Халооо мајки Ве читам цело време,но не сум пишала,еве сега решив додека си пијам кафе,маж на посао,девојчето палаво во градинка,јас на боледување. Се решивме за второ детенце,правев пак ивф и сега имам тешки две недели за чекање ,па со Господ напред се надевам Марија ќе има братче или сестриче Инаку е 2.8 месеци...дома луда куча,баш како што напиша @IRBBB . Имајте убав ден мајки..
Хеј мамстерс! *emoji со есенски лист што танцувајќи лесно паѓа на земја* Сезона на љубов, грди џемпери и многу срцево топење. Ноншалантно влегувам во период на убави предизвици исполнети со жут адреналин и иако можеби размекнато последниве години, итањето кон авантури не успори, напротив, само ми промени насоки. А боже мој колку ги има! Секојдневни. Мали и големи. Некогаш тивки а опасни. Интензивни. Често бурни како Хирошима пред, за време и после атомската. Воглавно зависат од расположението на талибанциве. Така знаеш дали денот ќе биде долг… или предолг. Ама во сите оние мали мигови измеѓу…. постојам на клепките, само да не го изреметам тој убав хаос што ми храни душа. И тие тројца како против отров на се расипано и токсично во светов. Ништо друго не сакам. Сакав само да ви кажам дека есента е полна почетоци. Користете ги. Дишете со полни гради и создавајте моменти за паметење. Ретко пијам второ кафе, ама купив турско после многу години, па и македонско најдов и мерак ми е да го пробам. Убав ден! @DELFINA81
Постот зрачи со енергија, убава, чиста Не сум љубител на есента, депресивна ми е. Ама човек од тебе ќе посака вечно есен да му е
Хелоу! Спојлер: мајка Кога ќе се скарам со мајка сум како утепана, буквално утепана! Ама не можам, мојата нервоза, нејзиното опсесивно компулсивно потпиткување и фактот што знам дека не била никогаш таква, ме убива. Башка осеќам дека и е криво што не е дома, само збори за дворот како и бил запустен, како ќе работела ако не била тука, како не зела ништо од алишта, како немала што да носи овде, како, како, како... Малку ми се приплакува. Со душа го чекам јануари, ќе земам одмор и ќе го адаптирам бебо во градинка па да ја ослободиме, иако идеата беше да почнува од март, ама не можам повеќе. Вчера после 20 зошто ова вака, зошто она така, зошто таму, зошто ваму, од каде ова, (вадев од синко алишта за бебо) на секое алиштенце ме праша Ова од кого е? Од И ли е? (мислејќи на внука ми), на секое исфлекано алиштенце муабетот беше Какви убави алишта ти ги уништиле, а тоа нема врска, јас сум напраила може флека... и така 20 пати може до 12 саат, за 21виот пат да пукнам за 3 минијатурни цветчиња брокула на кои се закачило некое полжавче и цело беше гомца и ги фрлив, можела она да ги исчисти, ќе сме ги искористеле, брокула за бебе да користам иначе. Ќе речете се замараш со глупости, ама не е така бе, криво ми е, мојата мајка била една паметна, умерена жена, внимателна, никогаш никому не му наштетила, сега секој втор муабет и е низ заби, да најде замерка за некого, да колне жени, колне растура, аир да не види и е секој втор муабет... Па криво ми е. А од друга страна лажна скромност, не јаде ако е свекрва ми тука, а свекрва ми често знае да дојде на пладне и да седи до вечер, ретко иде, ама кога ќе дојде си седи, не ми смета реално, и само им ги мери постапките на семејството на мм, не можам, криво ми е зошто не била она таква. Криво ми е и зошто полека се претвара во баба ми, а баба ми забрши многу лошо, со тешка деменција, со соблакање гола, со крадење по продавници, со многу лоши работи... Еве ви пишувам и си плачам од што ми е криво. И не можам да и замерам, животот ја направил таква ама она може да си олесни а не сака. Сега ќе се јавам да и ја пратат книшката и ќе ја носам на Невролог да и дадат некоја терапија, ќе ја носам на сите можни лекари да и дадат соодветна терапија, иако знам дека нема да ја пие ама бар моето да го направам, па ќе се караме за да пие. И иако не планирам да го чува детето до март нема да ја пуштам да си оди, мислам дека тие месеци сама таму ја направија ваква, се изгуби, ќе седи тука па што сака нека е. Јас сум страшно нервозна, не знам зошто, од каде ми иде таа нервоза, дали обврските си го прават своето, дали финансиската состојба, дали и што не знам, ама знам дека ако не почнам полека да се враќам на своето нема да биде добро. Со сопруг се подобрија работите, со големото исто, едино со бебе сум памук мека, ама со сите други имам некоја нетрпеливост. Нејќам да пијам лекови, сакам да се изборам сама, евентуално ако пијам нешто на природна база, не знам маточина чај... Бебо, е бебо ми е лек за се, само ќе ми се насмее и е друг човек, друга димензија, друго чувство. Не дека бато не е тоа, исто е и тој, умник мој, ама дека поголем повеќе се врзува со татко му, почнува да се повлекува, што е нормално, не можам бре веќе во скут да го седнам, голем е Нејќе веќе ни да го бањам јас, се срами чоекот, па ни да се облака пред мене гол не сака. Боже ми порасна човечето. Во петокот и напишал на наставничката песна во акростих, си плачев, признавам, ама ај тоа па и кога рече во списаније вика ќе ја испратиме, ауууу пекмез. Затоа малото нека ни е живо и здраво ќе биде, тој ако не е по негово се лути, пишти и апе, апе жени месо кине од раце од што е љуто пиперче. Се надевам малку да се смири оти од градинка ќе не избркаат вака. Жарче едно. Вчера отидов да се бањам и се задржав малку, го слушам им вика, им урла, негодува, идам облечена во бањарка ме гледа и трга се пред него да се дочепа до цице, таков осмех од никој во животот не добивам, од уво до уво, од што не можеше да додржи да одиме до кревет стоечки цицаше од креветче и јас си стоев да му помине тој првичниот занес. Мајмунче мало. Па како превртува очи кога цица, нема кој не се смее на неговото цицање. Почна да пушта некои чекорчиња мали, најчесто кон мене и со неговото мам мам мам... Маж вика за трето да не чекаме волку, али не сум сигурна дека ќе можам да го одделам ова од мене за трето Заборавив на муабетот дека не сакам трето, доста е, уште викам така ама па мерак ми е и едно ќерче, ама и машко да е, некако се замислувам цел живот мајка на 3. Доста беше, испив кафето, малку пишував овде, малку документ спремав, да испратам и да одам да измијам шољата. Убав ден, убава работна недела!
Иди си на психолог на време да сфатиш од што си нервозна. Чајот од маточина за мене е исто ко вода да пијам, ефект никаков. Пијам неуробион во последно време, некогаш се осеќам посмирено и сакам да верувам дека е до витамините ама некогаш се гасам од штекер со нервите па ни дрога нема да ми помогне мислам А секогаш можеш да пробаш и со ракија насабајле наместо кафе
Се извинувам мајки што улетувам како падобранец Спојлер: прашање Ке го ставам во спољер прашањето Може ли некој да ми ја тагне мајката од ГР што изгуби едно девојченце? И требаме на една мајка новозаќленета на форумов кој азагубила детенце па да ги спојам Ви благодарам Ангелке сеа ке ти кажам @AngelOfArh Како те читам за мајкати исто ко мајка ми да ја гледам пред мене Не на невролог, на психијатар ке ја носиш и треба терапија си има дијагноза мајка ти значи земај упат и оди носи ја
Овично не обрнувам внимание на соништа ама ова кошмариште, едноставно морам да го кажам на некого. Уште не можам да се опоравам, ми се плаче бе, ми се рика. Толкава болка на сон не е нормално да се осеќа. Сонував како ми починало детето, како го гушкам да го згреам, а он ладен како камен. Како за последен пат го бањаме со татко му, додека јас се кинам од внатре. Како не сакав да му го оставам ковчежето само додека има молитва за него. Како паднав на колена скршена кога ми го однесоа... Како му ветувам дека мама ќе дојде за кратко... Јас се разбудив во пот и солзи, кога го видов до мене, мислам дека дури тогаш ми проработе срцето.
2 имам, за двете сум ги сонувала соништата и велат секоја мајка бар еднаш го сонува ова. Знам дека болка таква во животот за ништо не сум чувствувала, ме болеше цело тело, секоја пора, ужасно чувство.
Јас кога сум многу изморена, сонувам такви глупости. И баш додека не ја видам до мене, не можам да се смирам. Многу мразам сонови, арно не сонував со години...
Мислам не постои мајка што не сонувала таков сон. Стварно е огромна болката во сонот, мене многу пати ми се има случено и после два дена не функционирам нормално. И мислам дека е скроз нормално, тоа ни е најголемиот страв. Не дај боже никаде.
Здраво мајки Прв викенд со бебе успешен, а бре да сонувам не можев дека така убаво ке одмориме сите 3ца и со мм на раат кафе ке пиеме, ручаме и да се видиме убаво без едниот да го држи бебе а другиот да јаде или да се бања Бебе беше бајче, спиење по ред, цицање на 3h, милина Охрид преубав, топол и полн со туристи како лето да е, а не есен и октомври. Денес бебо душа ми вади, од 4 сабајле виси на града, спие не ја попушта, за 2дена влагаме во 2скок според апликација, ако е како првиот со среќа нека ми е Еве не сега, он цица јас пијам кафе и скролам на фемина. Чекам ручек од свекрва денес, мм чисти оџак, ќумбето надвор и на радијаториве нешто требало не се разбирам баш, ке почнеме да топлиме дома веќе, ја пуштавме климата во спална кога го бањавме бебо, ама од вчера и ноќеска ни дуваше, кога стана да цица бебо беше камен у лице и рачиња и одма ја пуштив. Ама сега сум во потрага по навлажнувач на воздух, па слободно предложете некој од кој сте задоволни, да не лутам и за тоа Тоа е тоа мајки, се читаме
Маж чуваше бебе од сабајле неколку часа и "косата му станала бела" од стрес. Научи бебка да се фрла на напред, од седење во позиција за лазење да се мести. Ај што нема абер од лазење нема ама барем не паѓа на глава туку се задржува на раце. Е маж прв пат го видел тоа и се јавува испаничен, дали знам дека така може да се повреди. Си се посмеав и исклучив. Следно по некое време - се удрила по глава со мека книга од овие шушкави што се. Ни плачки, ни ништо, ни болка. Маж со паника, за мекиот дел од главчето да не е повреден, да одат на доктор . Заклучок од неговиот бејбиситинг - ќе држел бебе само во раце или надвор во количка врзано. Убаво викам што не ја чуваш сам 24/7 оти пак следните 3 години нема да се научи да оди од држење во раце. Не е лошо да го информирам дека цела зима е пред него за коса да му побелува. Таман лазење, проодување, паѓање и се со ред.
Добро утро, добар ден Денес четвртокот, понеделнички личи. Ич нејќам у сред недела неработни денови, ни знам кој ден следи ни викендот кога доаѓа. Сите споени до викенд и нема да се меша рачуницата. Честитки @LazaLaza за новата работа. Да ти се погодат колегите на прво место и нормално платата да расте ко цениве во маркет. Дете испратено во градинка, маж на работа во другата соба, кафе испиено и сега остана на ред книга да фатам. Ја преполовив библиотекава, да имам образ да си изнакупам книги кога ќе бидат попусти. Бебка ја чекаме со нетрпение, уште некоја недела и влегуваме во големото финале, 9ти месец.Сабајле се изненадив на огледало колкав ми е стомакот па решив странично да не се гледам само право. Големиот батко препороден откако оди во градинка, многу ми е жал што ќе паузираме зимово. Ама од друга страна се тешам дека барем болести ќе прескокнеме. Тие инхалации и шеми у пола ноќ ги знам. Пошто не може само настинка да биде и да помине. Ќе влече 3 недели, држ не дај држ не дај и на крај ајде пак антибиотик пошто спушта на плуќа па уште 2 недели нос ќе му тече. Ама така растат. Едино полошо од болно дете се две. Само тоа ме плаши, за другото сум ваљда спремна. Се мислам каде да отидеме на викенд низ Македонијава да украдеме уште малку време само за нас тројца. Ама маж ми го убива шетачкиот ентузијазам дека ќе се породам, а уште се понашам ко да не сум трудна со плановите. А не е дека нема право. Еве едно летно кафе у инат на времево од следна недела што ќе заладува. Ве поздравувам
Здраво мамасити. Одамна не сум пишала овде. Заспа бебе мое, па јас да видам што има на форумов и малку да чкртнам нешто. Денес успеав и на депилација да појдам, и идење дома на улица ме чекаат со баба му. Очите ги отвори ширум како да не ме видел цел ден, а не пола саат ( го заспав и излегов, ама како да сеќава дека не сум дома по 25 мин станал ) А јас како кило да симнав од мене со депилацијата. И многу убаво ми дојде, следно одам нокти да правам само да закажам. Ми светна сијаличката дека сум и жена, а не само мајка. Па треба и јас убаво да се чувствувам нели . Да заличам на нешто, а не ко плашило низ куќа да шетам . Си велам и шопинг еден онлине да направам ... Ама кога го гледам плакарот пун крца и пак се нема што да се облечи, нели де Вие како сте мамасити? Доста од мене
Hi мамис Јас за жал, најчесто пишувам кога ми е тешко, зошто некако тогаш ми олеснува, излегло низ мене... Не знам зошто денес се разбудив многу нервозна. Му се развикав на сопругот без причина (човекот што најмалку заслужил за тоа), ме смирува цело утро, а јас сум уште понервозна. Се мразам! Имавме преубав и многу среќен период, зошто сум ваква сега, зошто? Мислам дека некогаш ми е премногу. Од сѐ. Моментално мислите ми се хаос и само сакам да си легнам. А, верувам, дното на проблемот е тоа што за еден месец треба да се вратам на работа и тоа ми предизвикува една тооолку страшна анксиозност, што сметам дека сите овие испади ми се од тоа. Да сменам не можам, освен да се помирам со фактот. Како? Не би знаела во ваков хаос и 538384 нафрлани мисли. И тоа е накратко моето неделно утро за кое вчера бев превозбудена и со триста планови за семејството.