Се тепаат најчесто тие што не им е единствен приход административната плата, то ест не им е извор на егзистенција и тие што не им се работи, а им се зима платичка. Каква, таква.
Се тепаат неработниците, тие што клатат врата, јас работам 3 работни позиции и на пат е четврта, за едвај 500е, не е ни 500е и тоа сега станаа толку, до пред 1г беа 350е. Изгинав 9м со 350е породилно а цените качени до плафон. Ич не е сјајно во администрација, особено ако си работник и не си дел од партија, ко што не сум јас нели.
Абе јасно ми е. Има што сакаат да работат, но струката им налага да фаќаат врски за државно. Еве јас имам струка што можам само државно да работам, не можам да се вработам оти нема некој да шепне за мене. Искрено ме чуди како ти си се вработила регуларно, но ај да не развлекуваме. Може има и такви случаи.
Isto kako jas da se citam.I mojata e lepenka za mene ne mozam nikade da otidam ,samo vo mene saka.Malku sum sebicna ,ne sakam i da ja dadam na drug sakam da e vo mene ama i sum premorena iskreno.Ne sakam da zamislam koga ke pocnam so rabota .
Ке ги бараме овие денови, зошто за 2год максимум, ке трча по баби и дедовци ке му прават ќејфови. А многу брзо поминуваат.
Mom's Она си прави пладневна дремка а јас лежам до неа и се мислам како може една ваква светла тачка да се роди во најдепре месец. Уште ми е криво Ете и ние полни 2 годинки За разлика од првата оваа вторава година се покажа на ниво. Од породување до врзување зборови скоро реченици како да поминале 100 години. Секој ден се радуваме на секој нов збор, гест, движење. Ова злато дете не престанува да изненадува. Да дремнам малце па ќе ни почне мини забавата
Мојот оди во сите, а јас скоро секој ден го оставам саат-два со мајка ми. Одам пазарам за дома или да прошетам во мол. Ако дојде некој на гости прво ги анализира ама потоа одма им се смее и нема проблем ако го држат други. Мене не ми е жал да го оставам со мајка ми, сепак сум по цел ден со него а најчесто и сама. Убаво се чуствувам кога ќе прошетам малку, а и гледам дека бебе си е во ред не плака воопшто.
Vo majka mi samo ne place ama taa e vobdrug grad i retko ja gleda.Inaku samo na nea sakamnda ja ostava i na maz mi sekako Na sveki ne
Откако наполни 7 месеци детево откри некои нови дисциплини на доење. Ако цица во раце, се исправа и цица во седечка положба. Ако цица лежејќи, од свртен на страна се врти на меше и сака така да цица. Пресмешно е, ама и многу тегне и гризе (без заби). Што ќе се деси кога ќе излезат, нејќам да знам зошто веќе сум лом. Сабајле во 10 за 6 стана јадеше и сѐ беше поинтересно од спиење, а не беше наспан. Во раце спие, спушти го се ококорува. Два саати поминавме така и на крај во 20 за 8 заспа, за да спие само 40мин. Станав крш. Кај моите сум, ѝ кажувам на мајка ми што правеше цела ноќ и не вика за мене леле си се измачила, туку за него ааај на баба греота не се наспа ли ти бабичка. И луѓе пукнав. Плачев како мало дете. Многу ми дојде, ама стварно. Сигурно дека не сум љубоморна на свое дете, ама откако е роден еднаш да рече некој дека и јас сум греота. Не можам да гледам, се распаѓам, смрзнав зошто седев дур да заспие, а он си беше покриен и цело време во полусон. Ама он е греота, а јас сум небитна. Мајка ми не знам дали се чукна, ама мајка извини, ама не мислев така. Ама не е само она. Луѓето престанаа да ме прашуваат како сум јас откако се роди он. Може на некој ќе му звучам лошо, ама и јас сум жив човек што сака малку внимание. Се испожалив знам, ама денот така наопачки ми тргна и тоа е.. морав негде да си кажам..
@Bella_Stella , пред некој ден гости и разговараме како јас трчам на работа, па дома, па со бебе обесено на мене итн. И се сврти разговорот за вечерни излегувања, по што другарот се врти кон мажот ми и му вика, од кога не си излезен, ај викендов да излеземе во кафана. И како што викаш, фактот што моите излегувања се бројат на прсти, море и од една рака, небитни. Битно на сопругот тешко.
Милион пати се имам осетено така. Еве денес прави синко 6 месеци на прсти се брои колку пати ме имат прашано како сум. Моите ме прашуваат. Ама другите не баш. Да ти кажам престанав да се замарам. Тој што треба да ме прашува ме прашува. А тоа е мм
Оф сестре, кога излеговме од болница моите го прашаа мм дали е спремен, како се осеќал. Мене да не ме видеа, може немаше ни да прашаат жива ли сум уште. Е тоа нема никогаш да го простам и ќе ме боли додека сум жива. И ништо не се смени еве 2 години ќе направи ќерче.. И сите се греотки ама јас сум мајка, ако ми е Уште некој да ми рече "сама си го праеше, шо се жалиш" и ќе почнам да мавам со што стигнам
Ааа ти мислеше лесно е да си мајка. Сакаше да си мајка, е тоа е. Уште неколку бисерчиња по кои ја ќе почнам кај и да е да мавам. И ко ќе почнат ајде дур сте загреани и второ. Не, не сум загреана. Нема вие да ми ги чувате
@LiquidLuna Сите така сме се чувствувале евентуално. Јас исто и сум пишувала за тоа исто така. Ама еден момент на почетокот на оваа година ми беше пресвртница. Имено, најдобрата другарка со која се немав видено 2 години дојде кај мене на 2 недели. Ја бев ни на небо ни на земја. Никогаш во живот не сум изгледала погрдо. Сама од себе се плашев колку бев пропадната во лице од умор и неспиење. И во еден момент некој ден пред заминување, другарка ми ми рече дека и е жал за мене. Точно знам дека не беше кажано со лоша мисла и дека и беше жал што всушност немам никаква помош од никого. И тој момент ми беше пресврт. Зошто некому да му е жал за мене? Зошто сум во среќен брак? Зошто имам прекрасен сопруг и две златни деца? Или зошто сум уморна оти се грижам за децата, мојот најголем извор на среќа, и мотивот и инспирацијата на целото мое постоење? Јас сакав само да се испукам во моментот иначе. Повеќето “како си” или не очекуваат подлабок разговор, или немаат капацитет да сфатат или нема ни да се потрудат да сфатат, па сепак на крај ќе речете - “добро еве, ти?” И некако дојдов до тоа сама да се кренам. Како родител, точно знам со кои предизвици се соочуваш и како си, ти и сите други мајки. Ќе се испукаме со една братучетка со деца иста генерација со моите и баш и не се прашуваме како си оти знаеме, се прашуваме “што праиш/те”? Ќе се изнасмееме на крај кога ќе споделиме низа глупости што напраиле малишани од последниот пат кога сме се чуле, иако во моментот не ни било до смеење, ама поминало. Живи и здрави сме и на број и тоа е битно. Како сме? Без разлика што во одредени моменти ти доаѓа да избегаш, јас ќе ти кажам, среќни сме и го знаеме тоа. Дали си сингл мама, во брачна или вонбрачна заедница или среќно разведена whatever, се додека срцето што еднаш чукало под твоето сега ти чука на нерви, често ти го скратува животот, уште повеќе ти го разгалува, тогаш диши длабоко, ти си среќна и се ќе биде ок.
Уште некој нека спомне второ од фамилијава и ќе ги запалам на плоштад. Почнав да објаснувам со факти зашо не сакам второ и си добив коментар дека они живееле у 2 соби па што ни фалело на нас? Па од кај да почнам што све ни фали? Ама скраја да е да спомнеш нешто за нивното родителствување нели...
Затоа треба што повеќе дружба со мајки со деца на слична возраст, пред да се породам никој близок немаше мало бебе, ниту една другарка/роднина, затоа почнав да пишувам на форумов.. после запознав во живо на прошетки наваму натаму со бебе мајки што имаат исти маки како мене и што не ме осудуваат. Не може да очекувате некој што не бил на ваше место (или бил пред 30 години) да ве сфати како ви е моментално, емпатија да, треба да имаат ама животот си продолжува. Едит: мене никој ми нема кажано дека ме сожалува, напротив дека мене сѐ ми е супер, средено, нема зошто да се жалам како божем мене сѐ сами ми се наредија коцките и ми е лесно, ама битно јас си знам колку труд е вложено и максимална посветеност
Аха аха па и кога ми се сладат на маките, "ехеее енос ќе видиш", "а мислеш вие поарни бевте", "ќе ви го докара умот малиот" и такви муабети од високо. Кај мене отворено кажуваат не си битна ти веќе, демек на шала. 300% сум понервозна откако станав мајка. Само со детето сум трпелива, а настрана од него со сите се карам и мислам дека сите јака тресат од мене . Ама ај ду нат гив а фак стварно нит свекрва што рекла, нит мајка, нит золва, нит шурунајка, сѐ флепкам. Може не сум најдобар пример ама за да бидам трпелива со детето, мора некој (читај секој) да трпи.
Абе како споредуваат така тоа време и ова. Тогаш немале трошоци како што се има сега, сега ние за пустава технологија по еден куп пари даваме. Тогаш само еден тв имале, а некој ни толку. А веќе за храната да не збориме колку е отидена на врвот на тополата. Да сме живи здрави и да не те погодува тоа ајде кога второ. Тоа така прашуваат колку да се најдат на муабет, барем јас тоа така почнав да го доживувам
Мене ми имаат така кажувано и луѓе што се со 1 дете, демек не се оставај вака со едно, на тоа одговарам дека многу сакам уште едно ама прво мора да создадеме услови за тоа и да знаеме колку ни се можностите, инаку уште 3 би сакала и јас, ама колку ми е капацитетот толку