Само што му нарачавме на малиот ваква книга за прв роденден од компанија за персонализирани книги, што почна да работи локално во државава како мала start up издавачка куќа, а која за неколку години направи милионски профит и се прошири на глобален пазар, низ Европа, во Америка, Австралија, Канада и вработува околу 150+ луѓе. Ова им е американскиот сајт, јас ја порачав од локалниот, на овдешен јазик. Само овде е поинаков, современ концепт, не како твојот магичен реализам, ама со добра замисла, реализација и маркетинг потенцијалот е голем.
Преубава идеја. Одма би порачала и јас. Овие илустрации некако мене ми се мрачни за деца, јас би вметнала по ведри слики, со повеќе сонце и зеленило. Еве пример јас би сакала книги поврзани со некои проблеми. Пример приказна како ликот се учи да мочка во нокшир, или како не се плаши сам да спие во соба, или пример како се радува на доаѓање на новото бебе. Нешто во тој стил за полесно да се надмине тешкиот период. Ова само како идеја, штом си уметник верувам ќе се внесеш доволно. Одсмисли се и ако се решиш чекам линк, одма ќе нарачам
Се надоврзувам на одговорот, исто и мене не ми се допаѓа што изгледа како ефтина AI генерирана илустрација, всушност не е многу уникатно. Твпите идеи ми се допаѓаат повеќе, само треба да размислиш и од логистички аспект, колку време и труд би ти одземало и колку би чинело.
Мајка и ние сме четврти скок и истото ни се случува со цицањето со тоа што се и привлекува внимание кој зборне, помине низ соба ,се трга од града и ме гледа почнува да гуга и не ја регистрирам . Ако знам дека нешто ќе и привлече внимание одам во спална спуштам ролетни да биде темно и така цица . Може да повлече па да направи пауза со врискање , а не е дека и се пртка оти сум пробала претходно вежби правевме за гасови и давам цуцла да се смири , се навалува зо главче на мене и одма правам трампа буткам цице. Ако и тоа не ми успева стоенка и нишкам и цицаме. Ова ми е од искуството со бате, најтежок период ми беше и првиот пат овој четврт скок , но ајде се ближи крајот, само упорност и смиреност.
А колку боли кога се трга заедно со брадавицата, таман ги тргнавме силиконските, десната поосетлива ми е и ете веќе ме боли. А сега да враќам брадавици ми е страв да не го збунам само повеќе. Се надевам ќе помогне мачкањето. А моево дете решило секоја ноќ наместо да спиеме да вежба и да гука. Седам и го посматрам, се сврте на стомак и намерно не си ја извлече десната раката му остана под него, легна и го сврте главчето на лево, почна да го крева газот, а со нозете рита рита и се турка и оп ете го на грб се сврти. А јас се мислев пробува да лази во место , ама ете тој што пробувал од вчера Затоа сега воопшто не спие мирно, само мрда лево десно со главчето. Отидов и јас дур не му текнало да се буди . Добра ноќ мамасити
@1209 и сценарија ќе смислиме со другаркиве @IRBBB и @le.soleil Инаку баш би сакала така книгичка со сите глупости што ги прави што моментално ме вадат од кожа ама за 10 години ќе видам илустрирано како пробува да го изеде мачето и ќе се смеам со солзи
Одлична идеа, јас имам на маж подарено персонализирана книга, во неа има порака од мене за него и Нина, одбрав каква боја на коса,очи, фризура, стил да имаат и 5 кратки приказни. Кога ја виде, солзи не запреа. Фактички книгава е со нивните имиња, "ликови" и како он и чита неа. Сигурна сум дека знаеш што сакаш и дека и ти ќе измамиш горди солзички на ммогу деца/родители
Добра вечер, долго ме немаше. Не можам да заспијам од уплав. Малиот обожава да се тутка во нешто додека спие и така ја заглави ногата во решетките од креветчето. Не му е прв пат, ама сега едвај му ја извадов, паники на макс ме мавнаа. @Erika.greeneyes имам пишано во темава многу пати каков строг родител сум околу исхраната. Золва ми има дете еден ден постаро од моето. Јас искрено не бев за тоа да почнат од 4 месеци со цврста храна бидеќи и двајцата беа напредни со млекото, а и некако ми беа неспремени. Небитно, муабетот на золва ми беше ќе му давам од 4 месеци и ќе јаде се. Почна со кисело млеко на 6м, па даваше мед на цуцлата, па даваше се што јадат тие да проба нели дека е машко. Нон стоп ми зборуваше дека ќе имам не јадач бидеќи го држам строго. Сега син ми има скоро 14 месеци, има 3 цврсти оброци две ужинки пие вода, млеко, чај или што би се рекло од се дај шта даш. Додека пак детето на золва ми уста не отвора сеуште јаде по пола каша со молење и со сила. Што значи се е до детето, апсолутно нема врска како го гледаш, ако детето е јадач ќе јаде, ако не е, на глава застани нема да смениш ништо. Нека е здрава и да има имунитет другото не е важно. Син ми на се што јаде и плус пие секакви витамини воопшто нема имунитет, да измислат најнов вирус прв ќе го фати. Немам пишано одамна, правевме свадба и крштевка, синко два дена пред свадбата гореше од температура, полн со секрет. Ден пред прославата трчав кај матичната ја молев да ми пиши антибиотик да го поминеме денот без стресови. И ако сте помислиле на нас, син ми ја касни уште вакцината на 6м што требаше да ја прими од што не е салам оздравен Очи од срам ќе ми капат кога ќе го однесам веќе прозборен на таа вакцина Одам да спијам, ќаос
Здраво мајки Ние мк сме веќе една недела. На бебуш му требаа неколку денови да се навикне на новата средина, па веќе си е супер, да не подречам. Мене други мисли ме мачат, каде што живееме породилно е вкупно 4 месеци, бебе треба да тргне во градинка од 3 месеци. Јас успеав да одложам еден месец, толку ми дозволија од работа, па сега ноември треба да е стартот. Никако не можам да се помирам со тоа ако ми верувате. Бебе е генерално мирен, но си сака убаво внимание, нишкање, успивање, плус и сме на цицање, па така да ќе морам да измолзувам, но со пумпа не вадам доволно итн.. не верувам дека ќе го тинтраат толку во градинка, и си ја замислувам пример сликата како он плаче да се успие, (а нормално при толку дечиња дали и ќе му дојде ред да му обрнат внимание а не па да го успијат), и зајдува до заспивање, еве не знам. Почнав сериозно да размислувам да дадам отказ, за да си го чувам бебче. Финансиски ќе сме ок мислам, но некако се плашам да ја направам таа одлука малку, а од друга страна никако не сакам да го пуштам во градинка толку мал. Ако имате некои мудри зборови за мојава ситуација, ве молам споделете, се борам со мисли. Убав ден
Јас каде што живеам 2 месеци е породилно. За во градинка не ни размислував да ја пуштам, друга опција е нормално дадилка барем тука сите така функционираат, но не се пронајдов ни во тоа. Финансиски бевме океј и со една плата и дадов отказ. Веќе 2 ипол години не работам, со оглед на тоа дека уште едно бебе е на пат уште 2 сигурно нема да работам. Мислам дека ја направив најдобрата одлука, затоа што гледам кога ќе слеземе тие што растат со дадилки многу повеќе се поврзани со дадилката отколку со мајката, ја не би можела тоа да поднесам искрено. Перидов и си запишав курс, го завршив и сеа нормално вежбам да можам од дома да работам нешто.
Скроз добра одлука, дете до 2 год во градинка е залудно потрошено време, паднат имунитет и само настинки и болестое закачи, ништо друго. Над 2 ге веќе друга приказна, разбира, збори, си игра и сл.
Мојата почна во градинка сега на 2 години и 8 месеци. Затоа што и нејзе веќе и стана досадно да биде по цел ден со мене. Иако и сега оди само од 7 ипол до 12 ипол. Сега е задоволна и среќна што оди во градинка тоа го знам.
Кога останав бремена после породилно решив да дадам отказ и во меѓувреме колку можам да се надоградувам,ќерка ми за некој месец ќе полни 3 год,а имам и бебе од 4 месеци, успеав да завршам курс кој го запишав а сега работам на искуство,зборот ми е дека бебчето ќе е многу мало ,му требаш, а сепак може да правиш нешто во тој период додека да тргне градинка ,пр.да се надоградиш во работата која веќе ја работеше.(за самата да не се осеќаш дека не правиш ништо,иако гледање и воспитување деца е далеку од лесно),се тоа додека финансиски ви одговара.Ќерка ми ќе почне градинка скоро,но со синко сигурно ми треба уште 2 години. Пред се, бев голем воркохолик,работев 9год без прекин,дали би сменила нешто во одлуката,НЕ,иако искрено почетокот ми беше тежок. Јас сум една од оние мајки кои не сакаат децата да им се поврзуваат со други особи(освен со најблиските),а како што спомна членка погоре,сум видела деца поврзани повеќе со дадилка одколку со мајка.
Срц, немаш опција нешто од дома да работиш? Реално малечко е уште, мислам дека привремено ќе успееш и така. Па нека направи некоја возраст кога мислиш дека треба да го пуштиш, па тогаш да се замешаш со луѓе на работа
Породилното тука е 3ипол месеци. Ист случај како твојот бевме. Баба сервис немаме, работат, требаше или градинка или дадилка. Решивме да дадам отказ и реално тоа ни е најдобрата одлука. Сега гледајќи го и не можам да си замислам да го оставам на друг на таа возраст. Во мегувреме го завршувам школото што го почнав пред бременоста, запишав француски и сега почнав да барам работа со дипломата. Ако можете финанскиски остани дома. Работа секогаш се наоѓа, ама бебињата еднаш се толку мали. Мислам не вреди поради страв од промена да оставиш некој непознат да се грижи за него кога си му најмногу потребна.
Ви благодарам на споделените искуства девојки Како се ближи денот, се повеќе сум сигурна дека не сакам да го пратам во градинка и да се вратам на работа. Ќе проверам со фирмата ако сакаат да ми дозволат работа од дома, ама мислам нема да сакаат. Како и да е, како што спомнавте погоре, не можам ни да замслам да го оставам на чување кај некој, само кај мајка ми до сега и кратко свекрва. А и не сакам да го пропуштам тој период, многу ќе ми биде криво. Ќе пишам пак што испаднало за некое време, ама е јасно за што сум повеќе.
Да се јавам на главна каса по подолго време Поздрав сваќе @LiquidLuna Една година е доволно време детето да биде дома. На детето за неговиот развој, местото му е во градинка и социјализација и интеракција со врсници. Тоа што ќе поминува низ вируси и настинки ќе мора да го избилда тој имунитет, а за да го стекне мора да помине низ него, а ќе помине сигурно дали на година, три, пет или кога ќе почне во школо. Што да правиме ние што децата ни се приврзуваат за сите? Ќерка ми со тотален странец да ја оставам ќе го претпочита пред било кој. Од мала си ја подававме ко штафета сите. Па тек кога ќе ја дофатеа колегите или другарите на маж ми, не можев назад да си ја земам, нејќеше дете да се раздели. Ептен беа корона години и пукав од нервоза ради тоа, иначе здрава врска не се гради ако ја чувам дома за да не се приврзе со баба или дадилка или учителката во градинка. Детето мора да научи да функционира низ сите тие односи, без само да чекаме да ги израсне. Еве го второво тотална спротивност, не дава никој да ми се приближи, само со него да се гушкаме. Го мењам одма за 3 независни како неа! Лажам мој си е и не го давам на никој. Тој ми е она второто што велат да е живо и здраво. Полна година е и чекам со душа да добиеме место во градинка што побрзо. Шу праите? Поминавме одмор. Прв фамилијарен сите 4ца. Беше повеќе хаос додуше. Некогаш убав хаос, почесто вриштачки слеш плачки слеш драми хаос. Милион пати премерив дека авион е најбрза и најбезболна опција, ама за доле ми требаше кола и дупли седишта за нив двајца, а тоа ми е дополнителен непотребен трошок. И така се собравме во количето и тргнавме низ авантура преку неколку држави. Уште пред да заминеме веќе почнаа да изложуваат новогодишен деко овде значи уше во Август, па се вративме од море директно во зимска магија. Иако времето не послужи до минатата недела, веќе денеска е свежичко и мириса на зима. Како некој што пиел чај единствено кога сум била болна, па и тогаш со многу негодувања и натегања, не можам да ви опишам колку убаво чувство имам наутро со првиот чај. Дури и на лето, ама на свежо време ми има посебна магија. Не знам кога и не знам како се случи, ама веќе неколку години утрата ми почнуваат со топол чај во тишина ( иако тишината честопати е дискутабилна во последно време ) без разлика на годишно време и тоа ми е едно од поголемите задоволства во животов. Во меѓувреме дечкиве настинати, мрсули на сите страни, се кашла и кива по цел ден. Тоа значи дупло покенкави и дупло повеќе скокање по моите и така истенчени живци. Нека минува само побрзо, па и јас имам планови за во овој живот бе!! Собрав првата сушара и ја наполнив по вторпат. За ручек супа од петел због ради болни дојчини и тоа за денеска. Ако успеам да се налакирам ок, ако не следната година сигурно. Мали заспа, си ставив кафе и отворив мини ореос, нек иде живот. Чуси
Ооо здраво маче Да се помириме дека ко тинејџерки нема очи да им видиме? Не знам за Ирис ама девојкава со сите си оди на врата Да оздрават побрзо и да не квичат многу И пишувај почесто