Да не спиеш на таа страна, да не е потпарено, да не си изедена од инсект? Не сум имала лично јас, затоа и не ти пишав.
Му се извинив, рече дека многу го повредив со тоа и дека прв и последен пат ми простува, дека ме разбира низ се што поминав ама дека морам малце да де ставам и на негово место и да размислам дали заслужул такво понашање. Знам дека не заслужил и стварно морам да се соземам. Јас не велам дека не сум крива, 100% сум ама не можам да се препознаам, ова не сум јас и мислам дека сета траума која ја потиснував од пораѓај сега ме стаса…фала ви жени за искреноста и советите. Ќе се вратам на старата јас, само ми тееба време.
Побарај од него совет како да си помогнете. Кога те читам каков однос имате многу ми е мило некако, јас на пример со мм немам таков однос, он нема некој пример за како треба да се однесува сопруг и татко во семејство и поради тоа ми е многу тешко, особено сега откако почна па и да спие во друга соба, ау, осеќам дека тонеме ама си давам фора до септември да се решиме. Не беше идеата вака, се осеќам ко да сум го искористила за приплод, ама он сам се тргна. Реков, септември златен ќе се врати у спална па до таму да е. Бебе не е толку плачко, спие убаво до сабајле, доста му беше. Реално ти имаше огромен стрес со породувањето, но колку што знам тој беше цело време со тебе, така да немаш простор за грижи. Зборувај со него, искупи се на убав начин и дај му до знаење дека ти значи тоа што го прави. Јас не познавам одморени мајка, еве ако има таква нека каже. Додуша јас бев со синко големиот, ништо од ова не се дешаваше, сега идење во вц строго контролирано, кога има некој дома, иначе по цел ден трпам и за едно и за друго. Денес баба му го држеше, збесна со неа, цел ден 3 пати по 15мин е преспан, само да спие вечерва. Ама ми стои тешко, еве го мрмка, ќенка, се врти, дали му е жешко дали преживува од денес, имаше бурен ден, баба, тета, тетин, сите тука го играа.
Беше да, цело време, тој беше и мајка и татко на детево првата недела, а и многу стрес му беше тоа што за малце ќе ме изгубеше и мене и бебето, кога ми кажуваше како плачел пред болницата кога ми ставале епидурална душава ми се кинеше. Ние се запознавме многу млади, ама он уште прв пат кога ме видел си рекол дека ќе му бидам жена, секогаш вели дека сум му била љубов на прв поглед и не можам да опишам како ме сака. Не дека немаме падови и дека нема маани, 16 години поминавме низ многу, ама ние пред се сме многу добар тим, настрана тоа дека сме во брак или дека сме биле дечко и девојка, отсекогаш многу хармонично сме си решавале се. Поради ова јас не знам зошто толку бес имам во мене кон него, може дека цела недела излегува и се дружи, а јас не. И знам дека е нормално тоа, му треба малце и нему полнење на батериите, не дека тоа ќе го прави цело време, впрочем он е особа која најчесто седи дома, јас сум по шетањето и дружбите и не дека реално сега ми забранил, цело време ми вика излези, иди кај мајка ти, не го мисли толку детето, ама јас не можам, посилно е од мене. А за спиење посебно и ние спиеме за сега, ама барем одморени сме и двајцата, не ми пречи тоа. Секогаш сум велела дека не оправдувам губење на интерес за партнерот кога се добива дете, дека децата ќе пораснат и ние треба пак да останеме сами, ама сега кога јас го правам тоа бесна сум си на себе и истурам на него. А не е фер. Добар е сега, поминува покрај мене и крева раци пред лице и се заебава дека страв сум му влела. Секогаш е тој што врти на шега, јас сум многу сериозна, тоа ми е најголем проблем.
Криза во брак после првото дете е многу честа меѓу паровите, ма колку и да било се перфектно пред децата, цел живот се менува од корен, колку и да сакаш да посветиш внимание на себе и пртнер на почеток е претешко. Се уште е свежо, сеуште е за вас се ново и ви треба време да се прилагодите на целата ситуација. Мислам дека секој од нас се нашол во ситуација кај што се избегава некој период и тоа не свесно, нервоза, умор, не доволно време за себе, а камоли запартнер и ете ја кризата. Баш со маж денес прокоментиравме дека во 5 години ние сме 4 пати скарани и тоа 3 пати беа првата година кога се роди Нина т.е првите месеци јас бев ненормално бесна, шо и да на праеше за мене беше не доволно или не правилно напраено, ми сметаа неговите ептеен, по цел ден бев со бебе сама, ја контролирав беста и ќе се изнаплачев под туш, ама ете на неколку пати не можев да издржам и се имаме испичкарано ептен. Рака никогаш не е крената и тоа не оправдувам ама се десило сега кај вас и тоа е. Мене ми помогна многу пешачењето со бебе од сабајле додека спиеше, седнував на кафе после тоа сама и чекав да стане, до тогаш или читав или мозокот на пасење, полнев батерии за кога ќе стане да продолжиме. Види, нешто пробај што ќе те смири во денот малце. За нервозата, можеби и кризата во брак,не си сама, сите сме се нашле во таква ситуација,ќе биде се добро доколку разговарате се почесто отворено и наоѓате барем малу време за вас, секој за себе, а и заедно. Не знам за тоа како ви е сега Мк али во мој случај, гужвите иди ми доџи ми, плеткање околу нас и бебето као помош демек,а уствари само се одмага, ми правеше ептен стрес и сега не ми се оди воопшто, знам дека гужвата ќе ме полуди, знам дека сите ќе сакаат да дојдат да го видат бебе и да ми се плеткаат и тоа ќе ме направи ептееен тажна и ќе си пукам во себе, од сега едвај чекам да се вратиме назад уште не појдени. Ама сега ми е многу психички подобро него со првото дете,иако сум преуморна, сепак промената од без деца на прво е најдрастична и затоа психички мајките се послаби. Чувајте се, се ќе биде добро.
@Bubish26 @1209 истово баш сакав да го потенцирам. Мајчинството е огромна промена посебно првите месеци кога до вчера буквално си го имала цело слободно време да си го поминуваш како ти сакаш, раѓаш и оп-одеднаш немаш време да се погледнеш во огледало, се тушираш набрзинка зашто ако се случи да си сама со бебе брзаш да не заплаче, не можеш една работа на раат да ја завршиш и тн. И најчесто страдаат блиските зашто во тебе се акумулирале сите тие секојдневни мини-фрустрации во комбинација со излудени хормони, на нив го истураш за жал. Баш ми е мило што сепак имаш партнер кој потполно те поддржува и разбира. Јас имав период уште бремена кога бев, се изнаплакав зашто помислив дека ништо веќе нема да е исто кога ќе се роди бебе, плус мене ми се погоди бременост во пандемијата, седев дома затворена и со никој не се гледав, а претходно бев исто тип секогаш за дружби и отворена. Тоа траеше долго зашто баш останав бремена кога почна пандемијата па после се пазев заради бебето и ми се фати година и пол додека се опуштив и почнав да се мешам со луѓе. Тоа на мене остави последици-станав интроверт, изгубив доста пријателства…Згора на сѐ имав и тежок пораѓај. Нормално вреќа за удирање за сите мои фрустрации беше сопругот, и нормално дека имаше период кога нон стоп се каравме, мене ми беше криво дека он излегува кога се опуштивме со короната (јас веќе со бебе тогаш) и се дружи, а јас седам дома сама. Се осеќав како под казна да сум. Долго време ништо не правев, сѐ ми се вртеше околу бебето, па можам да кажам дека ми требаа месеци да се вратам на старата јас кога почнав да се занимавам со хоби што си го имав претходно. Почнав и на исхрана да внимавам, си ја вратив килажата од пред бременоста и тоа многу позитивно влијаеше на мене и на сите околу мене. Се изнапишав свашта, ама поентата ми е дека сите тие емоции што ги имаш се најнормални, и мораш да си ги прифатиш како такви, дека се дел од процесот на опоравување. Исплачи се секогаш кога ти е тешко, одвој барем 1 час за нешто што го правиш само за себе, земи запишувај на лист сѐ што во текот на еден ден те изнервирало, макар и тоа да е некоја банална работа. Ова со пишувањево јас во последно време го применувам кога нешто ми е тешко или сум нервозна и лута или едноставно имам лош ден и навистина многу ми помага, совет од психолог ми беше. Во телефон во белешки го пишувам. Веднаш откако ќе завршам со пишување како нов човек сум. И за крај, ќе помине и оваа фаза, додека да трепнеш верувај, иако знам дека ти изгледа како вечност сега
Здраво женски. Прво кафе пијам и реков да шкртнам. Од петокот бевме со гости, вчера ги испративме. Убаво е човек кога се дружи со драги луѓе посебно кога не се гледа толку често ама ај шо е обрвска и трошок, туку ептен е напорно. Да не праам муабеѕ колку е напорно со бебе 2 месеци, тодлер 2г кој јас полигаво дете немам сретнато и 3 и пол г палавко мал. Мозокот шашма ни е на сите. Пред да дојдат бев на раб на нервен слом оти праев дои, зачисти, продолжи доење, успивај, храни, дочисти, туш, пак жива вода и така во круг, мајка ми се јави и рече уживај, само што ќе влезат бомба ќе ти е и вистина хаха Ќе се прошетале мааа какви то ти е тргну застани, тегнење, плачење, цицање, дома там бетер, тоа плачливо се граба, нашава тажна и растурал, и кинел, па тој удри ја, ова врати му, базен ќе сме им наполнеле ауууу тој турни ја, оваа повлечи го за нога маа луѓе сите полудевме. Машина имам нон стоп за перење, не знам кога ќе начекам да е празна. Мене ми треба по две машини од сите. Ја чекам мајка до кафето да дојде да испегла, мале да не е она јас мислам ништо нема да стасам, маж на леб и маргарин ќе е оти јас сум на диета хаха и така си седнав сега со кафето и ја молам Нина да не лупа ама како на дрви да зборувам, а момичето крена и тт 38,4. Смее ли во солариум доилка? Предпоставувам не ама да прашам.. бела сум како сирење, малу од малу боја сакам. Ајде да го допијам кафе оти имам осеќај ќе ја разбуди на сестра и и ќе 'ржам после.
Добра вечер мајки. Бевме на викенд во Охрид, таман да ми стани појасно дека на одмор со бебе во фаза на лазење и одење не треба да идам, посебно не на плажа. Првиот ден поминавме ужас, се каам што воопшто појдовме. Бебе се капеше и уживаше во вода, но почна да дува многу ветар и имаше бранови па почна да плачи бидеќи нормално сакаше да лази. Едвај истуркавме 3 часа и се вративме во соба. Што да ви кажувам, таму ужас. Толку пари а однос со гостите никаков. Плаќаш 1800ден два кревета и купатилце г’з место, и се натегавме за далечинското не го даваа наводно се доплаќала климата, мм и вика дај жено детево ќе пукни цела ноќ испотено ќе платам што треба. И замислете газдарицата лупаше на врата во 3 по полноќ да сме ја изгаснеле климата Имаше среќа што не сакав да го будам Нино инаку ќе зажалеше што не примила. Затоа памет во глава, појди си во хотел и чиста сметка, долга љубов. Нареден ден бевме на базен е тоа беше уживанција. Спиеше во количка добри два часа, јадеше, пливаше и го испија пола базен али нема везе, ќе го наполнат Охриѓани Е сега следува паника. Имаме таков лустер вентилатор на терасата, денес свекор ми да го крени изумил дека е пуштен вентилаторот и погодете што, го подбра Нино со главата. Животот ми е скратен 20 години. Кога глушнав удар и премирање добив паничен напад и трчав како луда. Мм трчаше по мене и викав на целиот г. Плачам јас плачи Нино хаос. Среќа на крајот го фатило, не сакам ни да помислам што ќе се случеше ако беше среде лустер исправен И дедо му се исплаши, додуша сите се исплашивме. Фала му на господ лесно помина Уште пола саат од сега и дечково ќе ми полни цела година. Ангел на мама кога ли порасна. Роденденкото ќе биде обележан на сите слики на главата ама ајде, нема врска. Се надевам дека се ќе биде спремно утре Ќе го чистев вечерва купатилото ама ќе си легнам, собирам сила за утре Добра ноќ
Добро утро мајки, Уште кога станав сабајлево денов ми наговестуваше дека ќе е лош, како сум го плеснала цело кафе на тепихот, а еден тепих што имам со тие долги влакна, нишо не се чисти, ми доаѓа да го исфрлам цел низ тераса. Зачистив колку толку, ми се одмили и кафе веќе, седнав да видам што има на инстаграм и како прва вест ми излезе дека починал еден млад дечко што долго време се бореше со рак, го следев цело време бидејќи беше многу позитивен, беше толку оптимистичен дека ќе ја победи болеста но не успеа. Почнав да плачам како да починал мој близок, навистина многу ме потресе, знаев дека последниве две три недели е лошо ама луѓе пак беше позитивен, и јас а и многу други навистина веруваа дека ќе излезе како победник од ова. Цело патување го споделуваше на инстаграм и на крај го скоцка во книга, како спомен за неговите две ќерки да се сеќаваат на него. Јас па дур плачам доаѓа мм и ми вика абе не плачи, и да не се исчисти тепихот ќе купиме нов. Тој кутриот мислел дека за тепихот плачам бе. Ја читав @1209 пред некој ден со ситуацијата, не оправдувам, но те разбирам од каде ти доаѓа бесот, ако може и да се нарече бес. И јас во најбанални ситуации сум осетила таков гнев кон него, не знам дури како може да си дозволам да почувствувам такво нешо. Пример ако спие бебе а тој гледа серија и упорно не го намалува тонот, а гледа серија со акција и пукање. Ептен банални ситуации ама ми врие нешто внатре. Кај нас некако и се изгуби тој момент на делење нежности, не сме ни гушнати ни бакнати не памтам од кога. Цело време само како по службена должност, направи ручек, почувај го детето, ај да го заспиеме, толку, буквално цела комуникација ни е формална. Седиме и вечераме во тишина, што од умор, што од немање теми за разговор. Не знам ни како да се обидам да сменам нешто. Плус се ближи и фамозното одење во Мк, искрено нервоза ме фаќа на самата помисла, цело време со луѓе, гости иди ми дојди ми, ми се темни искрено. Пред некој ден го капевме бебето, и после капепње се јавува маж ми кај неговите за да го видат. И мајка му вели “ах кога ќе дојдеш овде, ќе те земам во едно корито и со сунѓерче ќе те изрибам, има да светиш”. Ја сецна маж ми одма, и вика нема шо ти да го капиш детево, ние ќе си се грижиме за него. Зеде женава се испоналути, спушти телефон. Јас не знам шо очекуваат од нас, дека ние ќе одиме по журки,а тие ќе го чуваат детево. Плус јас знам дека стварно ќе земе да го риба со сунѓер ако и се пружи прилика, затоа и не ми се остава со никој. И од овие работи ќе има нервози што знам дека ќе ескалираат со караници меѓу мене и маж ми, секоја година е истото, зошто сме биле кај едните на ручек а не кај другите, е сега со бебе ќе е се амплифицирано. Ќе мора да тренирам нерви, наапана сум уште незамината. Убав ден на сите, се надевам дека ќе ви е подобар од мојот.
Мораш и ти малку да се олабавиш и да ја вртиш на шега работата. Животов и така ќе помине и така. Имавме и ние криза тогаш, баш поради моите чувства, љубомора на неговата слобода, а јас со бебе врзана постојано. Ама, нема нешто што не сум му кажала, му викав, додека те гледам како спиеш, а јас нишам бебе два саати ноќеска, како ми идеше да ти ја тупнам една. Тешка е посебно првата година, после се примируваш некако, односот си влегува во нов ред и тоа е тоа. Ќе видиш дека ќе биде така, дека ќе оди кон полесно, посебно кога се има здрава основа, како што е вашата. Зборувај со него, не чувај во себе, зошто кога собираш многу и на крај ете како ќе излезе. Не ми се лути на зафрканцијава, ама стварно поминува. Трпение само, комуникација, помагајте си еден со друг и ќе се реши све.
Оххх сестро, скроз те разбирам. Ние не живееме во ист град со нив и бевме минатиот викенд на гости. Наполнивме базенче во дворот за бебуш да се разлади и таа запна, излезете вие, јас ќе си го бањам, ние викам не, подовна ќе излеземе. 5 пати ни повтори да излеземе дека таа сама ќе го бањала. Аман што им е? Јас разбирам дека им е внуче и дека им е мерак ама не може да се претерува... Ете тука сме, нека се бања детрто, зошто сам со неа да се бања?
@Lavender13 за баналните ситуации сум иста, некако маживе како да немаат осет со бебињава, и мојот е таков, музика на гласно, излегување во кафичи касно со бебе место да шета, ама некако магично им успева и да смират бебе и да ги заиграат и пак ние сме лошите на крај. Знаете секогаш мајката е строга, а тато забавен, оти мама се обидува да ги одржи во живот децава, тато да има како фудбал ќе игра со нив како топка…шала ова секако ама ми ја сфаќате поентата. Ете и затоа јас сум сериозна оти и двајцата ако сме несериозни не знам кај ќе тераме @RainBow, далеку од тоа дека се лутам на шегата ама вајда олабавеноста доаѓа со тек на време. Вчера пример јас и сестра му која е исто така мајка не дишевме додека маж ми реши по скали да го спушта неосигуран за седиштето оти спиеше да не го будел, јас порадо би го разбудила него да ризикувам да ми падне, не знам такви безвеза ситуации кои мажите не ги сфаќаат сериозно и ме иритира многу. @Lavender13 пробај да не мислиш на одењето дома како казна, ќе видиш бебо колку ќе се радува на нови лица, мене колку и да ме нервира гужвата кога го гледам како се смее со бабите и дедовците, а и нив кога ги гледам како се радосни брзо ми минува лутината. Јас ако нешто почнат да ми попуваат им речам еее ние три месеци во живот го одржавме сами, не ни требаат совети сега слушајте не нас пошто бебето си има рутина. Пример првиот ден свекрва ми влезе со мене во купатило да го бања, а јас строго сама го бањам таму оти ме нервира кога се плетка маж ми, па ние си створивме рутина си се смееме, го шлапкам, он се радува, му пуштам музика и целото искуство е релаксирачко. Тука го ставив, свекрва ми брза го трие да не измрзнал, дете вршти уште повеќе, му акна тушот на глава оно уште толку се вознемири. Липаше едвај го смирив, после 2-3 дена ни требаше да си се навикне дека е безбеден при бањање во новата околина, а нејзе и реков дека не ми треба помош оти секако сама сум навикната, а и он, ако ми треба ќе и кажам и фала богу па се разбра. Мене едино ме нервира што повторуваат работи како ние да не знаеме дека треба да ги направиме, како да му ставам аутан надвор или упорно објаснува како да го заиграм, како бебе до сега заиграно да не било. Или дека иако сакам да одморам мене пак ми треба време со него и не може да е со нив цело време и така, ама во глобала се погодивме и добро е. Денов мене ми почна уште ноќеска, бебе многу вознемирено спиеше денес, 4 пати го презаспивав. Синоќа излеговме со маж ми таман дете се успа и тргнавме накај кафич да пиеме по нешто, една стрина не сретна и додека успеам јас да реагирам кога го заштипа за образ, па кога врекна тој не можев да го смирам 2 саати и секако дека се вративме дома, а она ее па спиел тој го разбудив, а буквално гледаше дека спие намерно го иштипа, само ја погледнав и се тргнав не и ни реков нешто оти ако речев ќе се скаравме. Смрдла.
Добар ден, за кој како де. Со денови одсабајле сум кај моите пошо кај нас се реновира нешто 'минорно'. Од минорно стана менување на ламинат, работа со ТОРНА и одолговлекувања од мајстори. Хехе. Не ми се верува колку се имам одвикнато од живот со моите. Може е себично да зборувам, ве има вас и што сте на страна и месеци месеци не сте ги виделе и ви недостасуваат, ама јас и моиве само искри фрламе. Во оваа атмосфера додајте и бебе што е најверојатно во скок. Кенкаво, плачливо, само пишка, стенка. Капак ми беше баба ми си го лизнува прстот и го допира на чело малиов. Му баела. Нормално дека надигнав, фала богу дека нејќам никој да ми го лижи детето, па на крај јас испаднав хормонална. А сите тие во ред. Баба ми шо лепи плунка на челото на бебето, свекрвата што вели "не го огледувај у огледало.." оти не знам таму што.. Ѓаволи нешто... И јас сум била хормонална, јас сум била терсене. Со сите до еден сум на ратна нога. Што од кенкаво бебе, што од мајстори, што од ситуација дома, што од жешко. Сѐ повеќе и повеќе мислам дека и ние имаме скокови во развој, ама како мајки. Ми иде усвет да фатам на моменти и едвај чекам тој одмор да дојде, деф да се чиниме бар на неколку дена. @1209 мајка не си сама во чувствата да знаеш. Тешко е да се снајдеш и со хјуман што 100% зависи од тебе и со новата Ти. Не биди hard on yourself, маж ти според кажувањава е душа и ќе разбере, барем ќе се обиде. Ќе се средите, сигурно. Ајт нека е убав денот
Нешто се менува во луѓето откако ќе добијат внуци. Дали е до тоа што со нивните деца немале толку слободно време за поминување, па сега пробуваат преку внуците да го добијат, дали е до тоа што осеќаат емоционална празнина бидејќи наеднаш се "сами" останати, дали е до гневот кој е собиран затоа што на времето се слушале постарите и тие знаеле најдобро како треба, па сега е време тој гнев да се истури, не знам. Ќе си кажам неколку ситуации, да ми олесни... Ме среќава комшивка, баба е и таа. -Ауу што му е ова на лицето? -Егзема. -Да не го бакнувате? -Не. -Да го мачкаш со нешто! И овде на ирата малку масло ќе му ставиш пред капење, и после ќе го искапиш. Јас си заминав. После се лутам домашните што делат совети на норма. Оно комшиите бетер се. Домашните пак лути биле, се жалат секојдневно по маж ми. И кога ќе им каже не ме интересира се лутат по три дена. Најактуелно зошто плачел, само нашево дете олку плачело, вода му фалело, кај се видело на бебе од чаша да му се дава вода. Од лажица или шише се давало. А другите внуци до две и кусур години не можеа од шише да ги одвикнат, а пред тоа ексклузивно доени. А не знам како да ви објаснам дека детето не плаче многу. Имам гледано деца кои далеку повеќе плачат. На два пати во спална ми влезе во еден ден, свекрва ми. Првиот пат зошто плачел, по еден голем игнор си замина, вториот пат да го земела таа да го поиграла, па не му се спиело везден, еден поглед на криво и дрско не го терам на сила да спие, постоја и си замина. Од тогаш нема влезено. Па и со подлогата како ни се запнати подолг период, тврда била, ќебе да сме стаеле. Па еднаш се налути зошто не и верувавме нејзе дека нема температура туку му измеривме. Мајка ми, пак, повеќе од нив ми е напната да им го оставам. И само коментира суптилно, други како праеле. Некоја комшивка како цело време излезена била и ги оставала на мајка и да ги чува. Како да и објаснам дека на детето му требаат родители. Па со јадењето други како праеле... И мене ми е мило и нив кога ќе ги видам среќни со внуци или детето како им се смее, ама одма се паѓа во вода кога место да се радуваат тие непобарани совети делат и критики милион. Тие и деца и внуци имаат пораснато на кои ништо не им фали. Еднаш за твое дете да побараш нешто, не вака, така, круната паѓа одма, егото се крши на милион парчиња. Не постои поинакво размислување од нивното, што се тоа препораки, што се тоа стручни лица. Ништо од тоа не ти треба, доволно се сезнајковците околу нас кои само се загрижени за детето, затоа така се однесуваат.
@1209 е баш така, како оперирани од осет да се. Пред некој ден се возиме во кола, мали почна да плаче пошто му се јадеше, а 10-15 мин до дома бевме. И сеа почнува детево да плаче се појако и појако, а маж ми еден коркач, ако пишува дека дозволена брзина е 15 он со 14 ќе вози. Возиме на автопат, сите не прошибуваат, тој си вози полека. Аман бе човек викам, да си единствен што вози над дозволено па да разберам, ама возиме на втора лента на автопат и буквално сите не претицуваат, бебево зајдува од плачење, дај викам убрзај плис. Не и не. Или еве за влечење мрсули, не можел тој да влече жал му било. А мене не ми е? Се трга бебе, треба да го држам цврсто, плаче, вриска ама влечам мрсули, не ќе го оставам така. Јас сум општо со краток фитиљ и такви коментари од знајни и незнајни ко што кажувате на темава многу многу и не толерирам, може сум и арогантна ама мислење од секој не ме интересира, ако сакам ќе прашам, ама “добронамерни” совети не ми требаат. Уф да спремам челични нерви значи.
Не дека претходно имав премногу нерви, ама сега со бебе се повеќе работи ми сметаат. 24/7 сум со неа, јас правам планови за храна, следам кога е време за јадење, спиење и слично. Сопругот од една страна го оправдувам, на смени работи, а од друга на повеќе моменти тотално се исклучува од случувањата со бебе. Во моментов да го праша некој, не знам ни дали знае што се има бебе пробано, а списокот ни стои на фрижидер и секој ден додавам намирници, за во случај да не сум тука, да знае тој што ја чува, да даде пробани работи. Ретко ја оставам и досега не покажала алергија ама додека да правиме паники и експерименти подобро со веќе позната храна да е во контакт. И така додека јас гледам во денот да испланирам храна, игри со бебе, шетање, дремки и се останато, сопругот нели е на работа, па мора да одмори, па кафе да испие, па серија да изгледа и така во круг. Не дека не поминува време со бебето, ама е значително помалку спрема тоа што може да го помине. И да можеби е и љубомора од моја страна затоа што јас последно гледав серија кога морав да лежам пред пораѓај. Сега само снимам епизоди или запишувам во телефон која серија/сезона излегла, па некогаш ќе гледам. За баби многу е за пишување, како роман ќе испадне ако навлезам во детали. Едната се јавува и често знае да рече, дали е разбудена, да дојдам да ја помафтам? Е па не ми треба некој да го маФта бебето, туку што ќе му посвети внимание како што треба. И да, бебе ужива со други лица, нормално јас и здосадувам, и сите поблиски и подалечни роднини се радуваат кога сме кај нив. Колку и да има постапки и совети што ме нервираат.