За пасош, мора прво да е впишан во матична книга на родени, а за таа постапка читам многу измешани искуства, од чекање 2 дена до 2 недели. Ама ко да слушнав дека и за итна постапка мора закажување сега?
Ако нема извод да, мора прво да добие извод. А тоа трае па најмалку 2 недели, ние чекавме 20 дена. Ако си од помал град лесно е, ако си од Скопје тегни врски, кабли, што треба. За итна секогаш требало закажување.
Dobro utro majki Utrovo kafe od mene Cel bokal od filter masina si napraviv I neznam dali ke me dodrzi denes. Bebe od petokot e so inhalacii, nosot zatka I hrci,kasla ubavo socno za merak. Sreka na pluka ne e pa demek vaka ke I pomine ama poarno ne gledam da I e I denes na kontrola pak. Isto I majkava e nastinata tapa. Nosot I kaslanje,isto ko bebe pa denes dvete predpraznicno na doktor. Sinoka ne sum spiela ic. Ustvari od 5ipol do 6.10h I zatoa cel den ke sum zombi. Nema dorucek,nema rucek,nema ni muabet od mene denes , sreka od vcera bebe natkomiv so kasi domasni za denes pa ke mozam da ja druzam na site dremki. Ubav den druski
Се вари сутлијаш кога ќе им пораснат запчиња, демек бели како зрната. Сега по модерно се даваат колачиња во форма на запче.
Добар ден Си имам гостинка на спиење. Мојата принцеза. Тетка и внука имаат стварно посебна врска. Превозбудена дојде сабајле со куферчето како да ќе остане еден месец, а не два дена . Ама секако имаше еден куп работи кои треба да ги видам. И рекла на сестра ми: речи и на тета само да не не тера да читаме . Ајде нека поуживаат уште малку, еднаш се деца. Нека има по што ќе ги памтат летата. Им го оставив малиот да го "пазат" тие се заиграле со неговите играчки, па малово ги гледа. Во случајов тоа ги пазеше нив. Деца Кај нас па за забче правиме турте. Кога му никнаа на малото со тестото од туртето направив колачиња, ги обложив со бело чоколадо. Си има и тоа симболика. Тестото треба да е тврдо за да се јаки, а белото чоколадо за да се бели. Еве како ми испаднаа Спојлер: Колачи
Пробај од фиксен. Или на нет види ама не очекувај дека пред октомври ќе закажеш. Ние закажавме во мај за сега на 31 јули.
Дојдов само да се испукам Викендот решив дека го носам мали на вакцина во понеделник без крвни слики и слично бидеќи апла ја касниме вакцината. Игром случаја не отидовме вчера и денес мали качи 38 температура Значи ќе си пукнам жими се, што фајде ќе има вакцината олку закаснета не знам (требаше да ја прими на 1 март, од тогаш константно е болен на секои две недели) башка и очи од срам ќе ми покапат кога ќе појдам толку закаснета. Има некое проклетство изгледа кога ќе спомнам вакцина. Сега гледам излегла 4ка, дај боже да е од тоа, ама јас не верувам
А сега гледам на страната за закажување, мора да имаш матичен број за да закажеш. Значи јас ако чекам 2-3 недели за извод, па да чекам уште толку додека закажам, ќе треба да останам во мк 2 месеци минимум. Дали знае некој како може да се закаже за термин без матичен? Барем тоа да го средам да не чекам накнадно.
Закажи на друго име, и онака не проверуваат на кого е закажано. А можеш и без закажување да појдеш во МВР кога ќе сте во мкд и да им објасниш каква е ситуацијата и да ги замолиш за термин за пасош за брза постапка. На сите врски преку ред и без закажано по ги пуштаат, ништо нема да ги кошта да ти излезат во пресрет.
Ние во швајцарија во амбасадата го пријавивме и извадивме извод, а во мк само пасош. Ако имаш таква варијанта побрзо е
Тоа и сакавме, меѓутоа од амбасада ни кажаа дека таа процедура може да трае и два месеци, па не ни се ризикуваше. Фала, ќе и речам на мајка да праша.
Скопје си? Ако си Ск врски фаќај, преку амбасади немој зш се чекат подолго и од 2 месеци. Не знам оти да се чека толку за државјансво и роден лист во Мк, нас одма ни дадоја тогаш, а сега преку врски извадивме државјанство ни двајцата присутни.. така даа се се може само најди човек. И ние ќе одиме по брза постапка за пасош, оти одма одиме на одмор, мада и да одиш нормална, знај дека за 3-4 дена пасошот е готов и мојш да си провериш горе и ќе ти го дадат ( проверено) нас ни се брза ептен.
Секаде е различно, колачиња мислам е по ново. Ке нас не се прајт ни сутлијаш, ни колачи, ни постапалки (прв пат слушнав ко се мажив), богами ни мекици. Како шо сакаш така, јас од мерак нарачав колачиња тогаш за да ја сликнам
Добра вечер мајки, како сте? Прередувам алишта и ми паѓа тешко што никогаш повеќе нема да им ги облечам. Толку желба и љубов имам за трето ама сила немам. Еве го и малово си расне, си минува времето и само го чекам моментот да стане посамостоен, да се ослободиме со мм малку, да излеземе заедно, а не вака на смени посебно или секаде децата со нас да ги носиме. Криво ми е и за мм, премногу сака трето ама само ќути кога ќе речам дека е доста. Ај ќе видиме таму за 5 години ама се надевам овој памет ќе ме држи. Инаку, спремав алишта и нешто додатно за едно бебенце кое моментално е во малку незавидна ситуација, па ако некоја од вас има желба да помогне со алишта, пелени, млеко може да ме контактира во порака. Не можам да се вратам во нормала од одморот. Толку ми беше убаво и релаксирано, да сега не знам од каде да почнам да чистам дома, што да фатам прво, ме мрзи. Се навикнав да седам и пијам коктели, ова ми дојде шок. Ме исплашивте малку пред некое време кога пишувавте дека е замор одморот со бебе што лази ама право да ви кажам јас откако имам деца имам и вистински одмор Пред нив, секој одмор ми беше шетање по разни плажи, пијанчење до сабајле по дискотеки, 24/7 активни. Лани и летово баш се одмараме, пак шетаме ама некако релаксирано е. Големиот е чудо од дете на плажа, по цел ден си игра, се бања, си запознава другари, јаде, спие, за мерак. Малово исто си седи, радости во вода, дремки како што треба, јас првите денови се вртев само во круг не знаев што да правам со себе. Навикната дома цел ден на нога, стално нели нешто треба да се прави, дали да зготвиш, да чистиш, овде имав премногу слободно време. Рано заспиваа, па и со маж ми многу муабети свртевме со пивце, се изнагушкавме, ич не ми се враќаше во реалноста. А и реалноста не е толку лоша ама напорно е. Со двајцата сум дома од април, планирам од октомври да ги праќам во градинка ама дома е подруго. Досадно им е, цело време сакаат да сум до нив, дали 1 саат во денот си играат сами. Морам денот однапред да го планирам за да постигнам се. Маж ми не го гледам, дојде да јаде, едно кафе испи со мене чисто за да не се налутам и се врати да работи. Една другарка баш вчера ме изнервира со глуп коментар за моето време ама уште ме држи доброто расположение, па искулирав. Ве читам за пасоши, дали знаете кога се запишуваат деца во друга држава (кај мене е обратен случај, родени во Мк ама треба да ги запишам во друга држава по татко им) дали е вистина дека венчаницата мора да биде нова? Секако ќе се преведува, па не верувам некаде да има датум кога е издадена? И друго да прашам, дали ви се случува да ви се одземе силата од раце и нозе? Буквално го губам осетот во нив, а ми се случува кога ќе се наведнам да го земам малиот од под. Не ми се врти, ништо не ме боли само мислам дека нозете нема да ме додржат. Ваљда не сум нешто болна Ја видовте ли месечината вечерва каква е? Седам со саати на тераса, лигавам еден сок и не можам поглед да тргнам. Така замислена паметот ми оди низ цел живот, спомени ми се враќаат и сфатив дека сега сум најсреќна и најисполнета. На моменти ми фали повеќе слобода ама поубаво од сега мислам не може да ми биде. Имајте мирна ноќ
Добро утро @Skyler и мене исто одморот со дете ми е баш одмор, а не замор. Дома кога сум имам повеќе обврски отколку на одмор. Ние за 10 дена идеме и едвај чекам да се одморам. Кај мене малата не е родена во Македонија и за сите документи кои ги вадевме требаше да бидат не постари од 6 месеци. После кога ги носев тука не гледаа кога се извадени. Може за превод и за заверка кај нотар да ти бараат понов документ. Кај нас веќе 2 месеци не се излегува надвор ни преку ден, ни навечер. Со влажноста на воздухот околу 50 степени е. Збеснавме и јас и малата дома. Единствено шетање како опција ни се молови и тоа е веќе досадно…Следно лето знам дека 3 месеци ќе ги поминам во Македонија. Имајте убав ден