Не. Повеќе пешачев. И во болница додека чекав да се породам цело време шетав. Кога не бев вклучена на цтг. А и морав да шетам. Бебето беше високо поставено. Ама не се симна. Се породив природно. Со второто се породив 39+6, а со првото 39+1.
Lele mene samo edno ctg mi napravija nokta na priem, edno sabajleto i tretoto na boks koga me kacija mi go uklucija a na boks bev 20 min totalka, kakov propust napraile, oa neli treba non stop da ai na ctg? A za setanje, so prvoto ne mozhev od krevet da stanam, mislev deka umiram
Исто и јас за првото. Го видов Господ во пижами. За второто на секој саат ме ставаа на цтг. На бокс бев саат и пол. И тогаш си шетав.
Здраво мајки Се мислев долго време да почнам една дискусија околу тоа што го одбележа овој период од мојот живот односно откако имам бебче. Дали доењето влијае на карактерот на бебето? Јас доев до 2 и пол месеци и тоа не екслузивно. Потоа добив циклус па бебе нејќеше, па пак сакаше но млекото значително се намали и така преку ноќ престанав. Ве читам секојдневно и забележувам дека се почесто има коментари од типот бебе е лепенка за мене, не сака во никој да оди, спие само до мене или во мене. Можеби сум грешка, но забележав дека почесто тие бебиња се на само на доење. Дали доењето влијае бебето да стане лепенка за мајката? Знам дека за своето дете би направиле се, но дали е во ред мајката толку да се ограничи за да биде успешна доенечката приказна? Без осудувања само да се најдеме на муабет додека ни спијат бебушките
Тоа секако зависи од мајка до мајка, од семејство до семејство и на кој како му одговара. Реално, да имаш повеќе деца и бебето да е залепено само на цицка не знам баш колку би било идеално, сепак има и други деца на кои им е потребна грижа. Моето, на пример, си беше (и е) едно, па можев и сакам да го дојам и да ми биде лепенка. Тешко е првите месеци, ама кога се воведува храна олабавува малку. Ама малку само. Пак ќе кажам, на секој како му одговара и колку може. Зошто за напорно е напорно да ти биде залепено цело време на тебе и да си ограничен со време. Ама, и брзо минува...
За мене лично задоволството кое што ми го дава доењето е многу поголемо од ограничувањата. Секако со мали бебиња сме поограничени. Бебе си бара мајка. Еве го сега 9 месеци, веќе го оставам со мм, јаде, спие со него така да ограничувањата се намалуваат ако мислеше на тоа. Периодот што беше лепенка за цице траеше многу кратко, првите месеци и баш ми фали тој период Во однос на сонот, првото не цицаше па пак се будеше ноќе често. Има скокови, заби, регресија во сон итн.. Познавам бебиња што не цицале па пак биле лепенка за мама. Моево цица но оди кај секој за сега, сака луѓе. Зависи од дете до дете мислам
Сигурно придонесува и доењето, но јас мислам најмногу е до блискоста. Мислам дека се навикнуваат на мирисот. Има луѓе што ги држат бебињата и луѓе што само ги гледаат. И мислам дека децата се приврзуваат за луѓето со кои осеќаат блискост, се осеќаат безбедни. Големиот се уште е лепенка за мене и на 3+ години (доенче до 14м), помалото сега ми стана лепенка после првиот роденден (доенче 1 месец). Ама лепенки се и за баба и дедо, тетките. Познавам доени деца што не се приврзани за никој.
Јас не верувам дека доењето има врска со блискоста. Првата недела па и две бебе беше на дохрана зошо немав млеко, не дека немав туку не искусна(читај гради камен а мене ми викаат немаш млеко штом пие цело шише АД) нема кој да ми каже бебе си пиеше АД додека отидеме на контрола кај педијатар. Во тие први денови требаше да одам на контрола за раната, и го рачунам времето кога бебе ке спие. Му давам млеко го оставам да си заспие, 2 часа не заспал без мене, само што го земав во раце ме погледна и заспа. Така да доењето нема врска со поврзаноста. Брат ми освен мама, тато и дада никого не сакаше. На мм внуката трга со мене секаде чао им вика, одиме заедно, јаде со мене каши не бара цице, а ја дои мајка и. Тоа се си е до детето
Јас мислам дека општо бебињата си се лепенки за мама дур се мали. Можеби доењето има врска ама не мора и да значи. Се зависи до детето. Моето оди кај секој ама со поглед ме бара да види дали сум тука. И е мирен. Јас дојам 6 и пол месеци веќе, и не мислам дека сум ограничена. А дали доењето влијае на карактерот на бебето, мислам дека не. Тоа е мое мислење.
Имаш таков впечаток зошто бебето е на града секој 2 часа тие со грчеви и изразени скокови по цел ден на града т.е. утеха им е тоа и затоа се лепенки за мама зошто она го држи бебето значи бебињата се врзуваат за личноста која ги гали и им е убаво кај нив. Моето прво дете не цицаше многу ама пиеше молзено млеко и кај сите плачеше не се смируваше кај никој после 2ра година магично почна татко ну да си го сака и сеуште му е омилен, за второво ќе видиме мазулка голема е заљубена сум во неа едноставно
Околу 9 месеци до година ќе видиш што е лепенка, кај мојот бебуш се разви некој страв од непознати и страв да не го оставам и ептен бурно знае да реагира.. не верувам дека е до доењето, како развојна фаза им е тоа. Инаку моето на доење е, би рекла дека е исто поврзан и со мене и со татко му, може да си заспие и со него. Исто со мајка ми, сестра ми седи, значи со луѓе што ги знае се осеќа сигурно.
Јас ја доев ќерка ми до една година. Па поголема лепенка од она со татко и не постои. Имаше период кога со месеци се сакаше татко и да и праи, пелени, бањање, чешлање. 2 ипол години има сабајле ми рече не ти, тато јакната ќе ми ја облака. Зависи од детето. Дека е маза и гушкалче е ептен и со двајцата ама дека тато и е омилен се гледа од далеку.
Така, сигурно сите деца се различни и плус различни во сите нивни фази. Моето не е лепенка ич, татко му како го гледа очите му светат. Можеби дека не го гледа многу, па кога ќе го види радост најголема. Кога доаѓаат баба дедо исто се радува многу. Сака да се држи и гушка, но брзо му скиснува од држење и сака да си лежи. Сепак е мало да се заклучува било што зошто енос ќе разбира повеќе
Првата ја доев две години. Воопшто не беше лепенка за мене, ме бараше само за цицање. Втората не ја доев ниту еднаш, не можев да ја оставам на друг, веднаш плачеше за мене. Така да тоа што некои кажуваат дека со доење бебето се поврзува за мајката кај нас не беше пракса.
Јас го доев првото до 14 месеци, сакав и повеќе тогаш ама имав здравствен проблем и го одбив, од 4 месеци спиеше на цицка по цели ноќи, како цуцла му бев од ко почнав на работа од 9 месеци кај мајка ми го носев таа го чуваше до 2 год, без проблем си одеше, го доев пред да одам и после работа воопшто немавме проблем. Кога е помало нормално си "врзан" со него бидејќи бара да цица на 2 часа, еве и со второво исто, 4 месеци е, засега сум врзана бидејки и од шише незнае да пие, а имам замрзнато млеко, значи можам да излезам без него ама само 2 часа па така сум била в кафана 2 пати. Здравје сакам ова подолго да го дојам бар година и пол, па ќе видиме како ќе биде има време, овај пат многу уживам, во се, од болница се заљубив во него, со првото не се осеќав вака, ништо не ме нервира, многу сум поопуштена, посреќна, несоница имав и таа ми помина од ко се породив. На неспиење бев навикната веќе и не ми паѓа тешко, а и повеќе спие ова и е многу помирно од првото, душа е Дури и скоковите не ги сеќавам, за разлика од првото
Леле сум пропуштила роденден на моето омилено бебе Среќен роденден на убавата Софи Да е здрава, жива, весела и голема дада оваа година. Верувам сеуште е најубавото поклонче под елката. Секогаш ќе биде. Како ве читам дека вторите сите бубачиња ви се погодиле за разлика од првите, така и очекував за себе, ама само моето второ бетер се погоди. Уште 5 да родам убедена сум дека кое од кое позахтевно би било. Немам многу што за споделување. Го сакам периодов што следи. Има своја магија и во студеното време, што не носи поблиску едни до други. Моите мали џамбази ме исцрпуваат и физички и психички. Некогаш сум толку уморна што не ми се прави ништо. Ама заспивам среќна и тоа е најбитно. Со маж ќе се гушнеме и ги гледаме додека се внесени во некоја игра и сфаќаме дека пред нив и нивните желби сме тотално беспомошни, ама поради нив најсилни. Среќни празници девојки. Гушкајте ги малите и бидете добро.
Ај да си пишам додека бебе лапка, добро вечер мајки. Се некои глупости ми се вртат низ глава, па затоа не ни пишувам. Ме наболнува раната од царскиот 95% знам дека е од времево лудо што секој ден се менува, ама 5% се си мислам дека нешто лошо ке ми се случи. Имам и вртоглавици кои гарантирам се од што ми е ослабена крвта и не јадам како што треба со бебе овие недела две, ама пак се некои лоши мисли низ глава ми шетаат Бебе наполни 4 месеци, прими 2 вакцини, арно ги поминавме, без температура малку поспан си беше дента и то је било то. Ама затоа станат е мајко мила последниве 2 недели не дрма 4скок, а не сме ни до громчето стасани. Сака 3 дремки наместо 5 а не му држи газот, па заспива во 8-8ипол и се буди на 2часа точно ко швајцарски саат цела ноќ. Последниве 2-3 ноќи го земам до мене, со надеж дека подолго ке се успие, аха да важи.. Почнав да читам за воведување на храна, сакам од 5 да почнам да пробува, зошо гледа по маса и шљапка ама па и ако не сака да имам и фора да одложам. Моментално ми е хаос во главава и не знам како би почнала и со што, ке видиме здравје има време Имајте убава вечер мајки
Оваа температура најниска што иде накај 37,3 до кај 38, 5 ми е најглупа значи не сум да давам сируп. Малаксан да беше во текот на денот, еве на спиење качува (не знам до колку) чорапчиња со оцет и лепенка на чело. 10 пати накашлување само од седење дома! И не се мешаме со никој ради вирусот што секој втор е болен и секое дете околу нас е со бронхит. Аман! Што се случува презагадено е надвор!
Тотално разочарана. в странство сме. неговите не посетуваат.Ок. в Мк јануари одиме. Кај нив нема греење и велам со медец и пол дете јас би да спиеме кај моите. Ваљда мајчински инстинкт знам што е подобро за детево со кое по цел ден сум сама и ми виси в раце .Треба да се прашам и јас и татково. Не. Какво било тоа ќе најдел греалка а таму ни греано ни луфтирано. Северна страна без сонце. Башка подрум под собата ладно. е мебе ме погоди неговиот одговир плус се работи за 3 дена. моите го немаат видено бевево освен камера
Вие си одлучувате. Ти и маж ти. Нека пресече мм, сепак се негови родители. Што треба толку мало бебе да го разболите. Не се давај мајка, детето на прво место а не кој што сака.