцина. Дека ќе биде нон стоп болна, ќе биде, ќе се навикнеш или ќе кренеш раце. Тоа е. Јас имам тргнато во градинка на 7м, па види ти. Ми спомна вработена во една приватна градинка дека кај нив се спрема протокол за дечиња од 3м да се примаат. Нажалост одиме кон тоа така да нема зошто да се нервираш, мора да одиш на работа, тоа е.
Разбирам...мене ми е и психолошкиот момент. Како ке издржам на работа и ке бидам посветена а ке ја мислам цел ден. Тоа е . Бог нека ни е на помош.
Те разбирам, да немав мајка на помош ќе праќав и јас. Јас сум далеку по кул за такви работи, тоа што не можам да го сменам не го ни мислам и толку. Што знам, мене ми е таков мајндсетот и така си имам многу олеснето. Порано мислев и со денови не спиев, еве сега имам баш ситуација која многу ќе ми смени ако стварно така излезе, ама што ќе ја мислам цел викенд кога не можам да сменам ништо, тогаш ќе мислам кога ќе дојде редот. Ама многу работа претходеше на ова размислување, со денови влагање на мислите и на крај постигнав некој таков "зен" да го речам.
Јас незнам колку е тоа убаво ама само на мајка ми и верувам кога ми ја чува. Дури и на неа знам да и кажам" пази кога ке преминуваш улица со количка " а не па некој друг сосема непознат .....ужас ми е
Јас денес се гледав на слики и се разочарав малце. Ќе лажам ако кажам дека не се познава разлика од тоа како сум изгледала во бременост и еве 2,5 месеци после пораѓај. Во бременост го имав тој pregnancy glow.Ќе бидам љубезна кон мене и нема да се споредувам со тоа како сум изгледала пред бременоста. Очите ми се пропаднати, ликот ми е променет, иако имам +4кг од пред бременоста, се чувствувам, а и изгледам како да имам барем +10. Дури и мајка ми ми искоментира дека сум се здебелила, а јас од пороѓај до сега сум ослабена добри 15кг. Колковите ми се проширени, брчки, подочњаци, подбрадок, градите поголеми и посвиснати… Ептен ме мава на самодоверба.
Јас бев така до кај 4ти месец . Во бременост сјаев и зрачев, кога се породив не сакав да се гледам во огледало. Али еве сега се враќам во нормала полека . Не се секирајте нормално е. Шок е за организмот да не се лажеме ,додека си дојде све на место. Башка неспиење .
Баба ме остави само со едно дете, другото ми го зема на спиење, вика да можеше и тоа ќе го земев да се наспиеш, ама ќе почекаш едно година дена. Не е идеална, ни ја не сум, ама од свекрви оди високо на листата. Има мани, имам мани, устата и е брза, мојата не толку ама па затоа не мислам секогаш пред да кажам, терсене е, бетер сум, ама фактот што не ми се меша и што знае да ме сослуша без да ми суди, многу ми значи. И додека го пишував ова, додека чекам машината да измие садови во кујна потпрена на островото само, слушам нешто шушка во спална... го фатив за 3цм да падне на земја од кревет, а висок ми е лежајот доста. Во сон се тркала и малку му биле тие метар и нешто од средина до крај, па и дијагонално се стркалал и таман да падне го фатив. На инста кружи едно рилче од кинеска фамилија како спијат на кревет опкружени со онакви огради за детски кревети, епа тоа нас ни треба реално. Нема ни 7м, станува, седнува на газот, лази пола соба, се џитка на грб... Што ќе праиме со ова дете не знам... и сеа туш ќе мавам со брзина на светлина а него у креветче, после ќе мислам за спиење дали ќе го зимам со мене или не. Добра ноќ мајки, спијте мирни дур не им текнало дека може да се движат.
Мојата тргна така рано во градинка, немаше примено мрп, тогаш плус корона беше, но нема и сега морбили гледам. Не се плаши. Спреми се дека нонстоп ќе биде болно, 1 недела болна, 2 недели дома. И така беше често првата година. Мора да ги помине сите вируси и бактерии така ќе стекне имуните, и подобро.
Затоа имам ограда од едната страна, ги има во локо кроко, ама без надзор никако оставање од кога ќе можат да се вртат... Ни кога сум до него искрено не си верувам дека ќе можам да го фатам