Druski samo da ve pozdravam Ziva sum,pocnav na rabota I beba vo gradinka. Imame rastecen nos ama dobro se drzime zasega. Ja zasaka gradinkata od prv den I bez problem si sedi po cel den. I jas na rabota se vrakam poleka na istoto. Voglavno sekoj den ni e ispolnet so novi predizvici so bebe. Postov mi e samo da ve pozdravam. Vi posakuvam ubava nedelna vecer I guskajte decinja za da vi ja toplat dusata.
Денес е ден кога превртувам со очи кога ќе го слушнам како ја истура целата кутија со играчки Ама и така ги остава,не ги ни погледнува после.. Се трудам да бидам трпелива,да разберам дека учи,дека и на него може да не му е денот,да го сослушам.. Ама има денови кога ме тестира ептен јако... Јас сум како она 'gentle parenting ,its for gentle kids,I got gangster' Многу е хиперактивно дете,ни додека јаде не може да седи,буквално мора се во движење да прави... Е кога и на мене не ми е денот,дишам длабоко и се трудам да бидам најдобрата мајка,додека бројам до 10 и назад. Ама па знае и да ме стопи во секунда. Лежиме и ми вика 'ако те притиска многу бебето,јас можам да те измасирам како татко ти,силен сум и голем' Ја имаат таа детска магија да ти ја дадат сета волја и сила на светов. Убава вечер мајки
Мајка и овде да се пожали... Ај што сум уморна од вежбањето вчера, нозете ми се уморни, па и дете синоќа ми правеше зулуми во 11 навечер. Ај што не спие, ама се џитка низ кревет, се превртува, значи му се спие ама не може и дадов млеко, заспа и спиеше до сабајле, кома! Е он спиеше ама јас не можев да се опуштам цела ноќ од мисли како можев да си го оставам бебето гладно толку време, како?! Не очекував од нигде никаде да му зафали млеко, преку ноќ! Многу извичници ама многу сум нервозна. Мислам го знам изворот, ама не можам да се разберам со мајка ми. Го чува детево нели и госпожата го тови со бисквити секој ден, појма немав, смоки и бисквити (бебешки ама пак) секој ден претпладне... И после не јаде, епа не јаде попладне, он е најаден со грицкалици претпладне. Ќе си пукнам. Одам во градинка и здравје после Нова година ќе оди во градинка, нема да го чекам март. Не можам веќе. Ова од свекрва можев да го очекувам, ама од мајка не, мислев мајка е ќе ме поддржи, ќе ме послуша, а она си игра со мене мајтап. Една недела си го чував сама и си јадеше 3 оброци и цицаше, спиеше по 2 саата претпладне и саатипол попладне, навечер од 9 до сабајле до 8 со едно до 2 будења, за еден ден дете пак стана нервозно, живо ненајадено и не спие. Се пожалив, сега да си кажам дека диета тера перфектно, супер ми оди, вежбам, пазам што јадам, плус може малку ќе каснам, некое овошје или пола краставица, некој костен, парче кашкавал, ама не благо и леб. Одма се осеќа. Е сеа малку сум уморна, ме боли се, денот ми е прекраток, ама ќе издржам. Доста беше, приемен ден ми е денес, почна турбо, мене веќе ми се јаде ми се плаче.
не мора да значи дека е гладен, и син ми имаше таква фаза, кога се будеше пречесто за цице, а јадеше 3 оброка + ужинка (14м е). Мојот за жива глава не прифати пак ни шише ни АД.
@AngelOfArh , што дека дете запишано во градинка, де адаптација, де настинки, почесто е дома. Ај што цел ден се цртани на Тв пуштени, нема бебе некој интерес за гледање. За јадење сигурно не ја ставаат во хранилка туку пред Тв. Е кај мене друг проблем е што кога е дома, оставам појадок и ручек спремни. Плус за секој случај нели си стои и млекото ако има потреба да пие. Во денови кога јас сум дома меѓу појадок и ручек не пие млеко. На бабата и личело гладно и не по цело шише ама еднаш/двапати по пола шише нудела. За грицки/смоки/бисквити воопшто не ни купувам за преку неделата зошто сигурно и тоа ќе се дава често. Од останатите муабети, вратена на работа, се привикнувам на обврските плус. Дома останува да се спремаме за празниците. Сакам некои традиции со бебе да почнеме ама уште не знам ни кои, ни какви.
Чоек 2 месеци го чува, еве трет, значи не можам, се осеќам ко лош полицаец. Цело време нешто викам не вака, не така. Па и здружени со сестра ми, одбиј го та одбиј го, на телефон само јас сум им тема на разговор. Ко да не си го сакам детето, ете така се осеќам.
Дојди да си се тешиме. Ми доаѓа скапо кога бебка е дома по цела недела да јади по 2-3 купечки каши и секое утро барем за еден оброк варам, средувам, погаѓам, ако не и двата. И додека е врело во фрижидер. Е сега постапката на свекрва. Кога ќе е време за јадење, нели да не е ладна кашата од сите можни начини што мене ми текнуваат во моментот - да ја извади 15-20 минути на собна температура - да ја стави во друга чинија и притопли било на шпорет, било во микробранова. - тегличката да ја стави во врела вода Е, па не. Од сето наброено свекрва решила да става по 3-4 лажици врела вода во кашата внатре. Значи на 180-200гр каша што јас таман си ја спремам како што бебе јади уште плус вода. Буквално испаѓа како супа да и даваат секој ден. И така во 7 сабајле нови обуки за припрема на храна.
Читам се жалите од бабите.. Мојава свекрва мисли дека деца на 16 месеци нон стоп јадат. Пример бебка сака да се качи на комодата, јас не и давам, нормално, бебка протестира, дај и бисквита да не плаче Си одиме од кај неа, во меѓувреме бебка јадела се и сешто, дека кај баба е нели, ја фатил некој склет додека чека да испаднеме трча со корка леб, дај и да не плаче И сваќам дека сум за во ДЕЦА веќе, ама таму нема ваква тема, so here I am
Добро утро! Втор ден бебо ме игра мајтап навечер, преку ден доцна спие и без контрола по 2 до 3 часа, па и повеќе и второто спиење го скока и оп, навечер е пре стимулиран, пре нервозен, пре ќенкав... На бабе не и јасно се тоа, во наше време како било, трт мрт... Ај некако се договоривме мислам па ќе видиме како ќе биде. Колку е до тоа не знам зошто во пикот на скок во развој сме, па ќе видиме. Раат нема, или не јаде или не спие, нешто мора да има. Кафенце се пие, да се расониме, па ќе се пуштиме во погон. Убав ден!
Добар ден мамасити. Одамна не сум чкртнала нешто. Пијам кафица, бебуш спие, и му се спрема кашичка од јаболка и слива. Денес воведуваме слива . Времето надвор само за спиење, и нормално секогаш кога е такво мрачно дождливо синко спие растура. Инаку вака со маки се успиваме, и спиеме по пола саат. Вчера беше збеснат за сите пари, ржи , се дере, играчки фрла. Лудило. 5 ти скок и ни се ближи громчето. Се надевам нема многу мака да видам Денес ако си спие вака убаво, ќе успеам на рает се да спакувам за тргнување за мк. Малку кај мајкичка на гости. Ми се стегна душата Па со господ напред утре или петок фаќаме пат, и се молам да поминеме убаво. Во последно време не сака многу да се вози врзан. Се надевам нема да се препотувам од борби со него по пат. Ај да се фаќам за работа. Убав ден мамасити
Сеуште и јас не сум начисто со тоа што смее да се загрева или не за бебе, така да избегавам на пример да ставам компир, кога правам од порано. Денес, киноа, пилешко, морков и грашок. Во главно гледам да е вака некоја житарка во комбинација со зеленчук и месо. Без компир да вклучувам. Претходно дебатиравме дека бататот смее и да се мрзне така да таа опција ми е за испробување. На пример батат, тиквица, брокула и карфиол ја размислував. Генерално по видеа од YouTube, ставаат се и мрзнат се ама сеуште ми е несигурно.
Вечер мајки. Не знам веќе кој пат да го фатам… прво најмалото болно, па тоа уште не долечено и второво го префати сега со двајца глава не знам кај ми е. Ќерче ми е добра да не си ја урочам, ама бебко само во раце спие и само мене ме бара, џабе и цела војска дома на помош да дојде, синко втор тт ми крева на 4 саати и тоа 40с. Добри се на слушалка ама грло жар црвено, на бејби кс му е крш и си доби антибиотик Морам да си ја олеснам душава барем тука, зошто стварно едвај издржувам. Најмногу од се ми е проблем бејби и без тт е омалаксан, и ништо не јаде, и кај преку ден е цело време во раце па и навечер не може да спие сам цело време со цице во уста сака да спие.. креветчево прашина ми фати веќе.. значи нема теоретски шанси да го спуштам да спие нормално.. има ли крај веќе Постов депре исто ко и времево ама тоа е
само да ве поздравам во оваа врнежлива ноќ. Деца спијат, еден до мене на спална, бебе за сега во креветче, а јас не мрдам од страв да не му текне да се разбуди дека веќе три ноќи е ужас со спиењето. Повеќе од пола саат сон немам сврзано, а со тоа и повеќе од пола саат во континуитет легната на кревет не сум поспала. Се надевам дека се заби и за брзо ќе пројде, ама ако потрае ова уште некој ден ќе го вратам и бебе до мене на спална зошто вака не се функционира на работа. Откако тргнав на работа, деновите ми се кратки, ми фалат бар уште по 2-3 саат за основни работи. Вака во моментов се чувствувам, легни со деца, стани со деца, витамини, оброци, спремај ги нив, оди на работа, дојди, пак јадења, цицање малку игра и летнал денот. Бебе кризира веќе и во 8 е во кревет, поголемиот батко исто со нас залегнува. Додека заспијат они и јас сум заспала или како вечерва лежам на спална и не мрдам. Викендов еден ден со другарките излегов на пијачка, ама искрено и тоа низ нос ми излезе. До пред излагање на нога и спремав оброк за бебе, се вартив и нормално тој пак ме начека и одма се ококори за цицање. Сабајлето нормално во 6 стана, па и јас со него. Есента и зимата мислам ги мразам само заради ова што деновиве се прекратки. Па и ова дождовиве. Одам да легнам додека не му текнало на бебе да се буди. Имајте убава и мирна ноќ
@Ano сестро ела да се гушнеме! Јас не издржав, го прибрав до мене, не можам, капната сум. Па и дека цица многу често повеќе и млеко се лачи а тоа значи веќе во 2 јас сум фул и ако не одам одма дома да цица, ако сеуште јаде или нешто, јас веќе имам мака. За уморот, оф се осеќам ко воз да ме згазнал, буквално, ко да шиба некој низ мене турбо. Ми се плаче.
Здрав мајки, Ве читам редовно но не сум шкртнала ништо, еве денес за сефте првпат . Мојот дечко е скоро 19 медеци и сеуште цица, ма голем цицкољубец е, преку ноќ станува може 5-6 пати, мижи и вика мами цице, цице, циценцееее, ај не му дај да те видам. Туку друго ми е муабетот, сите другарки, мајка ми запнале одбиј го па одбиј го, мислиш тие го дојат и стануваат навечер абе бог да чува. Мое дете акп сакам до 5 год ќе го дојам што се мешаат кај не им е местото. Штом се видиме прво прашање уште цица? Аууу па зошто голем е бла бла ме пукнаа веќе Така дојдов за првпат се пожалив, имајте убав ден мајки
И мене тоа многу ме нервира, на прашања од типот уште го доиш, до кога планираш и слично, одговарам до прво одделение.
Дали има уште некоја како мене што не ги сака есента зиматa и ладните денови? Значи толку ми е мачно што во вакво време кога треба а ги облечеш дека нели ладно е и плус дома грееш и ти викаат жешко ми ајде бос ајде не ме покривај не можам да спијам жешко е..... И на крај ќе се успијам нема да се покријат убаво огнот ќе загасне и ете ти настинка. не можеме да се оправиме со здравјето цел месец. Големиот прво антибиотик една недела потоа само што го заврши после 3-4 дена опет температура ајде на инфузии после 2 терапии доби осип се му прекинаа после 10 дена крена пак температура и пресеков, реков мора брис. И претходно викав ама кој ме слушаше. И испадна streptococus piogenes. Налет и малово до пред 10 дена пиеше трицеф на контрола супер вчера ми вика мамо ме боли вратот не можам да ја мрдам главата А реков фаќш грип корона настинка вирус којзнае што мерам тт 37.6 и одма парацетамол нели бидејќи сме за жал склони да пријавиме фебрилни грчеви не смеам да чекам. Давам парацетамол вика ми студи, абе да си на штрек само. Му спадна вечерта уште еднаш крена исто и сега ништо не му е. Ама знае да се пожали дека не може да голта одвреме навреме. Капак на се е тоа што и мене од вчера ми студи често и кога и да мерам температура исто како него 37.6 имам напати трески ме фаќаат напати жештина.... И најлошото од се е што во последно време не ми се оди на работа. камо да имаше сопругот добра плата ич не се думав дома ќе си седев. Барем знам децава чувани ќе беа под надзор. Колку може маж да ги дочува? Плус и на ова ладно време не ми се оди никаде. Работата ми е одење без ќејф.