Kako sto vetiv! Povelete na torta kaj mene. Ima I pijacka ama slikata tesko deka ke ja stavam bebe mrmka na veliko za dorucek.
Се што опишуваш го поминав со ќерче пред 3г кога се роди синко. Имаше она 3г тогаш и од дете што беше самостално буквално за се, почна да сака и бара се јас да правам.. ни татко ни баба никој само јас.. колку и внимание да и се посветуваше џабе беше.. едноставно тежок период за нив е ново бебе.. до вчера мама била со нив 24/7 сега наеднаш доаѓа бебе и се се менува.. знам дека е тешко ама да те утешам дека како ќе расте бебе ќе ти биде се полесно поготово кога ќе почнат да си играат една со друга @Lavica2602 среќен роденден
Мамасити скоков го почнавме на најјако, вришти на цел глас уште кога ке го налегнам за доење, значи отпор давање тоа е страшно и мене ми е многу стресно. Се измолзав не сака ни од шише. Не знам што да правам . Бевме на хитна не се ушињата, грло, нема температура, вака си е весел се смешка, ама за да јаде е врескање на најјако. Да одам крвна слика да му направам и crp, или само ке го малтретирам. Не сум паметна што да сторам што да чинам
Дој го во затемнета просторија со бели звуци. Кај нас само тоа успеваше. Можеш и малку да го смириш како пред заспивање, да почне да дреме
Сите тоа го пишавме во 0-6м, не го малтретирај бебе ништо не му е. Затоа пишав ја 550г убаво е шо напреднала оти на тоа нејдење и тоа ме чуди како. Неколку дена е во прашање. Дои го само пред заспивање и кога ќе стане како шо ти кажаа во темна просторија и колку сака толку, преоптеретени се ради што учат нови работи.
Ве читав, еве сега полу заспан цицка, ама со плачење го ставив на града. А стомакот му пука како топови да има. Грчеви си има од 2 недели возраст но ова е страшно. Да не е некој стомачен вирус, каката му беше на повеќе пати жолта ама слузава, лигава како мрсул.
Виткај го во ноџињата да прди. Каката ни е иста нас, некогаш и леплива, некогаш ете така како шлајм. Тешки се скоковите за нас мајка ама за нив верувај уште потешки. Како сте со спиење? Мене на вечер кога беше громчето ме мрдна, само преташе со нозете и рацете, живи ненаспани и двете.
Навечер ми спие, ама денски прета и плука цуцла па ја бара. Ама тоа претање со раце и нозе одамна ни е. Јас само си велам какво ли е тоа такво спиење. Сега многу плачи кога му се спие и кога треба да јаде. И мене ми е чудно од што не беше таков плачлив.
Ама во скок се прават што не правеле, чекај да го видиш скокот после 5тиот, тој со сепарациската анксиозност... Што пие кафана? Пасошот е готов, сег може со мирна глава да се пакуваме. Откако излеговме од тој црвениот трипл ес скок дете се препороди, па се смее, па се кези, па се закача, па збори дрдори, па пробува да стои сам ама да не го држам ми ја трга раката, али душа негова да легне на паркет и да ги смука ќошињата од подлогата, окез со уши има.
Утро момстерс. Вчера почнав оптимистички да читам, ама не можев да постасам. Со закаснување @LiquidLuna ти ма колку си била младо. Крцкалче. Да се множат љубовни години. @Skyler тука најголемиот фан на Колдплеј. Тие ми се концертот што ми недостига во животов. Ама надежно, еден убав сончев ден. Може и врнежлив, сеедно. Јас бев толку оптимист пред некој месец за еден концерт ко онаа узреката, видела жабата го потковуваат коњот па ја кренала ногата. Си купивме карти за гнр со маж иако дури концертот беше на роденденот на мали, иако сме сами во странство и немам кој деца да ми чува, ама ај си дадов време некој месец чудо да се деси. Нормално, чудо не се деси па ги шитнавме картите. Знаев во себе уште пред да ги купам, ама пуста надеж. Морам да признаам дека и покрај тоа бев малку поише разочарана од што очекував. Беблак вчера ги направи првите независни чекорчиња. Јас тоа пропуштив да го видам оти главев во кујна правејќи торта за утрешниот роденден на талибанката. Се исправил и изодел цел метар па треснал долу. Цело време се исправа и треска, и шиба еден воз низ цела куќа, ама сам не беше пуштен. Си расте. Иако толку беше напорен последниов месец што неколку пати му реков дека вака не иде веќе и ќе го даам на посвојување. Овде Германците една од поубавите работи што ја прават е што се што не им треба дома, го оставаат надвор пред дворови, за кој како ќе помине и му треба да си земе. Од најмали работи ко прибор за јадење ако си купиле нов или чаши, до различни машини и мебел. Па така знаев да му речам дека ќе го седнам во гајба пред двор да го земе некој. Ќе му стаам само една плава панделка чисто да знаат дека е машко оти често ми го мешаат за девојче. И двете четворки горе му избија па и официјално има 10 заби сега. Тоа врескање во сон по цела ноќ мораше негде да се покаже. Си прими и втора доза мрп, талибанката ја вакцинирав за крлеж и сеа може да се тера одмор раат. Ок. Не сум ни пола спремна, а задутре ќе поаѓаме. Си седам така вчера мува не ме лазе и му викам на маж колку лесно можам да имам нервен слом во моментов, а тој пак ми вика ме следел и очекувал. Да замесам фонданот и да го залепем на тортата па да декорирам остана. Конечно ќерка сакаше мермеид да биде. Изборот беше меѓу пират и супер Марио. Ме пукна ова дете со коли, авиони, камиони тешки машинерии, пирати. А ја желна за нокти да си лакираме заедно. Ај може со син ми. Себично се радувам што нема да готвам некоја недела. Ќе се јаде надвор, а дома со нарачки кај свеки. Четврток тргаме со двајца талибанци роад трип до Крф. Кој преживее ќе раскажува. Или ќе ме прочитате по сајтови како сум ги оставила двајцата пред некој двор уште во Австрија. Чуси.
Значи да спремам нерви од сега . Ова скокови во развој читам и не можам да се начудам колку се се поклопува. Надразлив, плаче, смука раце, слабо јаде. Најјако ми е, почнува да цица како да нема видено, и одеднаш оп отвара очи и демек па јас сум на цице и не сакам повеќе и се трга Мајка се препотува борејќи се со него Ама што е тука е ќе се издржи. И да собирам сила за следен скок. Некако многу набрзо ми иде 4 ти Да се надоврзам мамасити, сношти се исплакавме како да не колат, трета вечер со ред така. Душа ми се кине ама ете не можам ништо да му помогнам освен да си го гушмам, бакнувам, нишам колку што можам со грбов. Со мајка ми се менуваме ако трае подолго. Си спиеше убаво сношти и на будењата убаво цицаше така во полусон. А од сабајле пак почна да зафркава. Битно вака е весел си се смее, гука, полниме пелени, каката жолта ( и покрај помалку цицање добро е ), е фонтанелата ни е вдлабната малку, што е знак дека е гладничок ама на сила не можам да му бутнам. Ни од шише не сака, се молзев, ама ништо од бизнисов. Се надевам брзо ќе не огрее Убав ден мамасити
Ај добро вечер! Да се искажам овде оти ќе ме има по весници... На големото животот му бил проклет, досадно му било, тешко му било, оти не сме го оставале да спие кај баба му... Денес цел ден е во соба пикнат и демек собира играчки, чисти средува, тоа бетер растур има направено. На крај капак во 9 саат го разбуди малото со една фрула пластична свиреше. Едвај се исконтролирав да не го удрам. Ми ги спои живците. Сега за памет некое време играчките ќе бидат собрани во црни ќеси во подрум, нема играчки, како знае и умее нека се забавува, книги и блокови ќе му оставам, тетратки, ако сака да црта добро, ако не нека си измислува забава. Налет со тие лего коцки, аман веќе, и ниедна фигура не останува, се лом прави. А со истите играчки кај баба му си игра мислиш којзнае што е, дома не сака ни да ги види. Не можам веќе. Па муабети ни вади шо луѓе не сме му давале да здивне, не сме му давале до збор да дојде, да пее, да игра, сме му забранувале се. А врска нема. Е сеа казнет е па стварно бар муабети нека ни вади. Многу се разгалува со баба му, премногу! Малово па памукче, коа не е во скок, сеа најново научи да плеска и на тапшин да игра, да се радува, да скока на песнички, лепота е. Он бар малку ме полни позитивна енергија. Па каков е смешко, како шири осмех, ко роден да е за на билборд дечкото, одма се смее кога ќе види телефон и камера. Доста беше, да одам да дочистам хаосот во соба и да се туширам, таман мм ќе дојде да држи стража, не бива малово не е за оставање, он станува и тргнува одма да лази.
Значи доењево како што знае да е напорно на почеток и со многу предизвици, исто е и најубаво на свет. Нема помило фациче од тоа кога бара цице, а сега почна да вика амам мама кога бара ноќе такво поспано, и се вљубувам се повеќе Неспијач и нејадач бебе е, ама колку и да се нервирам и сум ненаспана, се заборавам кога е ваква слатка. Немаме многу подои веќе тргнав на работа има три оброци, ама во тие наши моменти баш си уживаме двете. Ноќеска не сакаше да спие не знам дали е скок или нешто ни се поремети со дремките, жива ненаспана сум и напорен ден имав на работа, па капак и со мм цел ден си мрчиме нешто, а сега наместо да си легнам јас си ја гледам неа и се разнежнив. Чудни луѓе сме ние мајките
Sin mi go skrsi toplomerott,duri denes go najdov pod krevet i zivata e rastecena mnogu sum isplasenaa ne znam kako da ja iscistam …
Читав дека живата во топломерите не е толку опасна за луѓето. Не се проозведуваат повеќе поради околината. Значи не паничи, смири се, само убаво исчисти ја и проветри таму каде што ја најде. Не се чисти со правосмукалка. Со светлина убаво провери дали има капки по цела соба. Најлесно се чисти со бакарна жица. Откако ќе завршиш убаво пребриши со влажна крпа и фрли ја. И живата затвори ја во некој сад пред да ја фрлиш