знаеш што е полошо ноќ пред одмор девојчето качи темп и нормално дома сме има 39 лежи до мене а мали е во 4ти скок во развој и дојдов да си поплачам Дал ке се оди незнам само да ми биде женската добра Ова мајчинствово исцрпува до максимум некогаш но љубовта од очите нивни храни За тантруми сте збореле ги губам веќе сите нерви де знам како треба ама ова нејзино седење дома летово мене ме направи нервозна исфрустрирана мајка ......Цел ден дома дека е жешко бебе си бара внимание ќере исто и она се нервира штом не добие што сака и одма драма ..... Незнам и со одморов ако отидеме кај ми е паметот бебе е мал едвај 4 месеци ништо нема да видиме туку ради дада само ке смениме локација ние Само да ми е добра
@Skyler ми каснеше сестро 10 дена, ама од цисти. А си дадов време до 14 ако не дојде, да мочам на стапче Ама затоа после ко дојде, сакав да се фрлам под кола колку ме болеше стомакот. Жив мртовец цела недела бев. Го мразев маж ми дека е маж пошо ништо не го боли, жими се
Здраво мајки! Офф од каде да почнам, милион нови работи ни се случија, некои планирани некои не, ама у глобала ок е се. Бебе тргна во градинка, месец дена веќе, ја поминуваме првата настинка моментално, растечен нос, кашлање, малку покачена температура… Давање сируп на мало дете не знаев дека е квантна физика Мајка тргна на работа, лудница како и секогаш, не за долго… Решив да се насочам во друга област, малку ме фаќа паника што и како ќе биде, ама маж ми е поддршка голема па некако полесно ги прифаќам работите и си викам гледај на долги стази… Ахх одење во градинка не знаев дека толку тешко ќе ми падне, првите недели беа ужасни, и за мене и за бебе… Сега некако таман се навикнавме се разболе, од први и нови дечиња доаѓаат па се надевам нема да ни треба пак адаптација. Имавме проблем и со јадење во градинка, одбиваше храна околу 3 недели и добро е што почна да јаде, колку толку… Некако откако тргна во градинка не е веќе буце, ги нема тие обравчиња и буткици ама намаливме и со доење… Сега дека сме дома цица по 2/3 пати на ден инаку еднаш пред работа и кога ќе си дојдев цицаше иако мислам дека повеќе и фали таа близина отколку што е гладна. Почна да пушта по неколку чекори и да се префрла од маса на кревет или на стол ама уште е тоа нестабилно иако не форсирам ништо, ја оставам кога ќе е спремна. Поздрав мајки еве ја вика мам, мам, мамааа од спална Убав ден
Здраво мајки Знаев дека секој milestone ќе ми биде wow, ама денес сум прв пат на родителска, кај моето 14 месечно бебе Па волку возбудена не сум била не знам од кога.. Како којзнае каде ќе одам хаха Milestone за мене ова..
Ах.. емоции емоции… мојата прва љубов, прва среќа утре почнува во школо, прваче мајкино.. ми летна времето со неа, некако не ги осетив овие цели 6г Не знам кој е повозбуден дали јас дали ќерче дојде време ќере да ме однесе она мене во продавница и сама да си ја одбере гардеробата за прв ден во школо јас само си стоев она со продавачката си бира што и се свиѓа што не Па и кај 1ви сеп одиме на викенд до Грција и главава ми е каша попара. Не знам што попрво.. спремам од се полека, битно за во школо сме цакум пакум, дотерани испеглани и закачено на закачалка Постов хаос исто ко и во главава ама тоа е
А јас што не знаев дека има родителски во градинка и мислев дека само мене ме викаат за нешто што направил…
Го имаме победникот Значи само јас сум луда што едвај чекам родителска. Дури сега се нервирам дека ќе ја пропуштам оти тргаме на одмор за два дена. Имам да пријавам бебе со температура веќе три дена, а тргаме на одмор за два. Ми иде се по ред.
@Kolache na mama Можда пак сум победник, големиот болен, малиот од денеска, а тргаме утре Ајде ќе оздрават на море
Добар ден, Дојдов и јас да си се пожалам. Големиит наместо утре прв ден прваче, лежи во козле . Пневмонија, а не знам од каде. Луѓе до вчера, ма он и денес ќе беше на нога без некој силен аларм дека нешто не е во ред со него. Ниту темпратура, ниту малаксаност. Поткашлуваше подолго и последниве неколку дена ни стана чудна кашлицата (кашлаше само наутро у после се смируваше цел ден можеше да помине без да се накашла). Ај да го однесеме сепак да го види матичната што не поминува, кога она вика еве ви приоритетен упат за козле, детево е со пневмонија. Ми се сруши светот кога ми јави мм. Како можеше да сум толку лош родител да ми промакне дека нешто не е во ред. Незнам дали ќе си простам за ова. Што е најтрагично и пак кс стакло и никаква тегоба, напротив дете си е супер весело и активно, а тој кутриот.... И така ми преседна и одмор и се. Малово па и тоа греота. Никако ред да направиме ни за спиење ни за јадење. Таман реков денес ќе почнеме редовно и убаво со се, јас од сабајле растрчана да им однесам се што им треба во болница. Плус ме бара големиот па морам да одам. А ова кутрово, даможеше да зборува кој знае што се ќе ми изнакажеше и колку ќе ми се скараше. Еве сега дофека земам здив помеѓу трчања и спремање, шмркнувам кафе, а тој на земја си се врти превртува . А за еден месец почнувам и на работа. Е стврано ми иде да се удрам бокс . Среќен прв ден утре на сите првачиња. Јас за мојов ќе одам сама да сликам и на прием . Убаво попладне.
Леле @Ano Втора си пишува за ваков случај, мислам @monik55 исто вака беше со детето. И јас не разбирам како може така да се развие пневмонија ама сигурно ти не си крива Ќе помине, во сигурни раце е и барем е весел, не е залегнат. Колку време траеше кашлицата, чисто за памет да не занемаруваме ние другите?
Хај. Кога ќе ти почне некој ден млитаво… утнав овесни палачинки, па бебе јадеше урда на леб, многу немајчински се осетив. Кафе ми се истури, кујната ја направив лом за 5 мин од што сум трапава, па си рибав утрински. Него, читајќи по темиве сфатив дека сум одговорна за едно суштество, кое треба да го научам како да јаде, да кака, да зборува, да се однесува пристојно, некако несвесно го правев сето тоа, и God help me, се надевам нема да израснам социопатче или некако да ја осакатам за во иднина. Не знам дали и кај вас е така, ама кога е со мене и мм детево крвта ни ја пие. Се лигуши, плаче без врска, се беси по нозе. Со бабите е топ, умна, зборлива, шармантна па искача дека јас и мм лажеме за тоа колку е напорна некогаш. Почна повеќе да збори, посебно кога сака да добие нешто, мааама *трептреп*, таато, и сите ги реди додека некој не и даде тоа што бара. И така, постов без врска, ќе и пуштам Биби и Боби едно 10 минути кафе да испијам и еднаш да не ми отиде во тил, или да го пијам како шотови на шанк.
Мила мајка, немој да се обвинуваш, не си ти виновна... мислам и @mariz имаше нешто слична ситуација, од нигде никаде... Вдиши, издиши, утре е нов ден, дете ќе биде добро, ќе почнете малку со задоцнување. Ако планираше да го пуштиш целодневна не е лошо да го пуштиш бар првиот месец до 12 само за да не се преморува, да не се поти, да закрепне поубаво. Како совет ти давам, не мора да прифатиш. Гушкам силно! Мајка дојде, добро е, од сабајле се немаме скарано уште, само на некои забелешки знам да ја опоменам, пример кога ги прави несигурни децата. Она има паничен страв од вода, езеро, море, и моево раскажува како се бањало и скокало од педалинка и кажува внука ми дека и она сакала и мајка ми ја прекинува Ама не сакаш веќе, нели баба, страв ти е, нели не сакаш... Мамоооо.... Не знам што ќе правиме со нејзините стравови што ги рефлектира врз децава, еве не знам. На одмор кога и кажав дека одиме на педалинка кога збесна, зовре, одма почна примери, у Дојран некој на сред езеро се удавил од педалинка, вака било, онака било... Не можам, и викам Добро бе мајка нели ти е жал, ти кажувам одиме на педалинка ти какви примери ми кажуваш, Ама јас за да не одите ти кажувам ми вика... Како да разбереш, не знам, не ми е јасно, зошто женава вака прави. Јас разбирам ако ми е страв да не одам јас, ама да им правам на други филмови, не можам. Сега внука ми која има 13г треба да оди во школо со автобус, ок, ама не сама, она ќе одела со неа. Викам 13г има, ако, мала била... По трите точки гледате колку не ми е лесно. Ајде доста беше, одам да направам некоја салата да ручаме, доцни ручек. Со среќа на сите првачиња утре.
Добар ден мамасити. Ве читам,ама јас никако да чкртнам некој ред Овие два три дена синко е ок, да не го урочам, таман да соберам сила, во сабота ни почнува 4 ти скок, се надевам нема коси да си кубам. Синко сношти се разбудил и со кутење се превртел на меше и нормално се уште не знај со рачињата каде, се заглави ни таму ни ваму, и спишти, ни ги зеде сите ангели и на мене и на мм. После на секој шум и не од негова страна се будев, нема спиење Па ајде сабајле си се прошетавме до пазар, па до лидл, убаво ми дојде, само скоро пред куќа синко почна да плачи во раце да го носам. Не додржува многу време да седи во колица, како ли да го поправам тоа Инаку да прашам по колку дремки имаат вашите малишани кои се од три месеци. Моето 5, ретко 4 дремки, а по апликацијата треба 4 да ги имаме дневни дремки. Од трет скок па наваму помалку временски спие денски и никако не е изводливо да бидат 4 дремки и да се пратат и прозорите на будност. Ако не го заспијам на време, аууууу страшно е, ми се иде главата Испомешав се пишувајќи. Доста ве давев. Убав ден да си имате и тие мамасити што се со болни дечиња, држете се, се поминува, и добро и лошо
Да некој вирус којзнае каков. На толку шлајмови, температури, мрсули во овие сите години, многу поболен бил.. пневмонија никогаш немал. Што е најтрагично нит кашлаше мојов, нит секрет имаше, нит мрсули, буквално од ништо пневмонија.. 8 дена лежевме, а сакаа и уште да не држат, па со молење не пуштија. 8 дена од одморот, наместо да си уживаме во камп во Охрид (имаме приколка), ние во болница лежевме @Ano тешко е и не се стискај и исплачи си се Нека оздрави побрзо само, па како кралче ќе го пречекаат сите другарчиња
Моево е рекордер заспива здраво право за два саата се буди со кашлица и оп тежок вид на пнеумониа. Ги однесовме на море за да подишат јод но ете големиот со кашлица го вративме,среќа се опраи со инхалациите. Мене најголем аларм мие стомачето буквално му рипа и го вовлекува. @Ano Нека помине побрзо,во сигурни раце е. Јас сум презадоволна од Козле. Со кого лежи таму?