Доброутро мајки!!! Кафе за почеток на денот, нов ден нова борба, нова радост, штрбави насмевки и какани пелени Не пишувам многу на темава, обично барам совети во таа другата. Ама денеска некако така ми дојде додека пијам кафе, ми дотежа да не кажам... Бебчево мое никако не фаќа шише. До пред две недели беше само на доење (2 и пол месеци има), ама почна да ми секнува млекото. Некој ме праша на форумов како знам дека нема доволно млеко, не спиеше, плачеше нон стоп ај си викав во скок е. Будала јас сум си го изгладнувала бебето. Отидовме на педијатар, кога ја измерија ни 100 грама не напреднала за три недели, душа мајкина, ми се плаче додека пишувам. И така по препорака на педијатар ќе ја дохрануваме, арно ама цуцла и шише нејќе да види, вришти ко да ја колеш, цице бара само. Се што слушнав од шишиња купив, џабе ни авент натурал не фаќа а ми викаат тоа ако не ти го фати ни едно нема да фати. Уште томи типи да купам и она на медела што е системот со цевче да пробам, ако и тоа не успее ја не знам што ќе правам. Се раниме со шприц едвај некако, голта срценце мало гладно е. Ама има некои денови плаче и голта, педијатарот ми вика ако плаче мора да јаде, мене срце ми се кине не знам уште колку можам да издржам, готова сум веќе мислам ќе паднам у депресија... И така... Ве поздравувам, наздравје кафенце, убав ден да си имате ❤❤❤
Само системот за релактација, сега има и на Хаака, ем млеко ќе ти се стимулира ем дете ќе прими дохрана. Ич не пробувај друго шише.
Најди ги на нет, haaka или така нешто беше. Побарав не можам да ги најдам, пиши им на инста ако имаш.
Да се испукам на темава и да ви го расипам утринското кафе. 8ми скок, бебе 6ти ден со над 39 температура, и двата кеца горни. П Е К О Л. Нека поминува, душа немам веќе.
Немам ни инста ни фб, ја малце ко у 5 век сум хахах... Негде у аптека дали можам да најдам таков систем, било кој марка?
Не најдов дали го има во аптека, ама еве го онлајн, ова е на Медела: https://www.mitra.mk/product/medela-supplemental-nursing-system-pomoshen-sistem-za-doene-sns/
Јави се во Медела и кај овие, еве сега ќе ти побарам контакти. Хаака - 071 297 680 Медела Македонија - +389 2 3296990 (Oва е БиМек, ќе им кажеш дека се јавуваш за медела прозиводи) Значи бараш Систем за релактација.
Само смирено, нема ништо од стрес, ако успееш да вратиш лактација ок, ако не ќе најдеш начин да пие млекце бебе, шишиња различни ќе пробаш, нешто ќе упали. Системиве за релактација се спас голем, верувам дека ќе ти успее ако си упорна, ама и да не успее, бар има начин кој е безбеден за бебулиња, ад.
Денес ке се жалам и јас. Не знам што е скок, грчеви, сака да се мази ли АМА синоќа од 2ипол до 5 во марама ми спиеше јас седната на спална он на мене и спие од 10 до 2 ипол се боревме, цица, заспал стави го во креветче после 15мин отвори очи и така во круг, мм го зема ајде отидов у друга соба да не ме осеќа може ќе заспие не бре нема шанси, очи црвени и кенка од што му се спие а не спие, зежмав и го врзав, поспавме двајцата, повеќе он одколку јас ама добро. Сабајлево у количка додека го возев спиеше, а застанам ке се опули. Еве го сеа у раце ми спие и се смешка у сон, дали ке спијам или ке се навикнам без спиење на второво ми оди
Добар ден мамасити. Синко мој денес полни 4 месеци Прва денска дремка, мама почна да средува алишта, тоа што е мало да се спакува да не прави гужви. Ги гледам алиштата и не можам да верувам колку пораснал, мајкино. И оп 40 мин и се бидиме, и еве го сега в раце ми спие , сака да се гали, а и во мамина прегратка е најубаво нели де Го тераме 4 ти скок, некој ден тешко излегуваме на крај, некој како да немам бебе дома. Со цицањето исто, некогаш убаво си цица, некогаш јадам ќотек во процесот. Ама ако мама кога ужива, а некогаш е готова да си ги искуби косите. Променливо ко времето и синко Ама кога ке ми го пушти најубавиот одмех се заборава мама
Исто и јас се осеќам ко времето да ме згазило . Ама може и ќе треба да стајме по еден Инстаграм за во иднина, оти слушам многу канали за бебиња имало. Па некоја идеа се ќе се најде за занимација. Штета што не сум мк, инаку еве мојот ситем ќе ти го поклонев. Само неколку пати пробан. Побарај кој е поевтин тој купи го. Јас се залетав по медела, а на амазон имаше и поевтини, само како цревце и шишенце. Реално истата намена ја вршат сите. И кажи како сте, третиот скок почна ли? Како поминувате? Мое бебе тешко ги минува скоковите. Упте не сме во трети, ама за една недела секако влегуваме. Успеавте ли да створите некоја рутина? Кај мене има денови како по план и денови анархија. Кога нит се знае колку се спие ни кога се спие. И тоа најчесто се деновите кога татко и е поприсутен дома. Кога сме ние два се трудам да врзе барем една дремка подолга од 1 ипол саат време и после е посмирена. Ама кога татко и е дома, се буди и му се смее, сака кај него да се гали, а ќе речеш ништо не разбира мало е. Па нормално после е преморена и нервозна и кенкава. Додуша секоја вечер после пред успивање е кенкава додека се успие. Ама после спие, по 4-5 саати во блок. Ама и спиењето е оф леле. Се врти глава. Некои звуци испушта. Нозе се креваат високо. Па се тегне, се фаќа по глава. И се тоа во сон. Како е кај вас со спиење? Женски здраво. Деновиве монотони. Се тоа па тоа. Едвај чекам бебла да пркне малку и да се фрлиме на шетање и активности. Практикувам бар еднаш дневно да искористиме убаво време и да одиме надвор. Едно да научи бебе дека секој ден се вози со количка, друго јас да се размрдам, оти стара мајка, кукови уште вртат. Мислев по пораѓај ќе помине и дека од бременоста ме болат, ама ете и по пораѓај уште коските ме вртат. Бебе расте, а мене грб ме фаќа, половина боли . Ќе треба да се вратам на вежбање, а како се прашувам. Што попрво додека она спие. Да се пуши машина, садови ли, правосмукалка ли, пегла ли, јадење ли.. ама ајде јас на мајчинско отсуство сум. Тоа ми е работа. Ми е жал некој пат за маж ми. Тој штом заврши со работа, како штафета ја добива. Ми се оди на море, есенско сонце и воздух морски да подишам. Ама малово ич не сака кола. И чудно дома и е најдобро. Дали оти си знае рутина, дали најсигурно се осеќа, кој знае. Не дека се буни на луѓе, туку посмирено е кога сме дома. А мора полека да се научи дека има и друг свет, дека не е само мама и тато и станов. Може и грешам, ама вајда навики за шетање од мало се прават. Вие со поголемки деца слободно ум давајте. Некогаш ме смирува кога читам дека не е само нашто вака. Дека сите се и дека не правиме ништо погрешно. Убав ден на сите
Давам кој како ми дава т.е враќам. Ако знам дека се финансиски стабилни, а буквално купуваат ради реда, така и враќам. Било мои роднини било на мм. Сум купувала за повојнива ептен и убави и поскапи и многу, ми вратиле само едно боди, епа за второто само боди им однесов. Сега за крштевката мајка ми давај секаде, они да поминат со поклон за крштевка само, а повојница никаде за второво, за првото беа, избега тетка, исто ќе биде и за нејзино следно внуче. Можеби не е ок така ама ич не ми е гајле.
Дилемата ми беше оти тие што даваат се од моја страна другите од кај сопругот, па демек моите си ги почитувам повеќе. А како што пишав другите не дека е за пари, ситуирани се и не знам колку пати го виделе детето ама еднаш не рекле еве 50 денари за една кашичка што се вика. Пак ќе речам, не сме до подароци дојдени или баш тоа да му фали на моето дете ама некогаш и смачено ми е да сме ние тие што попуштаат, што се помали. Имаше погоре за спиење некој пишано. Деновиве успева моево само во количка да спие така да пак ќе кажам сето она што демек не го правев пред да се роди бебе сега го правиме. Испрана летната количка, чисти тркала и на сред дневна. Ако нема друго решение тука спие.
Системот за доење е скап. Ако сакаш можам да ти дадам канила за иста намена. Јас така го доев на почеток, ги набавив од странство ми останаа многу. Пиши ми ЛП ако сакаш. Дали пиеш лактил таблети, чај лакта микс? Мене одма ми надоаѓа млеко од нив.
Фала ти за овие утешителни зборови, не знаеш колку ми значи, ептен сум во криза. Фала срцка ❤ Може ќе трба Инстаграм, во право си, да се уклучииме у нова доба Дали сме во скок не знам, немам апликација, 2 и пол месеци е бебе, валјда 3 скок ама јас дека имам проблем со хранењево и не знам дали не спие зашто е гладна или зашто е во скок. Порано ич не спиеше навечер, сега врзува по 4,5 саати на пр запива во 10 се буди во 2 или во 3 и псле се буди на секои два саати до 8 и тогаш стануваме. Преку ден дремките и се по 15 мин, пола саат, ретко да врзе 2 саати.
Кај нас е мешано и исто враќам, нема твои мои роднини, така е договорот. Иако ништо не им фали стварно, сепак тоа не значи дека не требат да се одчестат, кој колку може де, мнофу е во ред и едно боди ако немаш, па дедо еден во Гтц се гледаше дека едвај сврзува и од нигде никаде истаде пара и и даде на беба оти му се смеела.. јас како помала сум била во таква ситуација кај што не сум добивала ни една чоколада од никој, а сите чекале од моиве оти биле странство и мене според нив не ми требело, за на крај да ме повреди тоа и да плачам, а мајка ми спреми поклони за да им дадам као и све сум вратила дома. Исто и за децава мој, не можи за Нина да носиш повојница, за бебево ништо, Господ нека им даде 10 деца, ако купам нешто еф. Лошка сум.
Мајка пробај затемнета соба,легни ја во раце малку исправена ,залулај ја низ соба без да ја силиш да фати,така шетајќи подметни и ја градата ,кога ќе почне убаво да цица легни на спална со неа. Јас мака мачам со синко,ќерка ми цицаше без проблем,ова дете ниту плаче од глад ниту прифаќа,но не се откажувам,колку ќе качи толку,полни пелени,активен е,по цела вечер се буди да цица и мислам така надокнадува,5 месеци е и ја дуплира родилната тежина. Плачат ,да,но може дека не се наспиени ,ама и тоа им е начин на комуникација. ќерка ти,на иста вага ли ја мерат постојано,колку се роди(поголеми бебиња качуваат поспоро),полни ли пелени?како ти изгледа преку ден,не сум педијатар и ти најубаво си го познаваш детето,само мал совет дадов да пробаш, може ќе успее.