Ау луѓе. Овие коментарите, порано не ги рецкав ама денес ме пецнаа. Соберани мојот дел од фамилијата кај вујна ми сега пред малку и зафрканции на моја сметка како син ми и до пензија под норма ќе живеел. Па муабетот за шеќер и сол, ме прашуваат до кога планирам да го ограничувам. Реков кога ќе посака сам нека јаде, ама па не, како тој ќе знаел што е тоа ако јас не го научам. И пукнав, прашав зошто да го учам, што има корисно во тоа. Му се јавив на мм и си заминав. Не можам да се објаснувам повеќе. А не е дека сум нешто многу строга и опседната со ред, ама одржувам некој баланс
Моето прво дете беше и е под строг ред, кога почнав да воведувам ред на негови 6месеци добив огромен број на критики од двете семејства како од потесниот круг така од поширокиот круг. Ќе ти доловам ситуација: Кај моите дома бевме и беше време за спиење преку ден и јас им викам ќе го легнам да спие време му е, на што мајка ми дава коментар ,,ти сакаш детето да го направиш под сат да е и каконшто сакаш ти таканда биде, остави го детето само ќе си каже кога и што сака а не ти да наметнуваш", на што доби соодветни реторички прашања после кои ниту еднаш не се осмели да даде коментар на било што, туки да се прилагоди на ситиацијата. Поголем дел од семејството на сопругот ни се смее зошто сме го легнувале во 8 сатот навечер или зошто чоколадо не сум дала до 3 години и се тоа како шега на наша сметка. Сопругот повеќе реагира и се нервира ама јас едноставно поставувам прашања на кои не знаат да ми одговорат и престануваат да коментираат. Во такви ситуации или игнорирај или прашај ги некое прашање за кое знаеш дека нема да можат да ти одговорат? На пр со мојата мајка јас и поставив прашање, ако моето дете спие под сат, тогаш зошто од секогаш било останато ручекот на семејствотп да е во 15часот? Зошто не е ручекот во 21часот?
Аууу, се изнервирав што ве прочитав. И ја добивам замерки секој втор ден. Па има коментари од типот "ама сите деца пијат сок, твоето нема ни пробано", па "зошто не му облечеш нешто потопло?", па" не му дозволувај да си игра со вода, ќе се разболи (на 40 степени)".... Дрн ден, али се научив да го дадам најдобриот одговор: "јас сум одговорна за МОЕТО дете, јас одлучувам за него, и моја обврска е да го воспитам онака како што ЈАС сметам дека е правилно. Вие воспитувајте си ги вашите деца." Моето дете нема реална потреба да пие сок. Моето дете нема да се разболи ако се шлапка во вода сред лето. На моето дете не му студи по блузичка и боди на пролет. На моето дете не му смета да е босо. Моето дете не е приморано да го јаде ручекот ако не го сака, може да си одбере нешто друго. Моето дете не го присилувам да јаде точно во 8 сабајле и во 3 на пладне. Моето дете не сакам да зјапа по цел ден во екран. Зошто? Затоа што јас сметам дека така треба. Ако ти мислиш поинаку, постапувај поинаку со твоите деца. Мене не ме засега дали туѓите деца јадат лижавки и каква облека носат. Од некои "неродители" сум фрапирана, како на пример: едни си пушат трава пред детето уште откако е родено, други на 2 год дете му купуваат енергетски пијалоци, трета си го осакатува детето секој ден од ќотек. Али не ми е мене место да им кажувам што треба да прават со своите деца. Греота за децата, али тие луѓе сигурно не мислат дека прават нешто погрешно. Мојот збор за нив не би имал никакво значење, па зашо на мене би ми значел нечиј глуп "добронамерен" коментар во врска со моето дете (за кое што знам дека секогаш давам 200% од себе)?
Свекрви, мајки пак е таа тема. Епа и ја имам да кажам, нели беше свекрва на недела дена кај нас, од толку што глуми бебиситер, се праам дека детево не е мое некогаш за играње кога е во прашање, а за шо ќе јаде колку ќе јаде и дали смее сладолед кажуваме јас и маж ми, на мајка и е кажано еднаш и сватено има жената дека не смее да носи чоколади и од на врата да и ги дава дур не праша скришно дали смее, дали е јадена солено или не, на оваа како на ѕидон да му зборвиш, тера жената по свое и после кренала носот зш син и ја напрајл лом, јас не и се пуштам само и викам на Нина не смееш и крај. Е да се вратам сега на случката кога беше последно дојдена, Н ствармо не е јадач, врти неколку јадења во круг и количински е малце ама не и вршам притисок оти ја знам, чим и се наметнува нешто против нејзина воља, само полошо се прави. Ако не изеде сега, ќе изеде за 1 саат, други не и нудам и крај, затоа што живци губам шо јаде количински како пиле. И сега и понудив еднаш, два пати, одбиваше и не и напрајв за јадење, беше зафатена со играње во базен и чекав само да се смири, за да ја прашам и снам дека ќе прифати. После неколку минути следеше коментар упатен кон Нина, еепа затоа не јадеш ништо, не те ни молат ни ти нудат, ааауууу има среќа што секогаш бројам до 3, да беше маж тука, во малото базенче ќе леташе амааа знае она пред кого јазик да пушти. Помина недела дена од како си отиде, ми пиши вчера порака, синее давај те и да јаде, понудете и повеќе и вода да пие. Ееј фала, да не беше ти детево ќе го изгладнував и ќе го дихифрирав. Бог да чува. А сакала Мк да ја земела и да ја чувале со свекор, ние тука. Кој план човече не ми се верува. Ок, да ја занимаваат, ја шетаат Мк по паркој, млади се, а пенсионери и свекор е физички јак и може ептен да трча по неа ама тоа е саат-два, а не со месеци да ви ја остааам. И ако ја остаам ќе живее на крофни и ќе ми се фали како изела 5 бисквитки, а она ми попова кога и како да и нудам јадење. Бреееј Н ми е втор ден со до 39,6 највисока темп, помине дејството на бруфен, качува одма за 15 мин до 39. Ептен имам страв од фраз, не знам како се движам од неспиење вчера, а се навикнав да спијам по цела ноќ хаха пу пу да не го подречам бебе, ЦАРИЦА Е !!
Чим се жалите ај и јас да почнам со мајка ми немам проблем разбрана е жената, ама овие на маж ми се боже сачуј, уште пред да ги видам почнува нерва да ме фаќа, пред да ја родам малата обавезно мавав диазепам од 2мг за да можам да ги издржам некој саат, а откако се роди малата му реков на маж ми среќа па е на моја страна јас од сега натаму не им ќутам, немам намера мене да ме акне срце поради нив, со нив ми е на долга и широка многу, несакаа свадба да правиме, ај да не ја влечам многу... Одиме кај нив после 40 дена и почнува, а сега ќе можете да шетате (не сме од ист град) и јас и викам па кој рече дека дома седев до сега, и ми вика па добро навечер ќе шеташ, и јас и викам а кој ти кажа и дека навечер седев дома и ќути, и почнаа а да ни ја дадете наша да си биде, и така неколку пати и јас им викам има детето куќа а ако толку сакавте што не направивте уште некое дете, и кога ќе порасне дедо демек ќе кажувал за дечковци и јас му се вртам и му викам на мое дете ако некој му се меша за зимање има да го запалам и ќутат , и еве ги кај нас на гости а да ни ја дадете, а да дојде и мама со неа, и така неколку пати, и јас ладна мајката во таа куќа нема шанси да живее, ниту пак ќе видите мои деца таму од другиот син чекајте деца во таа куќа, мајка му навали глава и ќути, и се прекина со муабетот за одење (инаку не не сакаа во таа куќа пред години) затоа што таму ако не е они како што ќе кажат настанува хаос, без разлика дали си ти во право, они се секогаш во право се некој друг им е крив. Друго да си се пожалам се чудам што е со денешните деца почит никаква, имам две машки 10.5 и 9 и си играат пред зграда доаѓаат други деца и почнуваат да ми го тепаат големото, малиот одма звони и јас се симнувам и им викам деца срамота е по 9 /10 години сте место да играте вие се тепате, ако незнаете заедно секој нека си седи пред зграда, и се врти едно дете и ми вика ова твое е ти ќе ми кажеш кај да одам, еден комшија му вика не се тепајте 9години сте, детево му вика не сум 9, комшијата му вика е добро де колку имаш овој му вика 5 и се гледаме со човекот и си поќутивме, секое излегување на децава ми е кошмар, одвај чекам да се вратат и ги мислам. @Bubish26 ako од нешто имам уплав тоа е само температура, и ден денес со толкави деца а качат температура јас не спијам со денови, пробај наизменично на 4 саати со парацетамол/ефералган и блокмакс, ама од искуство температурата знае да држи до 4 дена и ништо да не ја симнува, провери и грлце, моите од тоа најмногу држат тт Доста се жалам време е за книга додека сите спијат, и на крај утре мама гроги
Си пати она од крајници, закажана е операција. Имавме гости дома, испадна детето имало 2-3 дена пред да дојдат тт, па изгледа и закачило, се надевам бебе ќе е добро.. да имам дома бруфем и парацетамол за да и давам наизменично, спуштаме со киселини, туш, па ќе видиме како вечерва ќе се помини, вчера беше напорна ноќ. Ее сега, јас имам искуство со фраз и затоа ми е страв, само што ќе рече ми студи и се треси, јас одма паника. За денешниве генерации не збори, толку непочит и безобразлук нема, ја се надевам дека генерациите од моиве деца ќе се упраат хаха страв ме фаќа искрено. туку прашање, година и пол ти се разлика? Тешко ли ви беше? Се снаоѓавте ли сами? Со нервите добри ?
Како ќе обелеме , јас си викам до 5 години имав уплав од грчеви дека нели викаат наследни, а маж ми имал хорор ми беше, сега со бебе пак ме чека истото, еднаш малиот имаше ниска температура до кај 37 и јас паника одма на лекар а се тресеше, само ми викаше ладно ми е, носење на педијатар и ми вика ќе ти качи висока тт, јас готово срце ќе ме акнеше, ете ништо не се случи, ама мајка како мајка, секоја температура е исто, а да ми доживее дете грчеви мислам дека срце ќе ме акне, јас во такви ситуации сум смирена, мене отпосле ми мава психа. Имам една комшивка исто со 3 дечиња, мислам дека повеќе ние комшиите и ги пазевме надвор, женава ладна беше, и и завидувам викам бар малку како неа да бев, може понекогаш е добро да не се замараш толку, ама ај оди докажи си
Добар ден мајки, Ви праќам бранови од пеколно жешкото Сивири, да ве освежам малку. Прв и последен пат одам на одмор во јули. За мене ова е сѐ, освен одмор. Трчаме од сабајле на доручек па на плажа да искористиме додека не дошол 11ч и дур сркнеш кафе, не да дошол туку поминал. Па трчај назад и спиј да поминат пеколштините за пак да појдеш на плажа. И дур си пошол, ајде назад. Навечер ко претепана сум, во 22 сум комирана. Златен септември, ем цел ден се плажираш, ем навечер имаш време и енергија за шетање. Ми е жал за либе, о од одмор не виде. Ради цервиксот морам да се пазам, па буквално сѐ е на него. На страна обврските, најмал проблем, ама тодлер шо не знае шо сака и трудница со хормони до небо. Ми вика дека лесно со мене се справувал, само да се пазам и да уживам, а за децата, секој слободен миг размислува како ќе уживал кога ќе сме оделе на одмор без деца. Тој не знае дека ако имам климакс ко тој на мајка, илјада пати потешко ќе му е отколку со 5 деца на одмор, ама ако, нека си се надева. Туку, кажете ми тие шо знаете, дали можеби во икеа има некоја количка или нешто слично каде шо можи да се превезува трудница? Сум решила по секоја цена да одиме таму да пазариме, ама не ми држи газот долго да се шетам, да не тргни бебе да излегува. Многу му е рано, не дека е лошо тука да се роди. Планиравме додека сме со одмори да ги одвикнуваме пелените, ама наместо пелените, спонтано испадна доењето. Веќе 10тина дена нема цицано и мислам дека тоа е тоа, заврши нашата доенечка приказна после 2г 2м. Сигурно ќе траеше уште да не бев бремена, ама не можев веќе да издржам, ми беше мачно и болно. Со градинката уште сме на пауза, најверојатно до септември. Управата шо ветуваше дека ќе го преместат од септември во друг клон, сега е глува. Тоа значи дека одново ќе треба да се мољакаме по луѓе, па за другото бебе уште еднаш одново. Имам за учење. Не многу, премногу. Волја, желба и концентрација 0. Само психички притисок дека мора ова поглавје да го завршам пред да сум втор пат мајка. Па правам пресметки, организирам, планирам до следниот ден. После пак одново имам изговор за да одложам. Во друга прилика ќе пишувам за мајки и свекрви, да не си пустам одмор сега. Имајте најубав ден. Гушкајте љубови најголеми. ❤️
Бев сама дома јас кога се случи тоа скокна одма на 41тт, понатаму предпоставуваш ши следи кога имаат фраз,не знам како останав смирена за да ја спремам, да се спремам и јас и да земам потребни документи ама од кога помина се, душа имам исплачено. Да до 5 години се, посебно ако еднаш имало, можно е да се повтори и зато око немам склопено две ноќи.
Многу ми е страв од тоа. Сестра ми имала често и мајка ми сеуште не сака воопшто да го спомнува тој момент, како некоја траума и е останато. Веќе имам прашано ама пак паничам дека ако се случи ќе не знам како да реагирам. Што да се прави во тој момент? Често сум сама и без превозно средство дома. Што ако се случи тогаш и не можам за брзо да стигнам до болница? Оф мајка, да не се повтори
Искрено јас не ни знаев дека тоа постои се додека не се случи. Викнав одма брза помош, по телефон ми кажаа само да не оставам да изгуби свест, доколку се деси, на страна да ја легнам и вадам јазик.. цело време бевме на линија, дојдоја за 5 минути буквално. Прво и правеа секакви испитувања и за епилепсија ама си остана на тоа дека е фрас во прашање, па ни препишаа дијазепам течност 5мг до 15кг, 10мг над 15кг , што се реди во газето доколку има фрас, тоа ќе ја смири одма и пак да викнам брза помош. Јас го носам секаде со мене од пусти страв,др Искра ми спомна дека во Мк го нема во аптеки ? као порано го имало сега во некои од албанските можело да се најде, не знам дали е точно тоа. Мислам дека некоја членка исто имаше искуство со детето нејзино, нека сподели. Затоа кога ќе има и 37,3тт ја сум на штрек оти тоа се деси од 37,5 на 41 за неколку минути, од весело дете, до тресење и подсинување
И на другарка ми детето доживеа вакво нешто, и он не знаела што е додека не се десило и можам да замислам како животот и поминал пред очи. Јас имав читано некаде за ова пред да бидам бремена, пишува дека е наследно, па ја прашав мајка ми и рече дека сум имала еднаш напад, ама не се повторил, па затоа превентивно давав парацетемол после вакцина кај бебето, од пусти страв. Јас знам што треба са правам во тој момент оти читав, ама дали и како ќе успеам да се снајдам ако се деси не знам, се молам ако веќе се случува мм да е со нас инаку јас многу паничам, ама ајде белким нема да се деси.
Не се наоѓа диазепам тука, незнам зошто, а го препишуваат, порано феробарбитон се давало, ама и тоа го нема веќе. Знаеш дека сега те читам дека си пишала за децава за разликата ме мрдна малата вчера. Инаку кога беа мали беше хаос, маж ми беше збеснат од малиот, нит се тераше нит се водеше , здивено беше од бебе, кога почнаа да јадат, за сите различни јадења, окапував во кујна, кога потпораснаа само се млатеа, и глупости имаше многу, ни се криеле да не можеме да ги најдеме, тебе срце ќе те мавне тие се смеат ај да те утешам накај 5-6 години помина се, а до тогаш
Нивото на енергија ми е 0 деновиве, само сакам да лежам и ништо да не правам. Се чудев зошто сум толку исцрпена а сабајле го гледам времево и ми стана јасно. Си направив кафе до пола го испив, отворив шише кисела вода наместо во чаша во кафето си истурив. После заборавив дека сум ставила кисела вода па и си се напив. Му викам на маж ми да не сме правеле нешто ноќеска, ми вика сум сонувала. Каков pregnancy brain, mama brain е скроз бетер. И така... имајте убав ден.
Јас имам брат кој до 7 години имаше грчеви до ден денес се сеќавам на тие напади многу страшно беше мајка ми и до ден денес трауми има, се сеќавам дека главата под чешма му ја ставаа и јазикот му го држеа, брат ми до 7 седум години имаше такви шокови после тоа му прекинаа.
Страшно.. @1209 и мене ме прашаа дали е наследно ама мама вика ја сум кревала високи тт ама не со напади, секогаш кажува колку сум зборувала за време на тт, свекрва ми вика не знам да имале такво нешто или кријат или не знам. Мене па сите глупоштини ми се дешаваат кога сум скроз сама сма тогаш сум најприбрана, кога е маж дома про мала гребнатина мене ми се врти одма. Се сеќавам кога ми се загрцна во спиење големава имаше 5-6 месеци, и не реагираше, коси кубав маж дур ја плескаше за да почне да мрда. Децава се.. само Господ нека го чува оти ни го кратат животов на секое
Што е тоа фраз? Извинете што ви упаѓам. Не знам дали народски фебрилни конвулзии се викаат фраз? И друг пат имам прочитано и не ми е јасно…
Грчеви или фрас, и мене не ми беше јасно прв пат Бибуш кога пиша. Јас сум имала од мала до кај 6г, кај мене големото последно на 7г ми направи. Тиха језа. Ми се плаче а крене тт. Малово крева тт и пее, големото спие не можеме да го разбудиме.