Добро вечер мајки Бебе заспано, мм исто така, мајка избањата лежи и скрола на телефон кога ке се избањам како секој умор да ми поминува, а прво го бањам и заспивам бебуш па после се средувам јас, и вака дремам уште саат време на телефон и се чудам што станало толку брзо бебе да јаде Треба да сум ептен преморена за да не се истуширам барем па да легнам. Вртам по сите слики од бебе утре прави 1 месец, да ме праша некој ке речам вчера го родив. Да ме прашате сега уште 1000пати низ истото би поминала иако кога ме качија во сала таков страв имав што си реков нека е жив и здрав ама јас ова пак нема шанси ама ете се заборавало баш како што кажуваат дека се заборава одма. Можам да кажам дека веќе се соземав фатив барем некој ред за мене, првите 2 недели не знаев кај терам он спие јас го гледам, го гледав додека спие и плачев не ми беше верно дека е мое бебе. Последнава недела почна да биде повеќе време буден да се загледува во работи, во луѓе, бабите и дедовците ги анализира (читај ги гледа зачудено ко теле во шарена врата) кога и да ги види, демек нешто разбира Ке речам ништо не знаат, море како им знае газоот, мм беше на свадба и јас и он си се избањавме си легнавме сами, а иначе и мм е секогаш тука. Сабајлето луѓе во 6 да цица кога го виде во кревет кога се оцери, а бе не можам да ви опишам каков осмех беше тоа. Го зема после мм му зборувс овој му се смее клати со главата видео направив да документирам Се читаме мајки
Она кога бебе ќе го пројде подобро враќањето на работа на мајката од самата мајка.... Он бил супер, се расплакал малку ама добро прошле, е мајкава се уништи од мислење. Битно породилно заврши! Ми се израдува страшно кога си дојдов, во никој не сакаше да оди, лепенка моја беше, ама ако. Белки и ќе јаде сега нема да ме чека само да дадам цице. Се надевам искрено. А на мајка одлично и влијаеше враќањето на работа. Е сеа тоа што станувам во 4ипол е друго, не можам да спијам кога имам обврски и крај. Втор ден јас во 4ипол будна иако сите спијат други. Додуша како спијам добро па и што спијам, на ивица, се потпирам со страницата од креветчето, се спушта, па си правам малку пошироко да ми е зошто вака ќе паднам, а пашите мајкини распослани на косо и двајцата, мрдни ако си арслан. Се спрема крштевка, маж е запнат да викаме гости, ја не сум за. Најблиските и толку. Ама не, вечерта караоке да сме правеле и да било журка. Му викам ок, ама младите, е не само младите, и постарите. Толку е тврдоглав, чудо некое. Коа ќе му грмне чичко му кога ќе го смести на коњопој, со мезе на боцкање, ќе види убаво. Ама иди убеди се со овен у хороскоп. Фијаско ни се деси вчера прв ден на работа, го заборавивме големото во школо Мајка ми списка Ано 10 за 4 е, трчам по големиот... лелееее... ја оставив неа со малото јас шибнав со точакот и се вратив брзо, пошто па и тој урлаше. Он жив среќен ќе иде во дежурна, јас го сопрев, тууу... Доста беше, да станам да правам доручек, ручек да ставам, да спремам деца и мајка за денов и да тргнам турбо. Некако се осеќам поубаво вака кога сум ефективна, не знам зошто, или па знам, едноставно не го оставаш денот да тече без продуктивност друга освен ручек и дома, туку светот од тебе гледа некаков аир па се осеќаш поубаво.
Гушкам мајка тоа е не знаат како да се сносат со промената, малечки се.. и моево вика моето бебе е најубавото бебе, сите бебиња сакам ама Кала најмногу душа ее ама си има периоди на неумноќа хаха
5ипол месеци минаа откако се породив. На денот се сеќавам до детал. Времето врви, бебето расте, јас слабеам (што е добро), само не можам една мисла да си тргнам од главата. Како ќе тргнам на работа? Како ќе ја прифатиме промената и јас и тој. Мене ми е незамисливо, дури страв ме фаќа . Не сакам да ми е вака. Само со мене е научено, до 17ч. е само со мене. Исто.. Многу ми е на мисла кој ќе ми го чува. Едната баба сеуште оди на работа, другата не е добра со здравјето. Мисливе ме трошат и тиштат. Ако може малку поспоро да минува времево некако... Додека да стокмам некој план... @AngelOfArh оти спомна на работа тргнува, со среќа мајка и со лесно бтв, па ми текна да се олеснам овде. Многу, многу ме мачат мисливе, не сакам ден да помине... Кажете хинтови искусни мајки, како да се подготвам, како да си олеснам и на мене и на бебето, ако има полесен начин...
јас сум од ден на ден се понервозна.24/7 сум со децата маж ми е шофер 10 дена е дома 10 на пат саму живееме од баби помош немам. е тие 10 дена додека е на пат јас збеснувам.бебето ми е се во раце ќерка ми е до своите барања што дури и викам многу некогаш.доаѓа жена за чистење еднаш неделноо и јас пак неможам ништо да средам имам цела планина алишта за пеглање,одиме некаде само кога мажот ми е дома,одам на фризер правам нокти одам и на кафе сама.ама тие 10 дена ми се пекол, незнам дали и самата тероидна што испаднав хипо во бременост си го прави своето.искрено не бев таква бев премногу смирена сега незнам што ми се дешава
Многу е тешко сам човек, но ова најдобронамерно..оставај дете во креветче или во оградица..Обиди да се сочуваш. Поздрав..ќе пројде и овој период..
Здраво женски, Се си велам ќе почнам да пишувам почесто и никако време да најдам. Смешно е, ама моментално толку многу ми фали социјализација како никоггаш до сега. Си мислев дека никој пат нема да го кажам ова. Досега напротив уживав во самотијата. Одењето на работа ми беше доволно и предоволно време со луѓе. Жално ама форумот ми е единствениот контакт со надворешниот свет моментално. Беба денес два месеци полни. Вчера пак не можеше да сврзе дневни дремки, хорори беа вечерта за успивање. Почнавме од 8 со бањање и ритуали за на крај во 12 конечно да капитулира. Му ја предадов ма мм, пошто цел ден ми кенкаше. На крај не можев веќе, па заспале на стол во дневната двајцата. Како и колку се бореле не знам..не стасав ни да се видам со него, да ми каже. Инаку по цел ден сама со беба. Искрено ми фали и одењето на работа. И време за читање и мир, и пиење кафе и одење на ручек. Не сум баш некој мајчински тип изгледа. Не знам. Некој пат имам грижа на совест, дека не знам да се препосветам на дете. Мислам не ме сфаќајте погрешно, дете си е изгушкано и нахрането и чисто. Не е запоставено..и играње и песнички и мирна атмосфера..прошетано на свеж воздух. Дури и разгалено би рекла. Ама некако како да ми фали тоа време за мене што си го имав. Или можеби што немам контакт со луѓе си го прави своето. Свекрвите дојдоа и си ојдоа. За среќа. Па со маж сфативме дека сами ни е најарно. Како знам, така правам. Ќе прочитам, ќе прашам и терам. А уствари видов дека нашите поима немаат од деца чување. Тоа нивното се било импровизација. Колку не ги е гајле дали дете сврзало две фази на сон и дали го болело меше. Дете било. Ќе плачело. Ахам. Е да ама колку ќе плаче ако не пазам прозорец на будност и ако не гнетам се и сешто има разлика. Еве вчера цел ден ја успивав па не успеав да сврзе дремка повеќе од 1 саат. Резултат на крај преморено дете, плачки не можеше да се смири до среде ноќ. Ама да не се жалам само, гледам полека се повеќе и повеќе има денови кога сме со ред..се осеќам посигурно. Силата ми се врати после пораѓај и вирусот што го донесе мм, па можам да кажам дека конечно и низ дома понешто стасувам да си средам. Јадење кога има време готвиме повеќе порции и нешто докупено, нешто нарачено, нешто за жал грицки и не толку здраво. За мене необично поради тоа што со години се храневме само зготвено и екстемно здраво. Ама сега приоритети. Не може се да се постаса. Нека почене да јаде беба цврста храна па ќе готвиме пак. Малата денес да не ја подречам пола саат сама се играше на под со играчките. Почнува и да си лежи сама по повеќе време и да си гледа и разгледува. За мене секоја минута која не мора да ми е во рака и да ја носам, е победа. Се помирив дека марама и кенгур нема да сака се додека не порасне доволно да се носи нанапред. Она и во раце не сака да ја држам накај мене свртена. Или напред или на рамо..друго нема. Така и заспива. И строго со правосмукалка. Глава ме боли веќе . Уште да ја научам сама да се заспива, и готово се е во ред. Упорно тренирам деновиве да ја научам и будна во количка и во кола. Досега само успиена ни успеваше да се вози. Ама не е возможно шетање само кога она ќе спие. Мора да научи и будна. И дека тука нема избор. И така во сабота ни виштеше во кола пола саат . Ако имате некој трик кажете како..оваа за жива глава неќе . А на мајка и' и се шета и се плаче . Надеж и овде ми е од како ќе почне да седи, дека ќе сака напред да гледа .. Убав ден женски
Мила сите се чувствуваме понекогаш така и сакаме да бидеме сами со себе. Или да излезиме сами на кафе без најубавата приколица . Јас некогаш кога ќе се видам во огледало и само ќе си речам па понесредена не си била, на мм кој знај шо му врви во умот кога ме гледа Ама ќе подпорасне, повеќе ќе се заигрува и ќе има време и за други работи. Иначе еве нас што ни свири по цел ден и ноќ, ја симнав на тел , пробај може ќе ја сака, само да те предупредам и ти ќе бидеш успиена од мелодијава
Незнам како ќе пројде,страв ме фаќа уште од сега ќе почнам со работа во фебруари едно позитивно ќе се размешам во лиѓе и испиено кафе на раат.ама потоа де се разболеле,деца како деца,па нервози со чување со градинки мислам дека дијазапам од 5мг нема да ми делува.Сега сме на свадба и ние со децата ќе одиме.Чекам сабота мажот ми да се врати неможам да се избајнам како човек
немаш ли некоја комшивка млада? Кај мене среќа уште бремена бев отвори една фризерка дукан погодена ми е ептен па и ќерките ни се генерација во иста група во градинка,со години сме живееле во исто мало али не се знаевме.секој ден пиеме кафе дали кај нејзе пред дукан или кај мене на тераса,другите ги гледам само поручек или за викенд.
Гушки мајка не си сама, сите го поминуваме истото и на сите некогаш ни е преку глава ( реално сега, највеќе ги сакаме децата ама секој ден истото пак истото..) ќе пројде побргу од што мислиш, иако секоја фаза нивна е тешка и далеку сме од здивнување, сепак ќе имаш време и кога нема да знаеш шо од себе од досада кога ќе се најдеш сама, се си средила, а уште време имаш, тишината ти е чудна и гледаш на саат колку време си играат без тебе, еее тоа е најинтересно чувство, па кога ќе се вратат пак косата у вис. Дружби мајка можат и со бебе во кафич, бар еднаш неделно кафе види договарај си. Јас од петок се враќам на животот 24/7 да гледам само маж,бебе,дете и мајка чат-пат ама ми фали тоа, ептееен ми е дојде напорно секој ден излезена со луѓе.
Море и небањата ќе седам, ама мирот на сами во стан не го мењам. И ненаспани, и бушави, и подскарани сме чат пат, ама меѓу нас си останува. Еве вечерва, втор ден како ја одбив, си седиме, џин тоник си пиеме. Бебка средена си спие. Мераци. Како дечко и девојка пак. Е со куп луѓе дома, малку потешко ова. Не судам, не мудрувам ама мене ова ми е права ствар. Секој со можностите. Инаку мислев одбивањево потешко ќе биде, ама дефинитивно сме биле спремни двете. Си пие ад и си заспива. И тоа, идам на уште една чаша џин тоник, бебка сабајле во градинка, ќе одморам тогаш
и јас скрос сама со ја одбив ќерка ми,баш и двете бевме спремни. исто мирот не си го мерам,далеку од очите-подобро.не дека не ми правија збрки 6 години ама се пројде. како знам така си ги гледам децата ме напорно но се поминува
Добра ви вечер. Одамна немав одвоено малку време да ве читнам. Да бидам искрена, овие 2 недели едвај ги преживеав психички. Прво го фати стомачен вирус, плаче тој од болка, плачам и јас, температура, повраќање, итн итн. Сите симптоми по ред ги имаше, па и цели 10 дена го држеше. Уплав фатив. Дури и си направив сценарија дека е нешто друго, можда фатил некој паразит од кучки мачки, нема што не помислив. За среќа, само обичен стомачен вирус беше и помина. Само што помина тоа, дечково падна. Прво кај комшиите паднал додека бев на работа, сабајлето и кај нас дома. Да се потпре за да не падне, рачето не да го изгреба, го исече цело. Раната му е поголема од дланката. Па ајде на преврски, па ајде борби да не го користи тоа раче, па ајде борби да не го извади. Два пати ги извади завоите. Сто пати ми кажа дека го боли. (секаде каде што е чукнат кажува дека "го боли" додека не ја снема раничката). И така. Се изнасекирав. Ми побеле и ми попаѓа косата. Во понеделник треба да одам на родителска во градинка, али не можам да се сменам од на работа, така што ќе морам да ја скокнам првата родителска во животот. Само се надевам дека ќе заоди и дека нема да ги фати сите можни вируси оваа година. И тоа. Пак сум изморена, а не можам да спијам во последно време. Ваљда од премор и од мисли. Ама вечерва ќе се потрудам да спијам. Лека ви ноќ нанаспани.
3 ден веќе, јас си ја успав, ни мака ни плачки, па и почна да се пушта да оди, море трча, а оди по маси, ѕидови со месеци веќе Денеска 3 чекорчиња сама
Не се сеќавам дали воопшто имам пишано во темава а и не ме бива многу за пишување. Ама ќе се обидам да доловам најдобро што можам. Знам дека се периоди и дека секоја мајка се има запрашано барем еднаш за мајчинството, но некогаш стварно ме интересира што би било кога би постапила поинаку. Прво дете и се ново,се учиш тогаш. Еве пример ќерка ми има 13 месеци, уште повеќе сака блендирано. Си грицка таа пример бисквити, лепче ама јадењето помазно. Ги следев препораките ова не давај ова давај алергии чуда се плашев. И ради атопичниот дерматит. И многу намирници доцна ги дадов. Јајце дури сега брзо воведов. Се осеќам дека потфрлив околу исхранава. Детево го направив нејадач. И со вкусовите цело време дека и давав неутрално сега ако е нешто поблаго не го сака. Пример банана со бисквити и сл. И одма коментари јас така сум ја научила сум и давала само јадења без вкус,неутрални. Ама стварно ништо скоро не јаде. Слаба ми делува. Во последно време исто претера и со цицање и планирам да ја одбијам наскоро. Ама ете и за тоа читав искуства да ја пратиш кај бабите и слично. Кај можам јас мојава да ја ипратам. Таа без мене нема шанси да заспие. Премногу е поврзана со мене. Ете не сме сами со мм ама пак е премногу поврзана. Дали јас нешто грешам не знам. И се чудам како ќе ја одбијам кога ништо освен цице не сака ни вода ни сок. Од шише не пие. Никакво шише не ми прифаќа. И сега сум со прашалници викам ех Ерика може требаше да даваш барем по еднаш АД на ден, или порано да пробаш вода. Сега може ќе беше поинаку. Сега вода и шише не сака да замисли. Ама така слушав, да била на ексклузивно доење. Може и поинаку да постапев пак исто би било. Ама некогаш се осеќам крива и викам сама вака си го направив девојчево.
@Erika.greeneyes и јас си го мамев умот дека ако давам ад или мајчино во шише еднаш дневно дека ќе се учи и да пие од шише и да си цица. Арно ама од два месеци негде премногу почна да одбива шише, со плачење со липање. И престанав да нудам нормално. Абе ни татко, ни баба, никој не можеше да и подметне ништо. Барем за тој дел да не се мислиш, не е до тебе ти гарантирам
@Erika.greeneyes најлесно е од страна да се набива "вина" ти така ја научи. Верувај дека сите што имаме деца нејадачи нема што немаме пробано и џабе е. Многу слично како твојата и јас имав страствен цицач што и до ден денес на полни 2 години уште куп работи нема ни пробано, не по моја воља туку затоа што нејќе. Шише со цуцла немаме дома. Сам ги фрли цуцлите на 5 месеци и нејќеше течност да пие од друго освен од отворена чаша. Ништо од ова јас нит го научив, нит му влијаев. Не дозволувам да влијаат коментари од типот на вие му попуштате, да почнеше од 4 месеци да му мацкаш од манџа сега се ќе си јадеше, како тоа не јаде благо зошто не му даваш, нејќе да јаде едноставно. Поентата на муабетот ми е дека колку и да сакаме детето да ни е како по книга растено, не секогаш се е до нас. Тоа се карактери со кои се раѓаат и не можеме по истиот терк да ги кроиме сите деца. Така што не си додавај дополнителни грижи, во секој момент ги носиме најдобрите одлуки што можеме да ги направиме па макар биле и погрешни. Растеме и ние како родители со децата секој ден. Да шкртнам збор два пост одморски. После одмори-неодмори од кои едвај чекавме да се вратиме дома, за прв пат имавме одмор од кој не ни се враќаше. Синко беше прекрасен сите денови. Се она за што очекувавме дека ќе биде така од првиот одмор сега се оствари. Да си игра со песок, да му е интересно во вода, да не можеш од плажа да го донесеш во смештај. И времето се погоди идеално топло, водата чиста. Хороскопот со ѕвездите се нагодија овие денови. Од друга страна пребрзо ми поминува оваа втора бременост. Буквално немам време да ја осетам. Освен станувањето од кревет во 6 маневри и кога ќе ми се залепат до возачката врата па никако не можам во кола да влезам се друго е како да не сум бремена. Тоа од мој агол гледано. Од страна ваљда делувам огромна пошто многу често ред ми отстапуваат или ме прашуваат за со ќеси помош да не ми треба. На некои фини лиѓе налетувам изгледа. Повеќе ме изненадува култура и манир од некултура. Чукна 8 часот, да се протегнам низ дома па доручек да се прави. Ве поздравувам петочки
Исто, особено делот со исхраната. Банана уште од старт не прифати, во било која комбинација, а меѓу првите намирници ја дадов. Морков исто, бисквити никакви, ноќни каши, инстант храна од кутија… ништо не прифаќа. Прашав матичен педијатар, бев кај приватен, рекоа нуди, ќе прифати.. 11и пол месеци е, не и не. На крај, се помирив. И јас не јадам се.