Мислам дека има улога доењето. Бар кај моиве две така се покажа, секако и до мајката е. Пример моиве две беа/е на доење на захтев, ниедно не прифати шише. Никој не се нафаќа да ги чува, оти наедша писка без глас за да цица. Еве најтазе ќе кажам за бебево, го оставам сабајле нацицано само да ја однесам дада до градинка ( оти е нели лепенка и само јас прифаќа да ја носам и земам) додека се вратам саат време фаќа, маж ми до тогаш 5 пати ме бара до каде сум оти ништо не помага да ја занимава. Само што ќе ме види пафта со рацете и вика мам мам ам за да цица,мада и во таа фаза е само да не и сум на видик, а ме види одма кенка. Првото исто беше, на 11 месеци прв пат се нафатив на фризер да одам, потечена ја најдов од плачење од трескање, золва ми и маж ми уште малце коси ќе кубеа. Еве ја, уште е лепенка, вц не одам без неа, мамче мамче само ми зуе низ уши, знае со маж ми да излезат сами и да си поминат супер, знае и да му направи драма и да се вратат за брзо за мамче. 4г ќе прави јануар иначе. Е сега ај како бебе што беше нон стоп на града, туку и јас не ја давав на никој, е тука сум и јас крива.
Мислам дека повеќе има улога што не си ја давала на никој затоа е за тебе залепена и на тебе научена, а не дека е до цицање само...
Ај и јас да си кажам. Моето на ад беше и не е лепенка за мене, со сите седи, во секој оди. Може со саати да не ме бара. Е кога сум до него се тегне да го земам, сака да се гушка, ама кога не ме гледа може да се гушка со било кој друг. Така да во мојот случај јас мислам дека доењето ги прави “лепенки”, ама ова доколку детето си има таков карактер.
Две деца, двете доени долго, две различни искуства. Првото, освен мене и татко му, никој ни секунда го немаше чувано. Немавме ни кој, бевме сами. Цицаше до 2ипол год, ама беше толку разбрано дете, што само еднаш му кажавме ноќе дека не се станува за цице и готово, следната вечер си спиеше без проблем. Дење само еднаш за преспивање. Никогаш и никаде не побарал да цица, не бил досаден. Уживавме двајцата. Второво е 1год и 8месеци, сеуште цица, ама последниов период цица како новороденче. Иако сега имаме можност некој да го чува, тој е буквално залепен за мене. До вц со него, се бањам со него, готвам со него. Поим е да излезам ѓубре да фрлам а да не го носам. Ноќе цица 3-4 пати, дење само што се најадил пишти за цице. Пред луѓе, во град, на гости, секаде прв збор му е цицеееее. Страствен цицач. Мене почна да ми биде напорно тоа што не се дели од мене, а доењето пак е супер. Кога го гледаш како задоволно ја гледа градата, ја гушка и ја гали и насмеан цица. Голема поврзаност, не знам како ќе успееме да се одвикнеме. Ќе биде многу тешко
Епа првото беше ептен страствен, исто цицаше на 2 г како кога имаше 2 месеци. Јас мислев дека нема шанса да се одвикне за брзо, кога она само рече мама цице не, од нигде никде и престана. А еве и ова,шо ако го давам сега на секој да ја држи, кога не можам да ја остаам ни саат без мене оти зајдува за цице, а друго би било да е најадена, оти е ептен смешко, за разлика од големава што беше од прв ден со рокчиња
Добро утро, добар ден. Петак дан за метак Сакав да прашам дали вакво нешто е ново на пазарот (барем на нашиот) оти јас првпат гледам тука... И дали само на мене ми е втф?
@Bubish26 Еве го, цела чинија супа до две средички изеде, по 5 мин се откорна од плачење за цице. Се нацица и тоа убаво Не ќе да е кај нас до храната Ексик се, голем е, има сила и влече многи, брадавициве лом ми се, болат корнат
Тука да се исповедам, па утешете ме мајки. Толку било тешко детето да го слушашш да кашла цел ден, да го гледаш цел ден како едно мало пиле со полузатворени очиња, изнемоштено и болно. Ептен ретко ни е ова 3 пати еве во 3 години. Душа моја мајкина.Мало мое дете. Се надевам утре ќе е подобро
Со помин нека е Мајки беше некоја на кока кола настанот пред Веро џамбо? Има нешто интересно за деца?
Супер, кој не бил на доење. Еве шанса сега да проба . Ова здрава исхрана за возрасни е, не е за бебиња?
Добар ден мамис, како сте неделно попладне? Ние еве се успиваме во раце слушајќи го The weeknd на мама и е омилен пејач, па сака и бебулка да ја прави да е во тренд со песниве Вака така поминаа повеќе од 2 недели како сонцево дома ме грее секој ден е различна, секој ден е предизвик, и секој ден сè повеќе ми расте Менува секој ден кој период е будна, од пред 2 дена активна си е преку ден, пред тоа утрата не спиеше. Мака мачиме со грчеви, душа немам што толку се мачи инаку си е многу мирничка, си спие и растее Вчера седнавме да ручаме(за некого вечера, за нас ручек) и почнувам да јадам, со главоболка, заморна, ми се спие а со мислите во бебе, како треба да ја пресоблечам, а дома беше свекрвица(доаѓа по саат два за ситна помош по дома) и ме гледа оставив јадење само да ја пресоблечам, да смирам душа. На маж му вика "ее тоа ти е мајка"...убаво беше да се слушне тоа а посебно "мајка". Мајка сè ќе направи за своето дете, а како и не би, кога го гледаш толку малечко, зависи од тебе, те сака и бара твоја заштита Очиња звездички, кога ќе ме погледне, топење ќе си ја заспивам на рака, ме гледа, смирена е, топличко и е, кај мама било нај убаво мама пие едно мало кафе, 2 3 саати, јаде прв пат ниедно време, ама ако, беба е на прво место а и полека ќе се доведеме во ред, ново ни е сè Доста беше од нас, имајте си среќен ден мајки со вашите
Уште 4 дена завршува 4ти скок, а бебе се однесува како сега да почнал скоро и да не постои WW што не сме го надминале макар и 15 мин. Енергија колку сакаш ритање, мрдање, пеење. Неќна заспа во количка пеејќи ааа ааа ааа. Читав на google демек сами се успивале пеејќи јас се прозевам пред него, а тоа ми се смее на глас мисли му правам некоја зафрканција. Сака да е дел од се, да гледа се што се случува. Омилено место сега за сега ни е кујна. Јас да правам нешто тој да ме гледа од количка, преска си играше 15мин со кујнска крпа, но не знае да си ја тргне од фаца и само прета ноќеска не спие ептен мирно како порано, често мрда и бара цуцла и јас станувам од спална во детска по неколку пати само да му ја ставам цуцлата. Шмукне 3-4 пати и фрла, но некако го смирува. Тоа станување ми доаѓа тешко бидејќи не е до мене и буквално станувам и одам во друга соба, се надевам ќе се исплати еден ден еве сега спие во количка до оставата со звукот на сушарата, а јас второ кафе и секако фемина
Добро вечер мајки! Кај мене маките почнаа, малото и големото ко Том и Џери се, ама овој Џери полош излезе кај нас. Големово сирот почна да се жали, ќе го вратам у Чаир, вика. Душа му вади. Ова си гледа тв, малово му иде му го гаси, му го менува каналот од тв, му чепка... Го пукна, јадно дете се расплака. Нит си да го караш, нит си да го оставиш, што знае тоа година дена бебе. Еве го, цица и рита, скока, се пентари по мене... ако не е по негово до Автокоманда ќе не дознаат! Татко му му вика на големово Издржи уште година дена, ќе се смири после Туку колку е лош толку е неодолив и сладок, љуби га мајка ко локумче е. Уште точно 1 недела до роденден, емотивна сум премногу, во исто време ми се плаче, ми се смее, ми се радува и тажна сум бидејќи не верувам дека ќе имам прилика да родам уште едно вакво. Али колку сме талентирани за раѓање убави бебиња, тоа е чудо некое, така вика големото Сонца на мајка Мајката купи и спреми аутфит, бебето исто, баткото абер немаме, утре ќе барам нешто, ама па имаме алишта не е зорт, таткото појма немам што планира да носи. Торта нарачана, колачиња нарачани, декорации купени, дел ќе правам деновиве, дел ќе докупам, дел ќе спрема мм, да се надеваме дека се ќе помине во најдобар ред. Добра ноќ мајки, се предаде Џери наш, да спремам батко за утре за во школо и да легнувам порано, ми се спие ми се плаче.
@Bella_Stella ,те означувам тука само за утеха и да ти кажам дека ќе се навикнеш на паѓањето на бебе додека да трепнеш. Се помалку стресно ќе ти станува. Е па додека спремав гардероба за мене и за неа за утре, плус нејзиниот ранец за градинка, мојот за на работа, во 15тина минути,неколку пати со лазење стаса до работ од спалната. Во последен момент ја фаќав. Ја ставив во креветче, скока по цело креветче, успеа така јако да ја удри главата во страницата од креветот и за две секунди да продолжи со скокање. Жалам што воопшто зедовме дрвено за во спална, а не уште едно транспортно. И да, од една играчка успеа дел од лепенката да изгризи и голтни. Ама тоа хартија. За хартија веќе неколку недели не се потресувам. Од останатите теми, да ја дочекаме Нова година, па ќе се спремаме за роденден. Лани ова време веќе на големо се спремав за бебка. Скоро се ми беше купено и средено. Си гледам слики и од бременоста и кратко после пораѓај со ептен мало бебе и си потплакувам.
И јас дојдов да се пожалам . Откако дојде бебево, тодлерчево воопшто не покажа љубомора кон него. Го сака, го гушка, го милува. Но, кон мене покажува некој револт, некој штрајк, не знам како да го наречам . Си играме, се гушкаме се тоа, но бара да оди кај мајка ми да спие, плачи се тажи за да оди таму. Ајде реков да не сум бетер од дете знам дека си бара внимание, затоа вака прави, но тешко ми е. Го заспивам, му читам приказни и откако ќе заспие маж ми спие со него, јас со малово в дневна за да не ги будиме и нив преку ноќ. И сабајле вика, јас со тато спиев. Јас му велам да мамичко, прво малку со мама со приказните и после со тато и тој повторува, со тато спиев. Ми се крши срцево, не сакам да се чувствува запоставено од моја страна. Затоа кога и да не го дојам малово гледам со него да играм, си играме и се гушкаме се тоа ок ама на крај на денот мене не ме бара. Знам олеснително е, потешко ќе ми беше двајцата да плачеа по мене кој за доење кој за внимание. Но, ете тешко ми е за моето првенче кое до скоро ми беше се на светот...