Синко и официјално почна да се исправа на нозе Коски ни се тресат од страв од паѓање ама што е тука е, ќе се чуваме
Мамасити, треба да патувам за мк со кола едно 3 и пол саати со синко. Вие што имате патувано со толку мало дете (2 месеци сме) некој совет
Сум патувала со толку мало бебе. Ние супер си поминавме, ќе спие, млеко и тоа е тоа. Правете паузи чисто да го извадите од транспортер.
Ние имаме патувано со толку мало бебе, најлесно е тој период ќе си спие. Пауза за цицање/млеко и за час ќе помине.
@macka91 @Ano мене планот ми е да тргниме сабајле рано или приквечерта по ладот, да го нацицам и право во транспортер и тргнување да спие повеќе време се надевам нема да се повампири и се надевам нема многу време да отепаме на граница.
Ние прво авионски летавме 5 ипол часа, после тоа продолживме за Македонија од Белград се разбира таму направивме пауза од неколку часа и немавме мака. Јас секогаш пазев да не биде повеќе од 2 часа во транспортер, па затоа и правевме паузи.
@Ceneva На таа возраст најлесно е да се патува, уште ако си цица топ. Ќе застанувате за млекце, пелена, чисто да се истегне од транспортерот и продолжувате. Гледајте да темпирате само да нема гужва на граница или барем во жешкото да не ја фатите. Ич да не се секираш, мислам со едно застанување ќе поминете. Моите двете спиеја од дома до втор крак, до душа бебето се разбуди кај Никити ама до крај си разгледуваше во седиште. @Ano Немам слушнато за друг фан околу мене на Колдплеј, баш ме изненади И јас ги обожавам ама концерт во овој момент ми звучи многу недостижно Битно Стинг го видов, другите што би сакала да ги слушнам во живо одамна ги нема. Добро ете за Arctic monkeys и Muse уште имам време, а може и SOAD ќе се излажат да мрднат поблиску од Лондон Очигледно и јас на 40ка ќе одам на концерти.
Леле SOAD и јас ги обожавам, ми го одбележаа периодот од средно и факултет Поздрав од чардак со мисиркино и брокула, лепота Поише време Немам
Ние почнавме да се подигаме на лактите и држиме главче кога е на стомаче , не сакаше воопшто да го ставам, па денес ми е убав ден. Се повеќе покажува интерес кон играчките, целиот се возбудува кога ги гледа, сака да им каже нешто и да ги фати. Исто почна пред некој ден и рацете да си ги јаде. Секој ден се нешто ново. Со душа чекам да видам што ке биде следно
Добро вечер Си го заспав детето, конечно време сега и за мама. Маж дојде од работа и одма му побарав да ми прави палачинки, затоа што @AngelOfArh става се и сешто на профил. Примерна бев и изедов само две Уште една недела и заминуваме на одмор. Од утре вадам куфер да почнам да се пакувам. Од дома толку време што седевме поради топлово, на одморов му се радувам како дете мало. Некоја да има тодлер, а да е бремена или била бремена? Да ми каже како поминала? Јас сум без енергија, а малава бара да си играме по цел ден. Не можеме надвор во парк, затоа што е 50 степени и играта ни е цело време дома.
Одмор на море со тодлер поминав ама рана бременост, бременоста не беше проблем, тодлерот беше и да можевме ќе се вратевме првиот ден назад ама тоа оти е страшно активна и тогаш беше со тамтруми, маж трчаше околу неа, кога седвевме на јадење, а во песокот немаше проблеми го обожава и на раат уживавме. на шетање бевме еднаш во 4ти месец на 4 дена, и еднаш во 7ми месец исто на 4 дена, дефинитивно шетањето по градови е понапорно и нема многу шо да си игра, така да на одмор ќе си поминете супер.
И јас сум без енергија од жешково, заедно со низок притисок и гранични вредности на цервикс, па морам да се пазам. Секој ден го носи маж ми во парк, се трудам да излегувам со нив чисто да ме фати воздух и да излезам од 4 ѕида, ама воглавно седам на клупа и чекам синко да се премори па да седниме на кафе/сладолед. На одмор мене ми беше претешко (27ма недела), бевме во најжешкото, преголема беше влажноста на воздухот шо дополнително ми отежнуваше сѐ и психата ме изеде дали ќе е сѐ во ред дури да се вратиме дома. На плажа си играше со песок, пливаа со татко му, во хотелот имаше паркче со мини лулашки и реквизити за деца, го носевме таму да си игра навечер и на колички обавезно дури шетаме. Воглавно со него беше супер, за тоа мислам дека не треба да мислиш, веќе се поголеми, ги интересираат повеќе работи.
И јас се надевам дека само од топлово ми е што немам енергија. Влажноста кај нас е околу 40% и тоа дополнително отежнува и дишење. Сега за сега нормална бременост имам, освен енергијава што ми е на најниско ниво и сакам само да лежам. За одмор не ми е мака со малава знам дека ќе биде супер, дома си е активна и бара да си играме цел ден тоа ме изморува периодов уште повеќе, иако пред тоа сум немала мака и цел ден сум ја занимавала.
@Ano @AngelOfArh аиии примете ме во кланот. За Колдплеј пред бебево велев 'да ги чујам во живо и да го видам Крис Мартин, па може да умрам. Истиот муабет ми беше и за SOAD вo средно . Сега веќе како мајка и подновени приотитети ќе трубам дека мнооогу сакам да им идам на концерт, без она последното . Скоро и позавидив на една другарка за Depeche Mode, ама му реков на бејби, да му се наполни устата со заби, има да одам. Па здравје, за едно 20 години може заедно да одиме, ако не тргне тој со стилот во обратна насока. Хехе, пу пу скраја.
Сепак не имало фанови. Јас озбилно почнав да гледам. Се мислам меѓу Будимпешта или Рим, евентуално Букурешт, ама Рим ми мати памет дека е сред Јули, па незнам дали вреди дупло поскапи карти да платиме, а реално Рим на тие горештини тешко да го видиме, а Будимпешта секако ни е исто така во план за посета па веројатно во случајов таа дестинација ќе ја фатиме. се да е по план, па макар и баба да треба да носиме со нас . Ај добро утро и убав викенд. Јас стандард со бебе станата од 6 часот.
Опаааа Бејби намбр 2 а? Наааајсссс... И јас бев трудна во лето, рана бременост и со големо дете, не тодлер, ама пак немав енергија ако не преспиев. Ма ни спана некогаш немав. Еднаш се зезнав да останам на пладне да читам не преспав и пцуев и книга и се по ред
Даа ќе стигне и бебе број 2 исто зимско дете… Книга не сум фатила 3 месеци Сега на одмор се надевам барем една ќе прочитам..
Пробај повеќе со статички активности, кога сме сами дома давам пластелин, коцки, темперни, тесто да меси, да сечи со ножица, да претура ориз, грав, леќа... Само за да му држи подолго време внимание. И го ангажирам за помош, да ми ги подава тањирите од машина да ги наредиме, алишта за пружање, алишта за перење тој да полни во машината..ем ми е од помош да не се наведнувам, а и тој пресреќен е дека прави нешто. Ако имаш време за правење активности, пријави се за есенска работилница на профилот активности за деца на Инстаграм. Ние пролетна и летна поминавме, многу сум задоволна. Некои активности не му држат многу внимание, ама некои со денови можи да ги игра.
Исто правиме во принцип пластелин, коцки, песок, сложувалки обожава да реди, ама сака да сум до неа и ја истото да го правам. Од септември ќе тргне во градинка само два дена за почеток 2 години и 8 месеци ќе биде, затоа што се уште не работам јас ама мора да иде за да почне да учи јазик. Ако можеш прати ми кои се тие работилници