Добра ви вечер. Не знам за вас, али мене утрото ми почна во три по полноќ, наместо во седум, како кај сите нормални луѓе. Имено, господин син решил денеска да се журка. Станавме низ ноќ, си игравме, вечераше, дури и малку цртани гледаше, али не сакаше да спие и не. Негде околе 5 грабна памперс, тренерки и ми вика "мама шета ајде брм чао". Ако помисливте дека го изнесов на шетање, апсолутно сте во право. Yes, I did. Се облековме набрзина, ранчето на грб, дете во точак и пат под нози. Едно време трчав де по дете, де по точак, али нема везе. Бркавме кучиња, трчавме по улици додека сите спијат иии кога дојде време да отидеме до пекарата да си купиме доручек, он реши да клапне и да квичка. (и секако дека не отидовме, не ризикувам да ми плаче таму) Демек ќе спиел. Аха, како не. Стигнавме дома, дете се развесели, се разбесни. Цел двор го преврте. Заспа точно во 8 саат. Јас буквално ваква бев: . Жива вода. Поспа сѐ на сѐ два саати, стана уште поенергичен. Не знае која беља попрво да ја направи. Среќа шо отидов на работа, па не мораше цел ден да се расправам со него. Сега си дојдов, он веќе заспал... Секако дека се разбуди. Секако дека мака намачив додека пак го заспијам и секако дека не ме пушта да мрднам иако спие... 1 милиметар да се поместам, одма рипа. Папсав.
Уф мајки какви пеколни 3 дена, мислам 3 века траеја. Бебе имаше температура од мрп, над 39 качуваше, ама тоа неподносливо жално ли беше. Буквално постојано плачеше, не спиеше, е мирен беше само кога јаде Помина, денес конечно мајка ми дојде јас да исчистам, станот уклучи алармите веќе. Сега си лежам до него и листам фемина, место да спијам. 2 вечери не спиена ама прееска се одспав со него 2 саати и сега ум ќе мачам во ниедно време Оддамна не сум пишала. Мк поминавме одлично. Беба превесел, среќен, обожава народ посебно деца. Играше на уште две свадби и се прошета и до Грција нели. Си вративме бебе што сака многу да јаде и плаче за во раце. Среќа тоа со плачењето му траеше 4 дена, а желбата за јадењето остана пу пу. Ама сам, никако да го раниш, голем е веќе де Таман изнакупував се од летна облека што му фали, почнаа дождовии. Овде е есен луѓе. По долги сме сите, смрзнувачка. Ќе си ги спакувам изгледа летните без да ги облече Сега изнарачав свашта од играчки од али, не чека период на криење дома изгледа па да има занимации. Плус секој ден му правам по некоја diy активност, абре среќен, знае и цел саат да се заигра душа на мама Ме изнасмеавте со муабетот за земјотресите и го прашав мм што ќе прави. Ми вика ја немам јас таа среќа земјотрес да те стрефи. Е до толку е харткор Ајде сега на спиење, утре не чека еден преубав ден фамилијарно на бавча, убаиниии. Само да не врне. П.С ослабена сум 8 кг за месец ипол. Не прашувајте како. Од диети, дете што почнува да лази и да се качува секаде и дубак со подвижен мотор дома. А и целодневниот стаж во кујна си го зима делот. Има нешто добро во овој турбо период Лека мајки, спијте мирно
Дефинитивно повеќе се лигават со нас знаат тука мама тато, остави ги со друг се слушаат, јас гости имам од странство, доаѓа вујна ми ја фаќа и за 5мин малава труп, а јас сум се мачела со саати,нишкање пеење, децава со мене станот ќе го срушат, а со мајка ми кога и да биле ќе дојдам јас од работа бубачки . Таман се пофалив дека испратив деца на спиење кај баба и дедо, малиот таков циркус ни направи вчера вечерта и денес, и маж ми виде невиде запали кола да го земе, абе заоѓање беше по тел, а ќе речеш голем е 9 год, и еве го дојде и не кај него во соба со мене на спална си заспа за 2 мин, пустиот мм викаше ќе ги испратиме големиве,малку раат ама ништо
Добро утро ,добар ден ,за кој како . Одамна не сум пишала . Беба 8ми го тера. Лета времето, о мај гад . Забчето го осеќам на лажиче тропка и само чекам да излезе секој ден го ненормална се радувам. Скокови не пратам , не гледам тоа....па може од што не гледам лесно поминавме . Anxiety level 99,8 ,со беба сама со авион за некој ден. И онака ми е страв од летање .... Али ајде ,шта је ту је.
Давам на бебе пасиран компир . Одеднаш почна да кашла ,црвенее, се гуши,мајка ми тука ја превраќаме на стомак ја тапкам по грб ,луѓе детево се изгуби за секунда снема воздух ,мислам дека секунда две беа......ви пишувам со тресење...не можам да си дојдам на себе. Оваа мајка го помина и тој момент. Живот Скратен за две години. Уште 50 бели влакна на косата. Оф бе оф....
Ќе помине среќо, ќе помине. Така ќе остареме. Јас остарев за 10г со грешната дијагноза на големиот пред 2м. Малото ми е луто и од што е лут спие. Не сака за ручек тоа што имам направено, ама се зезнал, мајка ќе го понуди и за вечера исто само ќе додадам малку јогурт или кисело млеко. Ручек ќе прави сопругот на золва, кај свекрва ми во двор, мое е да го домкнам лепото дупе и да уживам. Уствари прво да се намачкам нешто против комарци. Заслужив после вчерашната генералка и пешачење потоа.
Не се секирај за летањето ама воопшто. Тоа што тебе ти е страв нема да осетиш од што ќе си преокупирана со бебе и ќе ти помине брзо. Кога ќе те видат со бебе секој знае да праша дали треба помош а и секаде имаш предност. Само жив срам ме утепа кога плачеше мојава, од тоа уште не сум оперирана
До сега само ве читав ама морав ова да го искоментирам. Искрено од Македонија кој летав буквално никој не ми се понуди да ми помогне. Јас со бебе сама, количка, рачен багаж, торбица и мојата ташна. На крај една мајка која беше исто со количка она ми помогна за да влеземе во автобус. Трауми уште имам @Misskirova ќе немаш време да мислиш на летот. Секогаш летам сама , ама сега гледам секогаш да имам минимално работи со мене горе
Свесна сум. Мене не ме плаши таму,таму се подруг народ и сигурно ке се најде некој да ми помогне. Се плашам баш од ова тука македонштината.
Ич да не ти е страв за летање од искуство ти кажувам, 3 г сама летав хаха @1209 моето е дете шо не е помирно со другу, туку најмирно и најпослушно само со мене, ако има дома некој, она се претвара во ѓавол и активност на највисок левел. На свадба сме биле лани, свекрва звонеше во 11 саат да се враќаме, а си играат ептен заедно и преку ден е супер ама за заспивање само јас. Ја оставив на 2 дена со татко и и со нив Мк прв пат, тоа главата од земја да ја треска, да ги брка на сите, па едвај со татко и заспала,на фризер 1 саат ми ја донесоја подсината од плачење. Се зависи од детето. Шо е за право и како бебе многу мала не одеше кај други да ја држат, еве второво мојме како топка да го подаваме. А на наша свадба братучетка беше со бебето, оно спиеше во невестинската соба и се менуваа за чување ама рачунај на детево глас не му се слишаше како бебе
Мајкичкииии ,тешкиот ден помина. Беба ми заспа тек сега. Забче до пола излезено,скокам од среќа ,ко мало бебе. I'm exhausted . И сега дојде,мај тајм оф д деј. Правам кафе и грицкам чипс и си се чудам на линијата и покрај се што јадам,нек ме исчува вака. Мада морам да признаам ,лебот го оставив. Ама чипсот не. Ај частам по едно.
Чек утре под клима Шала на страна, јас одма напраив, не беше ни скроз излезен забот, само ме грицна, боцна и толку.
Добра Ви вечер мајки! Дојде и мојот ред да здивнам,за среќа или од причина што не спие преку цел ден(дада го буди),ова мое второ бебе си спие преку ноќ со 1-2цицања и си презаспиа до 6:30,а и ќерка ми престана да спие преку ден од кога ја одбив со доење ,и мама успеа некако да избалансира и да ги легнувам заедно најкасно до 20 часот.Ќерка ми е неверојатна во последен период,со страшни тантруми,што последно се запрашав дали е се во ред со нејзе и како да и помогнам.Денес врвот на се беше дека го апна бебе на чело ,среќа што веднаш се вратив ,а бев до спална да земам лигарник за бебе на 1 мин.Многу е лута од кога се роди бебе ,некогаш толку убаво седи до него на под, па му дава играчки ,па го бакнува,тогаш ми ја полнат душата,но има моменти кога неможеш да го допазиш. Овој период со нив ми е некако хаос,тука постојано дожд,неможам и да ги прошетам па тоа дополнително ми создава стрес.На моменти ми се плаче од што ми е тешко со нив,мм по цел ден на работа,ќерка плаче и бара да ја дигнам тогаш кога бебе плаче најмногу,па ако неможам, во момент врескање на најјако,пробувам да се исклучам и се молам соседите да не повикаат полиција(ќе помислат којзнае што и правам на толку врескање).Напорно е,но се надевам како растат ќе си бидат најдобри другарчиња . Доста со негатива,на сите ни е тешко но мораме напред. Од добра страна,испланиравме одморили ќе биде замор со бебе и тодлер,се надевам НЕНајдов хотел и закажавме Шпанија.Конечно го убедив мм дека иако имаме фамилии МК ,убаво е да се прошета и други места,друга култура,храна(тој дека мн си шетал како ерген ,сега само бара мир и фамилија да види),но тука сум јас ,не дека не сум шетанано обожавам да патувам,и тоа со кола,што повеќе пат толку повеќе уживањеи со две мали дечиња,милинаМм нема мир како ќе поминеме со нив 14 саати возење,јас му велам сите ќе уживаме ,ќе си правиме паузи,ќе се менуваме со возење и ќе стигнеме.(колку сум само оптимист,или ќе дојдам на Фемина да се жалам). Толку од мене ,испеков гранола за доручек ,направив подготовка за ручек и одам да си легнам,од едната страна ме гушка ќерка ми ,од друга бебе ме бара да му ги држам нозете за да знае дека сум таму и да си спие мирно.Ги обожавам,секој ден се повеќе,гушкајте ги мајки ,колку и да се тешки деновите, вредат за секоја насмевка и најискрена прегратка
Добар ден мајки, Скокот завршен, бебе е милина последниве два дена. Следниот почнува за една недела, па максимално ќе уживам во овие моменти. Сопругот ќе оди на службено патување вечер, сама ќе сум до петок, искрено ме фаќа паника малце, ама мислам дека ќе се снајдеме. Впрочем и немаме друг избор, се погоди така лош термин кога сите пријатели се заминати по одмори, па буквално ќе бидеме само јас и бебуш. Полека се спремаме за Мк, почнав да нарачувам некои работи за бебе за да е спремно кога ќе стигнеме, од типот на креветче/релаксатор итн. Искрено се изненадив од цените, можам слободно да кажам дека голем дел од производите се иста, ако не и поскапа цена од тука. Али битно свекрва ми коритото го купила, да не мислам за тоа барем уште сунѓерче и фали и спремна е. Се изнакупував облека и играчки за внуци и бебиња на блиски, мене еден куфер не ме расправа само за подароци, ама ајде, пропуштивме крштевки,родендени,повојници, мора да надокнадиме. Се надеваме дека јавна администрација ќе биде ефикасна, па ќе успееме да извадиме пасош за малиот за да тркнеме на мини одмор од одморот, ако не здравје ќе ја шетаме Македонија. Тука најавуваат заладување од средина на неделава, да не доаѓавме за Мк најверојатно и ќе приберев се од летни алишта, за жал летата тука се кратки, но неверојатно убави и живописни. Имајте убав ден и уживајте во топлото
Имаш закажано? Или по брза постапка сакаш? Денес се сликавме со малиот за 10 дена рекоа, за брза е побрзо нормално ама кошта брзи и бесни 110е. Ај кога сум тука да поздравам! Денес сум ставила едно манџиче, се нешто проаѓам така неколку дена и денес реков ќе сркаме чорбиче со зрна разноразни, грашок, наут, пченка... едвај чекам да го пробаме. Да се смилува бебо да заспие само цврсто, оти од јадење ни ј нема да видам. Пак почнав брзо да јадам, побрзо и од претходно. Да залади малку да одиме да испазариме за еден споен викенд со празник, до село ќе тркнеме. Компромис направив, дека бевме кај мајка ајде едно идење у село нема да ме убие. А не ми е ич за одење, пајаци, скорпии, комарци, разноразни гадинки и меца на врв тоа, брррр.... Доста беше, бебе завлече, да одам да ставам некоја салата и да се руча. Деновиве сум прилично активна на форумов и себе почнав да си сметам а не на вас.