Фала ви мамасити на подршката што ми ја давате многу ми значи во овие моменти . Се надевам ќе се среди и ова и ќе продолжиме да цицаме како порано. Јас го давам мојот максимум и не се откажувам ама е многу тешко некогаш, веќе знаете.
Според мене најважно е ти да дадеш се од себе, односно самата да знаеш дека си направила колку си можела. Тогаш во иднина нема да се навратиш и да мислиш, ех, можев повеќе, не се потрудив... Ќе бидеш на чисто со себе дека си дала се колку си можела и тоа е тоа. Без разлика на исходот. Па, и не само за доењето, за било што. Добар ден, кафе пијам, татко и ќерка си играат, па ќе одиме негде да прошетаме. Школото... Па, школо ко школо, цела на мајка и. Не ја форсирам нешто претерано, гледам само домашна да си има ред за пишување и да стекне некои навики, дека материјалот се повторува и се пишува домашно. Инаку, и мене ми е досадно, школо, господе боже, фала богу што помина. Го оставам татко и претежно да се занимава со тоа и да објаснува. Јас да земам да објаснувам и одма почнувам со викање, ко татко ми со мене што правеше. АМА КАКО НЕ РАЗБИРАШ? И мене не ми е јасно како не разбира, иако знам како ми беше кога не разбирав, ама ај. И така, татко и среќа си е смирен човек, па си објаснува по сто пати. Мене ме тригернува и ме навраќа назад на дерењето и плачките после и не можам едноставно, па гледам да се тргнувам од такви ситуации. Имајте си убав ден,
Веќе ти одговориле другите тоа што мислев. Период е.. Издржи го без ад. И пумпата не е бебе, не е мерка дали имаш или немаш млеко.
Знам дека не е мерка, само вадам скоро дупло помалку млеко од порано па тоа ме загрижува и тоа што касни млазот. Инаку чувствувам дека неговото цицање си нема врска со пумпата, дека е многу појако и повеќе влечи тој него пумпата.
Не знам што ти значи тоа касни млазот, али верувам дека нема мајка која штом стисне шприца млазови од старт или штом дете повлече. Не е исто да стиснеш и да прсне од канал два, кога бебе цица прска од сите канали. Јас не би давала дохрана ако бебе полни пелени, мочка убаво, напредува и е весело. За станување ќе станува нормално, сега е и во скок ко што се сеќавам а мислам ти пиша и дека имаше циклус, нормално е да се намали количината. Издржи ден два макс недела ќе се врати се во нормала. Најважно, не се преоптеретувај со тоа. Мамс, помина крштевката. Како смо се надали, одлично смо се провели, бејби не зуцна, мирен бајче, смо на пресоблакање заплака јер оделцето за 9м некако непрактично. Не знам зошто такви непрактични ги прават бе... Демек боди, како бре, доле не се откопчува скроз, џабе го напраиле боди. Кумата купила дебелки алиштенца па жешко му беше па ајде и тоа мака, ама издржавме некако. Во принцип најмногу мака видовме на соблакање и облакање, се друго топ пројде. Али пред влагање тие пред нас што беа, како жестоко се скараа снаа и свекрва, што на излагање кумот ми вика Кумашинке да ти го дадам детево да не ми спукаш и ти на мене Така човечето мое си влезе во вера и сеа чекаме да проделува тоа мирото и да се смири малку, ваљда му стаиле со одложено дејство, не знам, уште не делува Мајка втора недела на работа, некако ич ко да не ми се работи, не знам зошто ама ај... Ме нервираат ситни тривијални глупости кои не функционираат, ко да имам функционален компјутер да е нешто најнормално, ама... Многу брзо ми поминаа овие 9м, ко вчера да се тркалав низ старата канцеларија. Доста беше, да се вратам на работа, кафе испив, водата ја налеав, сеа да работам. Убав ден!
Немам добиено менс сеуште, така се чувствував во стомакот како да ќе добијам ама не .... инаку мислам на рефлексот на испуштање млеко ми касни, бебе буквално ко на празно влечи едно 30 секунди а некогаш и повеќе. И кога ќе му надојде млеко веќе сме ок, ама ако се изнервира премногу тогаш и слабо цица. Имавме два дена зелена кака ама фала богу се смена од вчера е ок. Каката ме натера да мислам дека е гладен и дека не цица како порано, тука ми се склопија работите. Ама реков ќе нудам града често, кога сака цица повеќе кога помалку и тераме, па здравје контролата ( вагата ) ќе каже што понатаму. Фала ви на сите за подршката, сега сум многу по соземена и решителна да успеам
Каката не е секогаш репер да знаеш. Битно е да мочка редовно, додуша сега со потењето и тоа не е репер некој. Ако напредува нема што да ти е мисла, а со шише само имаш ризик од одбивање кога веќе влече одлично. Брзо ќе се навикне на новиот ритам, не се сеќирај.
Мамасити да не биде нон стоп жалење. Синко сношти наместо да спиеме ние си гукавме се вртевме во кревет како стреклите на часовникот, кога е на стомак собира нозе, крева газе, сака да лази пустиот, ама рацете не му се исинхронизирани со нозете па само у место лази и заспавме во 10 и нешто. Преку ден кога е буден сака само на тераса, а влезам внатре почнува да се буни и лити. И тој знаел да се лути, их газе мало Па денес папирологии, поднесувавме со мм за помош за прво дете, за еден лист два саати отепавме и пак не ни го дадоа и утре треба јас да одам да средувам зошто мм замина на терен. Добро е што вреди да се губи тоа време по документација. Убав ден да си имате
Мајки имам едно прашање не е околу бебињата стриктно ама општо како за мајки…дали би купиле персонализирна книга за бебиња и деца, направена со кратки приказни и илустрации во која главен лик би било вашето бебе/дете? Одамна се вежбам да цртам илустрации на таблетот, не за нешто конкретно ама отсекогаш ми биле интересни оние детски илустрации, со шарени бои, со интересни ликови, ги обожавам цртаните на Гибли и по малце се учев да цртам. Така седеејќи ми текна дека уствари би било забавно да му направам на моево персонализирна книга со него во главна улога и приказна околу нешто што нему му е забавно во моментот и така ми се роди идеја дека можам тоа да го правам и за други луѓе. Е сега немам ништо убаво осмислено, ама не знам колку од вас знаат дека сум професионален уметник, не во овој жанр ама сепак успешно владеам различни стилови и техники, па книгите не би биле онака бош, туку баш профи нацртани. Сега за сега размислувам гласно ама и ме интересира дали би имало побарувачка на истите…во Лондон често сретнував на страни пресонализирани детски книги, може има и кај нас, сигурна сум дека има, ама сепак не верувам дека е многу застапено. Што мислите?
Има и кај нас, kidling.mk јас лани нарачувац за поклон. За други не сум слушнала. Ако се одлучиш еве јас одма ќе нарачам. Многу убава идеа, мене многу ми се допаѓа.
Ги видов сега, сепак не сакам во тој стил, овие ми се многу дигитални искрено Јас размислувам за нешто побајковито, комбинација на рачно цртани илустрации и дотерани на таблет, така да би биле поразлични од овие и не би ми биле толкава конкуренција. Јас планирам нешто во овој стил да бидат.
Како љубител на книги и уште од најмала возраст гледам да и ја пренесам љубовта на ќерка ми кон книгите ( сега за сега сме на добар пат, обожава книги) ова е едно големо да. Одличен подарок за сите љубители на книги, па и на оние кои не се. Ќе го шириме бизнисот навака
Супер ти е идејата, ако ја спроведеш јас одма ќе купам. Инаку и јас сум уметник ама овде во Македонија нема заработка... Бај д веј, јас сум на раб на нервен слом, или паѓам у депресија а не знам Снемувам млеко, добив циклс два пати, бебе сака цицка, млеко нема, шише не фаќа, плаче не спие... Не знам што да правам.
Баш утрово ги гледав тие на кидлинг, ми треба за подарок. Ама искрена да бидам не ми се допаѓа тоа што се всушност идентични книгите, се сменува само името и некои црти на ликот, а приказната и илустрациите се тие. Фактички персонализирана е само пораката и секако името на главниот лик. Предобра ти е идејата, мислам дека можеш да успееш. Илустрациите бајка
Ох мајка верувам многу ти е тешко, пробај со различни шишиња, некое мора да фати, пробајни со различни техники на хранење, лежење во позиција како да го доиш, на нозете подигнато, некако ќе упали. Не може гладно да седи, мора да пројаде евентуално. Инаку фала на подршката жени. Ќе размислам убаво и ако ја пуштам во обрат идејава ќе се најавам тука. Инаку илустрациите погоре не се мои, ама во тој стил сакам да се, како бајковити.