Добар ден мамасити мои. Како сте? Ние добри, врвиме 4 скок, да не го урочам подобро се понаша од трет скок, само малку ме зафркава со доењето, го преполовивме времето на цицање, и се буни дека не му наидува одма млаз, ама со песна или нешто му говорам и успевам да го задржам на града. Само искрено не знам дали цица доволно или е гладен. Едвај чекам 29 ти да одиме на советувалиште да видам колку додал. Дома кога го вагам вели дека додал 400 грама од 24 ти до сега, колку е веродостојно тоа не знам Инаку дневните дремки ни се по пола саат до 40 мин, ретко саат и пол да одспие како порано. Тоа се смена како влеговме во 4 скок. Ете не станавме после 35 мин и нема пишување веќе за мама. Чао мамасити
@Erika.greeneyes Најлесно е да се каже дека ти/родителите се криви. Мојава па дека почна од 4++ да јаде, гледам се растури од јадење. Така ми кажале, така сум правела. Викаат на првите се учиме, првото ќе го чува второто, третото веќе само ќе се чува оти нема да се притресуваш Да се живи и здрави само... ќе им погодиме некогаш
Се пронајдов и во двата поста. Мојов еве го две години направи, пребирлив е па е таков. Карактер ли е шо ли е. Како бебе додуша повеќето работи ги јадеше, сега не ни пробува. Кажи му леб, кисело млеко, јогурт, ориз, компир, тестенини, некои основни работи + некое овошје и јатки. И пундингче од Лино. Бананата му скисна, прекина да ја јаде. Сега само во домашни бомбички му ја подметнувам. Инстант детски јадења не дај боже да проба. Месо па ич. Како божем на диета да е.
Девојченцето мое оставено прв пат на спиење кај баба и дедо а мама стигната во друг град на свадба. Амбициозно нели
Си реков следен пат кога ќе напишам во темава да споделам нешто убаво и ќе ви раскажам како извојував мала победа. На одмор со мадамче преубаво си поминавме, се плашев од скокот, адаптација, болести, што како ќе биде, а таа да ти уживала да биде опкружена со луѓе. Какви радости на плажа, радости по шеталиште ги крева рачињата им мафта на сите им се смее. Е тоа се супер, ама не може се совршено да биде нели? Резервуравме смештај преку Airbnb си викам ајде сигурна е платформата, гркот дури и ни пиша дека може и порано да се чекираме и си викам одлично баш убаво ќе ни биде. Кога одиме таму не носат во друг апартман. Јас викам се работи за некоја грешка ова не е тоа што го резервиравме. Дојде таа жената што му ги работи апартманиве на грков, кога ни вика овие слики се стари, сега мајка му на газдата живее во апартманов што сте го резервирале. Леле ние во шок, каде со бебе ќе одиме сега пред свршен чин да бараме друг смештај? Ни вика или сместете се во другиот апартман или барајте нешто друго ама за тие пари ќе најдете само (цитирам) "колиби за срби". А другиот апартман беше само една соба и на спрат горе, на нас ни беше важно да се две одвоени соби и да не треба да качувам количка по скали. Грков уствари да ти живеел во Америка, и на него не му кажале мајка му дека е вселена во апартманот што го издава хаос. Најдобра опција ни беше да останеме таму и да се снаоѓаме како знаеме и умееме. Да не бевме со бебе ќе си отидевме било каде, во камп во шатор ќе спиевме, во кола ќе спиевме најмал проблем, ама вака опциите ни беа лимитирани. И помина одморот, јас гледав да си останам смирена покрај се и да си уживам. Ама затоа откако се вратив во Скопје си реков дека он ќе ми плати. Поднесов пријава до Airbnb и со многу упорност и расправање конечно ни рефундираа 33% од цената на смештајот. И тие се зафркнати, гледаат ако си задоволен со малку така да те отарасат, ама ете морало глава во ѕид. Грков пробуваше да одбие да рефундира, ама нема бегање го ставив во ќош. И така, на целата нервоза си осетив мало олеснување. Како мала извојувана победа. И дефинитивно осеќам како мајчинството да ме направи похрабра и решителна. И така женски, имајте убав ден и уживајте викендов.
Добар ден мајки Само мене ли ми поминува времето со брзина на светлината? Бебе деновиве не спие мирно преку ден не знам зошто, првата дремка од кај 9ипол 10 до 12 ја спие топ. После тоа заспива на кај 1ипол ама се буди на секој можен звук па е нервозен и не нанаспан. Пробав надвор, во дневна во спална никако не знам што ке правиме вака. Во 7ипол 8 ми се успива за ноќно спиење, па станува во 4 сабајле расположен и не спие до 6, после тоа јас сум жива ненаспана и уморна. Пробав со будење, со бањање хорор беше тоа вика мислиш го коле некој. Сега го бањам наутро, немам друг избор. Не знам што правам погрешно искрено, ама се надевам дека ке помине и ке фатиме некој ред. Убав ден
@Yowannty да се јави на главна каса. Ја немам читано одамна. Фалиш сваќе @LazaLaza убаво си помина тинејџерке? Девојката примети дека те нема?
Јас се направив пепел откако добив порака мама уживајте си заспа Тргнавме рано сабајле за назад ама ја добивме пред два саати. Ни мајка барала ни татко. Барем си одболував на раат денес
Мајка , не се отксжувсј. Нема да се одбие ако не даваш шише. Ти имаш премногу млеко и градите ти се цврсти, бебе не може да фати и затоа плаче. Ќе се среди за некое време. Само пред да го доиш испразни ги малку да омекнат. И не чекај да почне да плаче па да почнеш со доење, туку малку порано кога ке почне да шлапка со муцето. Издржи , гледам дека имаш желба да го доиш и имаш млеко. Кратко ќе трае ова, може недела дена и ќе помине.
Оооо мајка борба водам секој ден, но градите не ми се повеќе тврди, ми омекнаа, се нервира бебе дека ми касни млазот, а и изгледа намалено ми е млекото, кога се молзам не вадам како порано, а и синко оваа вечер никако не сакаше да заспие исто како сношти ( сношти го успав некако ), а оваа вечер ај си реков ќе му дадам пак да цицне може не се доцицал, дете влечи влечи и никако млаз да тргне и почна да плаче до зајдување. Никогаш нема да си простам што не можев да видам дека детето ми е гладно, му дадов молзено што имав замрзнато го испи и бараше уште ама толку беше уморен од плачење дур му спремив друго заспа. Сега се молзам едвај 40 мл извадив и си плачам оти потфрлив. А пијам и чај за доили и лактил. Ама изгледа е џабе. Како од толку млеко сега нема не знам. Ке морам барем пред спиење дохрана Ми се руши светот ми се чини...
Не тагувај. Имав и јас млеко а не можев ни 60 мл да измолзам. Ама бебе си напредуваше убаво и не се откажав. Па си продолжи да цица до кај 3 години. Еве сега сум со второто, два пати бев во болница со батко по една недела. Си доаѓам дома тој си цица. Неможе туку така да ти сцнема млеко, немој само да си правиш стресови. На колку време го доиш? Може му е многу па не сака толку наскоро.
Го доев на два, два и пол саати, ама од кога почна да ми доцни млазот почесто му давам зошто самиот бара. Го дојам кога сака, не се водев по саат, ама секогаш си водев евиденција кога бара да цица да си имам увид. А вчера и денес каката му беше зелена, вчера си реков од што е настинат му е ама по ова сценарио вечерва и видов дека дете ми е гладно и бара млеко, не ќе да било од тоа зелена кака. Како и да е јас нема да се откажам од доење, ќе бидам упорна дур можам, ке истрпам до контролата да видам како ќе кажи тамошната вага, ама ако треба ќе вкличам барем еднаш дохрана пред спиење навечер. Колку и да ме боли душа,ќе се помирам дека мора така. Или најрано кога може да се воведе оброк? Ако можам до тогаш да пролонгирам без дохрана.
А да не сте во 4ти скок? Тој период е тежок и со доење и со дохрана да знаеш. Мојот беше на ад па пак тој период како постојано да беше гладен, а шишето го туркаше нејкеше да пие. Ако е до скокот издржи ќе помине, биди упорна со доење. Ама не се опседнувај и не тагувај, битно е ти да си смирена, па како ти е полесно тебе така прави Едит: извини сега прочитав дека е во 4ти скок. До тоа е мајка, ти имаш млеко сигурно ама поради тоа што е веќе средена лактацијата не вадиш со пумпа оти си се навикнале бебе да цица. Ставај на града почесто овој период не чекај 2 саати, ќе издржите 2-3 недели и после па ќе си се вратиш на старо со доењето. Самп биди упорна и гледај што поретко да даваш шише, во скокот многу деца се одбиваат
И на нас четвртиот скок лошо ни помина. Бебе почна многу повеќе да сака да цица, мене ме празни, тегне немам млеко ме боли, и јас плачев дека снемувам млеко и дека е гладна, ама испадна период само дека е. Телото ми накачи производство. Тешкото беше што нас на спиењето многу ни влајаеше скокот, сега кога ќе се сетам, хорор. Ќе помине.
Знам дека многу деца се одбиваат, направив консултација и со консултатнт за доење, да правам компресии да надојде млеко побрзо ме советуваше, но не помага, и станува нервозен зошто нема млаз и после слабо ми цица. На прсти се број тоа колку пати имам шише дадено. Нешто што не сакам е ад да давам и досега е се од моето молзено. Ама снемува и од тоа. А така да го оставам не можам, се одра од плачење сношти зошто беше гладен и на крај се умори и заспа. Да сум свесна дека не е најаден и да не давам шише ми е многу сурово. Си реков ке издржам до контролата, да видам што ке кажи вагата, а навечер дур спие повеќе саати, ќе се молзам, колку измолзам толку и да му го давам пред спиење вечерта.
Да затоа ти напишав да не се опседнуваш. Јас направив грешка првиот месец поради неуспешно доење паднав многу во депресија, затоа ти велам битно е како тебе ти е полесно. Биди упорна, ама толку колку што ти дозволува психата. Може и да пробаш пред доење да даваш 30-40 мл молзено па да ставаш на града. Кај многу блиски помагаше ова. И само смирено, никако не дозволувај доењето да ти ги уништува среќните моменти со бебка