Тоа се тие денови кога треба да се издржат после ќе се смееш излагај денски барем шетај, еден круг сврти полесно ќе ти е. Исплачи се
И јас сум се чувствувала така, ама тоа е краток период и ќе помине. Ни се менува животот, хормоните не ни се регулирани, посебно ако немаш доволно поддршка нормално е да ти биде така. После па мене ми следуваше период кога имав и грижа на совест зошто сум се осеќала така. Ама не е до нас, постпартумот е таков. Како што расте бебето ќе станува полесно, ќе се прилагодите сите. Сега обиди се да се опуштиш секогаш кога ќе најдеш можност.
Здраво мајки Прв пост како мајка Х 2 Сите дилеми како ќе се постигне, дали љубовта може да се подели на две деца, како ќе ја прифати промената големиот батко се збришани откако ни пристигна на светот куклата моја. Поспокојно во живот не сум се чувствувала, бебка е златна. Баткото ја игнорира уште. Очекувано. Ама штом ја нема во гнездо во дневна ја бара. Прееска прв пат цуцла и стави горд и среќен бескрајно. Тие се моментите злато вредни. За најубавиот период од годината веќе го добивме подарокот. Едвај чекам да се дружат и да си бидат другари. Ве поздравувам П.С Закаснета честитка за роденден @LiquidLuna најсреќна да биде девојката мала Очите среќно да и светат посилно од сонцето
@Mom's_life колку убави вести мама. Жива, здрава и од Бога благословена да е куклата. ❤️ Ќе има предизвици со новороденче и тодлер, ама и непроценливи мигови. Гушки ви праќаме
Фала мама, ослободив место во труднички, ти го препуштам Фала ти Верувам дека допрва следат исцрпувачки денови, ама знам дека ќе вреди Ќе чекам да шкртнеш како ви поминуваат деновите со батковците да "купам" инфо однапред што ме чека. Фала мама
Денес убав ден. Немаше сонце денес ама за нас друго сонце угреа. Станав тетка по втор пат денес. Ми се роди внук. Да ни е здрав и жив, да расте со мајка татко и дада. А синко мој расположение променливо овие денови. Дефинитивно сме влезени порано во црвената фаза на 5 ти скок. Само да не стане полошо од ова моментално. Пак се издржува ова некако. А јас овие денови нешто не можам да се соберам. Уморна сум ништо не ми се прави. Ама денес не смеам да се жалам Пријатна ви ноќ мамасити. А јас вечер од кога ќе го успијам синко едно пивце ќе се напијам за внукот. Ова заслужува да прекршам правила
Лелеле едно чудо бебиња се изнародија во последен период и ептен ми е мило да ви кажам. Да е живо и здраво
Ништо од моето пиво. Синко стана и не знам што чудо беше ова, скоро два саати беше буден, кенкав, не сака да фати цице, му се спие на очи не гледа ама не спие се бунтова. Вака ноќе ми нема правено. Ама изгледа за се има прв пат. Ај белким сега ќе спие до сабајле, успеав на скоро заспан цице да му дадам и цицна колку толку. Отидов и јас да се онесвестам. Добра ноќ
Даа дефинитивно годинава е магична за бебиња. Од друштво поблиско моето е шесто по ред бебе. Се здебеливме мекици јадејќи На работа истовремено 4 колешки бевме бремени. Познавам два случаи после едвај прво дете добиено, сосема спонтано, медицински невозможно, останаа бремени по природен пат годинава повторно, едната и со близнаци. Чуда се случуваат само мора човек надеж да има. Се молам секогаш на сите Бог рацете да им ги наполни со деца, зошто поубаво и поуморно нешто нема
Да оваа година е магична. Ние три другарки една по друга се породивме. Март, април и мај месец. 2023 ке ја паметам со најубави моменти. Јас се породив по две и пол години борби за дете. Оваа година и по втор пат тетка станав. Магично нема што Сите да се остварат како мајки да даде бог, да им ги наполни рацете со неизмерна љубов
Примате нова мамичка меѓу вас? Повеќе од 3 год зачленета на форумов, си ја читав и читав темава, и си викав ајде еден ден и јас да пишувам тука...чекав чекав и дочекав Па ај да почнам 3ипол години борба за бебушка, тежок пат, кој го поминал нај убаво ќе ме осети што пишувам, тага, солзи безброј, доктори, испитувања, резз, болка и мн мисли дека можеби никогаш нема да станам мајка. Ама таму некаде било пишано поинаку, сепак да бидам благословена и да почувствувам што значи да си мајка Убава и лесна бременост, уживав во секој ден, не можам да опишам како се чувствував Породувањето исто, ми беше едно пре убаво искуство(ок малку болно дека прв пат) и конечно на свет дојде мојата нај мила, другарка на мама за цел живот Моментот кога ја видов, бев заморна од породувањето, збунета, ама нај среќна, конечно беше до мене, си ја дочекав жива и здрава Во болница се прилагодувавме една на друга, веднаш си створивме близина, почнавме со доење и тука веќе почнав да станувам свесна дека некогашниот сон, стана реалност Еве нè дома после неколку дена, се навикнуваме, фаќаме ред, преку ден си е мирна, цица па ќе си заспие. Тоа трае се до 24/1 часот кога почнуваат грчеви да ја мачат ама наоѓаме решенија, се смирува. Кај мама и е нај убаво и топличко Беличка, малечка, само ја гушкам, мирисам и во право биле кога рекле дека нема поубав мирис од бебешкиот Тема татко, очекував повеќе да е уплашен од цела нова ситуација, па како ќе се снајде, што ќе правиме ама позитивно изненади, ја чува, ја шета дома, се менуваме со држење во раце кога ќе и стане тешко со грчевите, можам да дремнам бар саат а они да се чуваат без проблем. Помага по дома, појадок ќе спреми, пазарење итн итн, долги години сме заедно, и знам дека воопшто не згрешив што го одбрав него Јас со хормониве малку хаос после породување, појма немам што ми е, знам да се расплачам од ништо, да сум емотивна, да гледам слики од бременоста и си плачам и плачам, ми фали и тој период, 9 месеци низ глава ми поминуваат. Дали дека толку се намачив да се остварам како мајка, не знам..ама веќе сум подобро, по смирена Извинете на долгиов пост, темава ќе ми е како мал дневник а и може имав потреба некаде да си се искажам а да не е на некој близок. Се читаме пак, убав ден на сите
Мајки со по две / три деца. Каков ви беше вториот пораѓај, потежок, полесен? Со второ дали се породивте порано отколку со првото, или можеби надносивте?
Честитки мајки, добредојде во најпосебниот период од животот. Кога читам вака нови мајки кои долго чекале бебче ми се полни душата со посебно чувство, знам дека некој горе за секого има план и ми се враќа надежта за се во живот Мирисај бебе, гушкај, гали зашто оној клише муабет многу точен бил, многу бргу растат
Добро ни дојде . Јас те разбирам целосно, зошто и ние се боревме две и пол години за бебче. И уживај во бебето 100% и не расправај многу многу споредни работи, само тоа што се мора зошто дур трепнеш растат. Јас ко вчера да се породив а ете го уште малку 7 месеци ќе полни.
Вториот пораѓај ми беше полесен. Немав јаки болки. Освен саат и пол пред да се породам. И тогаш се породив порано. Ден пред термин. Немав проблеми со забременување. Со првото после 6 месеци, а со второто од прва (од еден однос).
Fala na spodeleno iskustvo Bas me interesira dali ke idam so ova do kraj ili ke izleze porano so prvoto sum 39+2. Inaku isto, so zacnuvanje nikakov problem, od prva fateni site bremenosti. Nesto vezhbi za polesno otvaranje (za so vtoro) praktikuvashe?