Ни тоа ни тоа. Сама да си чистиш . Шала на страна од агенција имам катастрофално искуство. Три пати ги враќав. Госпоѓата чистела што чистела, на крај туш кабината не ја исчистила. На крај за да не ги има по портали ми дадоа уште едно чистење гратис. Ама од тогаш се откажав од агенција. А жена, ако најдеш пиши. Не се наоѓа за лек. Имам додуша една што бев релативно задоволна, ама ми е страв да и се јавам. Пред да се породам ми бараше по 2000. Сега може и 3000 ќе ми побара @GoldLeo @Lavica2602 среќни родендени. Секој нареден посреќни. Тоа дека си млада затоа не го знаеш зборот . Ај добар ден да се пријавам на рецепција. Роденден на големиот помина. Убаво беше се и дефинитивно во нареден период не ја менувам. Е бебе заборавивме да го сликаме , ама бар славеникот пресреќен. Сега останува уште да се спремам за одмор. Ај трето патување во три месеци, се надевсм научив да се пакувам . Во јуни бев препакувана, сега за Охрид малку подобро, за сега да се спакувам оптимално. Не за друго носам и враќам па после преперувам за џабе. Битно се што треба е купено, сега да се доперам и да ставам во торби. Друго и нема посебно што да кажам. Мерам улици со децава, со сите баби на лулашки муабет си правам и тоа е тоа. После одмор првачето почнува со училиште. Добро ми се погоди да сум дома првиот месец додека се навикне. Батеријата трепка, тука се одјавувам. Имајте убав ден
Мајка нокти среди, купаќи купи, деца и се воглавно спакувани, она е спакувана воглавно, пешкири се купени, испрано, средено, фали уште само да се натовариме утре вечер. Тато кој го врти што не знае да се организира. Не шала на страна, по неорганизиран човек не сум видела! Ќе дреме на Нет џио, на тие каналите со ерплејн крашес, на такви емисии и у 5 за 12 ќе се пакува. Абееее.... Утре сме на преглед кај матичен за бебево, гарант ќе мрчи зошто ама ми е гајле да ви кажам. Речено му е 100 пати да се спакува со време, се му е исправно, му е речено и да извади, за пеглање, ама он не па не, епа нека дреме утре. Чекам да чукне саатот да одиме со бабе да пазариме, ќе натоварам деца и ќе фатиме патот. Бабе ни е топ за шетање и пазарење, она не гледа цени и плаќа се, мала шала, а кој не сака таква баба. Убав ден мајки, мене ми светна нели дадоа породилно, имало раат.
Што убаво ми е кога ќе имам време да седнам и да ја читам темава.... Назад сум со страниве ама сакам се да исчитам и си терам со ред. Пијам кафе и се трудам да се разбистрам. Се осеќам како да имам хроничен замор и никако да се наспијам и разбудам свежа. Неделава имав прегледи на лекар. Детални. Пред тоа имав доста јаки главоболки со повраќање дури. Сега демек е подобро. На малото му славевме роденден. Како вчера да се роди. Наполни 4 години. Кога порасна. пред некој ден бевме кај кумовите на повојница, нивното малото има 8 месеци абе да ти е мерак да ги гледаш додека се бебиња. Мм вика види што убави се ајде уште едно аа не му викам. Ако посвои е ок ама да раѓам јок. На тема одмор истеравме неколку пати за викенд до Охрид ама мм се повреди на рака и еве месец дена немаме мрднато. А мене баш ми треба одмор. Буквално. Да закрепнам и физички и психички. Па од септември почнува школска година па ајвар и припрема за есенска атмосвера и толку. Ај да допијам кафе и да пофатам дома. Толку е и времето. Ме чека посао (а како не ми се оди на работа во последно време....)
Знаеш од кога велам да се донесе куферот со алишта од големава да видам шо има 68 за да преперам? Во недела летаме, он си сврка само и ќе се пометка кога ќе треба да извади од шкаф шо сака да носи, на крај ништо само чорапи, затоа го иам остаено едно патовање без пижами да спие, па му беше шубе да легне шо извади тоа и ставив. А таквите емисии и јас ги имам изгледано сите маж се зеза вели секое летање дека ако нешто тргне по зло, јас ќе знаам да опраам грешката.
Додека спијат двете да напишам некој збор. Наместо и јас да поспијам малку со нив јас на моб дремам. Ај ете ноќта кај е, па тогаш ќе спијам. Малата уште цица и многу се разбудува, ме пукна значи, а сега како што беше затната и кашлаше па можи на секој саат се разбудуваше и тешко заспивање Големата 4 дена со температура, пукнав е. И одма ослаби и пропадна во фацата. Слабо јади ко ќе е дома. Едвај чекам да почни во градинка да се врати на рутината и јадењето. Последниов месец ептен прави отпор спрема градинката. Таму измешани групи, мешани и малку воспитувачки, на едно место јадат, на друго спијат па и дојде голема промена и секое одење и е со плачки. Се надевам септември ќе се стабилизира. На работа хаос, имаме многу лоша директорка на која ништо не и е погодено. Не остана човек од вработените што ја почитува. Не знам како ќе се издржи уште 3 години колку што и е мандатот. Ништо битно не се дешава, деновиве со малите дома и така. Таман денес арни конечно па да ги извадам надвор Убав ден!
Преку 30 жени ми пишаа за чистење кога барав на таа групата на фб. Пола може не беа саглам ама едно 10тина беа многу ок жени. @Skyler
Ме нема ,ме нема ,па скроз ќе ме снема Читам повремено , ама таман да напишам некој ред , одма нешто друго ми излегува да завршам . Сакав пред две недели да дојдам да се жалам,да плачам , да молам за помош и да си кажам дека кармата е стварно кучка Нели се отепував од фалење дека синко ми е мирен ,дека си спие сам по цела ноќ ,дека јаде све . Епа пред две недели од.прилика детето преку ноќ ми се смена . Станување во 01:00 ч по полноќ и урлање како да го колат . По два часа само во раце сакаше , ако не го галиш почнува да каса, ако го оставиш на земја или кревет те фаќа за нога и каса до помодрување. Лелееее , се засеморавме . Тој плаче ,ние плачеме .. Не знаеме што да правиме . Маж избезумен, третата ноќ коа пак ни се развришти така во еден ч по полноќ го гледам се облака и вели :станувај ќе го носиме на доктор !! И што ќе му кажеш му викам на докторО ?! Колега ,детето ми плаче ,де смири го Ај ја викнавме мајка утредента,златната моја мајкичка дојде со првиот автобус Ама ништо Синко пак истата песна . За жива глава не престануваше тоа будење во еден по полноќ и секогаш траеше до 04:00. Плус почна да одбива храна денски ,беше страшно нервозен и преку ден . Дојде другарка ми фризерката која е трудна ,неа ја сака страшно многу . Само што ја виде на врата почна да плаче ,сакаше да ја удри дури . Лелееее Се избезумивме. Другарката си отиде ,и кажала на свекрва и ' и ете ја иде и таа. Донесе некои камења од Метоирите и темјан Дај конци ми вика од сите што живеете дома Ауфффф, пребледнав . Маани се од тука и викам жено,какви коцни ,какви темјани Ај ме убеди мама да донесам од сите И зема жената да подкадува , го изми синко и со таа водата во која "вареа" камењата И ми вика : вечер слободно излезете си , баба Д супер ќе си пројде сама со внукот . Не ми падна на памет да излезам Амааааааа... Се случи чудо Синко си преспа цела ноќ , и веќе од утредента си беше старото дете . И пупу еве веќе десетина дена си е све у ред Јас и маж сеуште не веруваме дека камењата и темјанот го направија ова , ама си чувам водичка и темјанче за секој случај Е така да си знаете . Во докторска куќа , темјанот заврши работа И ние се спремаме за последниот одмор на море Овој најдолг ќе ни биде 9 дена Плус со мама и тато ќе одиме ,топ !! Они и синко во поголемата соба ,јас и маж во помалата Апартманот ни е на сама плажа ,има да се изнауживаме . Олимпијада ќе одиме , во план ни е еден ден да прошетаме до Амуљани или таа турата околу Света Гора . Јас и маж ми сме биле ,ама тато Не е . А ок е голем верник ,многу ќе му се допадне мислам да го прошетаме . Одвај чекам да дојде вторник и да тргнеме . Ни се јавија од градинката да прашаат дали ќе почне од септември . Реков дека ќе го носиме Ама мислам дека сепак ќе се откажеме дефинитивно . Никако да решиме што ќе правиме . Сега нов план ни е да пробаме , на прво разболување престануваме со носење Мош па детето ни има некој јак имунитет ,па лесно ќе проаѓа ТатИ посекако ни ги донесува дома сите можни вируси. Леле мајки Пројде летото Есента вчаскум ќе одлета и еве ја НГ. А тоа е втор роденден на синко. Кога бре пројдоа две години ?! Кога ?! Ко вчера да беше коа се акав по болници тражејќи чаре за нашиот одвратен стерилитет Фала ти Господе , во оваа тема ти се немам заблагодарено што ни дозволи да бидеме родители Нема ден да пројде а да не се заблагодарам за ангелов наш И не заборавај дедо боже на сите да им ги наполниш рацете Тешко е да се копнее по чедо ,многу е тешко . Одам дур не сум почнала да ширам патетика Ќе турам по едно коњаче на мене и маж Синко се научи да пие компот од вишни , па за него ќе отворам едно тегле. Директно од теглата пие Јес дека пола ќе го истури врз него ,ама ако Посекако ќе се бањаме нели Гушкајте дечињата мајки
Не знам колкаво е дете ама истите сцени ги имав на година месец-два колку шо ме држи памет. Никогаш она не стануваше на вечер со расонување, тие денови од 2-5 секоја вечер, не смеевме да седниме на кревет главата од под ја маваше, не смеевме да се движиме, пишти светло се повампируваше уште толку, маж на работа одеше како отепан.
20мес е моето Да да ,заборавив да го кажам и тоа . Се трескаше од под , од ѕид си ја маваше главата на тилот фактички , ме гребеше по лице ... Маж сериозно се исплаши Ама му кажале младите колешки на работа дека тое е све нормално . Но , он сеуште е убеден дека не било нормално и дека детето нешто го болело а ние не сме откриле што . Шуќур помина ,инаку кој знае што ќе му "испитуваше и како ќе го лечеше "
Нема официјални препораки, од око и од муабет ќе провериш, а и од неколку доаѓања. Кај мене една идеше 2 години по препорака од кај луѓе што цел живот им работи, на крај ми рекоа дека не ја викаат веќе затоа што им зафалувале работи, банални глупости, толку од препораки. Јас не ги оставам сами, а и камера имам ради детево па може и си прави малку шубе. Спојлер: Линк https://m.facebook.com/groups/506098840229234/
Добро вечер И официјално од денес преминуваме на една долга дремка, т.е дневно спиење. Маки мачевме со таа втората кај 17:00 која траеше кратко и само ни го одолговлекуваше заспивањето, а без неа само нервозен. Еден ден издржав тортура и не го заспав во тоа време и ем подолго дневно спиење, ем в кревет најкасно во 21:30. Со малото почнавме да се разбираме со мимики, раце, нозе се користи за да ми каже што сака. Ах бебето не ми е повеќе бебе иако уште му викам така. Има и неколку зборчиња - мама, татЕ, даде (на брат му ), деде, дај, не, мам (кога му се јади или пие вода), нема... Бато игра, шета, по малку и чита и некогаш не удостојува со внимание ако е расположен. Ќе биде борба од септември. Не дека не сака да учи. Материјата ја совладува на училиште, ама е мрза. Кога треба да раскаже нешто од мрза го раскажува со две реченици. Не сака да пишува и ракописот му е катастрофа. Мора на тоа да поработиме. Уште две недели ни остануваат од август. Почнува да ме фаќа паника. Имајте убава и мирна ноќ
Здравоооо. Петок, а? Да заврши денов и 7-8 години да порасне детево па може ќе се наспијам? Може и не Кафето испиено пред пола саат, залепена сум за креветот и си скролам лабаво Алиштата сами ќе се соберат, спалната сама ќе се зачисти, кујната такоџе, на крај и јадење само ќе се направи.. Во паралелен универзум тоа Вчера другар беше на гости и ја глеаше ќерка во сите нејзини елементи и на крај толку длабоко издиша и ми вика "А од кај му е енергијата на детево?" Како да ти кажам брат... И јас се чудам they suck it directly out of our soul - така прочитав некаде по инста Убав викенд женски, јас ќе дремам уште малку
@Ano @Skyler Од групата на фб што е наведена викнав 2 жени. Првата со една крпа само чистеше и можете да замислите како мачето со опавчето беше. Втората кога дојде првиот пат убаво исчисти. Не како мене (оти нели имам OCD), ама во споредба со првата беше топ и за мене доволно колку толку да ме одмине за некоја недела. Планот ми беше кога ќе тргнам на работа да почнам да ја викам еднаш неделно. Кога дојде вториот пат почна да приговара како прозорите ги чистела претходниот месец, биле чисти и немало да ги брише. Иначе секоја недела бришам прозори, секако ќе се чисти, тоа и ми е поентата, да не се никогаш прљави. Ѝ објаснив како сакам, ајде ги избриша. Третиот пат пак почна за прозорите да збори дека биле чисти и не ги избриша. Толку беше од неа. Сфатив ако ја викам секоја недела тек тогаш колку ќе забушава. Дојдов да кажам само за жените искуство. Сега сум во фаза куча-посао-куча, го чекаме одморот со нетрпение, само времето да биде стабилно. Бебе вчера направи 10 чекорчиња.
Здраво мајки Ве читам редовно ама немам што да пишам посебно. Намали бубањот од 1200 на 800 вртежи. Среќа што сака дете во градинка, тие саати од сабајле ми се раат да расчистам и без грижа на совест да си полежам ако ми се лежи или да си дремам сама со себе. Колку и да сакам луѓе морам 10 минути во денот сама да бидам и ништо да не правам за да се рефреширам. А мало дете и сам со себе тешка работа. Топлово се врати полека полека. Навечер сме на нож со маж за климата. Да не му дувало на детето, а јас душа немам, не се дише. Па ај малку ќе подува да нормализира ама не е тоа тоа. Па станувам, низ тераса вртам кругови, безбедна е населбава бољи од бабите на балкон надзор вршам. Вчера у 4 двајца млади се испраќаа. За рака фатени, најзаљубени, милина една На тема чистење утре доаѓаат мајстори за кречење по дома, а викендов така ќејфски е договорен за шетање и не правење ништо. Колку ќе стигнам толку, кафана едвај договорена со триста комбинации не откажувам па нека чистам до следен викенд. Ве поздравувам Да освежиме душа петочки
Добро вечер од мене. Да си се пожалам се откажав од одмор . Качив бебе на планина јас мислев ќе спие, она око не затвори, спиење навечер катастрофа, живи ненаспани и јас и она, батковците трупци, по пат во кола жив ужас, еден саат мирна после се дере, се нервира, а ќе одев во Грција мхм. Ја симнавме во Скопје неможе да се освести само спие . На крај решивме тато сам да оди со батковците, цело лето чекаа да се бањаат, да не им го уништиме одморот, сите заедно здравје догодина.
Подполно те разбирам, моево има страв кога сме во метро, се тресе цело и вришти, утре летаме прв пат со неа, големава нема гајле ама со сите куфери, колички, тодлер шо само трча, бебе шо се штрека само од страв аууу ми иде да одкажам и јас ама мора да се навикнеме. Потоа со кола одиме за Грција, еее од тоа се плашам највеќе, беба и тодлер позади, јас напред малее како ќе не биде немам појма. Ама според мене издржи и истерајте, нормално е да реагира така на промена .