Уште нешто ми текна,легни на спална таа странично врз тебе нека цица,синко така прифаќаше на таа возраст,ти го осеќа срцето,ќе ја смирува а и кожа до кожа,и ти ќе се одмориш и да заспие така.
Хелоу мамаситас, како сте ми? Многу ретко ве читам тука, немам многу време, бебе е 100 на саат активно и не ножам ни минутка да го оставам, башка што имам еден куп други обврски. Дојдов да напишам само еден убав, позитивен и мотивациски пост, можеби некој ќе охрабри да направи некоја промена во животот. Имам пишувано и претходно, работев во фирма каде што воопшто не бев задоволна од условите. Долго работев таму и никако немав храброст да ја напуштам работата, цело време во глава ми се вртеше мислата дека ако напуштам, може нема да се снајдам, ќе останам долго дома, без лични финансии и така тапкав во место, трпев, несвесна колку сето тоа ми носи фрустрации, лошо расположение, летаргија... Кога останав бремена и останав дома на патолошка сфатив во колку токсична средина сум била на работа и колку ми годи што не одам на работа и сум дома. Поради тоа чувство на мир и среќа што не сум на работа бев убедена дека кога ќе се роди бебето, јас поради него, поради себе, поради сите нас ќе променам нешто за да останам така среќна и исполнета и да не се навраќам на лошото расположение што ми го носеше работата. Така и беше, решив да направам кариерна промена и да се префрлам во ИТ сектор. И покрај бебе, со огромна поддршка од маж ми, запишав академија и учев и уште учам, а во меѓувреме дадов отказ на работа и си реков "За нешто ново и убаво да почне, нешто мора и да заврши." Сеоак, најголен страв ми беше тоа за колку време ќе најдам работа, колку време ќе останам дома, невработена... Почнав да барам пракса и работа, ме викнаа на едно интервју но не бидна ништо, одам на второ интервју и погодете што: ја добив работата Не ми се веруваше што ми се случува, пресреќна бев. Во меѓувреме добив и уште една понуда за работа и тоа од одлична компанија и тоа тие ме контактираа мене, а не јас нив па ќе ја разгледам у нивната понуда. Не ми се верува што ми се случува, како да живеам во некој сон, син ми ми даде сила да бидам една подобра и похрабра личност која храбро се бори за тоа што го заслужува Сакав само да ви кажам да не трпите, посебно не работодавци идиоти кои заработуваат дебело на ваш грб. Не трпете токсични луѓе и средини кои ви ја јадат душата и ве прават несреќни. Бидете храбри и борете се за тоа што го заслужувате Ве гушкам Едит: Сега го гледам постот, колкав реферат сум напишала
Добро утро, Читам, читам и никако да седнам да напишам. Некако обврските ме погазуваат и периодов ми фали и одмор и концентрација. Лута сум си и на себе што дозволив да дојдам до некој стадиум се да ме нервира зошто не си посветував доволно време за се. Првачето конечно тргна минатата недела и за сега е пресреќен. Секое утро радосен оди. Учителките викаат дека се прилагодил како да не бил отсутен. Уште сме малку бо грч заради болестите, ама се надевам брзо ќе се стабилизира. Бебе од статично, заседна и во два дена научи брзо тркалање. Сега кога го оставам на под за 10 секунди се истркалува обично или кај кабелот од прочистувачот или под трпезариска маса па таму се занимава со што и да најде што виси по столовите . За среќа минатата недела мајка реши да ме почасти со почесто присуство со бебе, па успеав да прередам алишта за децава, да кренам мали, да извадам нова тура, па дури и да средам поголемиот дел од мојата гардероба. Среќа чувам гардероба од 34 (бев пред да останам бремена со второво) до 40 што бев кога се породив со првото. Па сега пребрав тоа што ме збира и наредив во плакар, другото вратив под кревет со надеж пак да станам маникенка. Не дека многу ми треба, треба да симнам некои 5-6кг само, ама мора да се дадам на вежбање, зошто стомаков еве скоро 9 месеци по породување уште не ми е среден (дека не вежбам де). Инаку ден претпоследен од породилното. Ама земав и две недели одмор, таман да средам уште нешто по дома и да исфорсирам бебе уште некои намирници што ми беа во план пред да тргнам (мајка тешко дека ќе ја убедам да даде јатки и слични алергени). Битно заби средив (иако за жал имам почетна парадентоза па малку се разочарав, од здрави заби сега се сведува до кога ќе си постојат ). Закажав фризер некоја јака промена сигурно ќе правам. Јас имав една бесна желба, ама фризеркава ми е нова па не се нафаќа толку драстично додека не ми ја запознае косата. Секако ќе се убедиме и ќе и дадам слобода и нејзе да прави голема промена. Јас најчесто големите промени ги почнувам со промени во коса, драстично промена на должина, фризура или боја. Ќе остане уште гинеколог, депилација и еден мини шопинг ако можам пред да тргнам на работа, а и една убава кафана со другарките сега веќе кога бебе пие и ад и плус има три оброци. Знам имаше многу поводи за честитање, ама ако се навратам пак нема да успеам да стиснам испрати на постов, затоа вака групно честитки секаде каде има за честитање, гушки секаде каде што треба утеха. Одам да донаправам план за јадење и да испозакажам се што ми останува да завршам пред да тргнам на работа. Имајте убав ден
Дали ви се случувало да осетите љубомора кога во одреден во момент детето бара некој друг, на пример баба, дедо, тета, а не сака кај вас? Моево со мене се мази, се е во ред ама кога има друг некој тука ги бара нив или ако му давам за јадење, сака некој друг тогаш да му дава. Знам дека е нерационално ама осеќам некоја љубомора, како да не ме сака. Кога е татко му во прашање ми е сосема ок ама за други ми е криво
Појќе ќејф имам да ве читам одколку да пишувам бидејќи некако додека да оставам "текст" .... прво да допијам кафе, секако тоа го правам со тел враце и на Фемина зашто само тоа ми дава позотива. *Би ве прашала што вие правите наутро за да се чуствувате повеќе позитивни и расположени? Да си кажам дека овие почетни есенски денови ми се еден од најубавиот период од годината. Нема жештини а нема ни студови. Сезона на зимници е па овде има "дружба" со комшиите, вакви работи правиме заедно. Почнав сезонска генералка, од облека до постелнина да преуредам што значи дека времето ми е кнап па така и побрзо си врви. Да не подрекувам ама периодов сум среќна што децава ми се без болести а читам што по форумов што на фејсбук дека е фул по болнициве и искрено често сум во паника баш поради тоа. Поголем стрес од ова нема. Од домашните обврски немаме вода од вчера што значи дека сум закочена не можам ни да измијам поготово машина да пуштам а чудо колку само перам. И уште нешто. Апелирам до мајките со поголеми деца малку да се вклучат во темава, да имаме дискусија за секакви теми
Заврши одморот, си поминавме супер. Децава најсупер, од вода не излегоа. Па бебе како се фрлаше во море, толку е бестрашен, допрва со него доаѓа тешкото. Првиот ми е крал, во гума го ставаш и ужива. Цело време во вода викаше "Многу е убаво". Ние пресреќни со маж кога ги гледавме, т.е мм повеќе, ја бев бавна цел одмор, кога дојдов дома сфатив дека не ја пиев терапијата за тиродида, а цело време се чудев зш сум уморна. На работа уживам. Работам де, ама многу сум исполнета дека не сум дома. Како одмор ми доаѓа од секојдневието. Не сум љубоморна ако некој ги земе, напротив едвај чекам. Три години сме сами со мм, добро би ни дошла и таа промена некој да нѐ замени за кратко, ама нема, така да гушките се само за нас. Среќа гушкалчиња сме, па никогаш доста од тоа. Кумови сме на свадба, па се спремаме турбо. Ова ќе е прва свадба после 4г., паника ме фаќа за бебе, заспива со цице и така тера цела ноќ. Да не бевме кумови ќе ја откажев, како и сите до сега, амааа нема бегање сега. Неделава со стомачен и двете. Никогаш досадно. Уште трае убаво време па користете максимално.
Не си сама. Јас заради тоа не ја научив со друг да седи ( ни со татко и на подолго) заради тие глупости. Пијавица е сега за мене закачена никако да ја одлепам, иако си игра со стариве, шета ама тоа е на кратко. Не ја давав на никок, себична бев, во состојва да падвам од на нозе ама не попуштав. А второво пак беше сега во Мк како штафета, се чудам на самата себеси зошто сум реагирала така за Н.
Добра вечер мајки. Сон никако да ми дојде веќе подолг период, наместо да се наспијам, јас абер немам. Ух од кога немам пишано нешто во врска со мене/децава. Мк поминавме супер, од кафе на кафе, бебе од враце в раце. 4ти скок го поминавме во кафичи, топ. Големава се изнаигра по паркови и редно беше да си дојдме назад. Колку и да ми е ок да се "издуваме", толку и едвај чека да си дојдам тука. Молам само Бога маж да се навикне. Нели пишав за ужасниот одмор во Грција? Епа дечки од кога се врТивме Нина си е онаква каква што и си е, пргава, немирна ама има пак граници. Тоа луѓе беше хорор на наумноќа во Мк, распрдено од сите страни. Ма шо подалеку. Љубов ми се бебе почна ептен да се радува на дада, а дада оти и дава на значење сега ехеее цветааа толку многу ја сака, така ја чува ухх срце ми топат. Ќе почне пак сега во градинка, психички се спремам за справување и убедување. Сте праеле за тоа муабет. Она ја имаше таа среќа да седи со мене до ден денес од кога е родена, можи уште де, породилно направив да ми е до в година овој период ама не, мора да оди, нема смисла веќе, сите ќе се препородиме. Бебе пу пу најмила само бацни ја, насмеј и се и она се кикоти хаха кулира женската нема гајле, на све се радува, од све си прај интересно. Ее скроооз се различни. Јас супер се осеќам, некако мир имам, деновите ми поминуваат за сега лесно ( за некој ден че кукам), еднино на живци ми оди нередов низ дома со играчкиве на сред соба, оти е минско поле, не се знае кога ќе се нагази на некој предмет. Едвај чекМ да мениме стан и или ќе седат тогаш играчките во детска или све ќе џитосам. Не не се тешам дека за некоја година ќе ми е среден станов и ќе патам по неред, не можи тоа да ме утеши. Си сакам дневна соба, кафето кога ќе го пијам да имам кај да седнам и каде да го ставам, а не да ми кажува едно прцале оти куклите роденден славеле и не сум им пожелен гостин
Добра вечер на сите. Моето малечко вечерва стануваше сред спиење, нешто малку плачеше, па ме разбуди и мене и сега сум будна. Од толку многу обврски, покрај и околу него, некогаш главата не знам кај ми е, некогаш сум ненаспана како сега, некогаш неодморена, но сето тоа поминува и се заборава, зошто сепак детето си расте многу брзо и овие времиња ќе станат минато, а ти дури се свртиш и свестиш, тоа веќе пораснало. Го гледам сега додека спие така мирно и се прашувам: Постои ли љубов поголема од оваа?
И јас бев себична а мислам дека и сега ќе сум таква, поготово на свекрвица ич нејќам да го оставам Од толку што го разлигавија првото на нерви ми одат.. сама како знам и умеам ќе терам, кога ќе е маж на пат јас кај моите правец, нека се лутат гајле ми е ама многу се досадни. Немам ништо против лугето ама имаат некои застарени мислења, кога ќе ми текне што ми кажувала да правам за првото сега од едно уво влага од друго излага
Добро утро добар ден мамасити. Денес бевме на советувалиште, синко додал 880 гр за месец дена. На мајка полно срцето Примивме вакцина денес и ќе се пратиме како ќе се одвиваат работите, предходната добро ја поднесе. Убав ден да си имате
Хајјјј Одамна немам шкртано во темава. Од вчера почнав да ги бројам минутите до моментот кога ќерка ќе оди кај моите да олабави малку 1736294 тантруми имаше, стана во 7 и не спиела во градинка, дома кога си дојде беше ужасно лошо распложена. И пак не сакаше да спие иако со маж дадовме сѐ од себе. И веќе накај 18:30 почнаа кризи да ја маваат и не бе, не заспа. До 10 саат плачење, вриштење, трескање. Ја обожавав тишината кога заспа конечно Сабајле ја однесовме кај моите, жива среќна ново дете. Имаат ново маче моите, не се знае кој е поголема будала Бонус слика: ќерка со маче Мајка седнала и одмара. Едно кафе раат ќе се пие Имам и работа и настан вечерва за посетување ама сега ќе биде мир и тишина Имајте убав викенд другарки
@LiquidLuna и јас како тебе. Не знам што се дешава со детево ама сакам главата во шоља да си ја пикнам и да не слушам дерење, па ако може и да дремнам малку. Кај моите не можам да ја носам зошто качува температура, и благодарение на “прекрасната” матична не знаеме од што. Синоќа на точно 10 минути стануваше со плачење, згора на сѐ, и јас се разболев и сум бледа како крпа, едвај дишам па и неспиењето ме дотепа. Ќе пробаме денес во парк, ако видите мајка да шмрка кокаин ЈАВНО, јас сум.
Оддамна неможам да седнам два збора да напишам . Бебка си расте веќе 5 м и 10 дена, во 5скок сме, хаос е неспие ич преку ден, навечер по цели вечери залепена на цицка гроги сум, незнам како издржува толку без спиење детево, станот готов да ми прооде. Од друга страна батковците во школо па и различна смена, учење,домашни,тренинзи, доста често незнам на кај терам претепана сум. Деновите не ги ни осеќам летаат. До следно читкање за месец дена
Да шкртне нешто една мама полна со емоции. Беба за 2 недели ми полни годинка. Годинкаа ееј, лани ова време вриев од нервоза што нејќе да излезе, ме дотепа 9ти месец. А сега веќе ќе славам негов роденден. Ова само ме потсеќа дека брзо стареам Подготовките се при крај, торта порачана, декорациите речиси пола направени, другите ќе се прават некој ден пред роденденот, облека нарачана за сите, денес докупив уште некој ситнории за паќетчињата за децата. 30 деца луѓе, сите да се живи и здрави ама 100 евра отидоа само за паќетчињата за нив Вчера направив тоа инфографик ли како се вика, со детали за првата година колку заби, кг, што сака а што не сака бла бла. 5 саати го правев, де се смеев де си плачев. Ама ќе му остане и убава декорација на ѕидот во неговата соба после роденденот. Мама е лудница периодот не знам на кај терам. Последен испит спремам полагањето е 2 дена пред роденден. Чистам стан, баба и дедо од мк ќе идат на поседок тука малку, во меѓувреме па и се грипосавме сите 3ца дома, бебе 9 дена го држеше уште не е оправен скроз, а и 8ми скок дрма на најјако. Оти нели ако е бал нека е маскембал, мама нека фати штрафта бардовци. Ама не, не е толку лош периодот, се е толку убаво со него дома. Дете е веќе, разбира многу и секој ден има нешто ново. Најмногу ме радува што мнооогу си игра, опсесија по топки има. Ама луѓе да видете како професионално ги држи, се чудам детево како ракометар да е бил во претходниот живот. Во овој не знам што ќе е, ама поддршка од мама и тато ќе има за се што си посака сам Денес научивме да покажуваме 1 со прстчето, дека нели “колку години ќе полниш” Уште да го извежбаме дувањето на свеќите и спремни сме Бебе заспа, пивото изладено чека маж. Да гтнам едно и се фрлам на учење. Секоја вечер учам докај 2-3. Таман ќе легнам бебе ќе се разбуди 1872621 пати, па ете ја гроги на сцена сабајле во 8. Уште се чудам како функционирам, ама викат ќе сме спиеле во рајот, во овој живот нема време кога Ноќ мајки, наздравје на тие што ви е сабота, а на другите гушка, ќе ни биде некогаш и нам да знаете
Ај уште една мајка да се јави на рапорт! Во негови 9м прв пат се случува волку касно да заспие, ти му викаш Марио ајде нани нани, он со глава врти и вика ње ње ње, цица и бидејќи спиеме со бате заедно на спална јас и он и ова легнато меѓу нас да цица, се врти го чепка да го разбуди, бам бам упорен... Не ми се верува дека волку мало бебе знае волку да резонира и го зеза брат му мајтап го игра, душа му вади, а овој сирот плачко само си плаче. Е да дојдеме до тоа како бебо остана до полноќ да не спие... Утре имаме гости, мои роднини прв пат после 10г ми доаѓаат, од Србија, тетка со семејството, многу се радувам, ама сакајќи да се покажам во кујна во 10 навечер матев снег од белки за кремот и бебе се разбуди. Од 10 како стана до 12 сите не истероризира, сите не оскуба, сите не изеде, душа ни извади. Полнам еклери со фил и иде лази до мене и ми вика ам ам... Како!? Дали дека бате беше тешко муленце до 3г, ова очаклено, со очињата светнати, се разбира, многу ми е чудно. Кога ќе се насмее ми личи на Глупчо, штрумфот од Снежана, да има клемпави уши оригинал ќе беше Е така жени мои, стиснав по грешка испрати и сега тие што ќе читате до пола чудно ќе ви биде, ама ај доцна е имам време да редактирам. На работа иначе фатив редот, добро е, дома уште не, ама најважно со мајка постигнавме компромис, тоа ми беше многу тешко. Уште да постигнам се во 24ч да пикнам, да не кубурам со време и топ! Доста беше, немам веќе сила, добра ноќ!
Ај тука ќе ве прашам, ми се гледа најсоодветно. За годинка дете, што е попрактично, ми треба за подарок. Кое од работиве би го искористило најмногу и искуство ако имате со проодувалкине.