Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.327
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Повели мама
    https://instagram.com/stories/aktiv...e=ig_story_item_share&igshid=MTc4MmM1YmI2Ng==

    Ќе се снајдеме, ќе издржиме. :hug:
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    13.053
    Пол:
    Женски
    Со едно отворено око да ве поздравам, да си чкртнам нешто во дневникот :D

    Која има маж workaholic да дојде да се погушкаме :hug: Значи не го можам човекот, се мора низ негови прсти да помине, низ негова глава, доверба во никој да се немало. Излезе вчера ноќта да реши еден проблем и сабајле се слушаме, на Унгарска граница бил. Втф значи свашта. Ај што отишол нема везе ама кога треба сама за викенд да останам со децата :headbang:
    Бебево цела ноќ ја преплака, не знам што му беше. Едно време и температура качи, дадов сируп, дремна 2 саати и опет во раце. Ми беше пеколно жешко и така поспана климата сум ја пуштила на 29 степени, станавме утоп едвај се изладивме. Се осеќам како од вчера да се поминати 3 дена, толку ми беше напорно.
    Среќа големиот послушен беше цел ден, изрази желба за супа со брокули и ориз, седна и се прејаде како никогаш досега и на крај ми рече Фала мама што ми направи да јадам :inlove: И како да не му ги заборавиш сите глупости :D Си има вакви моменти да се чудиш од каде му доаѓа.

    И пошо веќе со задни сили пишувам, сакав уште да искористам јавно да се заблагодарам на сите што ми пишавте, од мое и од името на мајката на бебето, за кое ви пишав дека е потребна помош. Може некоја ќе ми се налути што ќе ја тагнам ама морам да кажам какви прекраснотии сте и ја враќате вербата во луѓето @Miss_S @Giovanna @Emy867 @Mother of 2boys
    Кога и да треба нешто, слободно тагнувајте, викајте за помош, колку можам ќе помогнам. Убаво напиша некоја од вас скоро, не се сеќавам која ‘Кога жена станува мајка, станува мајка на сите деца во светот’. Ви благодарам многу навистина :inlove:

    Мирна ноќ на сите :l:
     
    На zverkica, Калатеа, elenaklasik и 36 други им се допаѓа ова.
  3. BambyLove

    BambyLove Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Со среќа мајка
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.995
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    Ние во неделата дојдовме за мк, убаво поминавме по пат, Давид го преспа патот, стана баш пред да стигнеме. Убаво било кај мајка на гости :D Малку промената чудно ја прифати ама во ред сме. Повеќе пати се искака па реков ај можеби е од промена на клима, место. Ќе видам денес како ке биде, за сега не кревам прашина :)
    Времето овде ќе ми биде многу повеќе пополнето, само успевам да влезам да ве читам. Бидете ми поздравени мамасити мои ;)
    @Skyler Да дојдам да се погушкаме и потешиме :D. Исто и мојот работа работа и само работа. Така да те разбирам потполно.
     
    Последна измена: 8 август 2023
    На Coco31, Mother of 2boys, Chanell* и 13 други им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    25.156
    Дали само мене постојано не ме држи место? Кога сме дома, ми се иде во парк, само гледам побрзо да излеземе. Кога сме во парк, ми се иде дома, едвај издржувам пола саат, цел време под стрес сум, малава трча ко мува без глава, насекаде деца, шибаат, летаат точаци, тротинети, топки на сите страни, само трчам по неа некој да не ја изгази. Па се пентари насекаде, па од земја зима работа да ги проба, па зима туѓи топки, џепка тротинети, гушка деца... стресови.
    И така во круг, само посакувам да сум на друго место. :D
     
    На Mother of 2boys, Chanell*, Калатеа и 14 други им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    32.381
    Пол:
    Женски
    Морнинг!
    Ќерче пратена во градинка. Доста беше месец одмор :D Мир и тишина.
    Мало сутра, мир и тишина де. Сега имам да завршам обврски за месец уназад, да зачистам на раат, и ваљда да испијам едно кафе :wasntme:
    ПМС на најјако, сите ги мразам и со сите се карам. Не можам да се поднесам (facepalm) Мм како ме поднесува, он си знае. 9:13 го пишувам постот, а ние од сабајле два пати се срчкавме. Ама кога станува ѕверов у 6 саат, многу поголеми се шансите да се скараме со маж :bandit: Ми фали одмоооооор. Не море одмор, туку да спијам :drunk: Лоша особа сум ненаспана.
    Кафето вторнички од мене. На здравје Turkish-Coffee-Istanbul1.jpg
     
    На Coco31, Chanell*, Калатеа и 21 други им се допаѓа ова.
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.205
    Допаѓања:
    26.196
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки:hug:

    и ја сум од сабајле накострежена без причина, некако не се наспав добро, па уште не расинати моравме да одиме по визата за бебе.

    Јас од сабајле морам да имам ко ќе станам едно кафе, па макар со децава било на брзина, денес не го имав и сега не ми се прај ништооо, убо бебе шо спие, па да одморам малу.

    за 12 дена летаме за Мк, прв пат со две деца јухууу :sweat: како некој шо скисна по аеродроми, сега пауза од 5 месеци некако ме извади од ритам и мака ми е да се спремаме, а ништо не е спремно. Поклони треба да се купат, штикли да гледам, за децава за на нозе за крштевката маа нит ми се оди на шопинг нит ми се оди Мк искрено, а ми треба промена, со маж сакаме нешто да се дешава, вака секој ден исто те исто е за нас многу, па таман малу на море, јад не дум многу од дружење ама за шетање по држави сум прва. Размислувам на шетање некаде со двеве? Какво би било тоа шетање не знам, прво муабетот беше да почекаме бебе да е 2 години као ама не ми се чека толку.. море ко море ни двајцата не сме нешто љубители на плажи ама ај ради големава.

    Мене ми стаса фустанот шо го нарачав за крштевка, супер е амаа жениии кај ќе одам со цицкиве на мене, значи не можам да ги поднесам, ради нив ништо не ми стои како сакам или па заради нив не ме бери тоа шо сакам. Лууднииицаааа, па чекам мајка да дојде да ме види и да смислиме нешто или да го враќам назад.. можеви една марама одозгора дур сме в црква, па после да ја истаам, ее не знам.

    Кафето испиено, ќе стаам уште едно.:hug:
     
    На Coco31, Mother of 2boys, Chanell* и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    3.098
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки.
    Мали спие, па таман да чкртнам нешто.
    После роденденот искрено не знам за каде сум. Детево драстично се промени, само не се промени опседијата кон мајка му:rofl: Ако сум јас тука во просторијата нема шанси да го држи некој друг, плачи и ме гледа во очи као “земи ме, што чекаш”(facepalm) Влеговме во тој ужасен скок после роденден и цел ден вришти за нешто. Баш сега мм работи по цели денови па се осеќам како во центрифуга заглавена, ќе експлодирам.
    Ако му кажам НЕ тука, се трга на страна, ја мава главата од земја и плаче ли плаче, ваљда скоков е помешан со тантруми:whew:
    И главната вест е тоа што вчера ги направи првите долги чекори :party: Сите ми велат веќе се смета за прооден, ама тој не оди цело време сам, на моменти кога ќе се заборави се пушта, инаку се тегне кај мене за маица да станам за една рака да го шетам. Ќе почекате частење за стапалки:D Уф кога ли порасна:(

    Деновиве ми се крш, мислам ќе паднам во депресија, брат ми се отселија комплет сите. Душава ми плачи, нит можам да спијам, нит ми се оди кај мајка ми, знам дека нема да се појават таму. Ептен ми е празно, како ќе се навикнам еве не знам. Посебно сум поврзана со поголемата внука мислам кажав веќе неколку пати. Ме докрајчи кога ја видов седната во кола како плачи така тивко никој да не ја сети, бидеќи стандард сите до еден плачевме. Среќа свадбата ни е за еден месец и ќе искористам два дена да ги помирисам;(
    Кога сме кај свадбата да си кажам дека не сум спремна ич, сето ми е поматено. Само нека помине и да не ја мислам веќе.

    Одам сега да гледам некои влогови на јутјуб да сменам мисли оти еве повторно плачам.
    :hai:

    Постот си стои од вчера неиспратен(facepalm) Ај ќе го прочитате денес :rofl:
     
    На Coco31, Chanell*, Калатеа и 19 други им се допаѓа ова.
  9. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Добро вечер
    Деновиве ми се турбо, а ништо не правам. Трчам по малото и собирам. Цел ден викам не таму, не ваму. Се пентери секаде и душа негова кај брат му во соба да растура. Тој се нервира не сака да му е растурено. Х а о с.
    Откако прооде вртеше кругчиња дома, па горд со крената глава :D
    Вежбаше најверојатно. Сега тоа го усоврши и одиме на правење беља, отворање по фиоки, качување и кај шо треба и кај шо не треба...

    Ги купивме лектирите за големиот и малку по малку да се припремаме за септември. И тоа е процес нели :)
    Мора да се намали со игрите за да не му дојде шок :D

    2 месеци од летото ми летнаа. Со другарка ми само два пати се видов, а цела година ја чекам да дојде и да се изнамуабетиме. Ама тешко додека се мали.

    Се спремам да го гледам барби онлајн, ама ете почнал "Менталист".

    Не разбрав дали го фатија Ред Џон на крај. Никогаш не успеав да ја догледам серијава до крај. А многу ја сакам

    Имајте убава вечер
     
    На Coco31, Калатеа, Bebetoo и 9 други им се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.327
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Догледај ја, мене ми е една од поубавите серии.
    ќе го фатат.
     
    На LiquidLuna, Viveki, Pocahontas.93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    40.513
    Пол:
    Женски
    Добро утро,

    Шмркнувам кафето додека деца седат мирни и да пишам некој збор додека не се повампириле. Големиот стандард цртан за добро утро, а бебе во релаксатор, гледа де во мене, де во него и гуга се обидува нешто да ни каже. На големиот веќе се гледа дека му фали ред и рутина, ама па стварно за 10тина дена не ми се пушташе во градинка. Еве во недела се спремаме и за роденденот, а наредна недела тргаме на одмор. Плус еве го од дома седење кашла, буфта. Таман го подоправив од клими и глупости, татко му вчера на студот го извадил загреан од тренинг само по тенко маиче на куси и ниќеска пак се раскашла. Значи ќе си пукнам од мака :@ се мора да се нацрта. Среќа ноќе се раскашлува и не звучи алармантно, повеќе како да му се слева секрет некој, денски еднаш или ниту еднаш не поткашлува. Ама таман го откачив од суплементи, само витамин д давав, сега вратив и Ц и прополис и пробиотик да го средам. Бебево секој ден се поинтересно е. Уште не заседнува цврсто иако има желба. Битно секој ден учи по нешто ново. Некако малку полабаво со него, додуша и со големиот не се замарав бар за овој дел. Битно гледам моторички е во ред, па за техники ќе научи. Друго ново и немам баш да кажам. Ситни припреми за роденденот и за одморот и стандардно секојдневие. Почнав да читам по нешто за на работа иако овој пат планирам и јас да сум "ништо незнам", малку во лер. Да добијам на време да не фрлат одма во центрифугата. Јас секако спремна ќе си одам, ама тоа за мене ќе си е.

    Друго паметно и онака немам да кажам, па ќе се одјавам и ќе би посакам убав ден :sun::f::sun:

    ПС: се моли август да не понаша како октомври. Некои од нас допрва одмори треба да тераат:D
     
    На Coco31, Mother of 2boys, Chanell* и 22 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.079
    Добро утро
    Пишете ме и мене во клубот на ненаспани и очајни за сон/одмор:yawn:.
    Неделата качи бебуш тт, бевме и на доктор. Сигурно е вирус рече, градите се чисти, уши се ок.
    Спиење со аларм на 1-2 часа и турбо цел ден. Не качува повеќе од 39.5, за разлика од дадите кои како ништо директ до 41.5 качуваат, ама гревче е:(.
    Маж и оваа недела на терен. Минатата беше среда/сабота оваа вторник /сабота.
    Тука е мајка ми сега, сама со сите четири не успевам да се справам во период кога се на распуст и сите се дома. Не е изводливо да испазарувам, зготвам, раскренам, исчистам, три машини на ден да пуштам/спружам/испеглам, 3 деца да гледам и анимирам и болно бебе да негувам и да не спијам по цела ноќ :doh:. Ритуалите со легнување, додека удрат туш, па и коси сушење, облекување, заби миење, читање книги, легнување, па втор пат легнување кај најмалата и трет пат:@. И кога мислам дека конечно се намирени и може да се онесвестам во кревет, се освестувам дека и бебе имам:rofl:.

    Тука времето катастрофа , 13-15 степени|(. Вчера пуштив греење, џабе изолација топла куќа, студи бре:@.
    Базент направивме неколку недели дали се побањаа деца, есен како да е, не лето.

    Вчера ги купивме материјалите за прваче за средната:inlove:. 112 ЕУ само за тетратки, навлаки, блокчиња и бои, боици, некој молив, машинка, гума, лепак… не се нормални.
    Од друга страна за тоа тутурутката која ќе и ја даваме на прв ден на школо нарачувам како луда:tmi:. И за малата сестра нарачав иста, мини верзија. Вчера решив и на големата да и дадам.
    И ја во ненормалните ќе да сум:bandit::rofl:.
     
    На Coco31, Oneo, Mother of 2boys и 27 други им се допаѓа ова.
  13. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    @danichap Дани, омилена си ми :l:за читање, настрана што добивам мотивација да средам се низ дома, да одма на работа, дете да спастрам и да учам со неа.
     
    На 1209, mal.ecka, *malenavolena*87 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    10.546
    Пол:
    Женски
    Ау каква ноќ девојки, уште не знам како преживеав. Бебе и претхходно не спиело, али ова беше како да излегол демон од седмиот круг и го донел пеколот у дневна, страшно беше.
    Значи од 8 до 6 сабајле бебе око не склопи, со вриштење цело време, на цицка цело време, така да задреме 15 мин и јово на ново. Ме измори, ме исцица се ме боли ми ја е.. мајката :drunk:
    Врвот на шлагот беше што маж стана во 8 (требаше на пат да оди) си шушка си тропа, го разбуди бебе , ќе го убиев...
    Така тоа е се испожалив да ми олесни, па да успивам пак бебе па да легнам малце ако може :)
     
    Последна измена: 9 август 2023
    На Coco31, 1209, Chanell* и 16 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.048
    Допаѓања:
    110.751
    Пол:
    Женски
    Ај и јас додека ми спие на рака да си пишам...

    Стана порано од вообичаено и еве го заспа непосакуван, мислев кратко ќе трае нека ми дреме на мене, јок бре се успа, а да го оставам ќе стане одма. Мајмунче. А појадокот се лади во фриз, не сака топло јадење и тоа е. Е се супер ама мене и кафето ми се лади.

    Се спремаме за одмор, се супер ама ако не стигне породилното тешко мене ќе биде. Се надевам ова лошо претчуство нема да се оствари. Се радувам дека не сум нешто интуитивна во живот.

    Веќе втора недела имам само едно дете, другото е кај баба, ама доаѓа одвреме навреме. Немам мака воопшто да ме саботира жената, ама слаба е на него ептен. Ја работи како знае и умее, од тоа да го храни, да му угодува, да го тинтари до спиење кога сака и каде сака. Мислам да и рече да спиеме во тревник и тоа ќе му намести. Нека е жив и здрав, се надевам нема да ми се удри од глава.

    Доста беше, дај да го сместам чоеков бар ќе стане за да појадува на време. Убав ден!
     
    На Coco31, Chanell*, Калатеа и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    13.053
    Пол:
    Женски
    Многу љубоморам на ваков однос :D Ама сериозно, јас имав ваква баба тоа ми се едни од поубавите спомени од детство. Штета што мајка ми е многу зафатена и едвај 5-6 саати неделно одвојува за внуците, многу плаче големиот да оди кај моите. Другата баба ич не сака да угодува, за синовите на пример се ќе направи ама за внуците, ќерка и снаи јок. Кога одиме на гости вика Сине што сакаш да зготвам? :D
     
    На Coco31, Mother of 2boys, Chanell* и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.995
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    Да чкртнам некој ред дур спие.
    Синоќа околу 8 беше плачење до зајдувее да не речам. Цицаше и заспа кај 8, а сакав да го бањам ама ништо од бизнисо. Се разбиди во 2 ( мислев порано ке стане ама ете врза 6 саати) јадеше и пак заспа до 5 и после до 8. Во 8 слабо цицаше ( едно 10 мин ) и заспа и ете го си спие сега.
    Ме загрижува што така забушава со јадењето, некогаш не сака да го фати цицето, а кога му ја бутнам на сила јаде како да нема видено. Ретко го правам тоа на сила да го терам ама ми се чини ќе морам.
    Дете си е весело, си спие убаво, си велам ако е гладно нема да си спие така и ќе биде кенкав.
    Ке го однесам овие денови овде во мк на педијатар да го видат и да видиме како напредува. И на ортопед исто да го видат, во србија чак на 6 месеци прв преглед кај ортопед ( страшнило )
    Одам мамасити еве го се буди, како да сети дека влегов да чкртнам некој ред :D
     
    На 1209, strelec231992, Viveki и 10 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.048
    Допаѓања:
    110.751
    Пол:
    Женски
    Имаат такви опструкции во цицањето, не се сеќирај.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    77.715
    Пол:
    Женски
    Здраво!

    И јас да пишам некој ред, додека се занимава дете. Денеска да пуштам машини и вечер да седнам да испеглам што треба за на одмор. Маж ми ја викнал золва ми утре да ми помогне со пеглање, си имам мака јас кај трудно, и кичмата ми е отидната од нишакње детето до 2 години, па кога седам да пеглам во една позиција ми се случува да не можам да станам од кревет после тоа од болки.

    Стигна количката на време, да има дете кај да спие на одмор додека шеткаме.

    @danichap мислам ти спремаше оброци за во градинка ако ме служи меморијава добро. Така да кога ќе се вратам од одмор ќе те замарам да даваш идеи.
     
    На MinnieM, danichap, Ano и 6 други им се допаѓа ова.
  20. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки.
    Јас да се пожалам дека малово ми го сефтоса подот. Само што и помина настинката, јас жива ненаспана и јас сум заспала до ѕидот а она на незаградената страна. Таа мирно никогаш не спие и накај 3 саат само слушам како тресна. Животот ми се скрати за едно 10 години, заплака и како ја земав почна да се смее.
    Имам читано дека не треба да спијат 2 саата ама веднаш заспа, 3 сабајле беше. Бев будна и ја набљудував 3 саати сигурно, дур не заспав од премор.
    И нејзе ја тресе таа сепарациска анксиозност, врати и прозори затворив вчера од срам. Не знам од каде го вади тој вресок.
     
    На Калатеа, Viveki и Bubish26 им се допаѓа ова.