Ај и јас да напишам нешто...само неколку пати досега сум напишала па добив желба пак да чкртнам нешто. Одморот ми завршува утре така да од петок со плус работни обврски. Голема во градинка, после подолга пауза од неколку недели неодење што заради настинка и заради одмор сега тешко се враќа во нормала. Секој ден е плачки од сабајле, и промените што се во градинката во летниот период ич не и одговараат па само се жали, битно кога се враќа е среќна. Мала прооди, па ќе напрај неколку чекори и после паѓа на земја. Цела е модрици по нозете а и пред два дена носот го изгреби и е со накажан нос Големата таман ја донесе мм од градинка побара да оди со него на дуќан и ај да ја облечам па почна да пребира облека, и ја одбра баш валканата блуза. Па го прашував мм дали ќе му смета дека е валкана и така ја пуштив. Чекам малово да заспие па да легнам и јас. Денес не ми е баш денот, често ми се дешава да ми зближени притисоците 100 со 80..или 110 со 90 и ич не ми е добро па и дополнително анксиозноста ми за зголемува и не знам кај терам Ај ко за пост после подолго време доволен е. Убав остатокот од денот мајки.
Да пишам некој збор пред спиење. Преморена сум деновиве, еден куп гости пречекани и уште толку во најава. Кој на колективен, кој на враќање од одмор кај нас во посета. Повеќе кафиња од ресторан направивме деновиве. Колку и да ми годи друштво, некогаш или се почесто ми треба и одмор и мир. Бебка си расти, одамна немам прочитано развојни одредници што прави, што треба да прави. Некој следен ден тоа. Пред некое време по темите се зборуваше за подароци. Е, па добивме подароци за бебе со големина за 7-8 години. За волја на вистината, преубави се алиштата. Сеуште се мислам дали да ги спакувам и чувам години и години, со надеж дека нема да се оштетат од стоење или некоја од внуките да ги добие. Веројатно ќе е второто. Немам навика да прашам за подароци од каде се и да менувам.
Мене само 2 работи тогаш ми донесоа поголемки за 2-3 години и 3-4г и само тие останаа износени, другото шо добивме ( а беше многу малу) беше кнап или мало.. еве сега и донесоа на беба 62ка све од тука една продавница шо 62 е нели од 2-3 месеци ( беба е 3 месеци за некој ден полни) , а рачунај крокојве се потесни,кога попрво да ги облече, пак летни хаха а ние есен права имаме. Му викам на маж прај уште една женска темпирана кун мај да се роди за да се изнаносат алиштава. Ама 7-8г е стварно многу време.
Добар ден мамасити. Надвор дожд ама за мене сонце. Бевме на ортопед ( пријател фамилијарен ) супер е синко му се оформуваат јадрата на колковите, нема потреба од широк повој, вратчето супер. Го фати и кај тестисите, фала му на бога се појави и левиот, белки ке си се спуштат и да пројдеме без хируршки зафати. Од 7 ми минатиот месец до денес има додадено 830 грама, помалку во однос на првиот месец и пол, ама сепак е во ред, и покрај проблемот со ушињата ми нема стагнирано што за мене е многу важно. Ви посакувам убав ден како мојот мамасити.
Хелоу мадерс. Форумов ми е ко дневник, да си пишам некои работи па да се смеам/тажам/тешам за некоја година. Фино би било и оваа тема да е во скриено, многу демначи периодов. Него, прв одмор истеран, ама пак во најтоплото ни на сон. Втор здравје септември ако не не задеси некој доШ. Со две деца бев на одмор, дали да го слушам детево или мм, ко женче некое. Топло ми е, ми се кака, ми се јаде, не отварај прозор, завеса, пушти клима. На плажа едвај по некој саат, сва среќа бевме на 5 метри од море инаку мм немаше да искочи од соба. Песок се изнајаде како и што очекував, ама overall фина беше и поспиваше малку повеќе. Кратко траеше, дојдовме дома и пак во 6 на нога. Не се пофалив дека прооди пред некој месец, колачите ги изедовме, 5 пара сандали и патики купив, мислиш маратон ќе трча секој ден. Смешна, преслатка и врвен манипултор, прави да посакувам второ ама ко ќе ми текне колку сум ненаспана и неорганизирана, pass. И така, постов хаос ама ме чека мезе па се дефокусирав.
Добра вечер. Денес беше долг ден. Се изморив а малата уште толку ме измори на успивање. Крокодил полесно ќе скротев мислам… Ама јас самата сум си крива, правевме роденденска торта заедно и перките од миксерот се знаеше кој ги лижеше, остатоците во садовите од филот исто така. Помошничка моја мала и на толку шеќер не е ни чудно што се бунтуваше, заспа и еве ја и во спиењето не мирува. Пред некој ден вака додека спиеше си размислував дека ќе ми порасне, уште само 15-16 години и ќе си замине, а можам ли за толку малку време да и се израдувам, и вечноста е малку. Си се изнаплакав си се полигавив и си ветив дека нема да ја гушам и да бидам опсесивна. Е затоа наредниот ден беста ја фати и само си мислев издржи, ќе порасне, ќе се осамостаи ,ќе се спасиш! Навистина знае да биде ѓаволче на моменти!! Пред недела дена почна да кашла, следеше покачена температура, најголемата ноќна мора. Порано не бев во паники барем, откако имаше напад на фебрилни конволузии во декември кренување на темперстура ми е најголемиот страв. На лекар ја прегледаа, урина, ехо на бубрези правеа и крв и зедоа. Испадна воспалено грло покачено црп и си заработи антибиотик. Две години е втор пат антибиотик, ептен ми е криво. Ама ајде да се префрлам на повесели теми! Детето мое полни 2 години, и брзо и бавно ми минаа ама во секој случај овие 2 години ми покажаа колку може да се сака!!! Тоа е причината и за овој пост,одамна немав пишано некако ме мрзеше да пишувам. Кога ја завршив тортата ја покажав на ќерка ми. И по изразот и се гледаше дека е пресреќна сакаше веднаш да дува свеќички затоа што вежбаме неколку дена наназад и само за торта и роденден ни се муабетите. Ја прашав: “ убава е тортата мама” а таа ми одговори “ да мама”. Го читам ова што го напишав и знам како звучи oд страна ама мене душата ми се стопли. Прв пат го искористи зборот убаво за да искаже дека нешто и е убаво. Утре не чека голема прослава. Толку од мене овој пат Поздрав
За Мајчински муабети директ од подот на мојата дневна, се јавува мајка на едно паметно и едно да е живо и здраво. Од најнови вести издвојуваме дека паметното лека полека влага во предпубертет а ова да е живо и здраво научи да се кара со свои замашни 7ипол месеци. Има да ми наплати за сите безгрижни и мирни прошетки со бато, за сите забавни патувања на море без никаков проблем, за сите безгрижни моменти додека оно си играло на подот... Ја чекаме леќата да стаса за да руча човекот, па мама да се пушти во пакување полека зошто броени деновите до одмор. После ќе одбројуваме до враќање на работа, оти летнаа 9м. Добро 8 летнаа де, имам уште точно 1м да го уживам со бебе дома. Не е дека не си го сакам бебето, ниту дека се каам што се решив на второ или пак дека ми е тешко, уживам во животот со двајцава момци што од под срцето ми дојдоа во рацете, добро и со тој на свекрва ми што ме вади од такт понекогаш а почесто се заљубувам одново и одново во него, ама стварно многу сакам да ми се случува нешто во животот, да е интересно, да е забавно, а не да седам само дома. Е ако веќе морам да седам дома нека има неограничени намирници за готвење и се ми е полно рамно, како во ковидот, туф што рецепти излегоа тие неколку месеци. Сакав крштевка сега во август, ама одморот ни ги смени плановите, септември ќе се крштеваме, ќе славиме 10г од брак и 36ка моја, на роденденот на татковината или некој ден пред потоа, ќе видиме. Не давам многу шанси за заборавање, тој е денот, и роденден и годишници и со една частенка се ќе пројдеме. Економично. Додека пишувам ставив сладолед за мене и бато, па на бебе му се пријаде и ставив леќата, ама не е воодушевен, ќе биде ли ова единствениот одметник од нашата фамилија кој нема да сака леќа... Убав ден мамс, да доранам бебе па ќе падне борба за успивање.
Добар ден и од мене. Саботата ми е резервирана за гости кај мајка и татко. Со малите сме како во хотел со 5 ѕвезди. Децата наиграни, доручек и ручек готови, милина. Големата веќе две недели е со црвено грло, брис направен и негативен па матичната не ни даде ништо. Сега од средата со затнат нос и кашлица па денес и температура крена. Ќе морам или на болница да ја носам или до понеделник да чекам за кај матичната. Малото и тоа со затнат нос, ноќеска во еден по полноќ ја инхалирав со синомсрин за да можи да заспие од затнатиот нос и кашлицата. Многу мачно ми е со двете, немало споредба со едно и со две деца. Нека се здрави и живи само. Се ќе се истрпи. Убав викенд.
Мамаситас хелоу. Одамна ме нема да ве поздравам. Успивам бебе, уште цица како новороденче а тргнавме во градинка и као помалку подои ама ајде сабота е да се почастиме Ќе ми се обие од глава ама нејсе. Ново ни е тоа со градинката, уште сме на адаптација, ми текна една анегдота нели у државно здравство не можеш да докажеш дека си болен а у приватно здрав, исто и со градинките и адаптацијата На приватно недела дена а у државна ми викаат може да трае со месеци Ич не ни оди добро ама така било, сите плачеле, таков одговор добив и дека ќе се навикне. Заби горни единици подизлезени, мака мачевме, сега подобро е. Ранче купивме за градинка, алишта изнарачавме, дел купивме, еуфорија ме обзеде, маж ми кој знае што си мисли, па и топлинки му викам треба за градинка, вика мене не ми е јасно не оди а и август е Не знам ете многу сакам да купувам, хаха, уживам во тоа. Се размислуваме и за роденден и тоа ќе треба да закажеме, почеток на октомври е ама ќе немало место никаде, па добив совет по со време да се закаже. Немам никаква идеа, сакав да е на отворено со базен, двор, уреден парк за деца ама у право е сестра ми, кој ќе ги допази децата да не се избањаат ми вика а и времето кој знае какво ќе биде… И тоа ќе треба да го смислам и да прошетаме. На работа тргам и јас, ќе се комбинираме со мм за градинка, он нема да седи цел ден за да ја зима порано, јас како и до сега ќе дежурам, само за цицање се мислам инаку другото не ми е проблем. Ама мислам дека ќе почне повеќе да јаде кога ќе нема избор. Ме фати желба зс второ дете, ама кога ќе размислам колку е само тешко на почетокот ми поминува. До следно читање мамс. Поздрав
Добро утро Влечам дури второ кафе на тераса Денеска ми е многу релаксирано, ги викнав моите рано сабајле на доручек, двајцата по едно дете, големиот шета со дедо, малиот спие со баба, јас мрзливо подсредувам по дома. Маж пак аспарух Барем ручек имам од вчера што никој не стигна да јаде. Поголемиот ми бараше макарони салата цела недела, ги ставив да се варат и едно парче месо да динстам, ја зачитав Ангел за леќата и на крај ми загоре Ама нема везе, ќе се јаде. Многу ми е хаотично периодов, некако од одморот уште не можам да ставам ред дома. Големиот се навикна да спие по гаќи и сега како залади дали му студи ноќе, почна да моча во кревет. Секој ден по една перална само постелнини перам, ми иде на живци, а не сака пижами да облече. Кујната и вцто ужас, тие најмногу нервоза ми ствараат, а таман ќе се фатам за работа морам да трчам по некое дете. Кажувајте чаре, дали повеќе сте задоволни од агенција или вака приватно да си најдам жена за чистење? Не ми треба којзнае што, ете за пеглање, вц, врати и прозори, тие работи што не ги стигам да ги завршам. Ќе пишував уште нешто ама ми избега мислата, да станам барем за малото ручек да ставам, да пуштам уште една перална и ќе видиме до вечер дали ќе ме пушти мрзата за уште нешто Have a nice day
Добар ден, мамасити. Денес денот катастрофа, од вчера се не нешто плачи, плаче во сон и морам да го будам, па нема нема се бунтова не сака да јаде, на нерви ми иде тоа негово понашање. Еве и сега гладен е како рис а не сака да цица. Незнам на што се должи ова понашање, од вчера во трет скок влеговме, дали така се понашале вашите во трет?
Добар ден мајки. Вчера раситнив 40 Прв роденден како мајка и тоа 30ти, најубав роденден досега Прошетавме, бевме во ресторан па јадевме торта и малово реши да ме почести со поретки будења па малку од малку се наспав.
Da se nadovrzam na @GoldLeo , jas utre slavam rodenden I jas prvpat kako majka najubav podarok za cel zivot. Podarok od mm pobarav tetovaza so imeto od kjerka mi. Ostanatite mozat vo plik ili na trs Znaci cuvajte se za blago utre, od mene ke e! Happy Sunday girls!
Скроз исто, мислам дека на сите ушите ни зуеа. Седни, плаче да се носи, стани, плачи за нешто друго, легни го да игра, плаче, јадење плаче. Ноќното спиење беше најужасно. Живци еден тон треба да имаме.. а тееек иде тешкото хаха
Хелоу! Денес некој на улица да ме видеше ќе ме оговараше и по групи и по теми на форум... големото од такт ме извади! Ама тоа е данокот на 2 недели распашој кај баба. Многу ја сака, многу му е убаво, ама многу се разгалува кај неа. Прво не ме послуша и остана да спие кај неа, а требаше дома, ајде броени се деновите, после утрово дојдоа и отидовме на гости кај другарче негово. Тоа по пат одење и зјапање во чавки, се бувна во ограда една, идење по улица ко мува без глава... коа грмнав, да не бев на пола пат ќе се вратев жими мене. Ништо не слуша кога е вака, друго дете е. Му реков, до одмор дома ќе си седи, да се врати во нормала малку оти ќе биде лошо за него. Има за задача сега да си ги класифицира играчките, да ја средиме собата и да го преселам, доста беше вака. Таман алишта ќе му спакувам што ќе остане ќе подредам убаво и правец у големата соба, планот не ми беше добар за оваа соба. До одмор во петок да сме на пола готови. Е малово демек излезе од скок, почна да збори, да мумла, да се кара со мене и сака да оди по кревет да се држи ама јас да не го држам, сам можел пинцур од 7м. Се лути ако го држам. Он едвај седи стабилно што се вика, се манта цел, па ќе одел. Мајмун. Седевме во двор сега малку, пиев кафе и од нигде никаде се пикна во мене, мам мам ми мамкаше и ми заспа, помило нешто не ми се десило досега, дете вака да се пикне во мене да ми заспие, без никаква галама, прв пат да доживеам иначе борба со лавови ни е заспивањето и со бато ни беше така. Којзнае што ќе бидне ова... Више кога заспа, да земам да запеглам, оти броени се деновите до одмор. Добра ноќ!
Добра вечер и од мене мајки. Кафето сварено и може да поуживам малце во тишина. Терапија ми е едно кафе испиено во денот на раат, па макарни на полноќ, среќа па не ми влијае на сон, како топ спијам. дали постои касна ппд? Губам живци луѓе тек сега, овие 3 дена секоја ситница ме вади од памет, нервозна сум ептен, стискам заби за да не испичкарам големава оти ми скока стварно на секој нерв. Таман чоек ќе ја пофали, там бетер станува. Шо се залигавило лигле мало квичи по цели денови за ништо, не можела да стане и да го фрли шишето во канта, па застанала и цимоли, па драма до зајдување оти не и попуштам. Од дете кое си редеше се на место и средуваше после играње, стана страшно не послушна и играчки на сите страни наерно фрлени, епа нема ќерко, ќе ги бараш, ете ги пола се во подрум и чуди се сабајле кај ти се. Криво ми е вака сега кога ја гледам заспана колку е мила ама ги поминува сите граници, па бебе 5 мин не сврза денес сон оти неа така и текнало, а се се праи да и се удоволи неа. Внимание посветено кога е будно бебе, кога спие уште повеќе, не покажува знаци на љубомора, ептен ја гушка ја гњави ама не знам оти на еднаш момичево цивка за глупоштини и не слуша шо и се збори, абре глана еден ден ќе ја распукат ич страв ни осет да се немало. Трчат таа, скокат како мува без глава, уште фатила да бега низ сета гужва, а туристи врие во центар. Викав неќам Мк ама од кога ми кажаа дека имало и нови игротеки ајде побргу да одиме, нека се издува и онаа малу и ние на раат кафе ( на раат со бебево, бајрам на умов си праам) ама тука нема таква забава, има се само не кафич со игротека. Беба е добра, многу лесен сон има и тоа ме нервира ама не смеам да се пожалам сега за сега. едина позитива овие денови ми е кафево и маж. Се труди ептен да ми помогне иако е претрупан со работа, џабе ми е дома по цел ден, ко не го гледам, после 5 излегува од соба и почнува да ги занимава ама навика си е навика, големава сака јас да и праам јадење, јас да ја наместам, облечам, наранам,заспијам, па така да некогаш колку и да е он слободен, децава по мене мјаукаат. Ии за крај, кревање големава вчера, кичмата ми крцна и останав свиткана, болкаа умирам ама кој прашува мајка дали може? Мајка секогаш мора да може. Кога сме кај болка, 3-4 дена ме боли долу како за добивање ама нема ништо, јас менст болки не сум имала ама изгледа ништо се дешава, ништо чудно да ми дојде. ајде доста е за денес шкрапање Добра ви ноќ https://www.instagram.com/reel/Cup-P1bpdSA/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==