Исто, исто и мноогу повеќе. Поарно уста да не отварам, да не се присетувам на глупостите, арно ми е, нит ги мислам, ни се замарам. Ама мене ми се свекрви и искрено речиси исто ми се фаќа, што сакат, тоа нека прават. Да беше мајка ми сигурно ќе се нервирав, ако некој така и прави. Инаку откако маж им рече дека не смеат веќе да не бомбандираат со нивните глупости, оти нивен избор се, ако веруваш муабет немаме повеќе. Не знам што да кажам, освен штета. Јас вчера инспирирана од Ангел, зедов и зготвив. Ама поарно да не готвев, џабе ресурси трошам. Не готвам со љубов и ми се осеќа и на вкус после. Ако верувате, одбивам да мислам, не сакам вести да читам, не сакам да знам што се случува со светов, оти само страв и нервоза се полнам.
Мами треба да тргнам на работа порано т.е. од понеделник, бебушка е 7.5 месеци уште од сега ми се плаче, ама ми излезе шанса и не ми се пропушта а во претходната фирма нема веќе место за мене, па да не барам во последен месец па на крај дома без работа, и сега си ја тупам главата не ми е прво ама пак некако мала ми е, се си мислам како ќе се привикне има некоја што оставила волку мало бебенце
Бебе скоро 4 месеци беше болно пред 2 недели а баба и (свеки) ме прашува едно сабајле дали ми треба помош и јас и велам не и завршува муабет. Значи како да и објаснам дека фала богу јас жива здрава и со мм стигаме дома колку можеме за со бебе и други обврски плус прваче дома. Да дојдеше да го види како е, што му е ... Од кога се роди неколку пати изразила желба да дојде и тоа било на саат време ќе ја подржи во раце ќе испие едно кафе и ајде баба мора да оди, така и вика на големата. Јас не сакам да ми виси по цел ден ама па и оваа незаинтересираност не ја бива, внуче и е бебе е само еднаш нели и е желба да го поигра малку. Башка поголемово си бара внимание, да рече дај да почувам бебе посвети се малку на другово. Не и не. Денес ја вика на гости да спиела големава таму и реков не. Значи може сум лоша ама не може да се однесува како бебево да не постои, буквално така е.
Ако е коректна свекрва ти користи ја секоја помош што можеш, не води инает. Жената културно доаѓа и си оди, се нуди за помош. И на нас не ни се погодува, ако доаѓа зошто доаѓа, ако не доаѓа незаинтересирана била. Може не сака да се наметнува, може внимава да не ти згреши. Потегни ја ти работата и кажувај и што ти треба, па ќе видиш како ќе се однесува.
Хелоу од мајка пред нервен слом... Маж фати бежанија накај источен сосед, мајка ми продава демагогии, бебе не јаде, братот бара телефон да прецртува некои работи, а јас не сакам да дадам... го заспав, го стокмив и отидов да испазарам, доаѓам сестра ми дошла и го разбудила. Не знам како некои луѓе се толку себични. Ама добро. И реков следно ќе и се јавам да не доаѓа додека бебе не стане, ич не ми е гајле. За туѓи ќефови јас и бебе страдаме. Конечно малиот господин заспа, па сега ќе извежбам, ќе јадам и ќе одам да го покажам станот на муштерии, да се надеваме дека овој пат ќе го продадеме, ептен ни е фуфка работата, па да се вратам и да се спремам за на роденден со големото. Божем имам опуштен ден, шипинки. Многу се нервирам кога ми го реметат редот, ама ајде.
Хелоу Не знам ни што да кажам, многу случувања од последната посета. Немам време ни по форум да разлистам како што треба, се некој ме прекинува. Времето ми лета со 200 на саат. Малото со иста брзина и ми расте. И ми е жал што се е така брзо, сакам да уживам додека се мали, ама... Не се жалам, сега за сега супер се координираме. Тим јас, сопруг, свекор (без него немаше да успееме, вклучен е максимално). @Mravce знам како ти е. И јас со големиот тргнав на таа возраст, ама пробај па ќе видиш дали си спремна и ти и бебуш. Ќе ти е криво ако не пробаш. Ако се сака се се може. Верувам дека ќе се снајдете. Имајте убава вечер мами.
Контрадикторна си. Од една страна се буниш што нема заинтересираност од свекрва ти, а од друга кога те прашала за помош си одбила. Ептен претеруваш. Секој чест за свекрва ти. А ти малку спушти се на земја. Еве ви доказ дека не се само свекрвите лоши
Ај да чкрнам нешто на брзина. Поминаа 6 месеци и 5 дена од кога се породив. Летна времето. И официјално денес добив менструација . Се понадевав дека уште малку рает ќе бидам ама не.... Синко денес видно вознемирен. Дали е од тоа што добив па му се пренесува преку млекото не знам. А јас за чудо ич не сум нервозна како кога добивав пред бременоста. А и не ни сетив дека добив. Одење во вц сабајле јухууу изненадуванееее Денес ново на мени кај синко. Авокадо, не беше многу воодушевен ама јадеше. Очекував малку поинаква реакција дека со банана го мешав, ама битно не плука Тоа што остана мама го изеде, превкусно Убав ден мамасити се читаме
Веќе цела година добивам и не сум воопшто нервозна. А пред бременоста бев вештерка со тапија. Амаа плачкии, колку сакаш, тажна сум си пред добивање
Да пишам некој збор или малку повеќе. Подготовка за роденденот на бебка започната. Делува како многу далеку да е, а сепак е блиску. Со сите обврски и празници мислам ќе стаса наеднаш. Бебка секој ден мислам нешто ново учи и покажува. Чекам да почне да се украсува низ градот, па да шетаме повеќе вечерно/попладневно, може ќе и биде интересно со сите светла, раздвиженост. Од вечни дилеми како и секогаш, колку, какви и за кого да купуваме новогодишни подароци. Освен за стандардните дечиња што секоја година си купуваме, годинава ние прв пат со бебе. Имаме неколку блиски роднини, со кои и немаме преблизок однос и не сме си давале подароци. Низ разговор навестуваат дека може ќе донесат нешто за бебка. Од една страна не сакам да ме најдат неспремна, да донесат тие, јас да немам ништо за нивните деца. Од друга страна, не би носела прва, бидејќи не сме си давале ништо досега, па да изгледа како да очекуваме подарок, по секоја цена. Битно време е за списоци, буџет да се распредели и да почне купувањето.
Роденден е денот што го чекаааме, цела годииина, цела годиииина Делициа тортата ја направи, феноменална другарки. Слика во прилог Презадоволна сум. Е, ми се плаче цел ден. Си ја гледам и си собирам солзичиња. Колку бе порасна милото мое Како може да сакаш некој толку многу ( а истовремено едвај да чекаш да заспие )? Постов ќе биде краток оти се спремаме за домашна атмосфера славење. Треба да се зачисти Земете си торта. Ве гушкаме со Софи, форумски тетки и фала ви за секој совет и муабет
Од кога имаме бебе,ич не сум среќна по цел ден сама со бебево и башка нз шо да му правам...какви активности нит дење спие, навечер по 2 часа... маж ми се занесува нешто не ме ферма, јас со детево в рака окапав,знаев дека до некаде не е ок идеа..можеби е затоа што Не сум се прилаг0дила... -_- а бебево ми се смешка шоубавко , ама сум некако осамена..