Денес една година од кога ги видов тие две цртки на тест за бременост и ми почна еден од најубавите периоди во животот за кој се боревме цели две и пол години. Еве ја таа надеж спие во креветче до мене, која почнав да ја негувам токму од овој ден, и со многу прашања и малку стравови ги изтуркавме тие 9 месеци. Сега уште една недела и ќе наполниме 4 месеци. 4 месеци со турбуленции, ама турбуленции што ми го обоија животот во најубави бои. Убав ден да си имате мамасити
Не знам сега што да мислам за градинка со муабетиве... Триста ума. Од една страна сакам парт тајм да ја пуштам, сака да се дружи со сите, од дечиња до баби, од друга страна оверпротектив моментот ми се активира само што ќе ја замислам во градинка кај што некое детенце ја удира, а воспитувачката ја мрзи да изреагира. Филмови
Na koja i vozrast da pocne so gradinka mislite na majka sekogas ke se tamu. Gradinkata si nosi i ubavi i losi strani ( bolestite). Tesko i da se odredi koga e toa vistinskoto vreme za gradinka, ova najverojatno samo spored okolnostite moze da se odredi. Moeto trgna na godina vo gradinka, veke 2 ipol godiini e tamu. Mislam deka od Januari navaka ne krenavme glava od razni bolestini i cuda. Nekako mi dojde se izbrzano so prvoto. Da imam vtoro bi go pratila od dve godini da odi i ne deka zaradi deteto tuku licno zaradi mene. Sakam da ne moram da brzam za na rabota, da mozam da go duskam toj bebeski miris nautro i da ne se stresiram so sekoj povik na telefonot nautro.
Здраво мајки Бебе денес 40дена и кај мајка си дојдовме како што е адет. Не дека е адет, ни па дома седевме до сега па ајде на шетање туку некако ми недостигала мојава дома, не знам како да го опишам чуството, да дома ми е со мм и бебе, тоа е наша дома наше мало среќно место, ама ова е моја дома Не можам да се изнагледам на моите како му се радуваат посебно татко ми, а бе очи нема тргнато од бебе кога и да сме тука. Колку љубов на мене и на брат ми ни имаат пружено на бебе х10, мислев не можело повеќе да се сакаат родители ама како ги гледам со бебе какви се уште толку ми се зголеми љубовта за нив. Мајка ми одсекогаш била дечарка ама татко ми не, освен со нас со други деца ваков го немам видено, срце полно Бебе како бебе вика, кенка сака да спие сака и да гледа наоколу, па саат време на цицка ми седеше и конечно ене го во спална спие, се надевам ќе одмори малку и он и јас Во врска со градинка што сте зборувале, јас баш пред некој ден на мм му викав како ке го оставам ова бебе мое како ке тргнам на работа. Кога останав бремене фирмата се затвори и од 3 месец дома бев, кој ке ме прими трудна нели. Трудна зборев барем 1 година ке направи па ке тргнам на работа ама сега мислам би седела дома додека не тргне на школо знам, свесна сум дека тоа е невозможно и дете треба да се социјализира, навики се градат од мали нозе ама имам време ке му ја мислиме тогаш Имајте убав ден
Ти чинам навака ќе доаѓаше, не знам дали таа опција воопшто е можна во дојчландијава. Да не те разочарам ама ние најмногу ќе го јадеме, оти нас дома ќе не стругаат. Сите сме оврпротектив, ама реалноста е таа дека мора да поминат и искусат многу работи на своја кожа за да научат. Парттајм е супер за почеток. Верувај, нема да и фали ништо. Сеуште ќе имаш доста време за неа, ама ќе имаш и само свое време за себе. А за своето ментално здравје тоа е многу потребно. Времето со нив е скапоцено, ама дома цел ден кловнови сме со децата. Си треба баланс како и за се друго и за нив па и за нас, и тие со врсници и ние. Без форсирање, налегни си ги мислите за доброто на двете и ќе видиш што ќе натежне.
Се разбираме. Не сакам да сум оверпротектив родител, контра услуга е за детето. Е ама на секое треба да се бориш со себе, и ми дојде да си се истушам тука
Сретнав многу мајки по форумов што го имале истиот проблем како мене (камења во жолчка после породување) подарувам Ursofalk 4 ленти има внатре од третата има уште неколку таблетки другите 3 се цели. Не знаев каде да се обратам па затоа тука пишав доколку не е за тука слободно администраторите нека го префрлат мислењето Имаат рок до 2027.
Мајки, јас еве додека се спремам за спиење, да ве поздравам и да си кажам дека официјално се префелам во темата од 6-12, бидејќи од денес сме со полни 6 месечиња, кои пребрзо ми поминаа и не мислев дека ќе бидам мајка која уште од сега се "паничи" како ќе оди на работа за три месеци Ова било многу тешко некако... Бебе си е супер, сега е во фаза на милион насмевки, на глас, со очиња, со усте, со рачиња, секако. Преслатка е и уште не ми се верува дека е моја Многу сум среќна со неа. Ми отклучи ново ниво во животот и вечно ќе ѝ бидам благодарна. Секогаш се прашувам дали ако имам второ или трето дете ќе го сакам со овој интензитет. Пфф, какви полноќни мисли, дефинитивно е време да си легнам. Имајте добра и мирна ноќ со вашите најмили.
Добро утро Добар ден На темава со ќерче немам пишано ништо. А ми порасна. Опасна ми е. Ко голем човек, се разбираме комуницираме. А нема ни 15 месеца. Знае да каже и по некој збор а омилен и е маммма Знае и името да си го каже, по нејзино. Па го трансформиравме малку Знае да си покаже делови од телото. Буквално разбира се а јас се чудам дека со големиот имав мака. Можеби дека беше навлечен на цртани, па го мкнев и на дефектолог уфилмана дека има аутизам Еве да искористам да кажам, не за тв екрани. На малава не и пуштаме воопшто нити загледува. Ама можеби е понапредна дека девојче, така велат. Инаку, јас сум пресреќна мајка, желбата ми е исполнета да имам машко и девојче Иако девојчето е татина маза, тато не дава да и се повиши тон, сосем спротивно од синко кој патем е син на мама во буквална смисла Можеби дека прв, разгален е , тешко се разбираме по сто пати ќе кажеш не слуша… Некогаш ме вади од такт, а мајка ми е тука да ме утеши дека тоа се должи на училиштето, нови другарчиња и нови навики читај глупости Овие неколку дена сум дома и дури ги гледам сфаќам колку ми фали да сум со нив. По цел ден речиси не ги гледам. Попладне сме заедно само Нели е премалку? Спремаме крштевка за шмизлето , има најубава сукња со тул прчле е . Кумата незнам што ќе купи, нити ми прати нити ме праша за број. Ние кога крштевавме оставив да си избере кумашинката фустанче и чевли. Торта незнам дали ќе нарача, па нарачав и јас од Перфето. Да не биде дека чекаме од нив Инаку, ним ќе им дадам пари, кој што сака нека си купува. На децата иѓ купив нешто што знам дека ќе ги израдува. Имајте убав ден мами , со најмилите а и убав викенд
И јас дотерав син мајкин оти иначе во тренерки го облекоа кумовите, ама пак беше убав. На малата кума и било ќеф. Не ми беше толку важно додуша. Ама ме прашаа, немам проблем за тоа и сама реков, како одбере кумата така. Да е жив и здрав на крај бос го крштевавме а тие и патичиња му купиле
Фала многу! Ние очекувавме да ја испие водата и да го удави попот со тоа шарпата што ја носат, ама одлично поминавме, проплака само на облакање соблакање ама брзо се смири. Мајкин! Еден озбилен што беше, еден смешен
@eli25 , ние за крштевка си порачавме торта од дома за сите гости, плус кумата си донесе посебно. Се ближи време за работа. Мислам веќе почнав да попуштам со нерви по дома и едно исто, па исто 9+ месеци, и во бременоста бев пред пораѓај дома. Веќе ми фали да се смешам со луѓе, да сменам мисли. Туку, дали давате подароци исто на вашите и роднините на сопругот? Никогаш не сум делела ама сега во иста недела и од едната и другата страна очекуваме бебиња. Поентата е што едните, кај моево дојдоа и со подарок, на секој празник како Велигден и сл, доаѓаат носат по нешто, од одмор кога беа повторно купиле подарок и донесоа. Не дека се работи за скапи работи меѓутоа се таков тип на луѓе. Другите воопшто не се дојдени со подарок за моево бебе. Не се работи ни за финансии, ни за ништо слично кај едните или другите. За блиски роднини е муабетот. И сега дилема, дали јас по заслуга да се честам или исто за двете страни?
Дури немав деца исто беше и за од едната и за од другата страна. Сега кога имам деца секој според заслугата, колку дават на моето толку давам и јас.
Мајки морам некаде да си го искажам револтот и како тоа стигнавме у Козле со бебе со пневмонија на 8 месеци. Значи детево ми се разболе пред два месеци префати вирус некој и од тогаш навака има шлајм секоја недела сме на доктор и цеееело време матичната не лекуваше со витамини и со инхалации, де вентолин де кортаир. Пред 2 недели фати малиот стомачен вирус и побарав брисеви да се направат со што испаднаа бактерии во нос и во грло, на тоа ни дадоа антибиотик и пак инхалации оти детево цело време ми грчеше. После 7 дена отидовме на контрола и и кажувам значи дека детево се задишува и покажувам видео како диша после јадење највеќе и дека се заморува и све тука и објаснувам, и од како го преслуша докторкава(матичната беше на одмор, кај замената нејзина бевме) вика супер си е детево оздравело и толку со инхалации допијте си антибиотик и контролни брисеви направете. Е арно ама (и цела среќа) мм пред тоа договори преглед у Козле кај една докторка да го види детево пошо очајни веќе станавме никако да се среди детето. Од кај замената дојдовме правец у козле и го гледа докторкава и вика детево има пневмонија. И кажав дека идеме откај педијатарот што ни рекол дека детево е супер и докторкава се зачуди како може да не слушне вика и на дишење се познава и на слушалка. Ќе напоменам дека се работи за доста прочуена докторка во Ск. која откако и кажав дека завршивме во болница со пневмонија ми врати само ОК. Мене ми е ова прво дете и искрено немав искуство со вакви работи и се јадам жива што порано не дојдовме во козле туку ги слушав нив двете и го лечев детето со инхалации и се изнамачи. да доплнам и дека детево ич не ми јадеше и сто пати и кажав на докторкава, а оно уствари мака си имало душа моја, сега веќе почна да си јаде баш убаво откако делува антибиотикот... Убав ден мајки, ние ќе си полежиме до понеделник, се надевам што побрзо да ми оздраве детето
Ако ме поканат да идам секогаш носам подарок. Ако не, сама не се канам. Имавме ваков случај за пријатели од моја и од на мм страната (блиски). Во исти период имаа бебе и моите не поканија однесовме убав подарок, и секогаш кога не викат на гости носеме по нешто. На мм пријателите не не поканија воопшто цела година и тек дури сега на роденденот однесов прв пат поклон. А тие кај нас доаѓаа, и постојано носеа нешто за бебе. Не давам подароци така, ако идам кај нив дома тогаш носам
Веројатно и така ќе е, па кој сака нека се лути. Тоа ми е најголема дилема. Цело лето носиме подароци за матури, полуматури итн, кај роднини оти така требало, а ни некој не поканил, ни ништо. Ама демек ајде за детето од прва братучетка. Па, за од старосвати. Срамота било без подарок и така.
Нема срамота. Јас веќе не се замарам и само кога не канат на нешто носам. Кога имат трошок за мене да платат порција и сл тогаш ќе вратам и јас, ама онака без пригода ми нема поента да купувам.
Мајка од искуство слушај интуиција, и моето големото го лечеа на природна база ништо не му ништо не му, и јас правец државна таму исто доле на прием ништо не му е, цела болница ја кренав во воздух, и на крај ме пратија на 4ти да го слушне специјалист, само што му стави слушалка ми кажа оди спремајте се ќе лежите има спуштено, и нареден ден дека и малиот ми поткашлуваше го носи маж ми кај матичната и кажува дека големиот лежи во болница и на него му даде зинат од ништо дека не му е, во болница среќавам колешка од факс од кај истата матична, ист случај ништо нема, и кога го носел малиот на контрола таа се смеела како две деца од кај неа заедно лежат, и после коментирала ја зборат на нет, па ќе ја зборат, собрав картонот и да ме нема од таму, така да моја препорака зимај картонот и да те нема
Добро утро мајки Понеделнички мир. Дете во градинка, маж на работа, а јас си блеам во празно и полнам максимум батерии. Знам дека миров нема да ми потрае и затоа користам. Ама ако, полека и возбудата расте. Ни расте семејството и нема ништо поубаво од тоа. Големиот батко детенце цело, па колку сака да се гали и гушка. И во градинка учителките ги гушкал нон стоп. Многу е разбран, а и многу сака да си глуми. Кај му истекнуваат такви работи. Легнува на земја и демек паднал. Не станува додека не дојдеш да му помогнеш. Или навечер пред спиење доаѓа кај едниот па кај другиот и не успива. Нан, нан, нан и ете ти прст во око. Па прај се дека спиеш. Со јадењето уште не сме на ти, ама барем во градинка викаат дека се метла прави, тоа ми е утеха каснува и манџа и месо. Дома уште не сме виделе како тоа изгледа. Устата фластер за се. Да одам да читнам некоја страна книга, саатот ќе изврти у 4 трепкања. Ве поздравувам и ви посакувам убава недела