Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    573
    Дојдов само да кажам добредојде 4ти скок, на апликацијата пишува 35 дејс лефт|(

    Ако преживееме сите по дома добро ќе е,плус мој почеток на работа па забавно ќе е...Сопруг ќе земе две недели одмор додека влезам јас во шема со работното време па да се организираме со него, кој како ќе е дома за да го чува бебуш и тодлерчето.

    Имате некој искуство да почнала на работа со бебе, како се снаоѓала?
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    45.812
    Пол:
    Женски
    Со лесно.

    Мене досега најтежок ми се виде, ем у глобала многу мирно и весело бебе имам, он мирен си беше пак ама неспиење и тепање дур јаде немам осето во претходните и ептен тешко ми се виде. Од неговиот уште 7 дена има, едвај чекам да минат.
    Инаку јас терам приватен бизнис со уметнички слики и дизајнер на ентериери сум, мислев дека ќе имам време да работам дека работам од дома, ха ха. Немам време за ништо и не знам кога ќе фатам пак ред за работа, а сакам, инспирација за сликање имам премногу и еден куп идеи.

    Мама денес на гости кај мама, цел ден само како штафета бебе оди, вујче, вујна, баба, дедо, а мама испружена пие кафе и скрола на телефон:D
    Не знам што ми е ама само себе се сонувам со недели веќе, се надевам на арно е, дека јас многу пророчански сонови имам и ќе излажам ако не речам дека сум замислена малце:sweat:
     
    На Coco31, MinnieM, Mother of 2boys и 14 други им се допаѓа ова.
  3. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    6.395
    Пол:
    Женски
    Здраво , ве читам уште кога останав трудна, прв пат пишувам.. Бебе, ова дете е 14 месеци веќе. Градинка, работа, дома.. Слободно време за епизода две од некоја сеија.. Вечера доцна навечер.. Па зошто не се симнуваат кг. Ете зошто.
    Доста е како за прв пат. Убава недела
     
    На azelea, sani99, Mom's_life и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    Добро утро мамасити
    Синко мој почна да се врти те на една те на друга страна во креветче. Вежва изгледа за да се сврти на стомак.
    Моментот кога го ставив на спална се сврте на лево па на десно и оп се најде на стомак, но со рачињата покрај телото, малку и тој се најде во небрано демек ееее што се случи како така :D
    Морам да почнам да го вежбам што треба со рачињата. Доброто во цела ситуација беше што одма главчето на страна го намести да може да си дише, не остана пикнат во душекот.
    Нели е мал за да почне да се врти, немаме три месеци, во сабота правиме?
     
    Последна измена: 21 август 2023
    На Ano, azelea, Bubish26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. M♡m

    M♡m Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2023
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Мене денес многу ми се смачи.
    Сакам да го исфрлам нештово од мене бидејќи цел ден ми е мех.
    Бебе е мирно. Не можам да се пожалам нешто особено, но е во четврти скок и има викање, нелагодност и барање внимание во текот на денот. Нормално.
    Тоа малку по малку секој ден, почнува да ми прави тензија зошто во суштина ме мачи проблемот - тело после пораѓај.
    Пет месеци постпартум и уште имам стомак, килограми вишок 3-4 и огромни гради и не можам да се поднесам или едноставно денот ми е таков.
    Јас сум многу среќна мајка, го сакам секој дел од мене што создаде универзум, но сакам и кога ќе се облечам да не бидам како петти месец бремена...
    Внимавам на храна поради млекото нормално, но си јадам сѐ во умерени количини, ама некако стагнирам после третиот месец.
    Има денови кога блескам и има денови како овој кога сакам само да спијам и ништо да не правам, а нормално е невозможно.
    И чувствувам вина што понекогаш си велам "ај бебе не барај внимание сакам да се одморам".
    И кога ќе ме погледне со очињата се мразам себеси.
    Утре е нов ден. Се надевам кога ќе се одморам сѐ ова ќе биде само еден муабет тука и ќе си бидам истата како претходните месеци, среќна мајка.
     
    На Coco31, Chanell*, Speechless и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    26.211
    Пол:
    Женски
    Добредојдовме дома :sun:

    Искрено бев уплашена од целиот ден по патишта ама поминавме прееубаво. Мислев дека ќе имаме повторно сцени со тодлер за играчките на аеродром кои се изгор скапи и трескање од земја оти не и ги купиваме амаа Нина си беше умна и брзо свари дека не смее да бара нешто пто мама и тато не дозволуваат, мада пред тој ден имавме сцена на сред продавница оти сакаше принцес фустан и од принцип не и се купи, па може ни дојде таа лекција одлично.
    Бебе издржа јуначки до во авион и потоа цел лет го преспа, аа Приштина-Скопје, п глас не и се слушна во кола :party:
    Промената и нови луѓе супер ја прифати, смешка е она, дури тоа што спалната е понастрана од дневна и дојде супер да се изнаспие додека дада урла по дома, а од денес вчезе во 4ти скок, можеби момичето си собира сила само.. ајде со лесно.

    Верувате дека Н спиеше само 4 саати и пак цел ден ни се качи на глава? Еве не знам од кај таа сила ја црпи.

    Бебка се слика за пасош и може да кажам спремни сме за на одмор.

    туку каква глупост непромислена сме направиле.. патен лист важи за влез во матична земја нели, епа може некој да има среќа и да не примети (како кај нас гранична полиција) ама затоа на проверка пред бординг ооп дечки бебе не смее да лета, ќе убиев маж ако мораше да се вратиме со Клара сами дома и да чекаме нов лет кој ќе не чинеше најмалу 500евра од ден за ден, згора на се малтретирање и Нина плачлива оти мами ја нема. Како заборави чоеков неам појма, а бивш граничен полицаец :rofl: па затоа и зоврев повеќе. Среќа па ни се падна Стружанец човек ете колку треба човек среќа да има, да беше Шваба немаше шанса да не пушти, ма каквиии они се научени да живеат по правила, нити можеш да им објасниш дека за пола саат си во матична земја и дека само транзит е Косово.

    Добро е, помина и си стасавме сите заедно дома.
     
    На Coco31, MinnieM, Ano и 17 други им се допаѓа ова.
  7. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Дојдов само да промрчам околу сторито на Гамарде на Инстаграм.

    Добар ден на сите мајки, дури и на оние коИ не се екстремно внимателни околу грижата на своите деца.
    IMG_20230822_120044.jpg
    Малку ми бркнаа у живец со непромислениот маркетинг, јаготка на шлагот беше и лапсусот во правописот, али да не бидам грамар наци ајт.

    Не знам јас ли претерувам со реакциите и земам при срце секогаш кога некој ќе ми искоментира на темата добра и лоша мајка, добар и лош родител, помалку грижлив, повеќе грижлив.
    Стварно се надевам дека не сум единствена и дека не сум толку лесно навредлива. :D
     
    На Oneo, Macemece, Chanell* и 27 други им се допаѓа ова.
  8. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Добар ден и на немајките. Силно светнал ден:sun:
    Греоти.
     
    На Chanell*, Speechless, Carolin. и 9 други им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.466
    Допаѓања:
    32.570
    Пол:
    Женски
    Јас одамна престанав да слушам :D
    Може за некој сум лоша ама не ми е на местото. А не сум се осудила да му искоментирам на некој каков родител е. Није културно :D
    Најмајка, немајка тоа па ми е посебно глупаво нешто. Сите сме совршени за нашите деца, макар користеле и Бејбилав козметика :D:D
     
    На Coco31, Chanell*, MinnieM и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    А уствари скапата козметика ли била репер за грижливост, ауу не знаев ... |(
     
    На Chanell*, MinnieM, Carolin. и 10 други им се допаѓа ова.
  11. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    :D Очигледно.

    Мислам океј е работата и Швепс имаат реклама Само за искусните, али поарно би била неискусна отколку немајка.
     
    На Freckles., Калатеа, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  12. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Епа ние коЈ сме екстремно невнимателни еден голем минус. Немајки :rofl:
    Никогаш нема да купам нешто со ваква реклама.
     
    На MinnieM, IRBBB, Tea SK и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    8.856
    Ако читаат од Гамарде, подобро помалку грижлива
    (за екстремно скапа козметика која не е ништо посебно)
    отколку крајно неписмена мајка.:hai:
     
    На MinnieM, elenaklasik, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    45.812
    Пол:
    Женски
    Леле јас нај немајка испаднав оти Џонсонс користам само при бањање и друго ништо од козметика, мислам освен влажни, пеленска регија и јекодерм за суви делови друго ништо:|

    Мене немајка ми е само онаа која не се грижи никако за детето, сите други прават најдобро што знаат.

    Него луѓе одамна две теми у врска со деца ми се маат во глава.
    Како некој може да остави дете од 3м, 10 дена со баба и дедо и да си оди комотно на одмор, а јас не можам ниту 4 саата да излезам со мм, без да имам грижа на совест. И како некој може да си го остави тодлерчето со месеци и да оди во странство на работа, а во најкритичен период од развој да го раснат баба и дедо.
    И двете примери ми се од околина и јас не можам да го сфатам ова најискрено, колку е да е криза за пари дете не би оставила без барем еден од родителите.

    И втора тема е , не можам и не можам да ти разберам оние кои изгубиле некој, особено дете и на тоа градат гледаност на социјалните мрежи(facepalm) Разбирам дека секој има различен начин на справување со болката, ама ми иде низ кожа да излезам кога ќе видам некој дека објаснува како ја загубиле особата, приказни, па дури налетав и на риал од погреб на бебе. Мислам ВТФ?Не знам како имаат сила и за тоа, познаваајќи мајка која изгуби тинејџер, за жал гледав како изгледа таа борба за преживување секојдневие, не можам да ставам во глава дека некој може на сети тоа да спрема реелс за на интернет.

    И така, си кажав.
     
    На Coco31, Sun&Moon, MinnieM и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    10.546
    Пол:
    Женски
    Околу темиве, одамна е отиден светов у ку..ц. Греота децава наши што време ги чека.
    п.с Позз до сите немајки :inlove:
     
    На azelea, BadKarma94, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    110.942
    Пол:
    Женски
    Значи само богатите се мајки, според овие... На пик ми беа да ги купам некад кога ќе имам пари, али сеа никад... Не сум го видела сторито, иначе ќе им пишев. Идиоти!

    ПОЗДРАВ намерно со големи букви од море, мајка пржи палачинки еве трет час. Будала... Ама па се за љубов! и стомаците :rofl:
     
    На azelea, mal.ecka, DaisyDoo и 3 други им се допаѓа ова.
  17. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Поради пари, кариера и нешто што може да се стави на мирување ни јас не го оправдувам ова, ама има луѓе кои поради здравствени причини ги оставаат.
    Дете не е да расти со баби и дедовци. На детето му требаат родителите, семејството.
    Мислам дека не е поради гледаноста. Тоа е нивниот начин да се справат со болката. Ова е мое мислење, не сакам да верувам дека и на вакви работи некој сака да извлечи корист.
    И јас изгубив близначе во бременоста и тоа пред сам крај. Не сакам да сум патетична, да ги трујам сите околу мене и да ги полнам со негативна енергија. Тоа е моја болка и ако видам дека некој сака да зборува за тоа немам никаков проблем. Дури и ми е полесно кога ќе се искажам. Само што тоа го правам подалеку од маж ми и од поголемиот. Тие не поднесуваат да се зборува за тоа. Одма им гледам солзи во очи.

    Како сте мајки, немајки, најмајки, пренајмајки иначе?
    Ние се спремаме за во градинка. Резултати уредни, уште со крвта мака мачиме. Додека прима терапија хгб качува, кога ќе ја прекинеме низок. Значи коски ми се тресат при секое земање резултати од крвна слика. А во исхрана гледам да внесуваме железо. Претходната матична на поголемиот ми велеше дека поради тоа што е бело дете бил тој проблем со крвта. Малово исто. Додуша не сум ни јас нешто подобра во тој поглед.

    Постов го пишам цел ден на рати.
    Имајте убава ноќ
     
    На MinnieM, azelea, Leanne и 5 други им се допаѓа ова.
  18. M♡m

    M♡m Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2023
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Колку само нема да купам, а ги меркав подолго, само што нереални им се цените, па се двоумев.
    Немајка.
    Инаку, скоро и да сум сигурна дека не е лапсус, туку неписменост.
    КоИ ќе ти каже. :?:
     
    На MinnieM, Freckles., Lavica2602 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.267
    Допаѓања:
    67.849
    Пол:
    Женски
    Стварно никаква реклама, мене повеќе јазичната грешка ме нервира, кога веќе си бренд и се рекламираш треба да се внимава. Ако се бренд овие, не сум ги слушнала, којзнае каков родител сум штом не сум ни слушнала за нив.:D

    @1209 тоа е, мислат бебе нема да се сеќава и ништо не му е. Сега читам од Габор Мате книга за траумите и колку од најрана возраст се врежуваат во нервниот систем и понатаму имаат удел во целиот наш живот, нашите реакции на настани и нашето родителствување.
    Он е роден во втората светска војна, мајка му на 14 месеци го дала на некој непознат да го однесе на безбедно. Откако она дошла, не сакал да ја погледне со денови. И имаше примери како тоа ден денес прави да чувствува страв од напуштање. Многу ми е криво што денес се вртиме повеќе кон среќата на родителите, среќен родител-среќно дете, ама за жал не е баш така. Ни одговара тој наратив зошто сме заглавени во капитализмот и мораме да одиме на работа, мораме да ги оставиме децата и тоа е тоа.

    Тешки муабети за со утринско кафе.:wasntme:
    Почнува нова школска година уште малку, не ми се верува дека една веќе помина. Има вистина во тоа дека некако побрзо лета времето кога ќе почнат со школо. Се фаќа ритам со обврските, денот краток и додека трепнеш поминала годината. :worried: Многу сакам да сум посвесна за сегашноста и поприсутна, ама некако повеќе сум препуштена на времето и не размислувам многу како поминува, само да помине. Што е жалосно и не сакам да биде, ама ете.

    Наздравје кафето кој пие, потсетување за мајките со бебиња да пивнат голтка и да најдат кај го оставиле.8-|:hai:
     
    На Coco31, Oneo, azelea и 17 други им се допаѓа ова.
  20. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    6.395
    Пол:
    Женски
    Греота за нашите деца, тие што не користиме најскапа козметика.. Греота..

    Лош маркетинг, е полош и од најефтината козметика.. Греота за детенцето што е сликано...