Мамасити, утре почнувам на работа. Прв работен ден на новата работа која толку ја посакував, а денес се осеќам заникаде... Како ќе го оставам син ми? Душата ме боли, се убив од плачење цел ден Свекрва ми ќе го чува, а и јас ќе работам од дома (освен утре затоа што ми е прв ден па морам да одам в канцеларија) ама се осеќам како да се разделуваме. Ве молам за совет, за утеха...
Добра ви вечер. И јас ви доаѓам со лоша мисла. Не знам ете, нешто ме јаде одвнатре цела недела, а вечерва црвот пуштен на максимум. Синче заспа, јас не можам да ги исклучам мисливе. Ми доаѓа да се исплакам, а ни солзи не ми идат. Само некоја нервоза, главоболка, некоја кнедла во грло. Глупости. Инаку, од утре конечно сум прва смена, па малку повеќе време ќе поминуваме заедно оваа недела, а следната се надевам ќе добијам одмор. Можда и ќе се прошетаме два три дена до кај сестра ми на гости, да смениме малку. Можда и добро ќе ми дојде, да излуфтирам глава.
Здраво Ме немаше долго време на форумот и на темава, па да шкртнам нешто Немам време за ништо, а уште сум со скратено работно време поради адаптацијата во градинка која знаете кај нас колку време трае Малово е чудо. Уште седи до врата и секој ден прави по некој чекор накај децата и си се враќа на сигурно. Многу претпазливо прифаќа нови ликови и нови средини. Ми е жал да го оставам со спиење сеуште па вака постепено нека се прилагоди. Со големиот почнаа предпубертетските маки. Попуштивме и купивме точак На училиште главна тема им се прајм сокчињата и никако не можам да му докажам дека не се за деца. Луѓе ова е лудило. Гледаат ли родителите што им даваат да пијат на децата. Се информираат воопшто?! Не е поентата сакале па купи. Прајм сокче и читос чипси (1000 денари фрлени за глупости). На какви вредности ги учиме? Што ќе научат овие деца. Штета што материјалното зема се поголем замав. Ништо повеќе не е важно. Во лудо време растиме деца. Секој ден се преиспитувам дали грешам или не. Останува само времето да ни покаже... @IRBBB да е здрав и жив Лазар. Немав време ни прилика да честитам, ѕирнав на брзина само и тоа ми падна во очи. Имајте убава работна недела мајки, јас завршив со обврските и одам да спијам.
Мајче и јас во консултација сама со себе, сеуште не посетив стручно лице, сфатив дека уназад еве 2 месеци таа ми е фрустрацијата. Не е дека не сакав да одам на работа, баш сакав, ама фактот што дома чоевечето без мене ќе биде... Ама љубовта е уште поголема кога си идам дома, не ме дочекува ни да се соблечам, веднаш ми се фрла.
Да и кажеме добредојде на есента. Веќе почнавме да готвиме огин. искрено најубав период ми е почеток на есен и кога се пали првиот огин. Да си свариш чајче и итака денот е намален и рано веќе се сноќува Д асе седнеш/легнеш порано да си пуштиш тв и да си се покриеш со ќебе.... Раат...мераци. месецов пола помина ама јас не го сетив. Овие 2 недели турбо бидејќи и саботите ги работевме па знаете како е што побрзо да се среди дома и тек на работа. Викендите ми беа омилен дел од Неделата бидејќи можам да средам тоа што сум запоставила преку недела и плус малку да одморам. Не стасува време за се. Ама саботите ме скинаа. Налет дневниците што ќе ги земам ама искрено повеќе сум заморна и понеорганизорана дома. Еве сега да досуредам дома да нафрлам дрва во огнот и фаќам креветот да одморам нозе. Имајте пријатна вечер
Ај добрoвечер од мене.Утрото ми почна како и секое утро,со будење на малата за во градинка,гушкање,спремање и све по ред.Потоа со мм "пут под ноѓе" за проверка на бета.Срце ми лупаше како лудо,но имав добра бета,така да малата ќе си има братче или сестриче Имам измешани чувства и радост и страв,башка па и што сум мама од 42 години,со изгубени живци,али Господ е голем,мора да даде сила. На ќере кажавме дека ќе биде дада,да биде умна и послушна,да не ја нервира мама. За две недели сме на преглед за срценце дај Боже да биде се во ред. И така морав да споделам со вас оваа убава вест.
Фала мами, од убајни да не куртулите. ❤️ @DELFINA81 многу се радувам мами и ти честитам од срце. Лесна и школска бременост да си имаш. Прцлата ќе биде голема дадичка.
Добар ден мајки Се осети дека ме немаше одреден период? (Како па да не) Е тука сум да кажам дека реалноста стигнува кога тогаш, и дека се иде на глава Значи тантруми, незадоволства, правење глупост на секој чекор - тие се неколку зборови да го препознаете син ми. Се очекував ама тоа мало бубалче да се претвори во ваков вештер… Мајка ми кажува дека е копија на брат ми. Ај со среќа нека ми е. Ако ги прави глупостите негови ќе им го испратам директно во Холандија Налет и времево е одлично за седење дома и правење глупости. Омилено нешто од син ми е да јаде хартија, сунѓер и ќеси. Значи џвака толку слатко што мислиш јаде некој кроасан со крем. Во кујната отвора се што ќе стигне, од страв да не ја уништам со тие лепенките не ставив ништо и вчера скрши едно и вратничињата. Детево ќе мисли дека се вика “ НЕ ТУКА” Плус на сето тоа ја треска главата со сета сила од земја/плочки и потоа плаче затоа што се удрил. Немаме проблем со јадење ама затоа ужива да пие од шише и да плука. Сето ова помешано со настинки секоја недела? Х А О С! А да, и најглавното е што ревакцината што ја касниме од 6 месеци, ќе ја касниме уште долго најверојатно. Да додадам збор два за венчавката и крштевката мислам не сум пишала. “Супер” поминавме, 2 дена пред прославата гореше од температура и прв пат во животот молев за антибиотик да поминеме раат на денот. Господе боже што ум ме фати да го послушам мм и да правиме толкава прослава со секакви адети со дете од 13 месеци Секако дека после тоа си добив антибиотици за крајниците мои бидеќи бев целата со афти од премор. Ама ајде, помина се, сега да уживаме во идилава од настинки
Па така е Само тоа се вика по цел ден. Што е најтрагично ме гледа во очи и подмолно ми се смешка и си продолжува
Хахаххаа да не мислеше ќе те послуша? Мисли си Мене веќе не ме ни гледа, ми превртува со очи и си врти поглед у таван и си праи шо си сака а најјака ми е ко ќе и кажам нешто да не прави, тргнува натаму и гледа на друга страна, демек не знае кај оди. И доаѓа таму кај шо не треба и колку е изненадена да видиш. Не знае она како се нашла таму, нозете сами ја однеле. Мочла
Јутар мајки! Уште една мајка на багабонт, и тоа каков, со свои 9ипол месеци, скоро 10, таков багабонт боже боже... Кантата за ѓубре ни е омилена, ако му речеш Не! се љути и гризе, пепел ги прави сите освен мене, сите ги јаде, најмногу бате, бате ќе си нареди стаза на земја да си вози колички он шиба да му ја растури, дрвени коцки за џенга што си реди бато, а да стојат коцките така он не ги пипа... Јадење, ако е со вкус некој кисел, соленкаст, со зачинче (цимет, ванила, маслиновко...) лапа, крка, гајле нема, ако нема вкус не го помирисува, лосос обожава, љуби га мајка цел е на мене, овошје, да има некоја плантажа со јабуки, праски, банани, кајсии, сливи, круши, ќе ја обрсти до крај! Едвај чекам да проба свежи јагоди, едвај, малини, капини, боровинки си крка веќе. Малце ми фуфка за јатки, се мислам дали да почекам до годинка, се двоумам. Мајка еве втор месец на работа, ок е, таа љубов со која ме гледа кога си одам ме одржува во живот мислам, го обожавам моментот кога си идам дома. Имам само една мака и ми е криво што морав да одам на работа толку рано, не сакам да пропуштам нешто важно, нешто како први чекори, прво зборче, нешто блесаво, нема да си простам мислам ако не го видам неговиот прв чекор, не знам, тоа ми е некако многу важно. Вака се движи низ соба по кревети, маси, столчиња, ама се нема пуштено уште баш баш. Проодувалката некако не ја рецка, за џабе дадени 2500ден, ми иде да си пукам у колено, колку сум глупа, се надевам да ја игра малку понатака. Кај и да е ќе ги вратам колички, камиончиња од подрум, ќе си игра човечето, само каде да ми е да знам, зимава ќе ни ги поремети скроз сметките мислам со простор за играње, ама добро, ќе се снајдеме. Убав ден мајки, доста беше, кафе се испи, да се фаќам за работа добро ќе биде.
Добро утро. Добри 3 години не сум пишала во темава, а и на форумов. Од средината на годинава нов почеток. Се преселивме во Германија. Убаво е. Јас сум задоволна, а и децата. Господинот дојде пред нас. Култура, цивилизација, закон, ред. Нема малограѓанштина. Како да сум во друг свет. Не сум во центарот на градот. Баш ми одговара локацијата. Децата одат во школо. Учат и јазик. Помалото побрзо напредува. Поголемиот тера инает. Јас ќе си бидам домаќинка додека да ги добијам документите. Големиот полека влегува во пубертет. Се расправа со нас дома. Се нешто не му одговара. Ама се научи да биде одговорен. Ја чисти детската соба, ги дипли неговите алишта, обрнува внимание на хигиената. Знае и сам сендвичи да си прави. Излегува и со другарчиња. Малово е мрза. Го мрзи од кревет да стане. Се влече како црево. Да се фатам за работа. Да се исчисти тоа што мажите го оставиле позади себе. Убав ден.
Е ова е врв Не знае како се нашла таму Што знам, внука ми од брат ми порасна со мене, не знаете колку ме слушаше, да ти е ќеф да ја шеташ секаде. А за помалата ви имам кажувано, дувај и бегај. Е изгледа син ми е како неа Можеби со време ќе отрпнам, ама многу се срамам кога има такви испади во јавност Син ми знае да си вика на цел глас, не да плаче туку си кажува нешто по негово, имаше гужва и сите ме гледаа наопаку Ама ќе се навикнам
Еј тоа не е ништо страшно, јас дома ја враќам вриштејќи редовно. Или не сака рака да даде или сака да се качи врз трицикалот. Последните 2 пати во количка изрази желба, еднаш почна да кенка нешто, ама не беше критична блиску до дома бевме Е кога ја изнесувам пешки, обавезно се враќаме скарани Ама ќе помине ај, ќе порасне ваљда
Guten morgen meine Damen Однесени децата во школо и сега ќе дремам. Размислувам што да правам за ручек. Надвор врне и нема мрдање од дома. Овде кога врне знае така да тера со денови. Вчера маж ми ме изнервира. После јадење секогаш остава растурено. А сто пати му имам кажано да си чисти. Трошки долу (повеќе таму отколку на маса), флеки на масата. Буквално... Кај паднало таму останало. Му кажав дека ништо нема да добие. Си знае он што нема да добие. Изгледа ќе настинува. А маж кога ќе настине, знаете како е. Мојов ќе легне во кревет и само се жали. Читав вчера за случка со отровот. Треба многу внимавање со опасни средства. Такви работи чувам во купатило, под клуч. Среќа што децава не се обидуваат да отвораат таму. Уште во Мк им кажував дека такви средства се опасни. Гледам на тв македонска забавна музика. Постари песни. Ме врати во едно убаво време кога се ценеше македонската музика. А сега се поинтересни певаљки од типот на Теа Таировиќ. До кој степен дојдовме.
Добар ден мајки Како сте? Од кај да почнам.. Свекрва тргна на работа, со тешко срце ама тргна. Не ми требала она мене со бебето јас се сама сум правела, еве не знам што очекуваше ваљда да го родам и да и го дадам да го гледа она, ама гледам да не се замарам и да не се нервирам. Бебе многу немирно спие деновиве, значи цела ноќ патка со нозете, со рацете се фаќа по лице има направено дупка на носот сам ( плачеше едвај го смирив, јас бев да се истуширам и со мм на спална ги оставив ) допирам водата тој вришти мислиш готово крај на светот дошло, влегувам у соба што да видам крв му тече по лиценцето мм го нишка тој плаче ли плаче, па збори му па играчиња ајде некако се смири ама има уште лузна има како на ратиште да бил, палецот обавезно го шмока ако нема цуце период ли е што ли е. Вчера официјално ни покажа како се врти од меше на лево и десно, радосен цел таков ама каква фаца направи кога се најде на грб као "што се случи сега". Мислам дека и на тоа се должи неспиењето мирно. Спие мирно ако јас сум до него. Еве го сега на спална го земав и си спие не мрда ама цела ноќ станува на 2ч за цицање и само да се прета. Преку ден спие како зајак, по 30-40мин и не презаспива за жива глава после тоа. И саат ипол сме буди, после 40мин ништо не му одговара зошо е недоспан а не спие. Кај да побегнам, која дупка да ја фатам. Мм има премногу работа, доаѓа во 7 7ипол навечер едвај на нозе седи ама сака да поседи со мене и бебо, само вели не можам да ти се најдам преку ден барем навечер и тој еден ден што сум дома, што да се прави кога мора да работи, фала богу па и има работа а и времево нека подржи вака топло преку ден. Мислењево е каша попара зошо го пишувам на рати од вчера на пладне. Имајте убав ден
@Carolin. не знаеш колку приказни од свекрва слушнав како снаите на пријателките нејзини раѓале дека и си уживале после во животот, а децата ги оставале на баба и дедо. Не како негативно ова, туку демек што правам јас дома, таа е тука да гледа бебе. Да, важи. Демек и второ и трето ако сакаме не е проблем, одма да сме преместеле креветче кај неа, ќе го гледала таа првото. Мој став, ако требало баби да гледаат деца на 60-70+ и ќе раѓале. Ако сака да помогне може ручек да донеси, алиштата од бебе да ги испегла и сл. Друго, нема потреба. Од останатите теми, нивото на нервоза ми е на максимум. Си ја знам и причината за тоа, знам и кое е решението ама трпение и ќе биде. И после месеци, пак на работа. Не знам дали таму дополнително и уште повеќе се нервирам, таква ми е работата, стресна и со притисок, дали се радувам што гледам и други луѓе и бар секој ден муабет со други возрасни правам. Нормално, сега и постојано мислам на бебе што и како прави, ама си викам ако е нешто алармантно ќе ме бараат.