Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Еј темава:inlove:
    Со најсилниот човек што оди по оваа земја-мајка:inlove:

    Пред 4 години кога имав новороденче пишував поактивно во темава,ама после ме фати 'тодлерската' треска ,па ми требаше време да се вратам во нормала.
    Сега после 4 години со второ бебе на пат,и еден голем дечко да се активирам почесто тука да пишувам.:)

    Што убави чкртки има темава:l:

    Јас со труднички хормони,секој ден ново лудило.
    Како ближам накај пораѓај се помалку трпение имам,и со синко знам да избувнам и после ми е многу мака. Ама ќе стиснам заби да ги издржам уште последниве недели...

    Ве поздравувам сите:l:
     
    На hello-kitty.90, mal.ecka, Coco31 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.706
    Допаѓања:
    21.385
    Пол:
    Женски
    Си го гушкам дур цица, читам и си плачам. Не знаев дека некогаш ќе бидам толку уморна, а толку среќна во исто време. На моменти се прашувам дали е вистина ова што го живеам. Како да сум во некој далечен сон што од секогаш го сонував. Не ми се верува дека ова е наше дете. Дете што толку долго го чекавме… Дека ние му дадовме живот и дека сме родители после сѐ. Буквално како да сонувам.. и конечно сонот е убав.

    Маж ми секогаш вика дека сака побрзо да порасне и да прозбори, да го шета за раче и да си прават муабет. :) А јас му викам немој да брзаш, не гледаш ли колку брзо расте тоа мало раче… Да имаше начин животот да успори малку, целиот хаос би го живееле одново и одново, само што подолго да ни се во прегратки..
    Љубов, посилна од сѐ!
     
    На H.VAGA, hello-kitty.90, Mother of 2boys и 42 други им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.291
    Допаѓања:
    28.051
    На татковците така им е најуживање. Да видиш сега со големиот, прави другари се.
     
    На Mother of 2boys, mal.ecka, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    дој да те гушнам. И јас сум тука да си споделам стресна ситуација си детето. Мислам дека од тогаш развив мн тешки панични напади али Господ на ми е на помош а нему да не му се повтори. Пред 2 недели што фино лепо си крена температурата 38.6 пред тоа играше весело се ок рече ме болат нозете ми студи и се спие, ајде викам итака ќе дадам парацетамол ќе се испоти и ќе му спадне температурата. Дадов сируп го покрив легнавме заспа секундарно не помина 2 мин детето се изгуби, само отвори очи во сред спиење зеде длабоко воздух и се згрчи почна да се тресе и неконтролирано да се лигави. Мене толку ми требаше. Скокнав спискав големиот истрча надвор почна да вика по свекор ми, јас само обув нешто колку да не сум боса и вкола на лекар. По пат едвај се созедов за да сватам дека се фебрилни грчеви и дека треба него да го смирам а не да паничам. Преноќивме на детско одд. Ставија таму чепче инфузија кислород чуда а јас се тресев избезумена. Од тогаш еве две недели сум со паника кога нешто ќе му се случи. Малку да мрдне или да заспие наеднаш мене здивот ми се зема.
     
    На H.VAGA, hello-kitty.90, Zumbulche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.725
    Допаѓања:
    46.414
    Пол:
    Женски
    Ние во 4ти скок сме па ме снема малку.
    Само колку да ви доловам, вчера врискаше на цел глас зошто не го нишкав во посакуваното темпо и дека потседнував да одморам кичма од време на време. :drunk:
    Некогаш па си мислам, дај Боже да е скокот, ќе помине. Тешко нас ако е карактерот. Како angry bird ми е бебево.
    Гледам и со играчиња тропалца, ги тегне, ржи, се нервира одма ако не е по негово, никако сам да го оставиш ни секунда и така...
    Инаку сме и во процес на селење, па умот на 300 страни.
    Да си се пожалам малку, се надевам и вие сте добри.:hug:
     
    На Coco31, Yowannty, Ano и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    10.546
    Пол:
    Женски
    Исто е и кај нас :hug: 4скок :hug:
     
    На јolene и Luminary им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.101
    Допаѓања:
    9.578
    Пол:
    Женски
    Така некако.
    @Luminary сабајле во 5:40 се бунеше оти и лежам од десно, а не од лево да ја гушкам а она на мене се потпре и да мушне глава во мене. И јас како и вие, се плашам да не и остане во навика. Оти скокот ќе помине, ама карактерно и мене ми стои дека се по нејзино мора да е.
    И јас не можам да ја оставам ни за кратко сама. Одма се лути. Ама па се смее кога сум до неа.
    Ви се свртеа ли вашите? Моето уште не. Ама и како да нема интерес иако и покажувам по 100 пати на ден.

    Јас еве два дена по ред се обидувам да исмукам дома. Од друга страна си велам да сега сака да се гушка со мене, нема да е вечно вака. Ама сепак нели, пак мора и низ дома малку да се фати.

    Мајки на поголеми дечиња, имам комшиче ќе прави годинка. Мајката се нешто и дава на мојата. Де нешто ќе и купи, де што останало од малиот. А и мојава ептен му се радува. Абе љубов ми се кога ги гледам како се држат за раце :inlove:. Не си гукаат туку само се гледат и се галат. Абе ѕвериња мали.
    И сега сакам да му купам нешто на малово ама не знам што. Не сакам да сум досадна со облека. Облека и купишта има сигурно. И се има додуша.
    Затоа дајте идеа за нешто интересно и цакано за машко детенце. Што највеќе ви се нашоло или во направило еве впечаток.
     
    На Luminary и Viveki им се допаѓа ова.
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    13.053
    Пол:
    Женски
    Цакано не знам, јас сум повеќе за практично ама штом има се тогаш можеш електрична четка за заби има интересни во аптеките со суперхерои и сл, скаличка за да се качува раце да мие кога ќе може веќе, зимска јакничка (во Окаиди и Зара има убави), капа и ракавички, патики има во Скечерс што светкаат кога гази, прибор за јадење исто има избор во убави пастелни бои…Ако си повеќе за играчки види на инста Панда продавница имаат интересни и многу квалитетни или Стори бокс дрвени играчки.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.101
    Допаѓања:
    9.578
    Пол:
    Женски
    Видов на стори бокс. Имат интересна магнетна книга. А и таа масичка за активности ми фаќа око..има такви коцки исто со различни активности. Тоа евентуално.
    Абе за облека да ја прашам евентуално ако има нешто намеречено. И ќе излезе на пример и она да не ми каже што точно сака, за нели да не ме оштети финансиски. И на крај некој компромис што нема да се облече можеби. Еве некое ранче ако најдам, за кога ќе тргне во градинка или сега ми текна кутија за ручек и шишенце. Нешто такво може ќе земам. Фала ти :l:
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки.
    Јас да си ја олеснам душата. Многу пати сакав да побарам совет ама дур побарам си го решив проблемот.
    Како што знаете не живеам во Мк, другата половина од Србија е.
    Неговите ги запознав кога бев 6ти месец трудна и оттогаш само проблеми со сестра му и мајка му.
    Сестра му го брани од мене небаре непријател сум му, башка мамино лигле е.
    Овде беше сестра му кога се пораѓав и до него имавме некое несогласување некој ден после пораѓај за она да ми дојде во соба и да ми каже доста недолични и безобразни работи, дури дојам.Не бев во состојба да им покажам на двајцата врата затоа што ме слупаа хормони а и не знаев ни дали малата цица воопшто.
    Дали мислите дека моите хормони се смирија ? Нормално не, затоа што на мене ми текна после се да малтретирам 4 месечно бебе по авиони за неговите да ја запознаат.
    Од мајка му многу ниски потези. Прави јадење и за него става многу повеќе а за мене како за мало дете. Сестра му на 46 ни пиле ни дечко па нашла мене за мајчинство да ми кажува и учи. Мајка му стално кажува како малата е за татко и поврзана. Го лигави син и повеќе него ли јас моето дете, итн. Секогаш беа поважни тие неколку парталчиња што ги земаа за малата отколку тие од моите.
    Кога отидов сама со неа за Скопје ми се лутеа што не сум им се јавувала на камера да ја видат.
    Да не заборавам што се лутеа кога сакав да видам роднини затоа што снаата исто како и да немала живот пред нив.
    Врв и одлука да престанам секаков контакт со нив беше сега пред два месеца кога ми дојдоа овде.
    Еден ден си ја средив ќерка ми и легна со татко и. И појдов до кај татко ми затоа што живее на 50 метра.
    Сестра му се налути и ми бараше мој телефон да види чекори колку сум направила и зошто сум била кај татко ми.
    Да се разбереме, не ни е најсјајно, искрено од него како татко на моето дете имав најмалку подршка ама мислев ќе си ја замолчи сестрата.
    Да немав дете коешто седеше овде, ќе ја залепев и ќе требаше со лопата да ја собираат.
    Имаше закани за татко ми од нивна страна, за тоа каква мајка сум, како моите се разведени..
    Дојде и до полиција, го пријавив за психичко малтретирање за кое што за жал или не, ќе видиме, ја повлеков пријавата.
    Отидовме со малото на 5 дена од дома кај татко ми,дур не ги испрати дома .
    Стално гледам му пишува против мене, како сум способна да киднапирам сопствено дете, како сум невоспитана.
    Има многу уште за приказната ама тешко ми е да пишувам.
    Сега ме прашува кога можат да ја видат и кажав дека сестра му без мое присуство не може , ама да не е дома.
    Сепак јас не сакам ни двете да ги видам. Може да ме остави заради тоа ако сака, ама бирам да сум самохрана мајка попрво него во затвор затоа што не знам што би направила да ми е овде.
    Овде сум ради ќерка ми , засега. Тој за мене не е ништо освен една пичка од 42 години што сам ќе усере и ќе остане без дете. Извинете на изразување.
     
    На H.VAGA, hello-kitty.90, Mother of 2boys и 13 други им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.446
    Допаѓања:
    32.380
    Пол:
    Женски
    Лајкот е само за поддршка.
    Ти посакувам среќа цел живот. Што и да одлучиш :hug::hug::hug:
     
    На Freckles., oblace1, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sandza

    sandza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2019
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Долго време ја читам темава па се решив да пишам и јас. Да се пофали мајка на 3 мес бебе како си одвоила време за себе . Ручав и решив да се исфарбам корен. Тато се чуваа со бебе, среќа што истури надвор па поголемото ќере немаше желба да оди на активности и тато беше тука за бебе. Си се исфарбав јас па кога земав да рибам тоалет, викам да не седи мајкава залудно и онака со фарба не држам бебе. Сум го светнала да ви кажам. Влегува ќере потоа и вели "мама ко ново е" се згазив од смеење воедно и ми се наполни душава.
     
    На hello-kitty.90, Mother of 2boys, Coco31 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    10.546
    Пол:
    Женски
    Ако не бива, не бива убавина со сила. Немој да си ја мачиш душата, имаш дете за гледање, на тоа бебе му треба здрава мајка. Маж ти треба да застане позади тебе и да ти биде грб во секое време, ако го нема тоасега, уште бетер ќе станува понатака, на крај и детето ќе го повлечете во цела оваа виуга. Најдобронамерно. :hug:
     
    На Freckles., nevermet18, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Дали имаш седнато со мажот и да му кажиш се што мислиш и што чуствуваш? Мислам јас можам да разберам дека тие му се семејство ама да не може да заземе став на нечија страна не можам да разберам. Па ние жениве не сме створени само за да не малтретираат на сите страни.... Секој ден читам од една страна жената е малтретирана од мажот од туга страна од свекорот некоја друга од свекрвата.... Па добро ние предмет ли сме зa искористување? А и тоа нивното толку сељачки бе.... Ич да ти кажам ако маж ти не разбира во каква ситуација му е бракот подобро нека нема жена и дете одколку да тера така.
     
    На GoldLeo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    Пробуваа да ме одвојат од моите, ми кажуваа како они ми мислат најдобро.
    Пример кога се пораѓав пред болница беше сестра му и татко ми. Се пораѓав 14 саати. Таа беше пред болница затоа што немаше ни каде да оди ни како дома да се врати. Татко ми као татко нервоза и страв за мене а и што има да бара цел ден пред болница кога нема како да ми помогне си отиде дома. Е кога ја докажуваа љубовта према снаата рекоа како татко ми не ме сака затоа што не седел а таа седела цел ден . Живи глупости.
    Не се замарам многу за него затоа што за мене тоа не е маж, човек што си ја чува фамилијата и што стои позади неа. Мене ми требаше само да и каже остави ја, едноставно не се мирисате.
    Мене ми е криво што ради такви глупости едно дете еден ден нема да биде со татко и и мајка и, мене ќе ми биде подобро еден ден.
    Кога беше битно зашто сум била кај татко ми, не им беше битно да и дадат млеко и сменат пелена, затоа нема да ја видат.
    Кога моето дете се будеше плачејќи затоа што не беше во свој кревет, они беа на плажа јер дошле на Малта па да искористат.
    Да се разбереме, напуштив сопствен стан во 9 вечер по спортски градник со малата од 8 месеци и полна количка пелени,млеко и шишенца.
    Не ми е жал што нема да ја видат, жал ми е што порано не се ставив себе и неа на прво место.
     
    На azelea, marchi-cool, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Dpokahontas

    Dpokahontas Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Две недели со малечко бебенце и веќе се осеќам како најлоша мајка на цел свет, цело време се преиспитувам за се што правам и имам осеќај дека се што ќе направам е погрешно. Бебето е малце плачливо и најтешко ми е ко ќе не можам никако да го смирам или кога не спие навечер. Навистина не знам кај грешам
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.836
    Пол:
    Женски
    Нигде не грешиш. Тоа и се очекува од бебето да го прави. Гушкај само, биди до него, да осеќа дека е опсипано со љубов и толку. Уште си во четвртиот семестар што се вика, смали ги очекувањата дека бебе треба да спие, да си биде мирно или не знам какви други глупости.
    Најдобра си за него, не грешиш нигде, гледај да отспиваш кога можеш. Сите сме биле таму, ќе помине.:hug:
     
    На Mother of 2boys, Coco31, Freckles. и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    Добар ви ден мамасити. Знам дека ова прашање не е за овде ама некако не е многу активна темата за аутоседишта. Мислење за седиштата на KINDERKRAFT? Го гледам моделот XPEDITION од 0-36 кг е и има изофикс систем и ротира 360
     
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :hai:

    Поминавме сите со вирусот освен бебе, за кое се надевам дека нема да го фати. Јас и мм со 39темп два дена бевме, во тие два дена како сум чувала бебе не знам низ магла ми се искрено. Битно сега сме живи и делумно здрави, на пат кон оздравување де.
    Бебе влезе во 3 скок и ноќеска тоа го осетив, цела ноќ мрдаше не престана да се врти низ креветче како стрелките на часовникот, до 2ч ми спиеше убаво и стана цицаше после тоа..
    Сака да се сврти од грб на стомак ама уште нема сила оди до пола, свртен на страна и со главата во душек директно, го вардам навечер да не се задуши..
    Синоќа од памет ме извадил заспа он сум заспала и јас луѓе кога рече врескам во 10ипол не можам да ви опишам како врескал, не знам како станав да го земам раце ми се тресеа после тоа, тој си заспа јас останав да се соземам.
    Добра работа е што ваљда почнавме да фаќаме ред за денски дремки..

    Имајте убав викенд :f:
     
    На Coco31, Yowannty, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.291
    Допаѓања:
    28.051
    Пред да станам мајка, чувствував само љубов кон маж ми. Никогаш не бевме позаљубени од периодот на бременоста. Таа возбуда за авантурата што не очекува само нас двајца. Ја роматизирав. Гледавме низ наши слики кога сме биле деца и се смеевме дека ќе малото ќе биде исто како него. На моја радост, двајцата се исти како него.

    Чекавме во ординации гледајќи ги тие што се веќе родители. Изгледаа уморно. Личеа како се да им е преку глава.

    Се смеевме дека ние нема да бидеме такви.
    Ама и нас не смени родителството. И нашиот однос понекогаш личеше на потпишан договор со дадени обврски. Постојана битка кој праи повеќе.

    Мораше да се изгубиме ние двајца како пар, за да станеме фамилија. И мислам дека сме се подобри во ова. Во меѓусебното помагање. Во помнење дека сме тим. Дека сме заедно во ова.

    Без разлика на негативните чувства кои ги имаме во текот на денот, истиот го завршуваме со анегдоти за М. Што направил, или што кажал. Па никој друг не се радува како нас што М. Јадел месо. Ти секогаш ќе бидеш моја потпора. И ти си единствениот човек на планетава што ги сака М и М исто колку и јас.

    Ти ме надополнуваш во работите кои не можам да ги направам, и обратно. И во тие моменти, сфаќам дека ние сме створени да го правиме ова заедно.
     
    На hello-kitty.90, Mother of 2boys, Shaya и 43 други им се допаѓа ова.