Само немој топки ние имаме шатор со топки аууу тоа низ цел стан само топки сме, никако да се дособерат, човек цел ден тоа да прави и ќе се мрдне.
Mom's Да не се повтори денов никогаш и никаде. Па мислам дека само еден саат не плачеше. Стана од спиење и легна на под да плаче. Па и јас со неа, па кад је бал веќе...... Абе дури на крај на денов ми беше страв како да ја погледнам да не почне пак да рика, ме исцеди. Алал ви мамички кои имате вакви денови почесто. Или да почнам да се навикнувам на terrible twos.
Немој хаха никогаш не стојат прибрани, има да се трга кревети секој ден за да се види кај летнало ни па големи плишани мечки никако хаха пропдувалка е ок, убави се и моторичките коцки, секоја игра што е со извади/стави им е интересна.
Хахааха си викам интересно дека во заградено ке си седи и ке си игра . Ваљда ќе биде проодувалка, фала ти многу.
Лајк за поддршка Ѕверови стануваат Денес ја вратија моите рано сабајле и си бегаа набрзина "заради обврски". Демек, не верувам. Сигурно сакаа да се спасат што е можно порано
Јас како помина овој 6 скок дете ми се препороди, мило, тивко, мирно, среќно, задоволно... дури и јаде, да ми е страв да кажам ама стварно јаде. Додуша денес со многу луѓе бевме па не беше нешто на ниво. Нејќам ни да помислам на седумката. Имав денес гости, се воодушевија од децава мои, убаво ми е на душичката кога ми ги фалат Им донесоа подароци па да се пере деновиве, да се спрема. Али мајка како ги пречека, ко во Македонска куќа рестораните, со сите салтанати и во прав македонски стил. Пинџури, ајвари, гравчиња... Роки мој се покажа, какви еклери сум спукала, врв! Туку да легнувам, утре е понеделник, назад на посао. Уште не ми дошло до оној момент О не, понеделник, викендот трае прекратко
Поздрав од мајка на парламентарец! Ахам, синко голем влегол во училишен парламент. Одсекогаш бев сигурна дека од детево ќе биде политичар, мала шала де. Доаѓа и ми вика Мама јас денес бев на состанок со децата од парламент. Наставничката се гази од смеење. Вика седнати сите и им кажале што имало и да си ги напишат имињата и да постават прашање, твојот седнат и крева рака, На ракописно или печатно? Озбилен! Имало шанси и претседател да го одберат дури. Цел е на мајка Малиот да е жив и здрав! Од други теми, нема полошо од роднини од малите градови дојдени на лекар во големиот град, аЛтоматски си експерт за се и дежурен таксист. И нормално пошто имаш живот, обврски и фамилија, не чиниш ради тоа. Гајле ми е ко за ланскиот снег. Криво ми е што мајка ми се потресува и како болна е дури. Што се однесува до мајка и нејзиниот ангажман мислам дека се поизвесно е дека ќе го скратиме. Од мајка и ќерка што си имаа одличен однос станавме лути комшики кавгаџики, само се закачаме и се караме. Никако не попушта. Ми прави работи за инат мислам. И се поише си замишља дека ни смета и затоа се караме а никој ништо не и кажал, и викам само слушај што ти се кажува, не и не. Низ мене гледа и проаѓа, ме ме перцепира. Многу лошо од мајка ова да го дочекаш. И стандард јас ќе бидам после крива за се. Ама добро! Тоа е женски, одам да јадам почнав да се тресам. Убав ден!
Утро мајки Да шкртнам збор два и јас ,после месец и кусур. Бебе ми тргна во градинка оди веќе втор месец еве слободно време имам на претек ама ептен го запоставив форумов Ем ми е здосаден ем па сакам да видам/прочитам што има ново . Ама мн ме мрзи да пишувам . Кажав ,го пуштивме синко на градинка. Првично беше да оди до кај 12ч и да го земам пред спиење . Ама после втората недела учителката рече да си го оставаме и на спиење , многу бил расположен таму . Ми го фалат дека е мирен , дека си ги јаде сите манџи,си игра со дечките ,си има симпатија Маж одма се распрашал кое е девојчето И добро е ,на "наши " луѓе е Бабата на снајка му била школска ,фини луѓе се вика Он одма за женење планира . Тоа што е некој месец поголема Софи ,нема врска . Сега засега нема донесено ништо синко ,пупу се нема разболено. Знам дека ќе тераме дур не закачи нешто , ако почне да ми се разболува ќе си седиме дома . Ама дефинитивно е друго дете од коа оди во градинка. Си доаѓа дома расположен , се гледа дека е среќен Мајка уште посреќна ,па тие 5 часа што сме заедно му ги посветувам максимално. Зимници направив ,срам ме е да кажам колку тегли направивме, ама ако . Не се знае што ќе донесе зимата Нареден вторник одиме Штип ,внучко има роденден Ќе седиме таму два дена и на враќање ќе ја донесеме мајка на поседок . Ќе има ноќни проводи Одвај чекаме со маж да се издуваме Последниот ден од месецот му е роденден на љубави . Немам никаква идеја што да му земам. Ми напомена дека нејќе никаква фешта ,годинава сакал сами со синко да сме си прославиле . Ме зачуди Коа гледам вчера на календарот,дежурство му се паѓа на денот. Ај белким ќе се смени А и да не смени , ќе дојде 64ката и на работно место Месецов требаше на бања да одиме ,ама оставивме за следен месец или евентиално декември . Сеуште не сме "одморени' од летните одмори ,а имавме и еден непланиран викенд у Грција у септември ,па ќе не држи влага . Да станам да си направам едно несче. Тоа сабајле што го пијам со маж у грклан ми оди . Кафе ли да пијам ,него ли да го "облечам " , синко ли да го спремам . Жими све побрзо и полесно ми е детето да го стокмам за на градинка,него ли маж. Сабајле маана и најде на кошулата . Се облече па сфатил дека денот не му е за црна кошула , побара нешто светло А црна и тегет му се омилени бои ,ама ете . Средава сакал у лих плаво да биде облечен. Дур пишувам ми текна Денес треба да го гласаат дал ќе влезе у управен одбор . Чеки да му посакам среќа И водичка да му пуштам Одам мајки Гушкајте дечињата Ќе пробам почесто да пишам
Falis Bubce na forumov, sabajle si rekov cekaj da vidam da ne si skrtnala nesto i op gledam si pisala
Добро утро мајки. Си ја пуштив малата во градинка. Првиот ден 1 саат и после одма по 7 саати. Очекував покенкава ќе биде ама излезе јас сум кенкава од што ми фали Детето супер е, јас не сум
Еве сме, секој ден. Откако наполни две години бел ден не видов. Плаче кога му се јаде, кога не му се јаде, плаче кога му се спие, плаче кога му се пие вода, плаче кога сака во парк, и во парк плаче, плаче зашо не сака да се бања, плаче зашо не сака да излезе од бањање. Плаче наутро кога ќе стане. Плаче кога треба да го оставам во градинка. Плаче и во сон. Главата тапан ми стана. Оглувев.
Пред некоја недела ја преживеавме првата температура на ќерка. Стравови еден куп, повеќе од 38 степени не крена ама јас цела ноќ дежурна, плус дете весело. Е после веќе спремна, во аптека се што најдов, сирупи, чепчиња, што ми текна дека во иднина би ни требало. Туку кажете како да го научам маж за сосовите за тестенини. Се изнагледав видеа за домашна карбонара, купени состојки, спремна за вечера и додека да трепнеш, тој потурил кечап на сите страни. Е за него бел сос, не е доволно сос за тестенини. Ова за во брачни муабети беше. За бебе, пробува на се можно да се исправи. Не лази ама секоја можност каде што може да се дофати и крени со рацете ја користи. Очекувам дека модрици и отоци не чекаат за брзо.
Исто да се придружам, мајка на плачка оваа недела конечно се стиши иначе … плачеше оти неќе да се пресоблече (одеше на долги а пекол жешко), плаче неќе да се бања, неќе надвор да испадне а откако ќе испадне неќе дома, неќе кај баба и и дедо и после неќе да си оди, а пази цело маало во вис го дига неќамм кај бабааа, неќе на родендени да оди… нервно попуштивме откако направи 2, до душа забележав и дека и пробиле 5 ки па можеби се беше собрано. П.С од инат неќеше да каже дека и се мочка па мочаше во гаќи, па неќе да се соблече еее тука веќе борба се водеше
И јас мислев така, ама се испраксира од 3 паѓања, сега кога паѓа наназад се наведнува нанапред само на газод да думне, а кога оди напред пружа раце. Мислев од бате ќе биде помутав ама арен е. Вчера се пушти да оди чекор два и многу беше возбуден, одма кај мене у раце. Не оди уште сам ама во прашање се денови мислам. Поздрав од шишана и маникирана мајка, на работа ус кафенце, јако ко смрт сум го направила, само така ми е слатко. Една депилација да се обави викендов и да почнам есенските фустани и суќни да ги носам. Љуби га мајка генијалецот денес е на екскурзија со другари од школо, возбуда левел катарљарда, вообичаено се буди со триста маки во 7, денес рипна од кревет ко да имаше шајка под него во 6ипол да не задоцни, а таму требаше да биде дури во 8.15. Мајмун! Кафе се допи, фаќам да средам хаосот направен од колегата додека не бев овде 9м. Убав ден!
Здраво мајки Бебе ноќеска ме извади од памет и не сум заспана од 4ипол. Се пикнал со главчето измеѓу спална и креветче, не знам како успеал ама писна кога го видов крв ми смрзна. Да се разбудил и не сум го сетила дека е будем, па со газето се влечел на кај мене е најголемата веројатност за да ја направи оваа глупост. Во кревет со нас го земав ама око не склопив после тоа, еве сега пијам второ кафе додека он спие вратени од пешачење го чекам да стане за цицање. На тема пешачење, почнав прво минатата недела 3 дена, оваа да не се подречам цела недела шетаме по 3км. Бебе заспива возејќи се таман за утринска дремка. Утре одиме на викенд во Охрид, како се решив не знам ни јас одсабајле се премислив 100пати дали да откажам, еднаш сефте мора да удриме со шетањево што би рекол мм ама и не ми се доседува дома веќе сакам да сменам малу. Па и ете го Охрид кај ако се има мака куферите и назад, се надевам нема да се случи тоа Убав викенд мајки
Mom's Па мајка се вработи После скоро 4 години дома. Корони, бремености, чување дете и летнале годините. Убаво викам дека ментално сум заглавена во февруари 2020 Активно барав од мај месец, па после почнав да пребирам да барам блиску до дома и конечно најдов и тоа во супер фирмиче. Девојченцето мое од март во градинка без спиење. Ме зезаа со секакви изговори. Последните две недели буквално сама не сакаше да си оди, седевме пред врата 15 минути да се убедиме или уште пола саат си играше во дворот од градинката. Негувателката викаше она не е ни таму ни ваму. Само она си оди и гледа дека сите остануваат. И пресеков во средата. И пазете таа си заспала без никаков проблем и се седеше до 15и30 а мајка знаете што правеше???? Легнав на спална во 13 часот обично кога ја заспивав и плачев ама липавИ ми падна криво последниот ден ми избега и сама си заспа кај неа во креветче. Па си викам боже мајка може детево е многу понезависно само што не сум му дала простор пошто цело време сме заедно Вака правејќи си ретроспектива дали би оставила работа за да бидам со детето би рекла да, секако. И ќе речам фала на who ever is out here што сме можеле да си дозволиме. Полека ќе почнеме да спремаме роденден. Не сакам ништо спектакуларно. Ни лани не беше кој знае што ама оваа година сакам многу опуштено како тренерки, пица и пиво. Ама здравје. И така mom's. Очекувајте следен пост со тажеленки па како успевате работа и дете, па куќа ќе ми прооде итн итн
Добар ден мајки После сите перипетии, стравови, што би било кога би било, лежам меѓу двата најголеми благослови во животов мој. Третиот ми е на работа, ама па добро, некој треба и да печали. Нема да се пофалам ништо, оти се тука шо сум се пофалила низ нос ми има излезено. Најважно е шо сите сме живи и здрави. Ве читав за вриштењето поназад, би сакала да можев да ве утешам дека ќе биде подобро, ама не, после втората година е бетер. Баш terrible twos ко шо спомна Лаза. Рикање со крокодилски солзи дека имал "мустаќи" од водата, чорапот му се изместил, поголема фигура му паѓала кога ја ставал врз помалата. Зошто камионот од пожарна имал само ротациони светла, а немал сирена, оти не сум го почекала да доигра па да ми го донеси телефонот шо ми ѕвони, туку сама сум го зела... Ама со тек на време учиш да се смееш на тие глупости наместо да се нервираш и така, времето лета, тие растат, ние белееме во косата. Имајте убав ден, гушкајте љубови најголеми.