Себично или не, во моментов имам услови за едно. И финансиски и просторно и физички и психички. Не дека скроз се откажав од второ ама не е на некој работа да ми го организира животот. Последно добив "совет" од колега на работа што фалело да родам уште едно. Секако имам баби и дедовци на располагање тие ќе ги изгледале децата.
Aјде бееее. Што се нема да слушнам Мене лани кога ја чекав ќерка од јасли едно бабуле ми се закачи додека е мала да сум си родела уште едно. И онака уз муабет и кажав "јас со ова едвај се снаоѓам" и ми вика "па дај и ја на свекрва ти, нека ја почува малку" (Немам свекор и свекрва инаку, и не вика дај ја на мајка ти, дај ја на свекрва ти"). И кажав скраја да е свекрва ми да ја чува ама не мислев дека ќе се закачи уште толку. Зема бабето ми објаснуваше колку подобро било децата кај свеќи да седат малку не знам што, не знам како и ѝ викам ама не сме скарани, мртва е жената веќе 20 години, затоа скраја да е она да ја чува. Мислам дека ѝ идеше од газот да си апне, 200 пати се извини што се бутала кај што не ѝ е носот.
Лани со малата имавме проблем со вирози. Секој месец настинуваше па се маткавме по дежурни. Годинава супер со имунитет ама со проблематичен хемоглобин. Раат да не е човек значи. Не е дека е нешто озбилно,ваљда ама пак трчаме по КС.
Тоа јасно, јас и покрај тоа што минав лошо после порагај не би сакала да го оставам син ми без другарче. Ама здрави живи прво да подпорасни. Јас многу сакам 3 деца ама како ќе дојди така. Имам едно што ми го исполни животот и нека ми е живо здраво. Па ако имаме уште нека ни се добродојде.
Ее е ова. Само што почна ќерка ми во градинка оди маж ми да ја земе. Баба некоја си го зима внучето и му се пушта.. Шо ги носите овде.. Ич не ги чуваат.. Со баба и дедо е најубаво. После болни ви биле.. А мајка и кај е.. Ејјј.. А ние цело време се сами.. Почна во јасли на 9 месеци.. Уше не мачи дали е правилно да ја оставиме толку мала.. Бабава го искомплексирала маж ми скроз.. Малку вон тема.. Ама што се мешаат бе.. Може е самохран татко.. Мора да работи.. Од тогаш не правам муабет пред градинка освен ако не е со родител
@LiquidLuna, кај нас главен муабет за убедување е: - ајде одма второ на една мака, па за 6-7 години ќе се бидат посамостојни - секако од првото имате куп работи, зошто да пропаѓаат, ќе си користи второто - ви врват годините, немате многу време за чекање. ( Не сме во 20тите години ама пак не дека и до пензија стасавме) Тоа ми текна во моментот што сум го слушнала.
Јас лично имав тешка бременост што ја пројдов а и секоја наредна би била таква. Без дете и со дете е многу различно да проаѓаш низ тоа. Затоа и психички се кочам за второ. Викам кај што нема ни едно нека има па за нас здравје. Сакам да си има брат или сестра ама не знам дали и кога би била спремна за такво нешто. И после се што ми се случуваше пред оваа бременост и со оваа бременост малце ми е глупо најблиски да ме замараат за второ а ова не е ни пркнато а ни јас освестена од се што се случуваше. Мислам мене ме фаќа срам не знам како нив не. На страна што се сите со став дека дете си има мајка и татко што треба да го растат а океј им е да кажат ај второ мислиш ќе го ислчуваат они. Малце така потресено се осеќам од муабетиве
Јас пак сакам бргу второ со мм се зафркаваме само ова да прооди да видеме со кој си имаме работа и може второ
Колку се нервирав кога некој ќе ми спомнеше за второ. Ми идеше со прст во око да им брцам. Сега кога си го имам, после толку години од првото, си викам камо да ги послушав. Не дека сега ми е лошо, напротив уживам во секоја секунда многу повеќе од првиот пат кога станав мајка, но од друга страна децата ќе ми беа со помала разлика. Јас ќе бев помлада мајка и до сега ќе имав две поголеми дечиња. Од друга страна си викам со две мали деца сигурно немаше да уживам во мајчинството како сега.
Сѐ се случува кога ќе му дојде време, па така и имањето деца. Едно, две, пет. Јас секогаш си викав, до 30 да родам едно. Непотребен притисок врз сама себе без околината да форсира било што, иако со маж ми сме 15+ години заедно. За жал не одеше по ‘планот’, зошто некои работи не се планираат. Моето прво бебе требаше да го родам точно околу мојот 30ти роденден. Ама.. се случи тоа што се случи и џабе сите планови, замисли и идеи. Едноставно животот немал таков план за нас. Станав мајка, ама само во теорија. Денес кога го имам моето второ бебе во раце, живо и здраво, не правам никакви планови. Живеам за денес, за него, за сопругот, за нас. Ако некогаш имаме и други деца ќе бидам благодарна, ако не исто така. Да ми коментира за нова бременост никој не се дрзнал, што ради целокупната ситуација, ама повеќе ради тоа што знаат дека ќе им го покажам местото. Само кај нас луѓето мислат дека треба да ти се мешаат во кревет. Што менталитет ќе бевме, страшно еј!
Здраво мајки Држам трета смена па да шкртнам збор два за муабетите погоре. На луѓето никогаш нема да им погодиш во однос на бројка на деца и колкава разлика треба да се. Секој си трга од себе и мисли дека он најправилно направил, а ти си грешка ако не си како него. Затоа не се ни објаснувам ни се замарам со коментари. Кога споделивме дека сум бремена по втор пат со нашите, после првичната еуфорија беше муабетот еее па сега одма ќе порасне првото, па можевте уште малку да почекате да го погалите ова. За греота детето негалено ќе остане, јер дечко од скоро 2 ипол години е Па сега и дека различен пол се, еее готово на едно ќе ги пораснете и сте завршиле работа. А бе може сакам трето дете да имам, освен со маж треба ли да се објаснувам со другите. Во однос на уморот никој не те прашува, можеш не можеш, сам си буткаш се. Колку сите беа (на своја воља непотребно) ангажирани околу првата бременост, толку сега 3 пати ме немаат прашано како сум. Ама тоа се споредни моменти што не им придавам значење. Фала богу имам доволен фокус и приоритети што ме полнат позитива. Едно заспива до мене, друго чука под моето. Тие моменти се хајлајт кои не би сакала да ми исчезнат од меморијата. Да пробам да заспијам ќе стане алармот во 7 ќе се чудам што ме снашло. Ве поздравувам
Љубовта е взаемна! Овој дел ми е најфасцинантен. Како да не ќе се работи за две различни деца, со различни потреби, а со тоа и две различни маки во исто време. Просторот за убедување други луѓе што да прават со своите животи е една широка палета од нереални шајзиња. Сепак мислам дека ние сме генерациите што ја носи таа ера кон крајот, со јасно поставување граници. Ама затоа пак, ние ќе ја изедеме нервозата за следните генерации. Баш ми е жал што некои од нас мора така да поминат. Ама сега имаш мало човече што ти е најубавата точка на топење и ги засенува сите недолични коментари. Добро утро Деца се успаа, па крадам последни минути тишина за денов. Големата е болна, сега во очекување и малово да ги покаже симптомите, па како што е ред, да се почастиме со маж по еден ибупрофен и периодов на преживување официјално да го отвориме. Колку што брзо ми летна годинава, толку бавно ми оди крајов. А сакам само да накитам елка, да си ставам топло вино и традиционално да си пуштам National Lampoon’s. И малку снег надвор. Немам поголеми желби за Дедо Мраз оваа година. Зима ми е посебно убав период и така. Ја чекам традиционалната новогодишна реклама на кока кола и знам дека најубавата сезона почнува. Убав почеток на последната недела од Ноември ви посакувам.
Исто како јас да сум напишала. Далеку посмирена мајка сум сега и многу повеќе уживам. Инаку, кога бев трудна една мајка од градинка ми рече леле ќе видиш каква љубов е вторто. И не верував. Ама вистина е. Волкава љувов од одма не знам дали сум осетила. Го обожавам малово, да можам по цели денови ќе го гушкам и бацувам. Вистина е дека се дуплира љубовта, не се дели со две.
Да потврдам. Осеќам мала доза грижа на совест дека не сум го сакала првото толку, ама не е така, и сега кога го бацувам го бацувам со многу повеќе љубов. А малово па, е малово ме топи. Шеќер мајкин. Бацува цициња, се гали, се милува, мислиш ќе си летне од кожа од што е среќен и мислам дека моментално не постои човечко суштество што повеќе ме сака од него. Ако сум нервозна, ако сум цело време под напон што вика мм, осеќам дека во мене има многу повеќе љубов од други години. Па овој предпразничен период, уф едвај чекам да дојде крај на декември, слави, родендени, празници... Најубавиот период од годината.
@Bella_Stella пред некој ден се слушам со баба ми, и ѝ се жалам дека малиов е во некој период кај што сака цело време в раце, не можам да го спуштам ни за преслекување без да почне да вришти. И сеа таа не ми вика за мене, мене да ме пожали како нејзина внука,знае дека сум сама со него по цел ден. Легендава му се обраќа на мм, и му вели лелее па загреота ХХХ, како ќе издржиш ти кога ќе ти дојде ред за ти да бидеш на породилно Мм ќе земе дел од породилното за 4 месеци иначе. Уште од сеа го жали, како ќе се снајдел. Јас небитна
Добро вечер, Од каде да тргнам, на каде да завршам. Битно и јас дојдов да се пожалам. Имам чувство дека се додека не има нас мајките, колку и да се другите посветени и да помагаат, секогаш тоа ќе биде ахам мајката е тука и да згрешиме ќе не поправи и нормално нема да се замараат како ние. Што јадел, кога јадел, кога е време за спиење? Битно ако треба(а најчесто и нетреба), да се испаничи први се. Мм не можам да се пожалам стварно е цеосно инволвиран во се во домаќинството, ама го има оној себичен момент прво она па сите останати . Најмногу што ме нервира што јас станувам, јас легнувам со нив додека ги стокмам и успијам и јас веќе сеум за никаде и не ми се мрда, па останувам во спална и или прочепкувам по телефон или легнувам и јас со нив. А ужасно ми фали бар неколку пати неделно да ги успијам и да имам сила да седнам во мир и тишина и да не правам ништо или да погледам серија некоја. Значи време за себе имам 0. А тоа дека никој не ме прашал, еве 7 години, две бремености, прваче и бебе по дома, ама јас можем се. Прашање се поставуваат само дали децата се добри, дали спиеле и слично. А со мајка втор пат правам грешка и незнам зошто мислев дека ќе е поинаку овој пат. Битно добив коментар да не сум ја вознемирувала снаа, дека она специјална снегулка, а тоа што 10години како се со брат еднаш не седнала кафе да испие на раат со нас кога сме биле на гости и тоа што нејзе треба детето да и го чуваат да си го шета газот, а јас ќе се нервирам на секое ни минута да не ги оставам децата подолго од што треба кога ги чуваат уште и низ нос ќе ми излезе. За првото ми направи фрка итно да барам жена да го чува, не можела веќе. За второво бев спремна одма да го дадам во градинка, ама жал и било да оди толку мал, па се нафати да го чува до Март, ама како тргнала работава Јануари дали ќе додржиме . Незнам како можеше да направам втор пат иста грешка. Битно она позасекирана за моите деца од мене, нели јас ги малтретирам и не се грижам доволно за нив. Ама специјалните снегулки битно сите желби задоволени, секаде прошетани, детето згрижено со денови со спиење, ама јас сум немала право на збор. Мене може и од работа да ме избркаат од отсуства, а госпоѓата од дома работи и тешко и било на детето јадење да му даде, па некој мора да оди да обави тие обврски. Е така си плачам буквално од мака. Згора на се еве повторно заглавена сум дома со болно дете, бебе кое тешко вади заби, а работата на работа ми се таложи и таложи. Како да на беше доволно 9 месеци што ме чекале, еве сега уште повеќе се нагомилува дека нели вратена сум. Полош период и полошо не сум се чувствувала одамна и најмногу криво ми е што мојот стрес и нервоза се рефлектираат и на децата. Незнам еве мислам и думам како да излезам од оваа лоша ситуација и ми иде усвет да фатам, јас сама со децата. Да тешко ќе и е ама бар ќе знам сама сум и никој нема да ме нервира. А нив, нив ги сакам најмногу на цел свет. Се ќе направам само да се добри, среќни и сакани. Ај ќе се испратам сама себе, да одам да погушкам болново дете, додека бебе тера дремка. Имајте убав сончев ден
Па ти можеш мајка си,како така зборуваш Нашето демек вродено е да се грижиме и се по ред. А татковците за грев оти се изгубени . А веќе дојде време подеднакво да се грижиме за децата. Ама оди докажи им го тоа на старите
@Ano за тебе една мила. Знам дека ти е тешко претешко но ќе помине. А за други не се нервирај, не споредувај зошто освен нервози други нема да добиеш.
Зет-мед. Мајка ми така кога ќе се јави обавезно што прави бебето, што прави маж ми, кога дошол од работа, одморил ли, а јас се подразбира дека сум добро. Мајка му исто само за бебето прашува, ич да не ја интересира како сум, сврзи две реченици бе, толку ли е комплицирано. Ако земам на моите да им кажувам дека он го успива некогаш, расчистува, спрема јадење, пуни машини, настапува молк, осеќам дека го жалат. Долга и широка е темава, ама нас како мајки стварно ретко кој не есапи.
@Ano ела сестро да се гушнеме, не прочитав досега пост што повеќе ме погодува од твојот. Исто се, само што мм не помага за домакинствово откако е мајка ми тука, финансии дава и толку, друго не го занима. Мајка ми е цело време кај нас, не си оди, спие тука, седи по цел ден со нас и сакаш нејќеш ќе се скараш. Утрово збеснав, ама и вчера бев на добар пат, станав сабајле, на мене е дете, доручек, кафе, чаеви, орбоци, спремам по 2-3 оброка зошто јас сум на посебен режим, бебе посебно и за нив посебно, викендов само кафе за тројца, чај за големо, лимунада за мене, оброци за бебе, за мене, за нив, за сите посебно пржам дури и јајца едно по едно, кој какво сака, млеко кој ладно, кој топло, кој потопло, додатоци, леб.. Капак на се бараа палачинки и им реков во саботата ај утре ќе направам ама немало крем, им реков идете таман денес купете од Жито утре ќе ви правам, нормално не отидоа и реков не ви правам нема крем, а мисла ми беше да јадеме да одам да купам од еден маркет кој отвара покасно и да направам, ама не, не сум си стоела на зборот. И така јас којзнае кој викенд по ред јадам стоечки над шпорет додека им спремам на снегулките мои доручек. Али врвот беше сабајлево, станав како и секој работен ден во 6 сабајле да спремам се и нормално, мораше јас да дојдам да го разбудам големото зошто се успала мајка ми, и бебе стана, ајде да го презаспијам да цица го испратија големото со роднините на школо, искачам од спална, оброците за дете стојат на острово, не знаеле дека требало да ги земе. 3 недели веќе станувам секое сабајле да му направам јадење и да спремам, да е свежо, да е тазе, да е убаво, да му биде се како што треба и на господата им било тешко да размислат, па ми направија муабет и дека не требало да го оставам таму, требало во ходник да стои... Ми се стемни, ако ми верувате глава ме фркна. Се е на мене, домаќинство, деца, алишта, поправки, чистење, купување, се е на мене и пак им е тешко на нив да уклучат мозок сабајле, мора и тоа да мислам јас.