Мајки ,да ве поздравам. Одамна ме нема. Влегов во бубањот ..... Два месеци во градинка, цело време е болна. Цела недела беше со ТТ и бактерија,не ни даваа ништо и на крај завршивме со спуштено на плуќа. Трет ден денес е на Трицеф. Синоќа ми крена 39.1 Утешете ме дека ке помине со брзо и добро....првпат се соочувам со ова а и мала е бе ,едвај 12 месеци..... Ве гушкаме...
Нема опција да ставиме кревет во собата, моментално е во дневна, а мм работи ноќно време на ком во дневна и не може таму он да спие, малце е хаотично. Не сме во странство моментално затоа е така, просторот во куќата не ни беше планиран за со бебе и малце е кнап. Ама пак не можам вечерно време да го оставам со друг оти не сака да спие, два пати на свадба бевме и два пати си отидовме експресно, дента можам да го оставам ама и тоа е ептен на брзински, се научи со нас настрана и без еден од нас двајца не сака да е подолго време , ама се се надам дека и тоа ќе се деси…ајде ќе помине и периодов, а секако јас со мм не спиев многу и предходно дека имаме различно време на работа и функционирање, така да тоа не ми прави проблем ама сепак…
Воопшто не се оптеретувај. Прифати го како таков периодот, имате мало бебе, сосема нормално, ќе помине. Не е само сексот во врската, разменувајте си допири, бакнежи во поминување, бидете си тука еден за друг. Бидете и двајцата свесни дека е период, нема да е засекогаш. Понатаму си се средуваат работите, не се напињај само за нешто што е минливо.
Ете многу слични мислења си добила и сигурно сфати дека не си сама. Кога поминаа 40 дена од пораѓај, па и пред да поминат либидото ми беше до плафон. Не знам како во целиот тој хаос, ама ептен имав желба и обавезно имавме 2,3 па и 4 пати неделно. Ама како одминуваше времето желбата се повеќе ми спласнуваше. Пред скоро три месеци се преселивме, повеќе обврски, цел ден активен и кога ќе дојде ред за тоа мене само кревет ми се гледа. Дури и да не сум толку уморна некако ме мрзи, не знам. А од друга страна кога ќе почнеме многу ми е убаво и секогаш викам зошто сме смотани и немаме почесто. Немам добиено и јас, очигледно хормоните си го прават своето. Жал ми е некогаш за маж ми зошто само он започнува, а претходно не беше така. Не сакам да се осети непосакувано и затоа отворено му кажувам дека не е до него, едностсвно таков ми е периодот. Се трудам барем еднаш неделно да сме активни, не сакам како цимери да живееме, ептен е глупо. Не си ставај притисок, ете ние и во иста соба сме, бебето во креветче, ама пак желбата е недоволна. Ти кажувам на тебе ама истото треба да си го кажам и на себе. Постојат многу начини на искажување љубов и приврзаност. Моментално повеќе ми се гушка и гали и тоа е тоа. Ќе се вратиме на старо, само треба малку време да си дадеме. Сепак огромна промена му се случува на телото, не може да биде без последици.
Мајки кај ги шишате малите? Како се со цени сега мали звезди? Керка ми 3 год уште ја немам шишано и мн мн споро и расте косата..
Утро мајки Да ве поздравам од сончевата Гевгелија Вчера се вративме од Србија , на враќање на некои места снег префлрлаше ,овде убавини Јавно да се заречам дека веќе нема да одам толку далеку со детево . 480 км ,што е многу ,многу е . За едно бањање во базени не вреди. Ама па супер си поминавме , навистина се одморивме ,а богами и фино кркавме За една недела се поправивме по 2-3кг Мајка Господ нека ми е поживее ,ама стварно ми е многу од помош . Ама и нејзе патот и дојде бааѓи исрпувачки . Пишав и во темата за "поголеми ", па и овде да се пофалам Официјално сум влезена во климакс ,маж мислам и он влегува . Белким со тодлер дома полесно ќе пројдеме ,а ?! На тема секс Скоро и да го немаме ,ако маж не ме потсети дека месец дена не сме воделе љубов може и да не ми текне Мене ми е доволно да ме бакнува во чело пред спиење , да ме гушка и да ми шепне дека јас сум најпрекрасната жена во светот И исто ми е како да сме воделе љубов Он си сака и сексче ,ама си имаме изговор дека детето спие ,па да не го разбудиме ,па да Не не види .... Се живее и без тоа де . Не дека го немаме ич ,ама ај речиме од празник на празник Синко е на градинка Трет месец оди со песна Нема одсуствувано ,освен кога одиме на шетање вака . Денес отиде прв ден по недела дена пауза . Мислев ќе плаче ,ама маж ми ми кажува дека посреќен го немал видено коа го пречекале сабајлето учителката и симпатијата му Да си ги пофалам и овде морам учителките Посрцки не можеа да ни се паднат . Со каква љубов работат со децата , тоа е за чист орден . Свака им час Исправ 9 перални Пет долу и четири горе вклучив од вчера поручекта Половина се исушени во сушара ,половина ги спрострев надвор,гледам сонце има . Утре ќе е ден за пеглање Едно 3-4 часа ќе си пеглам и диплам. Мераци !!! Денес нема готвење Донесовме бааѓи печење од Србија , кајмак , кисели купус.. тоа ќе се јаде 2-3дена . Само за мали да видам што ќе му направам . Истеравме и шопингче у тоа Пепко . Една вреќа "партали" купив за ич пари. Ќе видиме како ќе се покажат на квалитет . Вака на изглед не ми стојат лоши . Земав све за едно бројче поголемки , ним да се собираат на перење . Да ставам второ кафе и одам на тераса Греота е да го испуштам сонцево Гушкајте дечињата мајки. И имајте убав почеток на на неделава
Врњачка бања бевме Не е препорачливо деца пред годинка да се бањаат во базени со топла вода . Ние нашето прв пат го носевме на бања точно на годинката.Сред зима го бањавме во надворешните базени Чинам од таму ни стекна толкав имунитет ,пупу Четврти пат идеме вака на бања ,никаде немам видено бебиња да ги капат . Устари имаше едно 6мес бебе ама само во солената соба го носеа и си го оставаа во количката полсе тоа внатре во комплексот со базени а они се бањааа. Не знам што да ти кажам , мислам дека нема потреба зимава да го носите , можеби на пролет да почекате е најубаво
Не мислев да го бањам бебето туку онака за прошетка. Ние ако се менуваме со чување и да се избањаме по еднаш-два пати. Дали може да ми кажеш и каде бевте сместени
Сакам душа да си олеснам, а не знам каде, со другарки муабет не ми се прави, со блиска фамилија исто, маж ми.. уште ја му фалам. Утре имам сеанса додуша ама мене сега ми е мука кој ќе чека Значи во септември си тргна во градинка, 1г и 9м, успеавме со баба и да изгураме до тука. И толку убаво тргна, градинката супер, учителкиве фини, адаптација за 5 дена со преспивање, пие сама од чаша, срка манџа течна со лажица! јаде над чинија наведната и со едното раче си држи одоздола да не накапе, абе ја гледам и се чудам. Го фатила маж ми пред некој ден позади и вика иде воооз иде вооз, он се чуди, јас се изнасмеав, ми текна дека ги видов децава еднаш во ходникот како се редат за миење раце, и се наредивме тројцата во воз и вика она идее воооз миее раацеее . Слаткоча. Е уште да не беа болестиве. 1 месец се акаме по лекари, вирус со температура, па ларингит, па бактерија, и на крај пак вирус што и спушти на плуќа. Колку се плашам па да не ми се деси реприза ко со ковидот. Тогаш кога не испуштија ни рече инфектологот, сега не смее ништо да фати може погубно да биде, ауф каков страв ми беше тој месец дена кога си дојдовме дома. И сега она е со наод на плуќа, споро поминува ама денес е подобра. Ама јас со нејзе сум исто 3 недели болна и мојата матична упорно ми вика таков е вирусот и денес се осеќам ко пак да ме фаќа нешто и се вадам од памет да не е нешто ново, да не ја фати и нејзе. Се осеќам виновно што ја носев во болници на секое ново кашлање, да не случајно има наод и дека таму испозакачивме нешто. И си мислам дали пак да се ставам во стаклено ѕвоно, толку лошо се осеќам, а не сум ни до 40ка стигната. И се решив од градинкава, не знам што е разликата да појде на 3 години како што ми викаат педијатриве, ама ќе направам се за да не оди веќе барем до септември. Тортура е ова да не можеш да функционираш, луѓе да видиш, надвор да излезеш, гости да викнеш. Бљак.
ти после 7 месеци се жалиш.... Јас 4 години како сум породена ама ќеф желба мерак јок. Ич. Либидо 0. Се некако како што велиш ко со зор, а исто порано не сум била вака. Од друга страна па сексот ни е како "со закажување" а не спонтано. И мене тоа не ми отвара желба ни мерак. Не би знаела ни каде да побарам помош . Кога сум тука да чкртнам збор два. Пред еден саат се прибрав од работа, едвај чекав кревет да си фатам. Единствено овие есенски денови ми се убави за вечерно лежење во кревет и во топло. Јас би сакала да си легнам покасно да си поуживам ама и да си станам покасно а второто со деца не е возможно. Да се пофалам си бев настината. од средата вечерта веќе почнав чудно да се чуствувам четвртокот и петокот де ладно де жешко де трески и температурата од 37 до 37.8 после ми текна дека големиов има стрептокока па гарант ме префатило. И веќе петокот идам од работа прва смена тт 39. И реков одам на родителска и после на лекар обавезно. Испадна грлото исто како и син ми. И кажав на докторката ми ја даде истата терапија и веќе после првото апче веднаш се осетив многу подобро. Па дечки ви посакувам пријатна вечер. Да догледам филм раат додека дечките спијат и ја фаќам перницата.
Ајде добро утро Будна од 5:30, не можам никако да се наштимам со спиењето. А јасно ми е дека последни денови со спиење навечер ми се. Ќе ги барам овие саати сон што ги седам така у празно. На интензивна дружба сме неделиве со синко. Не оди веќе во градинка, јас на одмор, топење по цел ден. Да си го изнагушкам додека уште ми е волку мал. Кога ќе стигне сестра му автоматски големо дете ќе биде. На него уште до крај не му е јасно што допрва не чека сите ама па се прчи кога ќе му речеш ти голем батко ли ќе бидеш? Паун на максимум Одам да се раздвижам низ дома, веќе легитимно време е за кафе Имајте убав ден, ве поздравувам
Dobro utro mamicki Konecno se naspav Bebka zaspa vo 23h ,stana vo 7:30 Cicashe i pak si prodolzi taman da se istushiram i da se napijam kafe. Posle nekolku nedeli da sednam vo dnevnata kako covek da se napijam kafe Ako ne se zalam (malku ) ulogata majka e najubavoto neshto na svetot I tie se zivi sushtestva ,ke menuvaat. Neka gi cuva Gospod samo.
Добро вечер од мене Стварно се обидувам да не сум негативна, ама некако се осеќам како се да ми се распаѓа. Искрено едвај чекав да се вратам на работа, си ја сакав работата, а и по природа сум динамична личност, сакав пак да се измешам со луѓе и мислев дека ќе ми биде подобро. Ама испадна уште поуморна да бидам и депресивна. Ќерка ми не преспива навечер, се будам од сабајле и цел ден ми е со обврски, воопшто не можам да здивнам. Немам помош, оди во градинка и минатава недела толку многу се разболе што срцето ми се искина. Два месеци сум на работа а четири пати боледување земав. Надредените ми рекоа ќе имаат разбирање за мене, ама затоа колегите скроз се изменија, ми зборат како цело време сум отсуствувала, па така ли цело време... ги гледам често се групираат, зборат нешто позади грб... Не знам дали ми вреди ова се... Премногу се запоставувам себе, а од друга страна па немам ни пола саат да одморам после работа. Ама тоа е, се надевам дека е период и ќе помине. По дождот изгрева сонцето.
Ај добра вечер. Од како сме дојдени во мк дете ми се смена многу. Заспива сам, не мора да го нишам. Помалку плачлив е. Дај боже и дома кога ќе се вратиме да биде така. Или ке си ја бараме дупката на троседот ( на перниците што се седи има како дупка од копчињата, омилено место за спиење ни стана ) Или мојата по позитивна енергија има влијание комплетно врз неговото понашање. Ми фалеле мајка, татко, брат. А внука ми посебно. Ми фалел самиот воздух од моето родно место. Другарки немам многу останато овде, сите се распрчкавме по светот,и немам баш со кого да излезам. Ама сепак ми е убаво овде. Мајка најдругарка ми е , мислам уште повеќе се поврзав со неа од порано, од кога јас станав мајка. Имам некој обврски да дозавршам дур сум тука и ако успеам на масажа да си појдам зошто кичмата почна да ми задава голема мака. А сега добра ноќ мамасити оти почнав од тема на тема да скокам
Извини што вака ти давам неповикана коментар ама не може ли маж ти да ти даде барем пола саат да одмориш во денот, штом само ти користиш боледување? Инаку знам дека е тешко и ние почнавме со градинка ама лошо се разболе бебуш и сега мајка ми го чува па на пролет ќе пробаме пак со градинката.. ти праќам поддршка и ние сме уморни
Мажот ми смени работно место па не можеше да отсуствува, а и на него работата му вклучува возење, некогаш и надвор од Скопје, па некогаш ме фаќа страв да не заспие на волан. Затоа навечер гледам јас да ја презаспивам. А тој е максимално посветен на ќерка ни, само што пример ќе дојдам од работам и јас ја чувам тој готви или обратно, јас чистам он ја чува или обратно. Ти благодарам и јас ти праќам поддршка исто.
Те мислев одамна да ти пишам, еве и јас сум скоро 5ти месец, и исто така како тебе сум. Само навечер кога ќе заспие малото седнувам и ми текнува да погалам меше и да проверам која недела сум. Трема исто немам. Возбуда само кога идам на прегледи. Деновиве почнав малку да го чувствувам, и тогаш ми текнува дека е тука, во мешето. Од кога ќе ги осетиш тие нежни клоцкања е веќе поразлично. И јас растрчана дома со малото, немам време да мислам на тоа дека сум трудна. Тешко ми е да признаам и некогаш заборавам и пренатални витамини да се напијам Најголемите мисли што ми идат е како првото ќе се адаптира со второто