@LiquidLuna Да во скок сме. Инаку јас кога и да притиснам со рака шприца на сите страни. Ако е до скоков ке се исушам ако е вака цел скок , тек влеговме а имаме уште цел месец ехеее, ќе биде
@Ceneva И мое бебе последниве два дена со цицање е страшно ја тресе главата, фаќа па ке пушти, па плаче се тегли. Фаќа па цуца како со лажалка не можам да си ги оправам брадавиците. А уште месец нема Додека се намолиме да фати убаво се препотувам 16 пати
Само моево уште над просек си става на килажа . Додуша помалку од претходно ама веќе стаса врсници, па и ги надмина. Само што преживеав маж и бебе со вирус да се во исто време. Кој од кој со повеќе потреби. Денес празнично еден куп машини да исперат во чест на вирусот што го победивме. Уште малку и доаѓа време за враќање на работа. И ми се оди, и ми се седи дома со бебе. Ама џебот вика мора да се работи.
Добар ден Имав чувство дека септември ќе ни почне хаотично и напнато, ама сите добро се носиме со промените. Убаво е кога пријатно ќе се изненадиш. Прво морам да кажам дека променава ми годеше, се смешав со возрасни после долго време. Малото почна во градинка - со плачење се испраќаме, со плачење се пречекуваме, ама таму и не плачел многу. Мислам дека брзо ќе се навикни. Вчера дури и каснал малку. Се чувствувам виновна кога го оставам таму, рассеана, не ми се зборува и сакам да имам камера да го пратам како се однесува. Ама нема Големиот ми е придружба и чека бар 1 саат да го оставиме за да седнеме на благо. Горд голем батко - си го носи братчето во градинка и слуша на врата дали плачел . Имаше емотивен момент кога почнаа на училиште. Почна да плаче не знаеше ни да ми објасни зошто. Колку ми е чувствително ова дете, се го растажува. Читам за плачењето се пишувале. Немам плачено подолго време. Не ми доаѓаат солзите некако. Со паметот сум на 100 страни и немам време ни да плачам. Ми фали да си пуштам некој филм и да се изнаплачам, па може ќе ми олесни малку. Треба повремено и тоа, чисто да знаеме дека сме луѓе, а не роботи Имајте убав празничен ден мамички
Сеа си во период кога градите произведуваат млеко на лице место, нема веќе залихи во магацин И мојот се нервираше што мораше да поцица 20-30 секунди за да дојде млеко, ама еве сега се навикна. За 4ти скок само ќе кажам-издржи. Поздрав до сите мајки со видеово. За следен пат кога ќе си плачете пошо така ви дошло, да знаете дека е од ова. https://www.instagram.com/reel/CuT_ddnsOeR/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
Значи нормално е да касни така млекото. Само тие 30 секунди ми доаѓа да . Вришти ко да го колам. Има начин тоа да се промени или да се надевам дека ќе се навикне и нема да се одбие.
Да не знае некој кај можам да пријавам дека патронажна сестра никогаш нит дојде нит се јави? Многу сум револтирана, за што плаќаме ние здравствено, за кога најмногу ни е потребна помош да не ја добиеме?!
Не знам зошто мислиш дека ќе добиеш помош од патронажната. Мене 90% од тоа шо ми кажа од форумов сфатив дека така било во шеесеидруга Чест на исклучоци, може мене ми се паднала таа што работела со свекрва ми бог да ја прости па си праеше муабет за неа со мм
Мајка, во овие 5 и кусур месеци сфатив дека доењето е падни стани цело време. Не за џабе велат дека е тешко и предизвик. Скроз исто беше и моето, ептен те разбирам, ако нешто ти значи можам само да ти кажам дека ќе помине и пак ќе дојде, па пак ќе помине. Стискај заби и издржувај ако си решена да доиш.
Кај нас во помал град дојде патронажна, демек да видела во какви услови живее детето. Како го облекуваме. Ме искритикува оти слабо сум јадела, затоа сум немала млеко, да цица. Единствено што не беше паднато папочето, па ни кажа како правилно да го чистиме. Толку од разговорот.
Свесна сум дека можеби немаше да ми користат советите, без разлика, неа и е должност да дојде. Конкретно помош ми требаше за доењето, односно одвикнување од силиконски брадавици затоа што бебето има премногу грчеви, делумно мислам дека имаат удел брадавиците. Колку и да ги местам убаво, ќерката е лакома и се полни со воздух кога ги изместува, што дополнително ги влошува грчевите. И покрај еден куп истражување на нет, никако не можам да ги тргнам силиконските, не фаќа, а не ми се рамни. Тука ми требаше. Ова со грчевите е неподносливо. Капки и сируп испробано, вежби и масажа не дава од што е згрчена... Никој дома не сме спиени, најболно ми е дека и таа не спие. Вришти ненормално многу, без воздух останува и по неколку секунди. Не можам да ја оставам ни за до вц, јас не знам како е да се прават вежби со бебе, или да си лежи бебе и да му зборуваш или да било каква друга активност кога е будна освен плачење.. а еве веќе има полни 6 недели...
@BadKarma94, лајкот е за поддршка. Моево немаше некои страшни грчеви меѓутоа перниче затоплено и помагаше повеќе. Лежење на меше, под мој надзор нормално. Некои вежби од на YouTube гледав, ги правевме. Јас давав и по малку чај, покрај капките.
Првото дете такво ми беше. Ни патронажна нема да ти помогне ни никој. На 2 години престана да плаче. Силиконските ги тргнав на три- четири месеци. Помогни и ти со раката стисни ја градата за полесно да цица. Кога ќе решиш тргни ги. Решение според мене нема. Потруди се да поспиеш ти и да останете сите дома смирени и да пружате само љубов. Помири се со тоа дека ќе плаче и со тоа дека ќе има грчеви. После 3-4 месеци би требало да снема грчеви. Можеби после 2 да снема, може утре ќе снема. Второво немаше ниту еднаш грчеви ниту ништо. Силиконските ги тргнав по месец- два. И мој совет ти е да престане да бараш решенија по интернет бидејќи многу ќе ти дојде, ќе те збунат, ќе станеш понервозна бидејќи ништо не помага и бебњтп уште повеќе ќе плаче. Мисли дека сме 15ти век и дека нњ постои интернет. Посебно немој совети да слушаш од постари жени.
Ако имаш некој во Германија да ти донесе чепчиња од ким. Не знам дали на друго место ги има. Ептен помогнаа кај нас. Друго, ова што го опиша и моево беше така плачливо, јас мислев дека се грчеви, а на крај излезе интолеранција на кравји протеин. Да пробаш ако не да не јадеш некое време кравјо, па да видиш како ќе биде. Јас сега само саб симплекс и бигаја давам. По потреба чепче. Шируп еднаш само дадов и толку. Овие се чепчињата. Кај моето за 15-20 мин имаше веќе резултат. Се смируваше.
Фала на подршката мила. Јас стискам заби и упорна сум. Но тој дали ке биде упорен, за сега не е. Пробав и со пумпа да го потикнам млекото не сака да фати бега. Два пати го доев поспан за да цицне колку толку. Ке ми биде криво многу ако се одбие.
Пробав со разни комбинации на храна, испаѓа дека исто е без разлика што јадам. Дополнително, капките би требало да помогнат со таков проблем, доколку би имала, ама како што кажав и кога не јадев млечни производи пак имаше. За чепчињата фала на предлогот ќе порачам.