Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    9.270
    Пол:
    Женски
    Mom's
    Ајдеее мини пресек:D
    Сега скопчав дека сме 25ти и дека девојченцево мое прави 21 месеци. Побогу треба да се спрема роденден уште малку :dance:
    Три месеци летни поминаа во знакот на зборење, осамостојување и еден тантрум:lol:
    Одмор помина, не нешто фасцинирана од концепт плажа. Со мм се смееме ок е, наша е сигурно пошто ќе биде ко мама и тато само за на планина:lol: Два пати бевме на село со баба и дедо е таму правење мераци за сите пари. Кучиња, мачиња, кокошки бркање и собирање јајца од кокошарник.
    Во градинка си теравме редовно цело лето со едно разболување овие месеци. Е веќе последнава недела ја гледам без ќејф некако дали веќе има многу деца а уште се сите во куп па не сакала да си игра туку си лежела:wasntme:. Ај ќе видиме од септември ќе се средат и ја оставам на спиење веќе редно е.
    Низ двор си тераше цело лето. Од мерак си насадивме неколку реда патлиџани и пиперки и корнишони па луѓе како она кине и јаде одма. Во жештината кине патлиџан и го јаде така топол па да ви кажам искрено ми се приповраќува кога ја гледам(facepalm) ама она го јаде ко од шала со сласт. После тоа 5,6 парчиња лубеница.
    Омилена активност и е на мести маса и да раскрева. Сама почна да ми носи тањири еднаш накај кујна и жива среќна, сега само стануваме со мм и она почнува да носи. Се смееме викам да не види некој ќе ни викне социјални служби:rofl: Почна сама да стекне нос и да плука кога ќе искашла што многу ме радува. Збори многу,пола точни зборови пола по нејзино ама битно се разбираме. А кога не можеме да се разбереме имаме моменти на :swear:.
    Јас почнав да одам по интервјуа ама сега гледам да ми биде поблиску до дома за да не главам во сообраќај па да треба да дреме во градинка до касно.
    И имам уште многу работи ама маж вика ми се стоплило пивото:beer:
     
    Последна измена: 25 август 2023
    На Coco31, Kate Rina 93, sani99 и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Истиот љубомора вајб го добив и јас од свекрва ми, но на почетокот не ми беше јасно. Се исто како што напиша е и во мојата ситуација, уште се бориме со мажот ми, он со преморот на работа, јас со преморот постојано што сум сама, нема кој ни на пола саат да ме одмени. Ми се плаче што не можам да си исчистам дома како што сакам, со тековни обврски во денот едвај постигнувам, а не па за нешто плус. Се осеќам ко да треба нуклеарка да ни фрлат во станот. Колку пати сум си размислувала дека да бевме во странство ќе се тешевме демек ни е тешко дека сме сами, а не вака на две минути ти живее семејството и не доаѓаат ни да си го видат внучето.
    Денес се шетавме низ центар и Скопјево е пусто, испразнети затворени локали, ѓубре, смрдеа, а пак населбава во која дојдов да живеам пуста само со кладилници и казина. Нема ни кафич, ни ресторан, ни пицерија, ни сендвичара, ни слаткарница ништо ништо. Ништо не просперира. Ме гуши се осеќам затворена. Јас си фантазирам како се селам во странство и криво ми е што се вратив после студиите. Ама русите си имаат една поговорка дека убаво е таму каде што не сме ние.
    Имајте убава вечер :*:.
     
    На Coco31, sani99, Zumbulche и 9 други им се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.122
    Допаѓања:
    9.692
    Пол:
    Женски
    @Luminary почна ли кај вас веќе втор скок. Кај нас синоќа беше страшно. Плачење од 5пм до кај 12. Едвај се успа. А не ја болеше ништо реално. Само што не можеше да се успие и да спие. Сама се будеше на 15 мин. Нит во рака ни замотана се успиваше. Обично кога ја квази повиевме знаеше да се смири. Синоќа хаос. Не знам дали скок ја фаќа или едноставно денот и бил таков. Ама немаше екстра дразби некои, се држевме до рутината. Те се смееше те свртеше на плачење.
    Инаку и јас да ви се приклучам ем на групава, ем на муабетот. И ние сме сами и во странство. Од прв ден јас исто преморена и исцрпена се грижам за малово. Коментари колку сакаш. Помош никаква.
    Од толку премор и стрес ни млеко не ми дојде како што треба, па за жал морам да дохтанувам. Се однесуваат спрема мене ко со отров да ја ранам. Ко јас да не сум свесна што значи мајчино млеко, а што дохрана. Ко да не ми плаче мене срце на секое шише формула. А свашта правам за плус мл да и соберам. Повеќе од 1000 евра дадов за суплементи и пумпи и сетови.

    За уште полошо да биде, маж мораше за викенд во мк да оди. На враќање фати вирус, се разболев и јас. А сами со бебе од 4 недели. Искрено се разочарав што не се ни јавија ни па напишаа да прашат како сме. Едвај го преживавме тој период. А не смееш ни да се пожалиш нешто. Одма муабети како они се сами на времето правеле и плус на нива оделе и на рака переле..абе натпревар одма. Одма ко немајка да се осетиш оти си се пожалил.
    Денес ќе дојдат свекрви за прв пат да јс запознаат беба. Уште од сабајле имам немир од се што може од коментари да следи. Со хормониве не знам дали ќе бидам смирена и воздржана, ако ме погоди нешто. А може и подобро уствари ако престанам да сум културна и фина.
    На мајка ми и е преголем стрес да патува со оглед на нејзината здравствена ситуација. Татко ми скоро почна нова работа, па не можат да дојдат заедно. И она по телефон само умови дава. А не разбира дека сакам само да де искажам и малку на разбирање да наидам.
    Помош никаква нема ни да имам, не и дека очекував де. Свесно одбрав никој да не дојде овде, во периодот кога требаше да се породам.
    Свекрвите инаку една недела само ќе останат. Не знам дали тоа за среќа или за жал е. Оставам времето да покаже.

    Инаку јас едвај чекам да наполни 5 месеци и да почнам со кашите.
    Луѓе сила немам веќе со дохрана. Еден тон сменивме. Никоја не и одговара. Јас уште толку се нервирам што немам млеко да ја дојам. Последно зсвршивме на итна и на кравјо демек алергична. Тоа одма после мојот вирус, пошто за да можам да ја гледам пиев тајлохот и риностоп и не доев. Одма кај неа болки и проблеми се јавија. Сменивме на козјо холе. А да е само тоа, лесно ќе е. Ама и рефлукс има вајда, оти ми повраќа после јадење како проурдено. Не постојано ама стално, особено ако не успее да ждригне. По цел ден ја носам на рамо. Ако имате некој совет кажувајте што да се прави. Од итна ми рекоа штом кожата е розова, напредува на тежина, нормално е се, така да тераме и јас кравјо да не јадам. А јаде малово што и да му дадеш. Срце ме боли што не можам да си го дојам и ми се мачи дете со дохрана. Секој ден си плачам поради ова.
    Па за беља и матичен ни е на одмор до средина на септември. Да нема ни со кој да се исконсултираш што да правам.
    И така. Пробувам да останам нормална. Еве викенд да искористам што е маж ми дома па да свртиме еден круг во паркот. Може па малку ќе се освежам.
    Инаку марама не ми сака, кога сум сама дома, не можам ништо друго освен неа да видам. Па дури ни да јадам некој пат не успевам. Не знам дали кенгур би прифатила. Имате некоја искуство?
    Постов хаос, ама хаос и кај мене во глава, хаос домов. Ќе морам да се научам да живеам со хаосот очигледно.
     
    На Coco31, sani99, Zumbulche и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    10.546
    Пол:
    Женски
    Со лесно мајка, генерација сме. Ова што го опиша, исто ни се дешава, плус рачиња во уста бута цело време, два дена маста ми ја извади, 7 недели сме, втор скок :drunk:
    Во марама пробај стави со главчето нанадвор да биде да гледа, мојата само така сака.
    И welcome to the club :)
     
    На Mother of 2boys, Luminary, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.122
    Допаѓања:
    9.692
    Пол:
    Женски
    Сабајле баш прокометирав дека душата ми ја извади синоќа. Ќе ме распнеа чиниш што така сум рекла. Којзнае кој грев го сторив. Веќе нит кометирам нит споделувам, ама ни бебе не малтретирам по патишта да си одиме мк. А планирав. Ме фати инат искрено.. штом они се себични да не даваат поддршка, јас па шо имам да мислам да им удоволувам време со внучето да поминуваат..Вака како умеам ќе се снаоѓам. Ќе си земам жена за чистење, ќе нарачувам храна, ќе мачкам, нема да е вечно вака. Ќе преживеам. Ќе порасне.

    Ама нели не смеат толку мали напред да гледаат или погрешно те разбрав. Оти нели главче уште не можат сами да држат цело време. Мојата додуша полека почнува. Од кога можат сами и не мора да ги држиме веќе за врат?
     
    На Luminary, see.emily.play и Viveki им се допаѓа ова.
  6. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    10.546
    Пол:
    Женски
    Не можат сами да ја држат главата, ама ќе ја наместиш ти убаво на градите и ќе ја прицврстиш со марамата, и навенување нема, плус многу внимателно кога шеташ без нагли потези, јас плус и ја придржувам, не знам како да ти објаснам :)
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    573
    Де,ако почетокот на 4ти скок е ужасен што да очекувам кога ќе дојт громчето...таман ќе речам еј супер заспа сама, одма наредната дремка ми ја побива мојата теорија и се низ вода.

    Имаме ред за јадење и спиење ама ред да се заспива никако, ниту во релаксатор,ни во количка,ни во креветче,ни покриена,ни отскриена,ни дома,ни надвор, а почнамнда ја заспивам плачки за сите пари.

    Ма какваби да е промената после скокот цела енергија ти е исцрпена и си викаш зарем има крај, како во место да си.
     
    На Thinkerbell. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Конечно да се префрлам во овој наслов. Утре бебе прави 3 недели. Првата недела дома хаос по цел ден и цела ноќ бебе на града, да не можеш да отидеш во тоалет. Од втората недела почнав на своја рака да давам повеќе АД, скоро дупло од тоа што ми кажа педијатарот. Прво цица по 10 мин на града и потоа давам 60-70мл АД. Колку исцицал толку, гледам да го нахранам за пола час и после му зборам му пеам, туширам ако е какан пресоблекувам малку релаксатор додека не си побара да спие. Почнува да кенка за града го ставам повлекува 5 6 пати и. заспива, спие по 1час до 2макс. Последните 4 вечери ми спие од 9 до 4, па потоа од 5 до 8. Додека спие долго се измолзувам еднаш и си поспивам. Можеби ако се случи чудо со градите ќе биде само на цицање, но откако давам повеќе АД и бебето е мирно не е кенкаво.. понекогаш осеќам грижа на совест, но гладно бебе и ненаспана мајка не ми одат заедно хаха..
     
    На Coco31, Zumbulche, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    46.461
    Пол:
    Женски
    Праќаме гушки, бидете силни :hug:

    И мене ми е тешко на моменти, ама пак кога ќе е се во ред, се осеќам многу среќно и исполнето што сами јас и мм успеваме, што не зависиш од никој, ни да молиш, преубаво чувство. :inlove:

    Туку не знам за скокот, малку е хаосно бидејќи како од поодамна да го забележав напредокот, а според апп треба за 5 дена да почне скокот, малку збунувачки ми е. Но дефинитивно си има моменти на плачење без причина, јадење на помалку од 2 часа понекогаш, се тегне додека јаде, градиве партали ми ги прави, сака повеќе внимание и така, ќе да е скокот, хаха. Гледам да пратам прозори на будност и да не ми е буден повеќе од 1,5 часа бидејќи ако се премори е хаос, плачење на најјако, не можеш да го додржиш во раце, се фрла со цело тело, успивање до бескрај, смирување и заспивање само во раце тогаш и така. Со тоа колку толку се обидувам да сме барем малку под контрола, иако некогаш се успиваме 40мин за дремка од 10мин. :drunk:
    + Грчевите на ова.

    За рефлуксот инаку гледај кога јаде да е малку подисправен, не го легнувај веднаш после јадење, и креветчето да е малку подигнато од страната кај главчето, да дојде малку удолно и да не и се враќа млекото.
     
    На LiquidLuna, Leanne, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Здраво од сабајле.
    Откако дојдовме во Англија уште што не не фати, прво стомачен,па сега кашлица,па мрсули ,свашта.
    Многу ми е страв и мака ама од друга страна си викам ова ни е припрема за во градинка.
    Уште не ми се верува дека ке ја праќам толку мала, ама мора . Сигурно ке си поплачувам ;(
    Едвај чекам да си дојдеме и да си воведеме ред.
    Овде луѓе здравството е крш ( верувајте) . Зборам за државното . Ние сме хај левл за овие . А на приватно ако одиш не е нормално колку е скапо.
    Ама човек треба да дојде во странство и да види дека некои работи не се совршени и џабе збориме за нашето здравство .
    Ве гушкам :hug:
     
    На Coco31, LadyD, Mother of 2boys и 10 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    45.812
    Пол:
    Женски
    Мајки осеќате ли грижа на совест ако го оставате бебето саат-два со баби/дедовци?
    Ние во МК сме го иста куќа и сабајле обично пола саат/саат го качувам кај дедо му малце додека ние се рашениме, а попладне кога баба му се враќа од работа, додека ние јадеме или нешто да пофатеме по дома исто го качувам на саат, саат ипол да го поиграат и видат. Е сега не знам дали сум нормална ама огромна грижа на совест имам дека не му обрнувам внимание во тоа време(facepalm) не знам дали е нормално ова, не дека го оставам да го гледаат со саати, јас секако го успивам/хранам/бањам итн ама не знам како да си ги тргнам мислите во главата за ова време. И мм се лути што не го оставам нс 2-3 саата да излеземе сами барем еднаш, ама јас не можам, цело време ум ми е таму. Како да си помогнам?
     
    На Coco31, sani99, Mother of 2boys и 11 други им се допаѓа ова.
  12. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Хелоу :emo:

    Некако како да почнувам да ја сфаќам потребата и трендот на Беж мајчинството. Може размислувам во погрешна насока, може и не е тоа главниот мотив на трендот, ама очајно ми треба беж соба кај што ќе можам, барем полесно, да го успијам ова љубопитно бебе. Ќошенце кај што нема црвена точка, жолто цветче, слонче, маче, џиџе...

    За некој ден 5 месеци ќе правиме и нема нешто што не го интересира од звук, од светилка, од боичка. Свекрва го завикавме. Додуша јас го завикав. Цицањето од почеток ми е предизвик, лав хејт рилјешншип, ама моментално ми е отежнато за едно 70%.
    Нема тој веќе ниеден нормален подој дневно. Ако внесе нешто ноќеска на поспано арно.
    Преска сварив јаболко, испасирав и си реков да му дадам лажичка-две, чисто за реакција.
    Не бре, детето не ми е спремно за ова. Блее во мене, не му текнува да голтне.
    Мислев ќе направи некоја фаца, дури видео уклучив да снимам baby's first apple. Фијаско.

    И така уште од сабајле се разочарав некако, јасно ми стана дека и покрај доењето што ми беше макотрпно, слични нервози ќе имам и со солидс. И плус ќе имам повеќе садови за миење.
    :clap:

    И така.
    Ајт нека е фина неделава. :f:
     
    На Coco31, Secret-Angel7, sani99 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Call me crazy, ама јас осеќам љубомора, презагриженост, страв.
    Првично беше многу поинтензивно чувството, кога беше помал. Бледее, ама сеуште е тука. Не можам да го оставам на никој повеќе од саатипол преку сила.
    Не сум горда на ова, ама... Тоа е.
    Со маж ми збореме на темата, скроз исто и тој.
    Среќа што си кажав на глас, ми олекна.
    Не знам, ваљда е некој родителски инстинкт.
     
    На Coco31, sani99, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  14. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    8.021
    Пол:
    Женски
    Штом имаш услови да го оставаш остави го. Ем и ти ќе смениш, и тоа ќе смени.
    Така со првото цело време со мене 24/7 на никој не го оставав и со никој несакаше да седи, дури не порасна и почна сама да сака.
    Е сега поучена од првото, второто го оставам, кога на саат време кога повеќе во зависно од обврските. И ич немам грижа на совест , нека гради спомени со баба и дедо. Сепак не е секој ден оставањето.
     
    На sani99, Skyler, Ano и 2 други им се допаѓа ова.
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    5.946
    Не е здраво вакво размислување ама посилно е од нас :D
    Користи прилика додека имаш помош да се одмориш и посветиш на себе зашто ќе дојде ден кога ќе ти требаат тие саат време а можеби ќе немаш помош. Моиве 14 месеци направија, излегувам само ако морам и во меѓувреме мора да ми се праќаат слики видеа демек да не пропуштам нешто. Дента кога едниот ги направи првите чекори бев со мајка ми на лекар, кога ми кажаа си преплачав што баш тогаш не бев дома да го видам;(
    Ние малиот баба Ратка го викаме, абе од мало бебе кога ќе ги окореше тоа очињата и све да види, како вонземјанин мал беше. До ден денешен е таков, ништо не му бега :D
    Околу јадењето, ставајте го до вас кога јадете, ако покажува интерес, ве гледа во уста, мљацка значи спремен е. Не значи дека ако сега не знаел што да прави дека утре нема да знае, толку брзо се менуваат бебињата што се е можно.
     
    На DaisyDoo, IRBBB, Luminary и 4 други им се допаѓа ова.
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Осеќав и осеќам:rofl:
    Ич не сум добар пример.Поголемава 6ќе полни,малава 4,две лепенки имам:inlove:
    Поголемава ни минута не стоеше без мене,уште на пораѓај што не ја зедов со вторава.Второво пак како мала стоеше со дедо и баба ама пак после година со никој.
    Еве ги поголеми само мама и никок друг.Стојат по саат два кај моите или дома со баба им и дедо им,ама едвај чекаат да си дојдам.
    Со поголемава бев исто,со огромна грижа на совест да ја оставам,и не ја оставав,сега едвај чекам да ги собери некој:rofl:
    Не грижи се,фази се тоа,нормално е:nod:
    п.с и после 6год.сами не сме излегле никаде,само до маркет:tmi:
    Без нив не се тргнува,а без мама нема заспивање:worried:
     
    На Mother of 2boys, snegulkata, Alishan30 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    45.812
    Пол:
    Женски
    Па може да речам дека е и љубомора до некој степен и страв секако, ама ај тоа нормално си велам е, да се плашиш за бебе дека никој не го гледа како ти е нормално, вајда?

    Стварно не знам како да преминам низ ова, а не дека не го гледаат како што треба, се што кажам прават и го занимаваат и интересно му е нему, се смее се радува, вајда и нему му скиснува по цел ден со нас. Може со тек на годините ќе дојде олеснувањето, за сега не знам како да ги тргнам мислите. А мм нр е таков, он е многу опуштен, ми вели па нели затоа си дојдовме малце да одмориме и да собереме сили за натаму, а јас свесна сум дека е така ама посилно е од мене.

    @Misskirova жалам што сте имале искуство со Англиското здравство, точно така е, се е многу со молење, единствено е добро што ако е нешто стварно итно нема да те занемарат, за разлика од тука, ќе ти го направат сите испитувања и се што треба за без пари. Јас бременоста таму ја терав нели и сите лекови, прегледи, лежење во болница се ми беше бесплатно. Исто и кај мм он е со МС и сите магнети, пункции се без пари, што во МК издадовме еден куп пари за тоа.
    И меѓу блиските имав случаеви опасни по живот и секако реагираат многу брзо и ефикасно, ете и мене на пораѓај ќе отидев ако не бев таму, како и да е ако ти е нешто не итно, парацетемол е најчесто решение.

    За животот во странство и сами со бебе, сите оние кои сте нови во тоа, само да ви дадам подршка и да ви кажам дека ќе биде полесно. Ќе си створите ред, се што ви изгледа сега незамисливо како средување, шетање и слично ќе се деси и не само што ќе се деси, туку и рутина ќе ви стане. Ете јас мислев дека кога ќе дојдам тука ќе ми е полесно од истата причина демек помош ова она, сакав и да се вратиме назад, ама сега кога сум тука најискрено раатот кој го имав таму не се мери. Колку и да сакав дете да ми расне со баби/дедовци и братучеди, сега кога сум тука сфаќам дека и секој има свој живот и тој идеал за растење со фамилија па и не е кој знае од каква корист, перцепцијата за животот ми се смени комплетно откако станавме родители, сега само ми е битно тој да има рутина, здрави навики, смирено детство и секако разновидни искуства кои странството и тоа како ги нуди за разлика од тука, посебно во мојот мал град каде има едно минијатурно паркче пример и е единствена забава за децата.
    Сите кои сте на почетокот од овој пат, верувајте ќе поминат и тие денови си грчеви, премор, никаква рутина, нема ни да осетите кога поминале, а ќе стане многу полесно и многу поубаво.
     
    На KidA, sani99, macka91 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.470
    Допаѓања:
    32.587
    Пол:
    Женски
    Не знам кој не е нормален, ама ваљда и двете сме нормални :D
    Јас ич не осеќам грижа на совест, ќерка ми од 5 месеци почна да оди со спиење кај моите. Уствари ко преминавме скроз на АД, од тогаш почна да оди. Јас се борев/м со постпородилна депресија, овде никаква помош немам во Скопје, можеби и затоа се одлучивме така рано да ја пуштаме. Никогаш не била нешто зависна од мене и од мм, еве година дена како си оди "редовно" на спиење нема плачено безутешно нешто по нас, не нѐ бара. Кога одиме да ја земеме, не нѐ рецка и така :D
    И не, не осеќам грижа на совест затоа што знам дека онака ќе полудам. А и времето што го поминуваме без неа, го искористуваме да ги завршиме сите обврски што не сме можеле во претходните 2-3 недели и некаде да излеземе, да се видиме ко шо треба така да, немам ни време сакам да кажам за грижа на совест :D
     
    На IRBBB, Mom's_life, sani99 и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    13.079
    Пол:
    Женски
    @1209 Осеќам и ич не е добро. И јас не знам како да си помогнам, големиот е 3 ипол скоро, скроз зависен од мене, на мочање едвај одам. Се заборавив со сите зашто веќе непријатно ми е секаде да го влечкам. Искачањето ми е само ако заспие порано, па да се спремам, мајка ми да се погоди слободна, па и нејзе ја малтретирам да седи до ниедно време и тоа не е тоа зашто само го мислам немој да се разбуди, ќе вришти, бебето ќе го разбуди. Заспива во негов кревет и обавезно во сред ноќ ми доаѓа на спална, најчесто и врз мене спие.
    Јас сум многу среќна за нашата конекција, многу ме слуша, ми помага, го обожавам колку разбира, како си правиме муабет, емотивец огромен ама ме гуши некогаш.
    Ова @LiquidLuna што го напиша е најдобро според мене, детето е независно, послободно, претпоставувам комуникативно зашто е опуштено со други луѓе, единствено нешто што ме плаши од таков однос дали ќе ја имам близината. Луна не ме сфаќај погрешно, сигурно сте блиски, не се сомневам во вашиот однос туку јас се плашам за моето дете зашто е срамежлив, мирен, не се опушта лесно, доста затворен (ова за надвор зборам, дома е друго дете). Се плашам дека ако ме нема мене како другар, ќе биде скроз затворен со сите. Има време да созрее и да се сменат работите ама засега сакам да сме блиски.
    Така да бројче, би ти рекла стисни заби и оставај го почесто, 2 саати сабајле 2 попладне, уживај со маж ти, шетај, дедо и баба нека го шетаат со количка, лесно е кога имаш разбирање со нив знаеш дека можеш да бидеш опуштена. Лошо е кога си имаш работа со неразбрани луѓе.
     
    На sani99, Kolache na mama, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.470
    Допаѓања:
    32.587
    Пол:
    Женски
    Па да, доста лесно прифаќа нови луѓе пример летово дојдоа роднини од Америка и Германија и си седеше со нив без проблем. Се опушта брзо и со дечиња. Не е проблем за неа да дојде да те фати за рака и да те однесе она кај што сака ако те гледа прв пат во живот :D

    За близината, ќе отворам сега можеби нова тема со ова - Јас не знам како и што се подразбира под близина до сега, еве година и 8 месеци. Значи како бебе ме нема барано хистерично освен кога научи за сепарациска анксиозност во кој скок и да беше тоа. Тогаш не смеев да мрднам. Сега како поголема гледам дека има мачка карактер. Ако сака она да се гушка, ќе те гушне. Често ја прашувам "може ли да те гушнам или бацам" , 90% е не. 10% ќе сврти образ или ќе ме гушне.
    Ако плаче, не ме бара лично мене, бара било кој во близина. Дома е татко и, или јас. Ама еве кај моите, ја немам приметено да ме бара.

    Е сеа за воља на вистината, и јас сум тежок дифтар. Ако карактерот се наследува, не сум изненадена од нејзиниот ич :D Исплашена сум од пубертетскиот период уште од сега :worried:
     
    На Mom's_life, sani99, LadyD и 5 други им се допаѓа ова.