Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    110.942
    Пол:
    Женски
    Бебе заспа мајка со телефонот користи време. Не е спиено ич, многу лошо спие еве втора вечер, и ја би со 2 нови заба. Сирото бебе, пукна од нервоза. Качува и температура, дека е жешко не можам убаво да проценам и дали е температура или е од што е прежешко, ама па има и болка и давам по малку парацетамол.

    Падна диал со големиот, да дремне малку и после да одиме на шетање по чаршијата во гратчето. Интересно место, ама досадно, јас не можам да разберам како не знаат да бекнат англиски, никој. Едно детенце продава крофни, мм му вика ду ју спик инглиш? но, шкип! дури гордо, мм му враќа спик инглиш, мор мани, верувам ништо не разбра. Барам у продавница свежо месо, ме гледаат ко будала, на крај уклучив гугл транслејт. И ај ова се ќе разберам, ама во ресторан да немаат појма англиски, во туристичко место, е не можам да разберам никако. Ама вреди, морето е солза, цени багатела, се дупнав од јадење морско за ич пари. Сепак одморов за мајка на мало бебе и мало дете е се освен одмор.

    Одам да кркнам таратурот да ме дотепа лукот и да дремнам малу. Убав ден!
     
    На 1209, PoisonGirl, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    19.641
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Ке се дружиме почесто се надевам :D
    Бебе е релативно мирно бебе, цица, јаде, спие, мочка, кака малку поретко на 2 дена еднаш ама квалитетно :rofl:

    Дојдов да се искажам како се изреволтирав прееска или може сум јас будала не знам еве :x Беше на мм братучед жена му да не види она има бебе 3ипол 4 месеци, и правиме муабет што како за спиење на бебе ме прашуваше и кажувам искрено дека бебе спие го будам на 3ч за јадење и жената ме направи ненормална ама буквално со овие зборови, останав подзината. Сум требала да го оставам да не го будам да си спиело цела ноќ штом не станувало, она не го будела нејзиното.
    Како бе луѓе бебе од 12 дена да не го будам за јадење, еве не знам дали сум паметна или ненормална. Па ќе дехидрира дете, првите денови дома и жолтица ми имаше буквално јадеше и спиеше. Уште сум во шок од муабетов искрено:tmi:

    Тоа е тоа од мене како за прво читање во темава.
    Имајте убав ден :sun:
     
    На 1209, tanjaaa, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    Ти си правиш како со треба. Толку мало бебе мора да се буди првиот месец, потоа оставај го кога ке ти станува тогаш. Со жолтица па тек мора да го бидиш инаку како во делириум спијат :D
    Многу не обрнувај внимание што ќе ти зборат, нема на тоа да остане, ќе имаш секакви паметни коментари
     
    На 1209, Снегулк@23, Viveki и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    9.281
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Ме немаше некое време...со право.
    Во Англија сме ,па сакав повеќе да шетам и уживам наместо на телефон.
    Во авион поминавме добро.
    Многу луѓе би помогнаа. Само што стигнавме беба ја фати вирус. Повраќање,пролив. Не јадеше она ,не јадев и јас. Дали беше вирус ,дали промена на клима незнам ,ама беше тешко . Сега сум поискусна за уште едно искуство.
    :)
    Уште сме тука,уште некој ден. Среќа ни се погоди времето ,шетаме ,уживаме.
    АД на цена исто како кај нас. Пелени и кашички поефтини :nod: Е тоа ти е Македонија. Ем скапо ем мизерија плати.
    Се на се супер ни е.
    За некое време здравје ,градинка.
    Ве гушкам.:inlove::hug:
     
    На Coco31, 1209, Kolache na mama и 19 други им се допаѓа ова.
  5. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.197
    Здраво мајки,

    Бебе оди шпарта како пијан хобит, по цел ден трчам по неа. Среќа па знае да паѓа, или на газе или на рачиња, ретко на глава :D
    За роденден вујко и и купи трицикл, го возиме секој ден, многу и е забавно. Додуша неа и е се' забавно само ако е во движење - одење, трчање, возење. Само да не седи во место.
    Ме преморува! По цел ден сум со неа, си игра сама 5 минути и после само со неа да сум, ако фатам нешто да работам по дома ме тегне, се дере, вика, да ја земам во раце или да си играме. Или барем да дремам до неа на тепих, таа да игра. Ама никако не дозволува да фатам нешто друго работа.
    На раб сум на burnout, не знам како уште терам. Не дека имам избор. Бебе, работа, дом, ме исцрпува.
    Ама некој инает имам и еве уште се држам. Ќе видиме до кога.
    Некогаш фантазирам да настинам, да кренам температура, за да лежам цел ден (facepalm)
    Само да не ми се удри од глава :drunk:
     
    На Coco31, Kolache na mama, sani99 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    1.634
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да се приклучам во темава.
    Излеговме денес со бебе и другарка да прошетаме.
    Бебе цица + АД (повеќе на АД, немам многу млеко)
    Седам на клупа и давам млеко од шише, а тука до мене една госпоѓа ми се обраќа: мајка дај и града да цица, што и даваш од шише адаптирано...
    Се збунив зошто не очекував дека некој ќе се дрзне да ти каже да ја извадиш цицката и да мисли дека смее да ти каже што да направиш со твоето дете.
    Неможам да се начудам на сите коментари кои ги добив овие 3 месеци од кога сум породена и тоа се од жени.
    Не дека ми е гајле ниту пак ме погодува ама побогу зошто си дозволуваат?
     
    На Coco31, Bubica1991, LadyD и 16 други им се допаѓа ова.
  7. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.197
    Колкаво е бебе?
    Генерално во првиот месец треба да се буди, потоа не. Ама секако вага и педијатар имаат последен збор :)
    Не лути се, може не е со лоша намера кажано. Спиењето е важно и за мама и за бебе.
    Те сфаќам зошто те изреволтирал коментарот, сите сме добиле совети што не сме ги побарале, хормоните лудница, трпението нула, спиењето мисловна именка... те разбирам, првите три месеци јас немав трпение ни за лошо ни за арно.
     
    На Mother of 2boys и Carolin. им се допаѓа ова.
  8. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    1.634
    Пол:
    Женски
    Ауу јас колку се нервирав на почеток на секој коментар од страна, ауу...
    Никогаш на никого за дете не сум коментирала и го очекував истото од околината ама не беше така.
    Мајка, најубаво си знаеш и чувствуваш за своето дете што да правиш, неможе некој подобро да знае од тебе такада терај.
    И мене многу работи за родителување не ми се свиѓаат ама не им кажувам на другите како треба.
     
    На Carolin. и see.emily.play им се допаѓа ова.
  9. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    19.641
    Пол:
    Женски
    Бебе утре прави 2 недели. Не да ме пукаат хормони и сите од страна што се прават паметни ауу, само викам дела нема да се нервирам ама не можам. Последно ми се коментариве со млеково значиии од кожа се вадам, нема како си што правип туку директ ти дојде млеко? има млекце? Нема поубаво од мајчино млеко да си знаеш.
    Не му давај АД затоа немаш млеко доволно, па да го оставам да зајдува од плачење гладно детево друго чаре не знам. Ко јас да не сакам детево да цица па му туткам со сила АД.(facepalm)
    Еве се молзам за да стимулирам повеќе, пред 5 дена што се вика млеко почна да мј тече од цицкиве у пм. На цицка го ставам редовно ама нема доволно пика раце во уста, ми е жал гладно да седи. Не сум паметна веќе, се надевам хормони дека се и дека ке помине и нема да им се замарам што зборат.
     
    На Leanne и no name5 им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.991
    Допаѓања:
    13.073
    Пол:
    Женски
    Остај, тие се коментарите. За млеко се коментира на мајка што е решена да дои, не сака ад и пробуваш да и помогнеш на секој можен начин. А не дај боже да кажеш дека сакаш комбинирано аууу, спремај се за напад. Така беше едно време во темата Доење, не знам како е сега немам влезено. Таму спомни ад и искачаа 2-3 членки со ножеви :D
     
    На Chanell*, LiquidLuna, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    4.988
    Пол:
    Женски
    Страшно некултурни се луѓево, не знам со кое право некој се дезнува да даде било каков коментар за било што… секој нека си гледа своја работа
    Јас имам детенце 5 годишно со аутизам во неколку наврати сум се нашла многу изреволтирана од случајни минувачи и некако успевам да се воздржам да премолчам. Еднаш детето стоеше и не дакаше да оди во правец каде што треба да одиме и нинапред ни назад стои во место и плаче јас го убедувам се молиме тука и поминува една жена и дофрла аууу види ја ај ма доста плачеш голема си ти да плачеш…
    Еднаш седиме на клупа и една жена седнува до нас без да се поздрави или да праша дали да седне, и почнува да коментира нели нормално и го прашува детето како се викаш ( јас премолчев, моето дете не зборува и немам сила веќе на сите да објаснувам и да ме гледаат со сожалување и да да ми даваат коментари е добро де не му се збори ќе прозбори и слично ) и откако детето не и врати, можеше да премолчи се заврти кон детето и со дрзок тон аууу па ти не си знаел да збориш…. Немам збор да опишам колку мене овие зборови ми нанесоа болка
     
    На Chanell*, 1209, Dancewere и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    1.634
    Пол:
    Женски
    Ох, те разбирам :hug:
    Ужас сме ние луѓето некогаш.
    Секогаш гледаме повеќе за себе, никогаш не ни е гајле за другите ниту па не интересира причината за нешто, само она што е површно и она што ни е прв впечаток знаеме да го коментираме и да се правиме паметни.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.441
    Допаѓања:
    23.223
    Пол:
    Женски
    И ти со дрзок тон ќе и одговориш што ти лежи во моментот на душа и нема потреба да и објаснуваш дека малото има аутизам. Па и да и кажеш, верувај дека 80% не ни знаат што е аутизам и на кој начин треба да пристапат со детето. Они нема да разберат ни ти како се осеќаш, ниту детето во тој момент што и како се чувтсвува.
    Мене ме иритираат коментари од луѓе кои појма немаат од тоа што е аутизам, што е даунов и сл. ама си го зимаат за право тоа да искоментираат без грам чувство или емпатија.
    Не си дозволувај ниту еден коментар да ти создаде болка, туку враќај во истиот момент. Бидејќи тие што ти се обраќаат, немаат срам, осет, зашто па да имаш ти према нив?
     
    На Kolache na mama, Снегулк@23, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Добро вечер
    За луѓе кои сакаат да делат совети неповикани ама ич не се замарам, и такви баби на клупи игнорирам.
    Вас - мајки на деца со нетипичен развој ви симнувам капа. Вие сте жени лавици.

    На одмор дојде семејство со аутистично дете. Кога виде бебе почна да вика бебе бебе и ја викнав кај нас. Среќна пресреќна. Повеќе се плашев моево да не ја удри некако отколку од нејзината реакција. Мајката како на штрек - ја гледа и ја вика кај нив, со поглед полн благодарност што го прифативме девојчето да поигра кај нас. Се ежам моментално пишувајќи. Треба повеќе да се зборува за ова и да се разбуди свеста кај луѓето. Се што треба на родителите е да почувствуваат дека нивните деца се прифатени како такви и не претставуваат никаква опасност за околината.
    @Снегулк@23 само главата горе, немаш потреба никому ништо да објаснуваш.

    Во голема дилема сум. Препорака од матичната додека малиот прима железо да не пие млеко 2 часа пред и после тоа.
    Маж ми беше со резултатите и не и кажал дека уште цица и не пие никакво друго млеко. Дали и за цицање истото важи?

    Ние поминавме стомачен вирус. Од кај закачивме немам поим ама не ми требаше ова баш сега. Само малото куртули. Среќа и кратко не држеше, ама толку ми е исцрпен организмот немам сила за ништо.
    Ете поради ова решив да дојам уште некое време. Колку - толку е заштитен од дехидрираност.

    Имајте убава ноќ мами
     
    На Coco31, Kolache na mama, Nala37 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    4.139
    Пол:
    Женски
    Млеко и млечни производи на тоа се мисли. Цицањето не пречи при апсорпција на железо без грижи. Можеш евентуално после "железен" оброк да дадеш Ц витамин за полесно да се врзе. :)

    Здраво мајки :f:

    Во оваа доба не ни знам кој е соодветен израз за поздрав. :bandit:
    Жешко, тешко и пригушно со ова дождчево. :shake: Јас на стандардна стража. Едно се врти ко пропелер низ спална, друго низ стомак. Само на маж погодено спиењето. Ама па не можам да го убијам пошто на легнување ми вика ти земав Силбо ѓеврече за сабајле да имаш. :inlove:Поромантично нешто амин.

    Да избуткаме уште една недела на работа па ќе пакуваме куферите да осолиме душа. Порано викав испод 10 дена не е одмор. Па ај 7, сега на 5 дена 4 ноќи спаднавме. Не се издржува тоа темпо се да се види у рок од 3 дена, шпартање без престан и на 4 ден веќе се му е здосадено. Ни вода ни песок само по кафичи луѓе да закача, евентуално во шанк да им се бутка. Дома бар другите денови ќе ги одмориме вистински. :mm:

    Од септември во прва мала ќе оди. Голем дечко веќе нема да е во јасли. Кога пишаа прееска во групата ептен ми прелета филмот, готово како утре ќе дојде прваче да биде. ;( Да отидов уште две секунди понапред ќе го женевме веќе, ќе се иселуваше од дома :D Чудно е како лета време.

    Да пробувам да презаспијам, сабајле како претепана ќе бидам со вакво спиење неспиење.
    Ајде додека сум тука и едно кафе за расонување ќе ставам. Убав ден да имате!

    Ве поздравувам :sun:

    IMG_5329.jpg
     
    На Coco31, Kolache na mama, Pocahontas.93 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.197
    Здраво живо бепчето :inlove:

    Секако дека нема поубаво од мајчино, и сите тоа го знаеме. Ама мора нели да се најдат во муабет :@

    Ден денес ме прашуваат дали цица, а бебе има 1 година (facepalm) Веќе не е бебе. Баба ми, братучед ми, татко ми, чичко ми, кога и да ме видат - цица уште бебе? И кога ќе речам да, браво така најдобро е да цица. Мене пренезгодно ми е од такви прашања и коментари и воопшто не сакам ни да дискутирам, ама осет се нема.

    Инаку пред да се породам сите ги известив дека првите 6 недели никој не сакам да ми се мота дома. Една од најдобрите одлуки што ја направив. Свекрва ми само ја викав кога ќе ми требаше, зошто реално само таа можеше да ми помогне (мајка за жал одамна не е меѓу нас, инаку и неа ќе си ја викав). Сите други ми беа само гужва и ме напнуваа. И после тоа ептен ретко викав луѓе дома, едноставно не сакав гости. Првпат кај татко ми отидовме на гости со бебе кога беше 4 месеци. Кога ќе размислам, еве веќе една година одбегавам рандом фамилија, односно сите што не ми се пријатно друштво. Немам вишок време, ниту пак сила да слушам муабети што не ме интересираат, и уште полошо, напнувања со лекции, совети, очекувања и остали срања.

    Пекол ми беше почетокот, ама научив многу работи за себе. Сега сум себична, не го раздавам така времето и енергијата на луѓе и работи што не вредат.

    Едит: И јас на почетокот давав комбинација, бебе не напредуваше доволно и навечер давав ад. Евентуално ми се среди лактацијата, ама 3 месеци со пумпата останав во раце. Јас си знам како поминав, уште да ми трубеа над глава уффф...
     
    Последна измена: 25 август 2023
    На Coco31, Zumbulche, Mother of 2boys и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    19.641
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Бебе денес имаше прва контрола, 400гр. качил од кога не пуштиле од болница :lol: педијатарот вика машала, машала, за 10дена сме пак. Ми предложи да го оставам само на цицка да не му давам АД, да пратам дали полни пелени, ама ако сакам и можам да видиме како ке напредува, па одсабајле сме само на цицка, на саат се буди да цица, еве го сега заспа. Ама брадавициве ми се :whew: плачам, го пратив мм сега по силиконски и ланолин да ми земе. И плус си измолзав 40мл. Ко да ме тераше некој да се молзам сега, мислам дополнително ги иритирав од тоа
     
    На Mother of 2boys, Mom's_life, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Уште куп роденденски покани од фамилија и пријатели кои не канат исклучиво од кога имаме бебе. Кај што ми одговара според распоредот на бебе одиме, каде не одговара, праќам подарок и сл.

    Мрчење број 2. Чекам такси бидејќи испазарив повеќе од планирано. Во меѓувреме доаѓа пар со дете и количка. Давам предност да се качат тие и испаѓа дете со пречки во развој.
    Додека таксистот ја става нивната количка во багажникот превртува очи и си коментира како такви патници му се паднало него. Ми падна тешко, се надевам патниците внатре не го слушнаа.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Mom's_life, Leanne и 2 други им се допаѓа ова.
  19. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    156
    Здраво девојки, уште малку и ми се приближува терминот, па сакав да ве прашам за совет како за вас изледа(ше) еден 24ч ден со вашата рутина? На колку саати јадевте(безразлика дали доење или АД), дали активно вежбавте tummy time, дали секоја вечер го бањавте или чекавте прво да падне папочето? Едноставно, како успеавте да воспоставите солидна дневна/ноќна рутина. Ви благодарам
     
  20. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.459
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :f:

    Сакам да си ја олеснам душата малку, сега кога веќе можам да речам дека барем малку фативме ред со бебуш. Бубалче е мирно, само што го мачи стомачето, и во последно време успивањето, но не можам да се пожалам.:inlove:

    Прво да кажам за свеки малку, комотно можам да пишувам во снаи-свекрви темата, но не барам совет, само да си олеснам малку. :D
    Знаете дека живееме во странство па освен родителите на мм немаме никој друг тука. Со свеки имавме многу убав однос, ми беше поддршка и во бременоста и општо, не бевме преблиски но сепак имавме многу убава врска.
    Тоа тргна по надолна линија моментот кога се породив, на страна тоа што не ми беше никаква поддршка, не ме праша еден ручек да ми понуди иако бев во кревет 2 недели, туку и добив вајб како да ми љубомори на бебево, боже сачувај. Имаше коментари од типот "Абе ти сигурно немаш многу млеко, бебето ти е гладно, ми доаѓа јас да извадам града и да го нахранам.." итн. Првите две недели бебе имаше многу грчеви, јас и мм бевме психички паднати, а и секако неспиени па и тоа си има дел, и ја праша мм ако може да дојде да не замени на 2 часа колку да можеме да собереме сила, на тоа добивме одговор дека утредента била на работа, па не можела.
    Можеби хормоните зборуваат од мене, но тоа нема никогаш да го заборавам. Јас во болки, преморена, бебе плаче од грчеви, јас не знам како да му помогнам, и згора на се сами со маж, јас далеку од моите, и така многу работи се собраа.:(
    Сега сме подобро, се изборивме со мм сами, си фативме ред како така. Изгледа и она сфати ама благодарам, веќе не ми треба ништо.

    Од друга страна ни се отворија некои можности во Мк, па сериозно размислуваме да се вратиме. Тука сме 4-5 години, и сеуште не можам да кажам дека се пронајдовме. Се трудевме навистина, и додека бевме само јас и мм некако работиш, стискаш заби и тераш, броиш денови до следното одење во Мк кај што ќе си ги видиш своите, роднини, пријатели. Ама сега со бебе, како да ни се отворија очите некако, што ние правиме тука, осамени сме, досадно е, немаме никаков социјален живот и речиси сите драги ни се во Мк, и сакаме и бебе да си расте со братучедите итн.
    Па така, ќе видиме што ќе испадне, треба многу работи да се средат, но имаме надеж дека ќе успееме да се вратиме и имаме убав скромен живот, но опколени со најдрагите луѓенца. :inlove:
     
    На Coco31, sani99, LadyD и 20 други им се допаѓа ова.