Дојдов само да се пофалам. Мајки денес е празник за нас, грепка првото забче Конечно на 10++, ми се изнамачи душата моја. Денес десерт од мене, повелете на сутлијаш
Па десетина дена пред одмор поткашлуваше. Буквално неколку пати на ден и другото мирно. На одмор почна така малку поларингитично и зошто има историја со ларингити, лани 4 пати правеше за 3 месеци, пуштив одма инхалации, инхалаторот секаде со нас го носиме. Ама последните два-три дена некако чудно како шлајм да му е заглавен кога ќе закашлаше. Сето ова обично наутро и после се смируваше. Ужасен вирус некој во смисла подол, дека не дава симптоми додека не заглави. Баш ми кажаа за уште два случаи вакви од нигде никаде пневмонија. Баткото исто со ларингити има историја, ама никогаш не спуштил за 6 години. Затоа и не се сомневав на вакво сценарио, повеќе се плашев од ларингит иако за него сме спремни и секаде го носиме инхалаторот. Така требало да биде очигледно. Он пак е весел, цел ден газот не го држи на место и може подобро што го задржаа, зошто дома тешко ќе го натерав да мирува. Малку клапна кога го хоспитализираа и додека го спремаа за инфузии, ама попладнево кога бев да ги видам пак само стани седни од кревет и нешто да се прави. Дури ни мобилен не му држуи внимание, сака да игра . Незнам како и до кога ќе издржи или ќе бега надвор во двор. Фала на сите за поддршката Убава ноќ, одам да го гушнам бебе.
Па и моето искуство со нив е позитивно. Така да верувам ќе го средат брзо. Со мм е инаку таму, зотшо јас морам со бебе зошто цица. Срце ми се кине дека не сум со него, ама тоа е. Бар ме пуштаат во било кое време да влезам дека мајка. Со лесно на сите првачиња денес. Со песна да им оди учењето и дружбите
Ке помине брзо и ке се гушкате сите четворица за кратко Со среќа на сите првачиња Проаѓав утрово покрај школото куп деца,родите баби и дедовци дотерани насмеани и среќни Си се расплакав кога ми текна дека и јас другата година ќе имам прваче
Хелоу мамас Нас ни заврши втор роденден, ни заврши одмор, сега се спремаме за градинка и за продолжен викенд во Охрид. Роденденот ни пројде супер, не може да прекине да збори ѕверкава за роденденот. Само раскажува кој бил, што и купиле, тортичка каква имало, а 3 недели пројдоа од тогаш . На два пати го правевме дека дома и вториот ден кога чекавме гости и викам мама што ќе прават сега гостите, мислејќи ќе ми рече поклони ќе донесат, она ми вика ќе НИ јадат . Умревме од смеење. Одморот супер ни пројде, ќерче ужива да копа, да се бања, како родена е за на море. Среќа пак почна да сака да седи во количка па сме се изнашетале навечер а мислевме само на игралиште ќе седиме. Мезиме со маж едно попладне дур бевме на одмор, ќерче спие и си се чудиме како може ова да ни е најубав одмор, во мало гратче во Грција, а сме биле Капри и Позитано. Се свртивме и низ вратата од балкон ја видовме причината зошто ни е најубав, искомирана, излигавена и разбушавена на мајка најубава. Падна и договор дека ќе почнеме да се спремаме и за второ ама после Нова година, се надевам ќе ни се исполнат плановите. Не го спомнувам неуспешниот обид за откачување пелени, какањето на сред плажа и демонстративното фрлање нокшир од балкон во двор во смештај, нека си остане позитивен постов . Го чекам маж да ја запие и да пивнеме оладено Мускатче, уште сме по решение на одмор . Убава вечер
Си седам на тераса и си плачам. Бебето мое ми порасна. Ќе оди во градинка. Ве молам утешете ме дека се ке биде во ред. Следува период на настинки и грипови а она мора да иде. 9 месеци сме. Душата ми се распарчува. Се обидувам да не мислам на тоа,ама знам дека ке дојде денот и ке вриштам од мака. Некоја сосема непозната жена да мј ја земе и да ја чува ......
@Misskirova Се ќе биде во ред ама тешко е да. Разделбата полесно поминува ама болестите после тоа…со лесно, се надевам без проблем ќе поминете. Инаку, само мене повеќе ме боли за второво? Мислев полабава ќе бидам ама срце ме боли да го пуштам. Премногу е мирен и си викам да не го заборават во креветче цел ден
И мене второво ми е поголема слабост, баш пишував, за првото не бев волку потресена, за ова еве 2 дена само и заповедам на мајка, Не вака, Не така. Прееска го слушам списка и му ја знам плачката, знам дека се превртел со количка зошто она ја натоварала, коа летнав од продавница надвор, демонстративно го земав и и реков дека ќе иде во градинка да не планира да го чува. Нема да биде така, ќе го чува, ама криво ми е зошто ништо не ме слуша. Ко за инат праи работи, криво ми е ептен. Бебе мое од никогаш не сакало во количка нешто многу, ама бабите го напраија гомце на дожд, лигаица. А пушти глас го зимаат, а оно си е викачко дете и сеа не трпи количка. Фини они, ама јас некогаш идам натоварена ко магаре, не можам и него и количка. И се нервирам многу. А најмногу се нервирам што они и двете викаат Јас така правам, ти пукни ако сакаш, со свои зборови. Ова му доаѓа земи жена или дај го во градинка, ние не планираме да те слушаме. Ми се темни. А тек почнавме, кај ни е крајот март.
@AngelOfArh Јас за првото бев попотресена, сите ги карав. За ова сум лабава, а и немам кого да карам Освен мм, син ми, мајка ми и сестра ми, никој друг не се замара, ни па доаѓа да го види. Дали дека ми е криво за него, осеќам како на никој да не му значи, па си имам заземено некој одбранбен став. Гледам и мм е таков со него, понежен, цел ден да е зафатен пак ќе најде време за него. Големиот е подивтар, активен, ова е душа. Само си седи на под, не плаче, не бара ништо, си има 3 топчиња и со саати може да си ги фрла и да оди по нив. Он си е супер ама јас некако така чудно се осеќам, жал ми паѓа не знам конкретно зошто.
И јас со второво ептен сум поопуштена, син ми душа ни вадеше со јадење како мал, до 2 год на кашички беше. Ама ќерка од 9месеци сама си ручка. Не дека е нешто напредна и она си бира јадење ама вака тврда е машала За чување и двете од прв ден сами ги чуваме. Ептен кога идеме негде сами со мм мајка ми ги чува на 2-3 дена. Во неа имам огромна доверба, и самата работи во градинка и одлична е со деца. Ном стоп и пишуваат родители како децата им плачат без неа Кај нас се исто, работа дома по негде ќе шетнеме, стандард. Уживам дур работам, пола монитор работа пола некоја серија. И лета времето. Немам веќе ни серии за гледање Најдов една нова странска апликација па испорачав многу есенски работи за децава. Леле какви се, за ќерка посебно Само сестра ми нека му ја мисли како ќе ми донесе се
Здраво мајки Бебе претходните два дена ми беше залепено за града, само цицни поврати ми правеше дури и страв ме фати решена бев денес ако продолжи на лекар да го носам. Ама да нр го заречам пу пу од сабајле добар е Освен што мака мачиме со мешето цел се собира дури ми е жал да го гледам, а никако не можам да му помогнам. Од 4 сабајле ми се вртка низ креветче, крева нозе, цивка. Му топлев крпа, масирав, капки му дадов ама пак се тоа краткотрајно. Имам и појас за грчеви од на мм сестра му ама погодете кому му се расипа микробрановата печка употребена дали 5 пати одкако е купена и немам каде да му ги стоплам тие семки внатре или што се не знам, се мислев едно време во AirFryer да пробам ама мм ме заплаши да не се запалат Синоќа тргнав 2 пара први шпикозни што не му берат, се изненадив дури некако брзо ми дојде, сепак ептен малечки беа тие од 0-1 месец. Тоа е тоа засега, се читаме
Здраво мајки Среќен роденден генерацијо @Iris-1234 30ти за 20ти години не би мењала. Да ја гушнам и @IRBBB Се ќе биде супер пуштам најпозитивни мисли Неделен после ручек одмор. Сме се наспале сабајлечки сите до 9 саат. Додуша се разбудив од навика накај 7 дури и се помислив дали да станам. Ама си реков да си полежам пошто за скоро ми завршуваат ваквите екскурзии со спиењето. Да избуткам уште два дена на работа и од среда одмор. Во недела патуваме па ќе имам време да се спремам полека. Со оваа заборавеност добро е што нема да треба во 5 за 12 да се пакувам. Летаат деновиве како луди толку само ќе кажам. Да станам да се раздвижам инаку дремката ете ја само што не ме совладала. А ноќеска не ми се дежура. Ве поздравувам