Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.190
    Пол:
    Женски
    Да не е ништо постари од 6 месеци по правило
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.353
    Допаѓања:
    2.133
    Пол:
    Женски
    @Skyler Интернационална венчаница треба да извадиш и таман нова ќе биде.
     
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    13.053
    Пол:
    Женски
    Имам ама не прифаќаат таква, мора да биде преведена на нивниот јазик. И мене не ми е јасно ама ете.
     
  4. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Добро утро мамаситас,
    Повелете кафенце од мене:inlove:
    Screenshot_20230802-100823_Chrome.jpg Бебе тера прва дремка, а јас и мм доручек и кафенце:coffee:
    Денес убав празничен ден, ќе се шетка да се искористи денот.
    На тема бебе, малиот досега ползеше а сега полека почнува да лази ко што треба, на коленца:D Освен тоа, си се научи од лазење да си седнува и така си игра, значи пресладок е, ептен ми е мерак и се топам кога го гледам како расте и напредува:inlove:

    Породилното ми е при крај, уште пола месец и потоа ќе користам одмор, не ми се верува како лета времето, ко вчера да беше ко се породив:tmi: Во потрага сум по нова работа, бидејќи на претходната дадов отказ, во преговори сум со ндколку фирми па ќе видиме што ќе излезе, се надевам ќе ми се посреќи некаде(fingers)

    Тоа е од мене:)

    Имајте најубав празничен ден и гушкајте ги бебињата, пребрзо растат:l:
     
    На azelea, 1209, Freckles. и 23 други им се допаѓа ова.
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.242
    Пол:
    Женски
    Здраво, мајки. Денов преубав. Времето се погоди од сабајле, само за шетање. Уз пат поминавме од кај една бабичка во маало, т.е. си поседовме бааги. Има мачиња во дворот, па малиов на секое шетање мора да ѝ отрча во двор (facepalm), али среќа жената со цело срце нѐ прима, па утрово му понуди и доручек. Се најаде, се изнаигра со мачињата, стана и сам си појде накај дома. :D Кога се потсопли малку, наполнивме базенот, па и двајцата рипнавме да се бањаме. :D
    Али тоа не е сѐ. Врвот на денот (на некого можда уште му е утро, али нема везе), беше кога побара да го земам во раци. Ме гушна силно и ми вика "моја мама". :l: Се стопив. :inlove: Он си заспа сега, ваљда дека многу енергија потроши уште рано по сабајле, а мајка плаче ли плаче од убавини. Златно дете.
     
    На azelea, Freckles., Coco31 и 28 други им се допаѓа ова.
  6. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.353
    Допаѓања:
    2.133
    Пол:
    Женски
    Ајдеее, значи како ќе им текне работава. Јас пред неколку години пријавував брак со интернационалната само.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.041
    Допаѓања:
    110.728
    Пол:
    Женски
    Поздрав од планина!

    Дали сме матнати ние, дали е нормално, ама Бејби го качивме на 1200мнв во кенгур на едно манастирче за празникот. Одспа една тура и не стана иако почнаа да пијат, да пеат, на крај едно невоспитано детиште со стап го разбуди за да си играл со кучето кое беше под масата под бебе... родителите пееа, пиеа, не се свртија кон детето, а тоа едно лошо, едно бесно, јас во живот немам такво дете видено а сум се изнагледала деца. За илустрација, го тресна бебе со стап, му зимаше на кучето коска (играчка коска) од уста, јадеше од на куче храната, ни фрлаше трева во салатата... на крај големиот го удри зошто упорно му фрлаше камења и тек тогаш им текна да го приберат. Фала богу да јадеме на раат.

    Бејби да не го урочам си јадеше супер, и доручек и ручек и се, мераци... вечерата малку остави ама јадеше. И цицаше и јадеше и спиеше, шеташе сто пати со баба му. Ова ќе му дојде одмор пред одморот, колку се двоумев добро е.

    Заспа чоекот, да му ја легнам до него оти едвај гледам.
     
    На azelea, 1209, Coco31 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.393
    Допаѓања:
    23.073
    Пол:
    Женски
    Еден неповикан совет. И за брза закажи пред да дојдете некој ден. Пријатели завчера по брза постапка датум добија на 10.08, така што и брза нема веднаш датум.
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Значи не го сфаќам моментов, за ваѓање пасош по брза постапка се плаќа 6 и пол илјади денари, тоа е х3 од нормалната цена, за што? Ако веќе плаќам толку скапо значи ми е зорт за пасошот и ми треба за брзо, а не за два месеци од сега. Бог да чува сме, логика нула.
     
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.393
    Допаѓања:
    23.073
    Пол:
    Женски
    И мене ми падна чудно. Баш вчера се видовме и прашувам до кога сте тука. Вика да средиме пасошите , по брза ни закажаа за 10.08, викам како брза а термин за 10 дека скоро. Викаат епа така, ама валјда ќе ни ги дадат за 48 саати.
    И редовниот од јас кога вадев во декември до сега е нешто покачен.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.041
    Допаѓања:
    110.728
    Пол:
    Женски
    Не е покачен, исто е, некни вадев за бебе.
     
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    13.053
    Пол:
    Женски
    Поскапен е за возрасни (2300ден) и за брза постапка. За брза беше околу 4000 денари пред 2 години, сега е 6000ден.
     
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.393
    Допаѓања:
    23.073
    Пол:
    Женски
    Мм плати повеќе од мене во рок од 5-6 месеци разлика.
     
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.190
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки.

    Сите спијат, а јас фустани барам.. некоја паника ме фати оти ништо не е спремно за Мк, а деновите си одат, крштевка не чека, на толку попусти кај нас, еднаш не излегов да купам бар едни штикли. Мене некој ќе ме чека.. ама кај бе со децава, едно плачит за цице, друго се тегне и бега, жити шопингот и ајд дома уште не излезени.

    Вчера беба беше бубаче, смешко мал, од сабајле си го фативме редот и си спиеше како треба, па после ручек се спремавме, излеговме, си разгледуваше, нанаше, големата беше за милина, времево ни е баш како шо ние сакаме. Се изнаужувавме.

    Ви имам кажувано дека Нина од секогаш беше тешка за бањање, е ама последно нешо ја фати паника оти и пошло шампон на очи и од тогаш едвај се капеше, маа со уведување, со крпи на лице и наочари за пливање, со бркање низ дома целата пени за да се до исплакни. Верувате дека еднаш 10 дена косата не ја имаше измиено? Ништо не сакам со сила оти бетер е после и таман ја убедивме да се избања, утредента со песок ја потурија на глава, ечеше цел парк од љутина.

    Типката како и се до сега, сама побара да се искапи завчера, беееез крпи, без драми. Успеав да ја средам убаво, ее ама вчера не ја извалка некое дете со песок туку ни мање ни више, сестра и и се помоча на глава :rofl::?: Спремав јас бебе да истуширам под умивалник (какво чико корито,умивалник е врв^_^) држам бебе додека наместам убаво водата и сестра и баш во тој момент се погоди да дојде да ја погали за нозе кога на малава и се примочало, само слушнав малеее жива вода сум, гледам јас и не сваќам уште и велам аман ма Нина како успеав да те напрам со вода на глава, ааа онаа неее мамаа сестра ТИ ме помоча, помоча ќеркичката на тата ОХООО шлог кога не добив.
    Ајде на ново бањање

    А денес, денес беба е посебна прича. Ушите ни зујат на сите, иако спиеше супер денски, будна кога беше, беше неподнослива. Во скок сме и ќе мине ама оти е мило и помирно бебе, разликата е вистина голема.

    Шкртнав шо имав и сега може на спиење

    Добра ноќ
     
    На Skorpija25, Sofi.ja, azelea и 18 други им се допаѓа ова.
  15. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Ситуацијата со косата ме потсети на натписов го имаше по интернет
    Пробајте го шампончето на corine di farme. Многу е благ нема ни да го осети. Инаку и кај мене големиот не сака капка да му влезе во око
    Screenshot_20230804_005000_com.google.android.apps.photos_edit_362112257967662.jpg
     
    На Skorpija25, azelea, Mother of 2boys и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.190
    Пол:
    Женски
    Хахах вриштам :rofl: буквалноо, додека беше помала ја држев јас силно, маж миеше, сега оти е посилна и поголема, сам мораше да се справи со неа, па само ќе му излеташе од туш со пените на неа, па пиштење, убедување да се врати назад, море барбики да бања, него да го шампонира, шо не се прави за да успееме, една капка вода да прсте на лице и циркузот почнува. Купивме од таа капата со стреа, и и се слизна, па и ојде на очи све хахах не можам да опишам која драма беше.
     
    На LivingGlam, Panovic и tanjaaa им се допаѓа ова.
  17. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    8.863
    Пол:
    Женски
    Значи има надеж и за мојава, иста е под туш:rofl: се си мислам социјално ќе ми викнат некој ден комшииве. Ја туширам секој ден и пред туширање ми вика “не на главата” и такаа по 10 дена косата неизмиена ѝ стои :D
     
    На Mother of 2boys и no name5 им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    40.513
    Пол:
    Женски
    Пријателка моја имаше ваков проблем со девојчето. Што се не проба и на крај кога ќе дојдеше време за миење коса глумеа фризер. Со наведната глава наназад како на фризер и само така успеваше да и ја измие косата :drunk:.

    Ај добро утро, или за мене добар ден со бебе станата од 5:30. Едвај чекам да залади и да скрати денот. Само во тоа гаам надеж дека детево ќе поспива повеќе наутро. Ако не ќе се помирам дека има ранобудник што станува со петлите :devil:
    Друга мака е со јадењево. Дали дека жешко или детево не е заинтересирано ќе покаже време. Уште доручек асално немам воведено а е веќе 7м. Едвај 100гр јаде:worried:. Почнува оптимистички и после петтиот залак почнуваат борбите. Битно за цице е прв иако и тоа како послабо да тегне последниве две-три недели, а и вагата покажува дека тоа веќе не му е доволно. Така да и тука надежта лежи дека ќе се смени ситуацијата кога ќе попушти пеколот. Надежта последна умира нели :rofl:.

    Инаку се прибравме во скопјево во погрешен момент, пак во најтоплото:@, ама ај прогнозите се уште денес да го преживееме. Секако треба и јас да одморам малку:drunk:. 12 дена, од кои 5 сама со децава беа за мене прав замор. Не толку дека сама, колку што имав проблем на туѓ терен. Мислам сама да бев полесно ќе ми беше отколку со светковци. Ама нема да коментирам и да си стварам јад. Стари се и си имаат здравствени проблеми, не се веќе за вакви работи колку и да покажуваат "желба" дека сакаат. Реков ова ќе ми е последен пат. Повеќе од 2 дена со нив под ист кров не, ни со мм ни без него. А деца сами со нив е големо :shake: .
    За среќа колку и јас да се вратив уморна, на децава им пријаше. Особено на големиов зошто последните 5 дена си имаше одлично друштво и дури не сакаше да се врати.
    Жално е само што ние сме израснале со баби и дедовци летно време, кој во село, кој во Охрид, ама моиве за жал нема да ја имаат таа можност. Бар не во моменталнава постсвеност на работите. Не дека нас не гледале којзнае колку постарите, ама овде веќе е и опасна зона ситуацијата.
    И така при стан во Охрид, децава ќе се чварат тука на пеколот ;( .

    @LiquidLuna среќен роденден и да знаеш не имс и такви што те исчитуваат целосно во еден здив.
    Туку века кога ве читам <30 годинки почнувам да се чувствувам старо иако во дух сум младичка :rofl: , бар така сакам да си мислам за себе.

    @Misskirova да се редат бели како бисери.

    @Iris-1234 (fingers) да ја најдеш работата што ја посакуваш.

    Дете во меѓувреме се налапа тиква од тегла. Толку ја избегнува зошто мене прегрдо и мириса, а тој па отвараше уста пештера баш за неа:drunk:. Значи нема правила, затоа не викајте не давам тоа што не кадам. Еве они ќе одберат баш тоа фа го јадат.

    А и уште ова. Пуштија карти за нова турнеја за Колдплеј за догодина:inlove:. Се прерадував како мало дете. Они се едни од тие што сум си ветила дека мора да ги видам во живо. Таман ете му на маж што да ме почаст за 40ката догодина. Сега да одберам дестинација, а после ќе мислам кај ќе оставиме деца. Ако не ќе си носам баба со нас да ги причува дирекно таму :D.

    Ајде да поиграм со бебе дека сега наспан, најаден, па после да подсредам малку хаосов што стои низ цел стан од одморот ништо не е распакувано. Ова ако не решам и јас да си прилегнам со него дека големиот го зема баба му на поседок денес :D.

    Имајте убав ден и викенд што следи :sun::sun::f::f:
     
    На azelea, Coco31, Alishan30 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.190
    Пол:
    Женски
    Бујрумте Виена :inlove:

    па да, така во туш кабината редиме корито со пена, со бои некој, само за да се нафане да седне, па навалена со главата и сите тие наочари крпи на неа ама пак бега, реално една капка да и прсне и паника,се надевам дека ќе ја држи ова шо прифати да се бања, бар да не се мољакаме со недели.

    @Lovebug01 ее истото пред туш прашува дали косата ќе се мие, за да знае дали да влезе :rofl:
     
    На azelea и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  20. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Синко почна да се исправа
    Фала ти мила, да ти се враќаат само убавини:hug:
     
    На Mother of 2boys и Ив10 им се допаѓа ова.