Здраво мајки Го запоставив форумот ама па толку некако ни беше турбо периодов што едвај се снаоѓавме… Бебе наполни 1 година Не ми се верува кога помина цела една година, како вчера да ја родив. Роденденот супер помина, торта, балони, за дечињата кукис и изненадувања… Се беше онака прекјут… Ние складно облечени, сите во бело, додуше јас и керче, татко и одело и бела кошула Бевме и на патување малку пред тоа, супер помина и тоа, да и се заблагодарам на @Anturium ја убив со прашања Ете таков човек сум, сакам се да ми е испланирано и да нема непредвидливи ситуации… Ама нели мора нешто да се случи кај нас таквите што сме, па го испуштивме авионот и останавме уште неколку дена Некако мислам дека со намера ни беше зошто воопшто не се брзавме ама нејсе На тема работа, си даде отказ оваа мајка од работа која мислам дека ми е едно одлично искуство ама па од друга страна нема никаков напредок, тоа е тоа. Се насочив во одредена област и уште од сега сум задоволна, среќна и онака знам дека тоа е тоа и дека одлуката е исправна… Сакам тешки предизвици и целиот тој процес додека да успееш, или кога се зеза маж ми што вика сака да си го отежнува животот без потреба… Ама нејсе… Бебе ми оди во градинка од Август, минатата недела ни беше првото разболување и антибиотик ама помина добро и тоа, сега е добра.. Порасна некако одеднаш, знае сама да се заигра, почна порано да заспива, со јадењето уште сме така-така ама на добар пат сме… Оди и се фаќа по масички, кревети, уште и е страв да се пушти ама не форсираме ништо, кога ќе биде таа спремна… Направивме шопинг есенски, нешто доби алишта и за роденден ама ни фалат уште некои работи па мислам викендов ќе го искористиме за шопинг. Потпишувам дека луѓе што немаат деца не знаат да купат алишта за бебе добивме некои работи за 3 години, некои промашена сезона Имам еден цел куп со такви алишта. Откако сум мајка некако и јас кога купувам поклон за бебе/ дете размислувам дали ќе е точно, дали ќе погодам сезона и слично, веројатно претходно не сум размислувала на тој начин Во дневна имаме возен парк, од колички, точаци, клацкалки…. Само ги поместуваме креветиве за да има место за играчкиве… Се помирив со фактот дека ќе ни е хаос по дома и веќе не се нервирам… Дневна средувам навечер за кога ќе станам да пијам кафе во средено, после и така е хаос цело време, алишта перам, сушам и секој си зима од соба-перална што му треба, пегламе по потреба Чистам генерално кога ќе имам повеќе време 1/2 пати месечно, инаку секој ден подсредувам по малку, прашина правосмукалка 1 неделно и тоа е… Каков перфекционист бев дури ми е чудно, ама па се молев за ваков хаос… Следно на листа ми е детска соба да средуваме, мм вика рано е, ама некако ме фаќа мерак ептен а време никако не стигнува… Навечер некогаш седнувам да учам и учиме заедно зошто се е интересно, од лаптоп до маркери, тефтери и слично Постов е хаотичен и јас тешко се снаоѓам Убав ден да имате
Со задоволство дадов насоки мила, се надевам убаво поминавте Ова за авионот се пресмеав. И ние стално ќе испуштавме мм да не беше таков каков што е. Луѓе 30 мин пред договореното време ќе ме чека надвор со бебе во раци. Секаде сме први Инаку фалиш на форумот, да те читаме почесто И јас веќе 2 работи одбив, дури не ми се верува, цел живот ги посакував тие работни места. Ама… преоритетите се менуваат. Не се чувствувам спремна и тоа е тоа. Ми треба уште време психички да се спремам, ако успеам некогаш…
@Miss_S исто потполно исто значи истиот муабет. Јас со душа го чекав ова бебе во раце да го земам и некој друг да ми го гледа, како па да не. Јас разбирам мерак им е и они добиле внуче, ама едно размислување имам јас, друго они. Општо и ги гледам кога ке им го оставам до тоалет што се вели да одам, не слушаат што им зборам туку си тераат по свое и на мм и мојте. Ти им велиш немојте у раце, не можам јас после цел ден да го носам у раце ништо нема да сработам низ дома тие од соба не сум излегла они го кренале веќе заради што плачело. А бебе не плаче туку вика сега испушта некои звуци по негово, легнат на игралната и си гледа и збори нешто, ама нема со кој да се разбереш. Од сега знам дека ке не можам да им го оставам заради тоа терање по сожвој памет и муабетите "ние вас како ве изгледавме, па што ви фали" ама тоа е.. Си се пожалив денеска.
Денес за малку ќе ми јадеа пченица мајки, за влакно. Ме фати некоја еуфорија за чистење, да исчистам се, кревав, бришев, миев, и на ред дојде кујната и се качив на работна маса да избришам врз висечки и за малку не паднав од горе. За влакно. Се задржав за вратичката од висечкото. Уште ми се тресе душа а пола куќа ја пројдов веќе. Сега веќе чистам под стрес со мисла што можеше да се деси. Бебо реши да ме почасти со умноча денес, добар е, за малку ќе го најадев лута манџа, пиперката божем блага, кога се свари огин луто. Па си ручаше попара јогурт пошто времето отидено за ручек, немам ништо друго, па му дојде лошо дека со попарата се најаде убаво и еве го на цицка презаспива. Многу сака песнички, поточиња ни е нон стоп по дома пуштено. Бате нејќеше, ова пее и игра, да го видите како фаќа такт со носето, си цупка, си тропка. Маче. Доста веќе, да продолжам, ја чекам сестра ми да дојде на кафе, таман пауза ќе направам убава. Убав продолжен викенд.
Веќе 3 недели како моето девојче оди во градинка и е буквално ново бебе. Ужива таму а јас се топам кога ја гледам или кога некој ќе ми ја пофали. Едвај ги чекам сликите на апликација што ги ставаат дур е таму. Сега последниве денови почнала и да се закача со другите бебиња и дури со постарите За викенд не запира дома , се качува секаде, гризе а се уште ниедно запче нема. Скоро 10 месеци и ниту едно Тоа мајки сакав да кажам. Цветам и се топам дури ја гледам. Моја Д
Добро утро Имаме запче. А со тоа и одговор на сите мои прашања "Зошто си ваков, што ти е бе мама? Те боли ли нешто?" и тн и тн. Еве, да почестиме по едно виртуелно колаче. Колку заби треба да излезат рековме?
Да се множат бели и здрави. Моево ептен тешко вади заби, така да само нерви и сила собирај. Мене ме тешат само уште некоја недела 2ки додека извади, па ќе сум видела раат. И тоа нешто да го видам и ќе одам на пијанка да прославам. До следна тура на заби тоа.
Аха да. По моето скромно искуство, првите две деца кога вадеа 3ки беше хоророт да те утешам де А бејби сега многу време остана на горе четири и доле две запчиња
На муабетов со забиве и јас Дали е можно непцата да набрекнуваат и да почне процесот на никнување заби на помалку од 3 месеци? Приметив уште на 2+ дека нешто е чудно ама сите ме правеа на будала дека било многу рано. Мене како што ми се гледа непцата се малку побелени и набрекнати. Имавме една цела добра недела кога конечно моето дете намали со плачење и сега не можам да си поверувам дека со забиве олку рано почна и е пак многу плачлива
Ќерка ми извади забче на 3 ипол месеци,процес е и може да трае со недели,така да ако и се набрекнати и постојано со раце во уста, тоа ќе е.
Да, рачињата и се в уста цело време и кога и ги тргам плаче душиче... Уште едно прашање, има ли нешто што ви помогна за мачкање или слично? Да и помогнам бар некако...
Знам дека не треба да се замарам, ама не сум таков тип на личност, за све се замарам и пробувам да се исклучам и да си го бирам стресот ама не ми успева секогаш. Вчера случајно во ходник, комшијата до нас од нигде никаде почна да ме напаѓа - шо ти плаче бебето толку, нешто не е во ред со ова бебе штом толку плаче. И јас му викам, добро а убаво ли е така да се збори за мало бебе, на што он уште толку почна да ме напаѓа со мене муабет не се правело, јас не сум била саглам, него бебето го вознемирувало .... значи јас се шокирав. Откако се преселив во зградава ги немам запамтено сите луѓе, не сум таква што се интересира за други што се како се. Со човеков немам ни два реда муабет сврзано да речам сум го навредила некад, нити па аир сум видела од комшии. Попрво ќе ме бутнат по скали, отколку да ми помогнат со количката. Се ненормално. Па што сака он, што очекува од бебе? Следен пат ако ми се жали, јас ќе свртам на мвр и ќе му дадам да ме пријави за галама. Само што се вратив на работа, бебе на адаптација во градинка, седми скок не дрма на најјако и уште да треба да се замарам со паланката околу мене, е немам сила веќе. И така женски, мене малку ми олесна што го извадив ова од мене. Имајте убава вечер
Кажи му дека плаче оти станало свесно кој му е комшија! Нека му е срам и арам! Ами моево денес ко што цркаше на се живо и диво, па јас требаше да се иселам на Марс ако е така, ма и на Марс е гужва, ќе се жалат од него и таму. Мајка со мастит подоздравена, утре ќе го носам на крвна слика пошто малиот атлетичар има качено само 360гр за 2м па од задутре назад на работа. Не знам што ќе се прави со ова дете со јадењето. Еве земав да блендирам па да видам дали вака ќе јаде, мош па не сака да јаде парчиња веќе, од кај да знам. Битно ако му се погоди музиката весељак невиден е. Наминав на кратко само, ќе заспивам дури не станало човечето. Добра ноќ!
@Leanne ич да не се замараш. Во Мк имавме проблеми со комшијата под нас. Се работи за искомплексирана будала на која се и смета. Кога и да плачеа децава, он тропаше одоздола. Ако тропнеа, пак тропаше. Требало тивки да бидеме. На маж ми му пукна филмот и еден ден го отера кај што не треба. Се смири еден период, ама после пак почна истото. Работите се средија откако пријавив во полиција. Оттогаш бега како од ѓавол кога ќе ме види. Ме утепаа синусиве веќе трет ден. Вчера правев инхалација со камилица. Подобро ми е. Главата не ме боли. Добра ноќ и од мене
Како интроверт до немајкаде кога се роди моево бебе, а знаејќи во каква околина живеам, најмногу ми беше за комемтарите кои ќе ги добивам ако плаче. И од претходно искуство на други. И да, баш имам пишано, ако бебе плачи ми стасуваше порака на месенџер, нешто многу ви плаче бебето или што му е денес, и ме погаѓаше тоа скроз. По цели ноќи имам шетано со неа в раце или седено само да не плачи, се додека не пресеков и не почнав и јас како нив. Тие - Бебе цела ноќ плачеше, не спиевме. Јас - и јас не спиев и мене ми плачеше. Или јас - соседи бидете спремни 4/5 или било кој скок доаѓа ќе слушаме плачки често. И така ја фаќам работата на шега повеќе. @AngelOfArh, не знам колку јаде баткото, ама дали би упалило постојано во негова близина и каде што игра и седи, да има парчиња овошје и зеленчук, па може низ игра ќе јади повеќе? Е сега надвор од хранилка е тоа и поголем неред. Од животот, ми годи враќањето на работа и промената на мисли. 100 пати поуморна сум физички, ама не и психички.
По оваа логика јас со моето дете треба во затвор да лежам Многу си љубезна, не заслужуваат сите луѓе така. Не се замарај воопшто за ова верувај не треба. И јас сум човек што ептен се замара и кога треба и кога не треба ама за ова не смееш... Си дозволувам да ти речам вака дека мене долго време ми требаше да прифатам дека плачењето на детево не секогаш зависи од мене. А на тој нечовек нека му служи на чест!
Здраво. Видов пред малку пост на фб за најдена Maxi cosi количка во парк (женичка ја нашла таму). Нека стои и ова тука, во случај да не некој ја бара. https://www.facebook.com/groups/525...k/2591306107742765/?ref=share&mibextid=WmN5vr
Здраво мајки Утре излегуваме од 2 скок се надевам малку ке се смири бебо еве го спие кај мене на гради, а го спуштам на кревет, количка или релаксатор се буди. А не наспан е страшен На оваа мама вчера и беше роденден, и секако дека се спремав со бебе во марама и на мене сите гости така ги пречекавме и испративме и во никој не сакаше да оди. На брат ми девојчето го зема кога му ја кресна мене ми падна срам ко на колење да го дадов, после тоа никок друг не се осуди Послужете се виртуелна торта ова утро со кафе