Знам дека темава не е за совети, ама не знам искрено каде да пишам…темата секс ми собиранка на напалени мажи, а и проблемов не е за таму(мислам) Жени кажете како да си ја вратам желбата за интимност со мм, па и општо желбата за секс? Либидо 0, неам никаква желба за ништо, тотална незаинтересираност,ниту за со мм ниту соло. Не сум толку преморена за да неам желба од тоа, не ми ниту фали нешто, ама едноставно не ми се сака, самата помисла дури ми е одбивна. Породена сум пред 7м, предходно имавме интересен сексуален живот, отсекогаш сум била сексуално свесна особа, мераклика никогаш не сум била без желба искрено, либидото ми беше високо. Незгодно ми е веќе да го одбивам мм, а и јас веќе почнувам да се плашам дека така ќе остане, дека ќе се одвикнеме и дека ќе бидеме еден од оние парови кои немаат секс…не сакам, се ужаснувам од помислата. А не знам како да си помогнам. Не се ни сеќавам кога имавме односи последен пат и кога имавме беше со зор, општо некако немам желба за никаква интимност и споделување на љубов. Некоја психолошка бариера е ова ми се чини или може дека уште неам добиено, па циклусот и хормоните не ми се синхронизирани… Како сте вие на таа тема, дај утешете ме дека не сум единствена, кажете совет, ако нешто ви помогнало вам, стварно сме очајни веќе со мм, не знам како да си помогнам
Не си единствена. 7 месеци после пораѓај, не ни помислувам на секс, ниту можам да се замислам да имам секс. И јас се’ уште немам добиено. Се надевам дека ќе се смени кога ќе добијам циклус.
Верувам дека сите сме биле некогаш на тоа место особено после пораѓај. Пробај сама да си го лоцираш проблемот и да го решиш. Дали е од умор, дали е од прекумерна посветеност на детето, од немање време, од губење на блискост пример ако не спиете во иста соба, дали е од улежаност…Пробај да вметнеш физичка активност да се размрдаш и добиеш енергија, да смениш исхрана (има огромно влијание), да го оставите детето на чување за да правите нешто заеднички, да си посветиш себе време за да се осеќаш поженствено и посакувано, да поделите обврски доколку поголемиот товар е на тебе итн. Само пронајди го проблемот, излези од комфорт зона ако си влезена и форсирај се да правиш работи што си ги правела и пред бебето. Мене лично најголем проблем ми е уморот од секојдневни обврски и листите to do што ги имам во главата, навечер само чекам да заспијат за да можам и јас да легнам. Затоа сексот се случува најчесто од сабајле кога имаме мир дома (големиот во градинка, малиот прва дремка) или навечер ги заспивам во 20h, до 21h заедно завршуваме се низ дома и веќе во 22h легнуваме и ние.
Желбата за секс ми се врати кога добив, 6 месеци по пораѓај. Дотогаш наопаку го гледав маж ми ако само спомнеше.
Иста сум, 13 месеци поминаа. Ужасно е чувството. Јас добив оддамна ама желбата не ми е вратена. Дали 5-6 пати сме имале секс цела година, и тоа е на сила. Мислам кај мене влијае трауматичниот порагај. Искрено и јас сум исплашена, не знам дали некогаш ќе се вратам старата со огромно либидо. Совет немам за жал, и јас сум изгубена на оваа тема
Не си единствена исто и јас воопшто немам желба,се надевам кога ќе ми дојде ќе се врати желбата.Кога ќе слушнев од другарките како после раѓање на дете немале желба,им се чудев и викакав како е можно демек јас нема да сум така,ама испадна дека биле во право.
Само почни, па макар и на сила да се натераш, штом сакаш нели. Иста бев и јас, само ми требаше да почнам и желбата сама се врати, само 2 или три пати на почетокот ми беше као на сила се терам сама после веќе се врати на нормала. Макар што викаш и сама да се задоволуваш, почни едноставно.
Isto mi bese i na mene, zelba nikakva. Otkako dobiv, tocno 10m posle poragaj, se stabilizirav. Ne odma ama osetiv razlika.
Јас мислам дека сме во 4ти скок, иако официјално почнува од утре најголем проблем ни е јадењето. Никако да испие цела доза АД. Пие пример 60мл, па после час-два пак ќе си побара уште 50-60мл, само греам вода догревам, термоси, фрлам направено неиспиено АД и така во круг овие 4-5 дена. Само ноќеска кога се буди еднаш испива 180мл како од пушка и заспива. Веќе пружи раце по мечиња, тропки, ги фаќа. Гледам повеќе пружи десна рака, не знам дали од толку мал може да се каже дали е деснак.. Инаку од првата недела дома навечер спие во креветче и во детска соба. Наидов на критики овде, но супер си тераме така до денес без исклучок. Јас и мм сме сами во спална. Неќна сабајле го зедов до мене на спална за прв пат и гледа лево во татко му, десно во мене се чуди. ММ вика овој ќе сфати што е шемата со спалната. Сепак неделава купивме фотелја на спуштање за во детска зошто мислам дека можеби како расте ќе има потреба да поспивам малце до него. Не би се селела скроз, а него да го селам во спална нема шанси. Се на се бебуш е златен, мирен срце од бебе. Позз мајки убав викенд
Желба за секс нула, 16 месеци како сум породена и на прсти се брои колку пати сме имале секс. Некогаш не само што немам желба туку и сум изморена, одам на работа дома кога си дојдам со нејзе сум кога заспива нешто низ дома да завршам и најмалку ми е дојдено до секс. Едноставно како се породив за ништо желба немам.
Како мајка на предвреме родено бебе, денов ми е посебно драг. Не е којзнае колку порано и не видовме многу маки околу развојот, сепак причина плус да си ја почестам со нова играчка. И непроспиени ноќи и стресни ситуации, нервози, се повеќе бели влакна, сепак ова искуство не би го сменила.
Само да те утешам дека не си сама. И циклус добив и уште не сум средена со хормоните. Не само што немам желба, туку и кога ќе се спомне темата дури и нервоза ме фаќа. За жал еве 10+ месеци и уште не сум го нашла чарето .
Еве и ние така бевме, едно одморче ќе ви го реши проблемот! Мене така ми се врати желбата, инаку тапа секојдневие, монотоно и обврски си го прави своето. Ама кога се начекаме има високо ниво на либидо! Успав дете, ставив садови во машина, се друго е бомба ама да ви кажам нов закон воведувам во 22-23 во кревет на спиење! И мешково да одмара малку повеќе!
Хелоууу мајки . Сите спијат, а јас од 5 ипол седам во мир и пијам кафе. Како останав бремена ко аларм да ми се инсталираше во главата, 5 саат станата сум. Да не си ја фалам ќерка ми ама многу послушна е станата. Сама си игра, се што ќе и кажам се прави, ко друго дете да имам. Фобија имав од полнење 2 години, мислев со тантруми ќе се расправаме ама детево задниве 2 месеци ко возрасно ми се однесува. Ајде мама да спиеме, зема перница, си легнува, ме гушка, ме бацува и си лежи дур не запие. Бевме на роденден пред некој ден и ме замисли некако. Многу е дружељубива и си игра со се ама ми падна во очи многу сака да реди, да сортира. Си седна во еден дел кај што беа коцки, некои дрвени форми и почна да ги сортира по боја сите. И дома, ќе земе и ги реди работите. Исто ќе земе и ги брои играчките. Ме фати страв некое ОСД да не има. Не знам дали паники да правам или рано е за дијагнози на 2 години . Некако за бебево бр. 2 не ја чувствувам еуфоријата ко за ќерка ми што беше. Не знам зошто е тоа така. Како се знам што треба, знам што следи и тоа е тоа. Нема она потресување, трема. Дури грижа на совест имам што не сум толку возбудена. Како ви било вас со вторите бремености? Убав период следи, празници, фамилија, едвај чекам. Гледаме за кратко зимовање негде ама ќе видиме што ќе биде. Копаоник малце забегале со цените годинава, па ако не идеме Бугарија(а ич не ја сакам), ваљда ќе рентаме некоја куќа во Маврово. Убав ладен викенд мајки
Ние 4 месеци по порагај прв пат пробавме, самата помисла ми беше нелагодна ради неубаво зарасната епизотомија. И првиот обид не ми беше убаво да бидам искрена. И се уплашив. Каде и цела бременост апстиненција и 4 месеци по пораѓај, а чувството ми беше неубаво. После пробавме пак и беше друга песна. Сега пак уживам. Можеби има и до хормоните не велам не, ама сметам дека е само нешто во нашиот ум што си правиме бариера. Инаку да напоменам немам ни јас добиено. Пробај во денот да си правиш нешто за себе. Да сватиш дека не си само мајка, сопруга, туку и жена. Можеби ќе помогне
Абе не дека не правам ништо за себе, сега веќе иам рутина, сликам, готвам понекогаш, шетаме, гледам серии, успевам да најдам време за себе. Мм попладне го превземами јас имам сигурно 4-5 саата за себе, бев на фризер, се средувам и се тоа. Е реално ми фали време со мм, ама бебето ни е многу захтевно и не спие само и никако не можеме да се угодиме да бидеме сами. Не сме излезени заедно сто год, не спиеме заедно, веројатно проблемот е тука што општо интимноста ја иаме скоро изгубено. Ама и општо мене самата помисла ми е неудобна, не знам, се надевам дека до хормоните е и дека ќе се среди, ама мора вајда и време за нас да најдеме за да може малце интимност да разработиме па после ова да дојде. Уф не знам, да ми кажуваше некој дека вака ќе сум, немаше да му верувам оти за мене секс било основа за добар брак и врска отсекогаш, ама никогаш не се знае очигледно.
Мамасити престигнавме во Мк. По пат арно поминавме, малку беше кенкање само. Убаво било кај мајка. Синко првиот ден едвај заспа само разгледуваше, да се запознае со просторот. А од како дојдовме се успива сам на троседот во дневна. Многу ми е чудно како да не е моето дете. Камо среќа така да остане Сношти пак почна во сон да плаче, и едвај го разбудив за да престане, па едно две недели се немаше тоа случено. Ама вчера многу се смееше со мајче му. И мислам така кога се смее, вечерта имаме такви епизоди од плачење до зајдување. Сега ќе обрнам повеќе внимание дали е до тоа. Времето малку не ни е во полза. Дува, ќе те однеси. И не можеме надвор да се шетаме. По дома ќе збеснуваме . Да сме живи здрави само, и тоа треба по малку Убав ден мамасити. Се читаме
Е ние спиеме заедно, бебе си е во креветче до нас. Се трудам максимално да спие во креветче, знам да го земам до нас ако е многу кенкав ама чим заспие го враќам. За кога ќе се разбуди да види кај спиел. Се надевам дека таа навика ќе остане. И нема да почне да сака да спие со нас. Потруди се некако ако можеш да го навикнеш во креветче да може мм да си е до тебе, да си ја вратите интимноста. Од спиење еден до еден поголема интимност нема. За излегување сами знам дека малку потешко ќе ви е, од причина што сте во странство и сте сами. Ке си дојде се на свое место верувај. Штом имаш увидено дека нешто има проблем, на пола пат си до решавање на истиот