@LiquidLuna Пубертетот и мене ме плаши, многу. Баш вчера на темава зборев со еден другар и он исто вика, вака така ќе пораснат и се ќе помине ама пубертетот е опасен. Вика им се дерев, урлав на моите од никаква причина, во школо трпел булинг некое време ама не се осеќал комотно да каже дома зашто имал строг родител, па почнал да возвраќа на боксовите, станал агресивен и на крај завршил на лекови за смирување на 14год. Вика се ќе беше поразлично ако можев слободно да си разговарам со моите, ако татко ми беше другар, а не деспот, ако имавме заеднички активности и се осеќав безбеден дома. Примеров е еден од многу и не значи ништо ама е една од причините зашто сакам децата да бидат блиски со мене и/или маж ми. Близината на оваа возраст не знам како да ти ја опишам, се осеќа, многу затворено дете е и само со мене се опушта да си каже се што му доаѓа на памет. Маж ми на пример не може да допре до него зашто немаат таков однос. Го бара и татко му ама само за шетање, за играње, за се друго мама знае најдобро. Пример, мм ќе го викне да грицкаат нешто и он доаѓа да ме праша дали може Мм мислеше дека со строг однос ќе воспостави авторитет ама сега му се удира тоа од глава и пробува да му се доближи на други начини. Тоа е нешто екс ју што останало во нас од нашите родители
Моети Моето денес полни 3 недели. Го оставив прв пат во петокот и пак вчера на 2 саати со мајка ми, излегов на кафе и бев да си пазарам во ДМ. Кога се вратив бев многу опуштена и среќна што излегов си направив муабет видов свет. Гледај на тоа дека ти ќе бидеш посреќна и порасположена ако се опуштиш 2 саати за пак да се чувате.
Конекцијата е поврзаноста со детето, значи колку детето се осеќа поврзано со нас и колку се осеќа сигурно. Слушаат многу повеќе кога се чувствуваат поврзано. И е многу полесно за сите во куќата кога нема постојано борби. Моево секогаш ме слуша, ама и јас нејзе. И викам дај ова, или она, или оди до продавница, цртани толку, време е за домашно, ретко имаме проблеми, а и тогаш знаеме да се договориме. Ама, ќе ми рече и она мене, мама подај ми ова или она, не и викам ај стани земи си, дете си, нема јас тебе да ти подавам, туку сфаќам дека и она се наместила и не може да мрдне, ко и јас некогаш, па и подавам. Играме игри, најчесто низ игра знае да ми каже што ја мачи, или на спиење кога си легнуваме и се гушкаме, па си муабетиме. Секогаш ја слушам и не ја исмевам, ако е смешно за мене, за нејзе е големо. Конекцијата од бебе се гради, со тоа што се одговара на потребите на бебето и знае дека ќе се погрижи некој за него кога плаче. Има многу за Attachment, ви ја препорачувам Sarah Ocwell Smith, одличен психолог е, има и книги издадено и за хранење, за спиење...
Исто. И за ова најмногу имам дебатирано на висок тон со родители и досега во real life немам наидено на никој што се согласува со мене. Секогаш јас сум лудачата, лиглата, детето ме манипулира, мајката со лигаво и размазено бебе (така најчесто и ми го викаат детето, бебе зашто не се делел од мајка му). Колку пати сум слушнала ‘го ставаш во соба, гасиш светло и искачаш’, а уствари мене ми е убаво да си легнам до него, да си раскажеме нешто од денот и утрешниот да го испланираме. И подобро функционираме кога денот е испланиран, знае како ќе се одвиваат работите и не е напорен за нешто. Ако сака нешто што знае дека не може да го добие ми вика ‘мама ќе те молам’ и го обожавам зашто стварно е со осет, претпазлив. Знае и ѓаволче да биде кога не му е денот, нормално ама секогаш се извинува. И афирмациите не ги изоставувам, не пречесто ама знам да му зборувам, да го пофалам, да го искритикувам кога греши ама секогаш со идеја како да постапи следен пат. И кога сите се против мене (освен маж ми, не ми се меша во односот, а и почна да сфаќа дека сум во право) некогаш и јас се сомневам какво дете ќе израснам, се надевам дека не грешам што го третирам како возрасен во однос на неговите чувства.
Јас сметам дека нешто попаметно и поубаво од тоа родител да го третира детето како возрасна засебна особа уште од мало кога ќе почне да разбира, нема. Исто мислам дека галењето и покажувањто чувства кон детето не е разгалување туку искажување љубов. Ние бевме деца кои беа многу галени од мајка ми, и уште сме галени, не минал ден да не се гушнеме или бакнеме, не минала ноќ кога сум кај моите да не ги бакнам нив за добра ноќ, секогаш и двајцата и секогаш ме бакнуваат они во чело за крај, иако сум 32 год и и самата сега сум мајка. Исто и секогаш ни вршела работи, ако ја имам замолено за нешто го прави, не е од тие родители, дете си ти треба мене да ме служиш. Па јас и брат ми не сме разгалени деца, напротив многу сме самостојни. Татко ми не е човек кој многу покажува емоции ама пак он на друг начин не разгалуваше, оти секогаш не возел каде и да сакаме, не носел на излети и базен, никогаш не рекол за нешто што сум му рекла да направи за мене да рече не можам и секогаш бил присутен кога ми требал. А пример мм, не е раснет во фамилија каде имало галење многу, татко му не бил многу добар и присутен родител, па и ден денес мм не е привезан со него воопшто, со мајка му да. Друго прееска некој пиша за марамата, ќе пишев во првиот пост ама мајчински ум, знаете како е Пробајте со кенгур ако не сакаат марама, има кенгур зс 0+ со потпора за глава, ќе го носите завртено накај вас, јас пробав исто првично со марама ама дете не сакаше во неа па за жива глава, ама затоа со кенгурот се преродивме, во него спиеше и јас вршев се работа по дома, шетавме, пазаравме така и ден денес уште многу го сака ќенгурот, сега нанапред гледа и мм обавезно така го шета, вчера спиеше така 2.5 саата, јас и мм се изнашетавме на раат.
Ќе си одиш и ќе бидеш цело време со бебето, тогаш ќе сфатиш дека ти треба одмор и ќе бараш да се пола саат тука да можат да го чуваат. Првиот одмор со малата исто како тебе бев, се вратив по 12 саата сама дома со неа додека дојде маж ми имаше денови ми фалеше да имам некој барем пола саат да ми ја причува да можам ако ништо друго во вц да одам сама. Мислам дека љубомора повеќе чувствуваме и затоа не сакаме да ги оставаме. Јас до ден денеска на некои коментари чувствувам љубомора, што не е нешто што можам да се пофалам. Иначе денеска мојата тргна во градинка за првпат и нормално мене ми беше многу емотивен ден со оглед на тоа дека до сега била само за мене. За разлика од мене, она уживала во градинка. Учителките ставиле слики и на сите слики мојата е занесена во играта, дури и не јадела. Јас вчера возбудена спремав оброк ( мора да праќаме здрава храна, правила од градинката што посебно се радувам), мојата не го ни отворила јадењето… Ја чекам сега да се разбуди, да ручаме и времето за надвор се уште, па ќе имаме некоја активност дома.
Зошто грижа на совест да имаш, па тоа му се баба и дедо. Па и тие му се радуваат и сакаат да поминат време со него. Јас го оставам кога имам потреба, тешко ми паѓа да се оделам ама грижа на совест немам, ништо погрешно не правиме. Па и нам ни треба издишка малку. Малку сами со себе да бидеме. А искрено не би сакала да биде мајкар, да не можам да прднам, со извинение на изразот, без него. А и плус како со е маж по цел ден на работа, или на терен со денови, ако не ми се свекор и свекрва тука не ќе можам да се помочам а не па да се искапам и ќе бидам смрдена Мајки тешко се оделуваме ама мора да научиме и тоа.
Не чувствувам грижа на совест што ја оставам колку што имам недоверба во тие што ја оставам. Тука ми е поголемата мака. На пример на свекрва па и сопругот знае такви глупости да направи, секое плачење им значи дека детето е гладно и само трчаат со шишето по неа. Моево дете е многу фино. Шише не одбива. Е после ќе поврати се што е вишок ама битно не одбива. На Ад млеко е плус и кашички сега и нема шанси пред 3 часа да е гладно. Еве ретко нека е и 2,5 часа ама помалку од тоа не се случило. Е ако сум излезена и да јадело пред неполн час, ако плачи пак шишето се дава. Баш заради тоа си ја носам секаде со мене и ептен ретко ја оставам. Инаку знам за случај каде што детето се будело околу 6 наутро и родителите веднаш го предаваат на бабата уште 3-4 часа да го чува за тие да си се наспијаат. Со тоа на пример не се согласувам јас.
Јас на тешко срце признавам дека со ова сум поповрзана отколку со големото. Јас за тоа па си имам грижа на совест. Дали дека го дојам ова а големото не, не знам, ама некако многу повеќе сум поврзана. Од една страна едвај чекам да одам на работа со луѓе да се вмешам, да тргнам мисли од Бејби фуд, успаванки, нервози и мам мам, од друга страна го гледам и не можам да му се изнагледав, знам дека ќе ми фали ужасно и дека ќе си плачам редовно. Ова никој не ми го позема ни 1 саат а камоли повеќе да одморам, мајка ако беше кај мене, она цело внимание и беше на домот, да исчисти, да направи јадење, да среди па после бебето ако остане време, ако не јас цело време и се научи на мене и сега во кој и да е, пружа раце и мамка. Еве сега на одмор криво ми беше свекрва ми кога викаше за него плачко, викачко, лигушко, и само и се контрав, она па болно е поврзана со големото, тој светиња и е. Не дека не го сака ова, го сака, ама не како големото. Не ми е криво, ама некогаш итекако ми треба еднаш неделно 2 саата да одморам глава од мам мам, од раце и од константен вртлог. Мислам дека секоја здрава мајка ги има истиве мисли и чувства, сосема нормално однесување, ништо чудно, а од друга страна па здраво е и да имаш време за себе зошто во спротивно страда менталното здравје на мајката. Не ми смета воопшто да ми е врзан за мене, да ми спие на мене, да му бидам само јас место за утеха, уживам во тоа, ама сепак би сакала да можам да отидам до ДМ да испазарам на раат или да отидам да испијам кафе со комшика на раат. Се си има своја улога во животот на една мајка.
Добар ден мајки. Одамна ме немаше, додека ве исчитав два дена поминаа. Читам некоја членка пишува за оставање, иста бев и јас, бебе не иставав никому, прв пат спиеше долу со свекрва ми на 6 месеци за нова година бидеќи горе имавме пријатели и беше гужва, среќа доцна легнав и немав време да плачам, инаку тоа ќе беа ред солзи ред мрсули, ама од моја страна. Син ми е веќе 13 месеци и си ги покажа забите. Ми наплати за секоја секунда што беше мирно бебе. Ова беше страшен пресврт после роденденот, таман и прооден. Не остана место каде што не се качил, фаќа се и пика во уста, залепен за нога се влече по мене како куче и што е нај јако од се 70% од времето се треска од земја кога ќе му речам НЕ. Тоа е плачење хистерично исто како да сум го претепала. Јас тоа време претежно стојам, го гледам и бројам до 10. Да разбере дека нема да го добие тоа што не треба со плачење. Претежно тоа се работи за кутија со цигари, упаљач, далечинско, кока кола, нескафе, креми, затварање на врати и сл. Имаше денови кога едвај го заспивав во 12ч навечер, среќа комшииве се наши блиски роднини инаку на такво пиштење социјално ќе ни викнеа. А беше дете што заспиваше точно на саат во истата минута секоја вечер без никаква мака. Душа негова да трча во купатило ако ја види вратата отворена. Е ако го преварам да му ја затворам вратата пред нос… папапа бегајте бидеќи ќе болат ушите. И сеуште не можам да разберам какво ѓаволче се разбуди во него, ама ова веќе не е моето дете. Почнувам да се плашам дека ќе е тежок карактер на внука ми. Многу ме потсетува на неа, таа вака хистеризира кога нема да добие нешто. И ќе се навратам на оставањето, сега со душа чекам некој да се понуди да го земе, ама никаква грижа на совест немам.
Јас од пред некој ден кога го оставив кога немаше око склопено два ипол часа додека ме немаше не знам како ке се решам пак да го оставам. Ете прееска до тезга бев буквално 15мин спиеше ама мене паметот во него ми остана, едвај испазарив и дојдов дома летајќи. И друга мака и тоа што вели @Miss_S недоверба на тие што треба да го оставам. Кога не спиел свекрва ми 2 пати му дала АД а го оставив најаден еднаш 20мл еднаш 40мл во рок од 2часа, а тогаш јаден го оставив, АМА не спиел оти бил гладен и така си сватив дека очигледно ке го носам секаде со мене, барем сега додела цица. Брат ми беше лепенка за мене и пошо бебле е копија на вујче ништо чудно и карактерот да си го наследи
Ме немат некое време.. Само ќе прашам една работа и ќе кажам уште една. Читам по форум децата ви имале тантруми, бесни биле, кај се движите женски? Еве да не е само мојава драма, да не се сите очи в перени само во нас, да не се осеќам како марсовец? Ве молам кажете, да споделиме мака, оти кај и да ојме само нашево е Господе Боже. и имам да кажам, до 7години големава не оди на море па не викала се ја Бубе. До степен сме дојдени шо спаковав све, налет и пари и денови одмор и све, има уште една драма, плиме кола. Психички не имат исцицано, е до тој степен сме, втор ден денес, плачиме и јас и маж.
Мене малово ме уништи овој одмор. Ме уништи! Не сакаше да јаде, вадеше заби, имаше температура, направи алергија на сонце, изреагира со осип на водата... И си дојдовме и ништо не е сменето, со тоа што сега се исправа на се живо и диво, на се е он потпрен, на се е исправен, па мани што се исправа, тргнува да стои сам мисли многу има сила, тртле од 8м.
Оддамна не сум пишала на темава, ама редовно ве читам. И покрај сите планови, организации и реорганизација, кога не треба да биде, нема. Џабе сакам целата контрола да ја имам, кога се случуваат работи шо апсолутно не се во моја моќ. За 5 минути ми се сврти животот наопаку. За некого можеби е смешно или не изгледа страшно, ама мене ми се урна светот на глава кога ми рекоа дека морам да лежам. Искрено, психички уште не можам да се соземам и постојано се прашувам дали можеби можев да направам нешто за да го избегнам ова. Иако не постои нешто посилно од желбата бебенцето да биде живо и здраво, ниту пак има пречка шо е преголема за да не дадам 300% од себеси. Во исто време душата ме боли за големиот. Колку е пренежен Господи. Ти си мојата мамичка. Ти си мојата најубава мамичка и јас тебе олку, еве олку те сакам (шири рачиња најмногу шо можи). Само ми го бакнува стомакот и ми вика мама тука си нанка моето мало братче, јас него ќе го гушкам и ќе го галам како Кевин (го има мињонот Кевин, душата му ја вади од гушкање). Знам дека нема да е така кога ќе се роди бебето, ама нека, во моментов душата ми ја полни и ми дава ненормално многу сила. Мама диши длабоко. Сите во сите моменти мислиме дека сите очи се вперени кон нас. А реалноста не е баш таква. Оти сигурна сум дека на неколку метри од вас има и друго дете со тантрум, ама нормално е дека освен своето, друго не гледаш. Последните сериски тантруми шо ги имаше син ми, му се јавуваа в парк, на точно одредено место кога ќе стигневме. Почнавме да заобиколуваме од друго место и некогаш имаше ефект. Во таквите моменти јас сум многу посталожена од маж ми. И него го мачат туѓите погледи, па после тантрумот му "ја игра" играта и му угодува сѐ, а Јован тогаш е најлигав на свет. Па се молкни в раце со него, а колку него е голем. Најголемиот дебакл ни беше следнава ситуација- паркиравме кола, излеговме и даваме избор шо сака да носиме в парк- тротинет, балансер, кола на акумулатор. Сто пати се премисли, сите ги изротиравме по пет пати за да на крај одлучи дека не сака да вози ништо, сака да си игра со топка. Океј, ја зедовме топката, ја заклучивме колата и тргнавме. Не поминавме ни 5 чекори и почна најавата 'мама крени ме в раце'. Јас не го кревав, едно бремена, друго, и без тоа ми е претежок. Е мама одбива, ама тато не. 'Тато земи ме в раце' и веќе се беси по нозе кај татко му како мајмунче. Му велам на маж ми немој да го креваш, еднаш нормално да излезиме без да го влечкаш него в раце. Ако му се оди, нека оди, ако не, круг налево и дома. Прв пат во животот маж ми ме послуша и не го зеде в раце. Јован навреден нели, фино поштено си легна на земја и почна да плачи. Ма не плачеше, врескаше колку шо го држи глас и се прпелаше на земја. Го фатив маж ми за рака, нема реков назад, оди сега, ќе види дека е сам, ќе тргни по нас. Не луѓе. Ние се оддалечуваме, тој не се помрднува од местото и рика колку го држи гласот. И иди еден маж од зад нас, околу 40тина години и ни вика 'извинете, ваше е детето?' И ние 'да, наше е.' 'Епа плачи.' Јас се пренервирав, маж ми потона. Се врати, го крена в раце и одтогаш наваму кога и каде и да му рекол 'сакам в раце' го крева уште пред да ја изговори фразата. Јас да. Не велам дека е правилно, не е, ама ете, посилно е од мене. Ист е и маж ми и иако сме сами и во приликите кога сме имале можност за помош, сме одбиле. Некако навикнавме да функционираме така. Син ми има 2г 4м, ниеднаш не спиел со друг освен со нас. Ниту ни е во план нешто такво во блиска иднина, можеби кога ќе изрази сам желба, дотогаш не. Дали е приврзан со нас? Премногу. Особено со татко му. Дали тоа е позитивно? Не секогаш. Ама детето ми е толку голем емотивец, шо и да сакам, не може да е поинаку. Дали ми треба време за себе? Да. Ама искрено засега успеваме да се организираме со маж ми. Е сега време за нас двајца имаме само кога ќе заспие син ми, ама се трудиме да го користиме максимално. Не е доволно, ама ние одбравме така.
Па, искрено, и јас би ви рекла детево плаче. Замисли ти плачеш и маж ти те остава и си оди. Како ќе ти биде? Убаво? И маж ти ако сака да го носи во раце нека го носи, и маж ми ја носеше, јас не тешка ми беше, ама мене не ми ни бараше. Маж ми сакаше да ја носи и си ја носеше. И сега сака да ја земе и да ја носи, ама не може да ја фати од трчање. Некогаш и самите за глупости се расправаме со децата, наместо да размислиме што е важно, што не е.
Затоа реков, ситуацијата беше најголем дебакл шо можевме да го доживееме. Дали беше во ред? Не. Не сме совршени родители, правиме грешки понекогаш.
Океј, не сум те разбрала. Ми стоеше ко да го кажуваш тоа за начин на справување со ситуација, затоа само реплицирав.
Не, воопшто. Можеби јас лошо имам напишано. Сакав да и реплицирам на Бубиш во склоп на тоа шо се спакувала, спремна на следен тантрум да си оди од одмор, дека ја разбирам како и се споени жичките и како во иста таква ситуација направивме огромна грешка. Поточно јас направив.