Утро! Бебо мој љуби га мајка се успа.... Цицаше кај 7 и продолжи еве го спие. Таман убаво да се олади појадокот додека стане. Ова темпо ми одговара многу и мене. Се надевам денес ќе биде ок, ќе имам гости на ручек, наши се и не нешто спешл ама сакам да е убаво спремно. Кој е за кафе, грч лимонада и парче лубеница, бујрумте!
Добро утро, Само да пратам поздрав од идилата. Бебе спие, мм и големиот ловат риби со мрежичка. Јас доручкував и сега ќе одам да земам кафе од шанк. Јас немам таква соба, ја претворив во детска и сега ми фали зошто вака си го гледам хаосот по дома . Имајте убав ден
Морген момстерс Две летни бебиња и две нејадачи. Кај е орденот? Кога имав едно јадев поише гомна. Сега како растат, а посебно како расте првото и станува невозможно на моменти се помалку гомна јадам за гледање деца. Ваљда доаѓа тој момент кога сфаќаш дека дете не можеш да предвидиш уште помалку да победиш па прочитај колку сакаш книги. Имам потреба да испијам кафе без стопати да ми застане во грло и уште стопати да скокнувам кое писнало кое треснало. Тантруми има се помалку и веќе некое време нема трескање по супермаркети или други продавници, ама ете вчера седнавме на кафе, стани/седни, удри од масата, не сакам ова, сакам ова, не оваа вода, ваков џус, не вакво цевче, ми се кака, ми се спие. Низ нос ми го извади кафето. И му реков на маж сега сфаќам зошто некои даваат мобилен некогаш. Цел ден ги занимавам, време за себе -0 и да, ќе го даам тој глуп мобилен за тоа едно глупо кафе да не ми заглави стопати и да ми протече низ врат на раат ако треба. Со едно ми беше лесно, едниот го шета другот пие кафе, па другиот ќе трча по него првиот да лизне кафе. Со 3 веројатно веќе имаш скроз на скроз одлепено. Живеам за тој ден. Да одлепам. Од петок официјално и големата е дома им почна летен распуст, па одлепување доаѓај! Спремна сум. Ваљда. Со второво се ми е потешко. Од самата бременост и породување, опоравување па до секој сегмент од растењето. Ниту спијам, ниту јадам како човек. Изгледам неколку години постара и ми смета тоа. Конечно потпишав договор за работа. Просто не ми се верува дека овде за вакво нешто плаќаат. Затоа ќе си барам уште една оти првата е прилично флексибилна. Јога ставив на пауза, го чекаме роденденот на големата на 16ти и на 18 фаќаме магла од тука. Мојот убав Крф ме чека и планирам гз да печам секој ден. Лажам, никој не се плаши повеќе од мене од меланома и како прав невротик има само да мачкам фактор де на деца, де на маж, де на мене и ќе се вратиме побели него што сме пошле. Малку ми е мака што предвреме го скративме одморот, ама маж ми вети неколку дена во Амстердам да сликам архитектура. Наводно бил и фемили френдли, па овој пат да го запознаеме во друго светло.
мајки незнаев кај да пишам па ајде овде. Во мај бев на ехо на дојки све беше океј. Сега еве една недела две ,имам мало црвенило на едната дојка ама горе. Не ме чеша ,не ме боли ,немам топче. Ама се загрижив . Само си стои така. Дали е нешто од жешкото или може да е страшно....незнам стварно
Здраво жени, јас после цела недела дома конечно се адаптирам на средината, ама не и на жешково, дефинитивно сакам ладно време, Лондон ми годи оти многу сакам дожд и мрачно време, не постојано ама 90% од времето ми е ок. Вчера бевме да си ја побараме невестата, брат ми се вери пред две недели, многу изненадно. Не дека немаше да се деси 30 год е, а и доста време се заедно ама не мислевме баш сега И така вчера го оставив мали два саата на свекрва ми, мислам дека душата ми остана дома, он заспал ама баш кога се вратив плачеше многу онака жално и го зедов, липаше душиче, срцето ми се скрши. Не знам како ќе одам на свадба за две недели, малце ми фали да земам соба во хотелот каде што ќе биде свадбата и да ја оставам мајка ми со него таму. Денски не е проблем се замајува со сите, ама пред спиење ја сака мама. Многу среќно дете имам, на сите се радува, кај сите оди, сам се заигрува абе за мерак. Внуката е на гости, сите на двор, се шлапаат во базен, мали во количка седи и ги гледа, сака да се дружи и он, душа на мама. Ептен позитивна е енергија се наполнив одсабајле. Свеки и свекор многу послушни се покажаа, ништо не ми пререкуваат и што кажам за бебо така прават. Мајка ми повеќе ме замара, ладно му е, гладен е, спие не го буди Него ја исчитав темата и срце ми се скрши за бебето @Skyler јас да сум директно ќе и кажам дека е гладно бебето, па ако сака и нека се навреди, чума. Извини вака за вреѓањето ама како може бе, мене срце ми се крши кога бара цице, не па да му го давам на тајмер.
Него ја исчитав темата и срце ми се скрши за бебето @Skyler јас да сум директно ќе и кажам дека е гладно бебето, па ако сака и нека се навреди, чума. Извини вака за вреѓањето ама како може бе, мене срце ми се крши кога бара цице, не па да му го давам на тајмер.[/QUOTE] Баш истото би го направила. Пред некој ден гледам една моја пријателка ставила слика од девојчето по долги ракави облечено , а тоа надвор 40 степени. Другиот ден ми се јави да се слушнеме, аман и викам, те молам знам дека не е моја работа ама облечи го девојчето по кратки, греота е, претопло е. А девојчето е врсник со мојата помалечка ќерка, 11 месеци,плус има операција на срце правено, па се жалеше раната била црвена и излегувале црвени точки, не спиела убаво ,не знам што.. Уште ми вика оо ова не е ништо, поголемото дете бетер од неа го облекував. Вика вчера и сестрата што работи кај педијатарот ме сретна исто ми рече одма да ја соблечам. Па и викам што ја чуваш уште по долги, греота е , ти по долги си облечена? Рамно на малтретирање ти е ова, подобро истепај ја, отколку вака по долги на 40степени да ја мачиш, дома ни клима ни ништо. Сто пати и се извинував додека и го кажував ова, на крај рече ај добро ќе ја соблечам ,белки нема да настине На 40 степени да настине..
Баш истото би го направила. Пред некој ден гледам една моја пријателка ставила слика од девојчето по долги ракави облечено , а тоа надвор 40 степени. Другиот ден ми се јави да се слушнеме, аман и викам, те молам знам дека не е моја работа ама облечи го девојчето по кратки, греота е, претопло е. А девојчето е врсник со мојата помалечка ќерка, 11 месеци,плус има операција на срце правено, па се жалеше раната била црвена и излегувале црвени точки, не спиела убаво ,не знам што.. Уште ми вика оо ова не е ништо, поголемото дете бетер од неа го облекував. Вика вчера и сестрата што работи кај педијатарот ме сретна исто ми рече одма да ја соблечам. Па и викам што ја чуваш уште по долги, греота е , ти по долги си облечена? Рамно на малтретирање ти е ова, подобро истепај ја, отколку вака по долги на 40степени да ја мачиш, дома ни клима ни ништо. Сто пати и се извинував додека и го кажував ова, на крај рече ај добро ќе ја соблечам ,белки нема да настине На 40 степени да настине..[/QUOTE] Пред некој ден шетавме околу 19 часот и пиркаше топол ветер. Бебиња, може имаа пет месеци, во долги, а родителите по шорц и маици на прерамки.
Пред некој ден шетавме околу 19 часот и пиркаше топол ветер. Бебиња, може имаа пет месеци, во долги, а родителите по шорц и маици на прерамки. [/QUOTE] Тоа испотено.. за грев.. И на таквите родители по две блузи по долги би им облекла.. Па уште цел ден плаче, кенка, не знам што му е вика. Сите ти викаат соблечи го, штом сите ти викаат, има нешто, седни размисли малку, не може за се да сме сезнајки ,најпаметни .
И после второ бебе сеуште се прашувам зошто не спијат бебињата по 2 сати да си ја одморат душата,туку вака сите да се мачиме со нишање,пеење,презаспивање,цицање и на крај сите испотени,нервозни и нерасположени.Бебе ненаспано,мајка преуморна. Мајка ми вика сум била многу плачливо бебе, ама не мораше и мојве деца да се такви. Ама сега ја сфаќам мајка ми зошто во недела од сабајле смукаше кога јас ќе бев излезена до ниедно време предходната ноќ, ми враќала за тоа што душата сум и ја извадила од плачење и неспиење Мајки на кои ви спијат бебињата бидете среќни, расположени, а на нас останатите ви посакувам трпение,живци и многу сила за нишање на бебињата
Напишав и избришав, мислам срам ми е само да се жалам. Исто е и второво бебе со плачење, во раце, со грчеви, плус капак ни е бљуцкањето, па многу често ја пресоблекувам дење-ноќе. Бидете среќни вие кои имате неплачливи бебиња
Strujata ni ja isklucija a maz nikako da mu tekne da odi na rabota Bebe zavcera vakcina primase i cel den e so temperatura. 2 dena so bebe sme kaj drugarka no do koga vaka Potesko od ova nikogas ne mi bilo do sega,dusha me boli za bebe najveke.
Иста бев се секирав и има грижа на совест непотребно сега да ме питаш, пак ке го пуштам без проблем и да има кој да го чува, верувај подобро помал полесно ќе се прилагоди. За вируси неизбежно е и на 9мес и на 2 год да тргне ќе мора да ги минете, се разболувавме скоро секој 2 мес ако не и помалце, така до 7 8мес потоа се поретко и фала на богу си стекна имунитет, сега е скоро 3 и се поретко е болен пу пу...
Пред два месеци истото ми се случи, беше роденден на татко ми и ајде тука се сликаме со брат ми со внуците. Коа се видов на слики и се исплашив и се загрижив. Ама кај мене е од неспиење и умор со бебе шо не сврзал 3 саати сон веќе 7 месеци. Се надевам ќе се среди ситуацијава иначе искрено се плашам и како ќе се вратам на работа со вакво неспиење... Капак на се, бебе ми качи температура од вчера и се раскашла, го носевме на итната само сирупче ни рекоа, утре ќе го носам кај матичната. Го префати од нас со мм и ние се разболевме кашламе ама се надевам полесно ќе помине кај бебо. Се мислев дали да дадам сируп ама мн беше како омалаксан го туширав и два пати дадов сируп, првиот пат 37.9 вториот 37.7. Може и не треба на таа темп ама не сум паметна прва ситуација ми е ваква и баш у викенд... Убав остаток од викендот мајки!
Многу ми е жал мила, се надевам ќе разговарате отворено и ќе се превземат работите во раце, пред се за бебе.
Луѓе морам да се искажам некаде многу ми е тешко…прееска направив нешто незамисливо и неоправдливо за мене, во нервоза го удрив мм…Го држев детето и нешто се шалевме и он ме плесна по газ ама онака на заебанција и не силно ама мене ми се стемни наеднаш како некој инстинкт ми се јави да го заштитам детето, а реално не знам од што кога мм нилогаш ниту кренал рака на нас ниту има таков нарав и јас се завртев и му влепив шамар. Во моментот се засрамив и штрекнав и не знаев како да му се извинам, тој остана со отворена уста и нормално дека ми се налути. За мене насилство физичко или психичко во брак или врска е граница, јас никогаш не би опростила шамар и сега не знам со кое лице да барам прошка од него. Плачам цело попладне, многу сум вознемирена и не знам од каде овој бес во мене се појави…откако го имам детево многу сум нервозна и често се истурам на него и ова беше врв, не знам како да си помогнам и како да го погледам во очи после ова. Може муабетов не е за тука ама мислам дека моето понашање е реакција на мајчинството…
И јас имам моменти кај што не се ни препознавам, како друга личност да сум, ама највеќе припишувам на замор од неспиењето асално и кенкаво бебе.. разговарај и извини му се, сигурно ќе те сфати
Континуиран умор, раздразливост поради нарушен и краток сон, хормони…комбинација со идење Македонија каде што мислам пиша дека наместо очекуваното ќе здивнеш/ќе се наспиеш/одмориш пак си турбо и се десило. Не е изговор или оправдување ама е реалноста позади една реакција и она не знаеш што се носи момент. Првен разговор а потоа гледај малку време за себе и да наполниш батерии
@1209 седни и разговарај, извини се, и незнам што да ти кажам. Неоправдувам никакво насилство ни физичко ни психичко, ама гледајќи колку само завршува работи секој ден маж ми, жал ме фати за маж ти. Ти собери се, под хитно. Нервоза, неспиење, умор, промени, хормони, се ти е собрано, но мораш да се контролираш. Остави си саат два во денот за да си посветиш внимание на тебе, исто и на маж ти. Неможеме да се изгубиме ние во мајчинството, и вие двајца сте битни. Извини што сум искрена, но мораш да се стабилизираш. Извини му се со вечера, излезете, направи нешто. Заслужуваат и тие, и исто и нив ги погодува се поврзано со бебето и неговото доаѓање на овој свет.