Уште полошо е ако детето памти за грчевите, како моево на пример. Фобија има ако му залади. Не знаете колку се плаши од тт. И сега, брат му ако е потопол он крева паника. Два пати јас умрев, за жал. Првиот пат беше страшно, не знаев за што станува збор,како да реагирам. Касно се освести. Вториот пат, реагирав соодветно, али глетката е иста, страшна. Не да се плашам кога имаат тт, јас не јадам не спијам,никаде не одам, зомби сум. Чепче секаде, секаде носам со мене. Сега големиот има веќе 9 год, ама стравот си стои. Тие слики за жал никогаш не се забораваат. Никоја мајка тоа да не го доживее да го види,посакувам. Чепчиња одамна нема во мк, земавме од Србија, ги носеа и во мојот град, ако има некоја мајка потреба ќе пишам број од аптеката, може да си праша.
Може да ми сликнеш чепчињата? Да видам дали ќе ги најдам тука да си ги земам дома, ме преплашивте сега бебе е со темп од мрп душа немам
Мислам дека се работи за Дијазепам чепчиња. Јас фала Богу сум немала проблем со конвулзии ама комшиката моја до 5 години големи маки истрга со детето со конвулзиите и знам дека секогаш со себе имаше Дијазепам чепчиња. Штета што ги нема веќе кај нас.
Нема потреба да се плашиш. Ние само споделуваме искуства. Не сакаме да ве плашиме, напротив. Деца се, ќе се разболуваат, ќе качуваат тт, нормално. Некое полесно, некое потешко минува. Спојлер: Слика
Јас имам читано тука на форумот дека ништо не се прави, се држи само јазикот да не го голтне и се чека да помине. Страшно. Јас сакам да прашам кога ги користат чепчињата?
Ништо не смееш да правиш, освен да го свртиш на страна и да чекаш да помине грчот. Не треба да го тресеш, да му викаш, да го полеваш со вода. Мене дури и ми рекоа дека мало дете не може да си голтне јазик, ама пусти страв. Значи, мускулатурата се згрчува и детето нема свест. Не трае долго, ама сликата е страшна. Во болница дури и ваквите случаи( ако нападот е од тт) не се третираат. Мене ми беше објаснето дека поголем процент се јавуваат кај машки деца, затоа што нивниот нервен систем поспоро се зацврстувал, кај деца со поосетлив нервен систем. Знаете, конвулзиите се всушност еден вид заштита на мозокот. Да не дојде до не дај боже поголеми компликации од висока тт, мускулите се згрчуваат и прават блокада. Ајде дајте поведра тема, никоја мајка да не доживее.
Точно е дека од фрас не може да се добие запаление на мозок и покрај високата тт. Дека треба да де знае, треба. Една малу поведеа тема хаха појди замини маж кроз шала или не ми вели како сум го научила детево дијалект да зборува, сум требела литературно, јас на форумов се труднам ама во живо не можам, природно ми е да зборувам на дијалект, се е то ок доколку и он би зборувал беровски ама он е пораснат Велес и знае добро и литературно, со мене и со Нина зборува така, а со неговите се прешалтува одма на беровски. Значи мозоков ми врие чим ја повторува малава и почнува да ја исправува. Плус се шо сум научила "правилно" е од него, јас немам учено македонски, многу знам да згрешам, моите си зборуваат на струшки и ај как да не редам Т на крај.
Јас стварно приметив дека бебето кога ми е божемојпростими ама неподносливо лошо, тоа всушност учи некој нов скил! Минатите денови тој уствари софтвер апдејтирал, еве од вчера почна да држи играчки со рачињата. Денес помалку сакам да се фрлам од прозор.
Ме утеши, мојов апдејтира веќе 2м изгледа, којзнае што вештина ќе биде, нешто големо ќе е ова. Ми иде да си седнам на земја, да си плачам и да си кукам.
Да ви се убацам со утеха... После година и пол веќе немаат апдејти. Таков им е стилот на живот Секој втори ден се фрлам од прозор, еве уште не сум се фрлила значи се издржува И да не се убацувам ко падобранец, одморот помина. Дете пресреќно во вода, песок и е хорор филм. Кажав прв и последен пат ги носам моите на одмор. Му треба ресет на системот сега Во друга прилика ќе пишам надолго и нашироко што како Останете со здравје, вака само да ве поздравам
Здраво мами Си беше еднаш едно мирно бебе со кое можев да се справам, се додека тоа мирно бебенце не отиде на одмор и сакаше да допри се што не требаше, и да мисли дека може се. Од јадење песок и камчиња, пиење езерска вода, до викање деде на секој дедо во околина, и тоа на цел глас. Ете ја мојата приказна накратко. Мојот умор заврши, се враќаме во секојдневието. Заклучив дека иако на голема разлика децава ми се исти. И физички и во растење. За нијанса малечково е малку помирно, ама тоа го припишувам на искуството, дека второ дете нели Големиот пак не го видов цел одмор, татко му беше задолжен за него. Па си најде друштво и оди прибери го. Со маж ми исто не се видовме како што треба, освен 1 саат откако ќе заспиеја двајцата и легнувавме како покосени. Јас сум моментално на одмор од одмор Имајте убав ден
Јас од денес сама со женската, испратив батковците кај баба и дедо ќе ги носеле во Дојран, мислам дека ќе оболам од што ќе ги мислам, малото де сакаше, де не сакаше да оди па плачеше викаше, па на крај се смееше кога одеше јас се мислам Маврово да фатам со женската и ми се оди и не ми се оди, и јас не знам на кај терам, секако тато на работа ќе биде, а таму ќе имам помош. На одмор здравје после 15ти ќе се спремаме, големиве сакаат на бањање, мене ич не ми се оди со 3 деца, кошмар ќе ми биде, јас ги убедувам Маврово да си поседиме, ама за нив тоа не било одмор , а мене Грција ми е замор многу, ама ај има време уште малку, може ќе се премислат. @Bubish26 и мојот од Велес и само корегира нешто ќе кажат децава искачаме, и ќе почне што е тоа се вика испаднеме итн итн, демек во Велес најчисто се збори, јас му викам децава скопјанчиња ти се, навикни се .
А ни испаднеме не е правилно хахах а јас за инает и викам декаа си ма и за тоа ми вика хах општо не сака дијалект и на неговине само им вика ама реално мене ми иде не свесно и да де труднам ќе треснам нешо пак и тоа е
Здраво мајки, и јас да се пожалам од моево. За некој ден сме 7 месеци ама веќе неколку дена е исто неподнослива. За една минута знае и да се насмее и наљути и расплаче и пак насмее. Дур сум и пред очи е океј, да тркнам до тоалет? Крај на светот е. И навечер како да не спие како што треба. Од играчки плаче по телефони, далечинско, и се што не смее воглавно. Супер ни е
Ама ти и овде си пишуваш на дијалект, не користиш скроз литературен. Јас сум од југоисток, ама не ми е природно на децата да им зборам на дијалект. 2 недели бевме кај мајка, на нив литературно, избегнувам премногу сленг, на мајка и на останатите на дијалект, не сакам кога ќе оди во школо да се мачи да го зафркаваат дека зборува на дијалект.