Сите се осеќаме така на моменти, ако имаш можност нека спие со тебе и бебе,ќе се навикнат еден на друг и со време нема да се буди од плачот на бебе, јас спијам со двајцата на спална ( во позадина бели звуци)бебе е 7++ ,дада скоро 3 год,ги гушкам едниот па другиот кој како се буди,ненаспана сум но брзо растат
Ќе пробам деновиве пак така . На почетокот спиевме така и баш кога плачеше бебево, се будеше и другово со плачење и ќе бара млеко и во ист момент малку потешко ми беше. А бебево некогаш мирно си спие, ќе пие млекце во 12ч, 3ч па во 6ч пример и така нема да му дојде многу галама, ама некогаш како ноќеска со грчевите повеќе галама прави. Се надевам ќе се средиме за брзо @Anturium и јас се плашев, уште додека бев бремена го исплакав првово. Кога се роди бебево, ми беше многу мило што го прифати убаво, јас многу му зборував за да се навикне, да го прифати. Но ова ми е тешко, посебно ме погоди вчера кога игравме со едни фигури, а потоа и со маж ми играше со нив и на двајцата ни кажа исто, ова сум јас, ова е бате, ова е тато, ова е баба. Мама нигде
Јас да ти кажам решив да спијам со двајцата ради ова. Бато брзо се навикна. Едно да се смири и да се навикне на бебе, друго да не стои љубомора кај големото, мама спие со бебе а јас на страна. Навечер бебе во креветче прво, па ќе се гушкам со бато, па после бебе кога станува меѓу нас. Досега не се јави љубомора, се дур малово не појави рогчиња.
Ќе пробам уште од вечер пак заедно да спиеме. Така почнавме, но за да не му го реметам сонот реков подобро да спие раат, а преку ден секако му обрнувам внимание, си играме. Но, можеби баш навечер сака да сум тука, затоа така прави.
Значи исто е и кај нас ко јас да сум пишела, заљубен е во брат му, а кон мене вака, исто спијаме и ние, приказна па го заспивам в спална и спијам со него 3 4 часа, па се менуваме со мм тој оди в спална и на сабајле се лути оти јас не сум спиела со него, 5 год е а бебе 4 месеци. Подобро е од што очекував јас, ама исти чувства имам... Спиев со 2 цата в спална можи 3 недели а а настина бебе и пак в дневна сме 10 дена.
Јас со едно детенце сум, ама вчера баш имавме на гости пријатели со тодлерче и бебе. Го прашувам девојчето дали и е убава новата детска соба, дали си спие таму. Како што беше расположена секундарно се нажали и ми вика нее, мама спие со бебето таму, а јас и тата спиеме сами, разделени сме вика. Ама толку беше тажна кога ми го кажа тоа, срце ме заболе што воопшто ја прашав. И јас мислам дека треба да пробате да спиете сите заедно, ќе се навикне и поголемкото и бебето. Само не се обвинувај мама, правиш сѐ најдобро за нив. Сеуште си му сѐ на светот и на бато.
Моето има 3.5 години, бебето 1 месец е. Имаме и креветче до спалната, како украс . Едно време спиеше поголемово, ама сега веќе не сака кнап му е. Малово на почетокот не сакаше и тоа само, сега пак ќе пробам да го ставам.
Навечер се пожални, повеќе се емотивни, повеќе сакаат близина, затоа мислам дека навечер е важно да сте заедно.
Мојов спиеше во креветчето се до раѓањето на бебето, потоа јас в дневна останав и тој на спална со татко му. Детската така стои, не ни пробавме да го научиме таму да спие за да не се осеќа отфрлен. Се со време, полека одиме. А и уште ова, пред 2 дена прв пат пред спиење ми рече Јас нејќев да се роди бебето, зошто го родивте, нејќам само да цица од тебе... Отидов го гушнав и му кажав дека нема да цица цел живот, дури е мало само, дека ќе порасни ко него.... Па станува на сабајле и му вели бебенце мое мило, најмило го гушка, го гали....
Јас се напнувам со овој момент многу... Кујзнае како го сфаќаат моментов со бебињава на овие години... Мојов како ми се ближи пораѓај е се' повеќе неподнослив. Не можам да си го препознаам детево. Станат е многу лош и лигав. Ништо не слуша намерно.... Од друга страна и се трудам да сфатам што му е во глава и како го прифаќа се ова...
Очекувај тоа да се зголеми, тој се побеби јас така велам се однесува ко бебе, гуга, пушта звуци ко брат му облечи ме, дај ми да јадам, ако не му ставам в уста не јади, не пие.... Од жал му даваме неможам да го оставам гладен, некогаш и му подвикнувам па ќе ме слуша се после и така секој ден си поминува трпение треба многу што го имам засега бидејќи бебево ми е мирно, душа е
@Isabel Немој да се чувстуваш потиштена дека поголемово си фаќа некој ред само со себе. Само пробува да се навикне на промените и пробува тоа да го направи на свој начин како што само тоа знае. Биди среќна што е вака. Замисли револтот да го покажуваше на тој начин што ќе фрла играчки, ќе приговара на се што ќе му кажеш, ќе ве нервира сите по дома. Последно што ти треба е тоа, а ти треба мир и тишина. По некоја година кога бебето ќе биде посамостојно во играта ќе видиш како сето што си го зборела со поголемото ќе вроди со плод. Верувај не е ништо за џабе што му збориме како треба да се понашаат. Јас сум 37ма недела и имам батко од 3 години дома. Не знам како ќе биде да кажам отсега, ама знам дека е многу послушен и си игра сам и почитува се што ќе ми се каже. Мамо извини,мамо немој да се лутиш,мамо не сакав така да направам. Ова ми го кажува кога ќе згреши нешто. Сето од зборење драга. Ќе гледам и јас да посветувам внимание на двајцата колку можам,се на светот ќе бидат. На добар пат сте, уживај. Моево не можам да фо стигнам со слагалици во последно време. Една на ден давам ја реди, ги реди останатите дваесет што ги лупивме месецов. Пак нова бара и по паркетот е сето наредено. Ми е мило што реди и се занимава. Сите блиски што ме прашаа што да му земат за нова год.им реков слагалици, колку можете - толку. Му направив денеска нешто како мини работилница.Испечатив празна елка во А4 формат и купив лепило како стик и мини лампиони за лепење на елката.Живи радости беше кога ја ,,накити,, па сакаше и да го сликам. После ми рече :ама мамо со новогодишната блуза сакам, '' па одев ја барав каде е да ја облечи неа. Убав период доаѓа
Срце мало . Ние така правевме елка со пластелин, исто на хартија така го притискавме и потоа топчиња шарени лампиони, па се сликавме . А за зборувањето дека влијае најмногу на воспитувањето, тоа сигурно. И моето прашува кога нешто сака дали може да земе. Мирен е, немам проблем за тоа. Но, од вечерва ќе се гушкаме сите заедно па како ќе поминиме ќе видиме.
@Isabel јас со двете деца спијам големиот до година ипол во креветче си спиеше ама видов дека полесно ми е до мене за да го контролирам дали спие дали е покриен па и на ад беше и еве го до ден денес со мене е. Најтешко ми беше кога бев на породување со второто. Никогаш не сум го оставила сам да спие. Кога се породив планот ни беше тој со татко му да спие а јас со бебето. Ама ништо од планираното и еве сме денес, тој "големо магаре" сеуште со мене. Инаку јас дојдов само да се пожалам колку ми се деновиве заморни посебно неделава 3та смена бидејќи маж ми не може ред да им фати на децава оа легнуваат во ниедно време и стануваат во ниедно време а утрово кога во 6ипол си дојдов косава ми се крена што малово беше непокриено а немаше оган запалено. среќа не беше дома толку ладно, гореле до касно. Едвај чекам да почне колективниот одмор и празниците бидејќи ми се здосади веќе од работа. Не знам зашто, таков ли период ми е, исто ми беше и во ноемврито кога сите саботи ги работевме и исто и сега кога одам 3та смена а досега не сум одела.
Не оди секогаш се по планот, посебно не со деца мали ама ќе издржиме, за некоја година ќе ни фалат овие денови.
Хелоу! Мајка полна емоции се спрема за роденден на втората среќа, прерадосна сум, пресреќна, пре пре пре... Во мене емоции еден куп, не знам од кај да почнам, дали од тоа што повеќе немам бебе, дали од тоа што имав преубава година која ми летна за секунда, дали од тоа што полека осеќам дека работите си се редат на место. Големиот да ми го поживее Господ е прав умник мајкин, го обожавам, премногу го сакам, му ја сакам секоја негова искрена емоција и паметна глава. Тоа дете далеку ќе догура во животот, само да сме живи и здрави со тато да го поддржуваме. Ако си ја погледнам чек листата се е скоро средено, останува да ја задржам позитивната мисла, да се спремам за роденден и да ја испратиме после годинава како што ја дочекавме, со фанфари и многу светки, во духот на новиот живот. Кога ќе се сетам како ја дочекав лани годината, колку бев среќна и возбудена, колку многу ми недостигаше големиот, годинава има дупло повеќе да го гушкам. Денес бато ќе има приредба, слично како и лани, добро ден порано, после ќе одиме да го направиме големото пазарење за роденденот на бебе и да се спремиме како што доликува. Утре ќе се прават колачиња, кифлички, салати, декорации, па да одбројуваме до големиот ден. Сладок умор за уште послатка забава. Многу сум среќна! Убав ден мајки, го затварам со сикрет санта на работа, па одам по фотографии од новогодишната фотосесија на братчињата мои.
Цели две недели издржавме во градинка без разболување и стварно мислев дека е подобро. Го суплементирам со дефендил, молерс, ехинавит, гумени мечиња мултивитамински и матичен млеч. Се тоа почнав минатиот месец. После серија од 3 разболувања во месец дена. И пак се разболе. И сега е дома. Нервите ми се попуштени. Работам две работи. Дури и за викенд сум на работа. Чувствувам огромна тежина, како да ќе се мрднам. Зборував со психолог, па и со психијатар. Решивме дека е подобро да не се враќам на антидепресиви бидејќи морам да сум фокусирана и способна да возам и јасно да размислувам. Не сум во депресија, од поранешно искуство знам. Направив споредба и знам дека не е депресија. Но анксиозна сум премногу. Психологот вика дека е burnout. Ќе земам одмор од едната работа. А детево... Од мајчинство одмор не се зема.. станат е многу лош. Вчера зел облека и ја напикал во ВЦ шолја. Дојде и ми кажа што направил цел насмеан.. Да не набројувам какви се глупости направи во еден ден. Еве поголемите: истури чаша вода во кујнска фиока со крпи, седејќи на нокшир стана и испомоча на ламинат. Тогаш пукнав.. почнав да плачам од немоќ. Ми се измешаа чувствата. Претпоставувам дека се чувствува запоставен. Цел ден бев на работа. Кога си дојдов почнав да расчистувам дома, и не ме остави ништо да средам. Само ми направи поголем хаос.. збеснат е. Свекрвата пукнала со него додека бев на работа. Дали некогаш ќе е подобро? Ако да кога? Би се стрпила кога би знаела дека треба да чекам 1-2-3-4 години. Ама се плашам да не се овие добрите денови, а да ме чека некст левел на срања...
Стално пишувам после третата година е многу полесно ама извини, ќе бидам искрена, ако подолго време детето се однесува вака мислам дека малку границите треба да ги поместиш. Колку години е? Кога се болни малку нели ги размазуваме, ги тинтраме и најчесто се проблематични после тоа да се вратат во нормала, значи ако е ваков период ок е, ќе помине. А ако вака стално се однесува мораш построга да бидеш инаку душата ќе ти ја извади.
Maјка и јас сум со граници на толеранција опасно нарушени, избувнувам за ситници, урлам, викам, уште што не сум почнала да плачам од немоќ, ама децата не ми се виновни, виновни се возрасните околу мене. Извини вака, ти работиш 2 работи, возрасните околу тебе не се свесни да те остават малку да земеш душа? И јас не сакам да ја оставам мајка ми со детево после пладне, ама јас работам одговорна работа, работам работа од која може во затвор да се оди, кога доаѓам место да одморам пола саат мене ми се става грижа на совест зошто не земам дете они да тераат нивни обврски, оти јас од одмор на Малдиви доаѓам нели. Во случајов и детето очигледно се осеќа запоставено, што е нормално, дете е, па наоѓа начин да ти привлече внимание. Не е дека е тоа оправдано и дозволено, скраја да е, ама мора и него да го разбереш и да најдеш начин да му пристапиш поинаку. Јас многу го почитувам Ранко Рајовиќ, па применувам дел од неговите совети. Па така знам кога сум уморна да му речам на дете ај во соба кај тебе да ми покажеш и легнам на кревет он праи нешто од коцки, свири на фрула и ја тоа го слушам и гледам и одмарам на некој начин. Е сеа он е голем, со малово немам таква опција освен нели да го држам во раце, да ме гмечи, да мора да правам свашта па попуштам често и давам смока, давам овошје, пуштам песнички и така на некој начин одмарам. И тоа не е одмор, активен одмор го викам, ама делува бар. Јас морам и да го делам моето внимание на 2 после работа, рачунај дека некогаш во исто време и малото и големото бараат внимание, еве да ме поделат па да одам и таму и ваму, а возрасниве сите си имаат свои обврски баш во тоа време и никој не вика Де оди ви големово дај малото, ама добро. Не знам што да ти кажам освен издржи и ако можеш стави пауза на едната работа бар околу празнициве, да имаш одмор бар некој ден. Ако ти се верува утрово беше прва ноќ после 3м кога станав подоцна од 6 и се осеќам ко нов човек, легнав во 12 а станав во 6ипол и за мене ова беше премија, вообичаено легнувам во 12 а станувам пред 6 и се осеќам ко воз да ме газел, ама купив храна за големово готова еднаш во овие 3м и решив дека ќе поспијам утрово за да немам обврски такви и од еднаш на детево ништо нема да му биде ако јаде кроасан и чоколадно млеко и баничка и јогурт за ручек.