Па се опоравува. Секогаш е разлигавен кога оздравува. Но овде проблемот е друг. Му недостигам, ми е лут и бара внимание. Се чувствува запоставен од моја страна.. @AngelOfArh не е криво детето. Возрасните кои ми коментираат дека му е досадно дома и дека кога оди на градинка ќе е помирен. Не сакав да должам. Ама свекрва намерно не го заспива попладне за да лудува и да ми коментира. Вчера 4 пати ми искоментира. Да сме се трампале она да одела наместо мене на работа, прифаќала и ВЦ-иња да риба. И денес знаејќи колку обврски имам го оставив на чување кај сестра ми. Ем да и погодам на свекрва, да не се жали , а искрено и покрај сите обврски да не слушам жалопојки и намерно да и давам повод да ми коментира.. Па еве ја цел ден ми пишува пораки, да сум го донела, не и бил терет.
Здраво мајки како сте? Вака препразнично ама мене некоја меланхолија ме налегнала, изгледа од времето ми е. Не го сакам зимото воопшто, па си мислам дека мора да пазам да не и всадам и неа таков став. Догодина здравје ќе ги пратам со татко и на санкање негде . Не ми се верува како мине времето. Лани ова време бев цела во страв и згрчена, не можев да верувам дека сум трудна, па крварење. Па страв од уште една неуспешна бременост. Оваа година седам пред парно, ја гледам и не можам да верувам дека ја родив. Уште малку и пола година, она почнува да комуница со мене. Збори, шепоти, писка. Стнувам сред ноќ само да погледнам дали е вистина. Љубов. Не е се така едноставно и не е се така лесно. Ама вреди. И сум бескрајно среќна што имам можност да си ја гледам сама. Без баби и без умови од страна. Секој ден ми расте. Не би сакала да пропушам ништо. И не ми се оди нигде за празниците. Сакам да си седиме дома. Само ние тројцата во пиџами. Требаше да ни дојдат гости за новата, ама искрено ми олесна кога ни кажаа дека не можат. Ги сакам и драги ми се, ама во моментов три дена некој на гости ќе ми биде премногу. Особено гости кои треба да бидат пречекани и послужени, а не се доволно опуштени сами да си земаат. Денот е краток. Ладно е. Ќе моравме дома да сме почесто. Ќе збесневме сите. Ќе имав уште едно девојче..ама и тоа анимација сака и тантруми..немам сила. Напролет нека дојдат со задоволство..таман и моето ќе пркне малку. Па нешто демек падна муабет да се видиме со на мм најдобриот другар за нова. Е со нив не ми е проблем. Секој знае кое дека стои и си се самопослужуваме. Ама и за со нив, ако дојдат они, моево ќе треба во работната соба да го ставам да спие, оти ќе ги буди нивните две. Па после да постелуваш/распостелуваш. Со се креветче дете да враќаш пак во спалната. Да одиме кај нив е 2 часа пат. Она издржува. Ама еве денес цел ден не и е добро. Сто пати ме жблуцна од ниќеска навака. Сигурно ја мачи нешто и ќенкава е. Не е болна. Ама ете доволно е што малку и е раздразнето мешето. Изгледа компирчето или пашканат нешто не и одговара, од вкусовите што пробува. Ама затоа крушка цела ќе изеде . А и од скокот. Се познава. Се тегне. Не сака сама. Така да, да и купам утре машна за коса и фустанче и да си дочекаме празници ние тројца , за прв пат со нашето .
Здраво мајки Да пишам додека бебе спие прва дремка до мене која се надевам ќе биде успешна зошо после треба да одиме на новогодишна фотосесија и нема да биде кенкав и плачлив Јадам некој бисквите кој сум ги оставила во фиока за недај боже и гладна да не останам, еве го тоа не дај боже Лани ова време дознав дека сум бремена и живеев на бисквити, не ми се верува колку брзо поминува времето. Колку бев среќна и исплашена истовремено, за ова мало бебе да лежи сега до мене. Не можам да кажам дека имав тешка бррменост ама не ми беше баш и лесна, во секој случај добро поминав и пак би поминала низ истото за бебо уште 100 пати Бебе од друга страна е мало ѕверче на моменти, а инаку сакам да го изедам од што е сладок и само се смее. Уште не дрма 4 скок, кој требаше веќе да завршува ама некако не ми седи како да завршува, уште не спиеме како што треба, се бориме ноќе, додека цица вика аааааа изгледа ќе вади заби не знам Многу се радувам на празниците кои доаѓаат и што ке си ги поминуваме заедно за новогодишната ноќ ке одиме кај пријатели што ни се на 10мин од дома, многу си се дружиме и почитуваме. Па ако нешто тргне наопаку ке си дојдеме дома брзо Имајте убав викенд
Добра ви вечер. Господинот спиеше уште кога си дојдов од работа, за 10тина минути не успеал да ме дочека вечерва. Јас не можам око да склопам од премор. Изгледа ќе дежурам оваа вечер, ќе развивам некои филмови во глава. Синко е супер. Дете умно, пред два дена имаа претстава во градинка, и он учествуваше. И пееше и кореографија имаа иако се најмали. Душа на мајка. Криво ми е затоа што малку време имам со него, малку се гледаме. Таман си помислив продолжен викенд, ќе поминеме конечно два дена заедно .. Кога кажаа дека и во недела ќе работиме. Од една страна си викам ајде ќе лапнеме дупла дневница, ќе ни се најдат парички, ама од друга страна ми фали детето бе. Го немам салам видено. Од 4 недели во месецот јас 3 сум втора смена на работа. Ми иде кога сум втора да не го носам сабајле во градинка само за да го видам малку од малку, да си поиграме, да се погушкаме. И да ви кажам право некогаш и не го носам, зашто иначе ќе нема кога да го видам.
Утро мајки Да шкртнам збор два во темава за последен пат годинава , да ја испратиме оваа убава година што пројде и да се надеваме дека наредната ќе биде уште поубава Да почастам и за роденденот на синко . Ми порасна бебето Во петокот наполни две години, вчера му го славиме во игротека ,мноогууу убаво поминавме , му дојдоа и двете симпатии од градинка,жив радосен беше Како падобранец се осеќам во темава . Не знам ни пост да склопам. Ептен го запоставив форумов , сакам да сум присутна ,ама дали време немам , дали ми е по малку здосадено ,не знам Мајка е на гости една недела веќе ,ќе седи до Бадник , па разакани сме со маж Се утепавме излегувајќи навечер Е вечер ќе си седам дома со синко и мајка ,пошто маже дежурен 24ка . Мора некој и да печали нели Имаше можност да се замени со помлад колега ,ама викам ај нема смисла , све младите ги насамаруваат да дежураат за НГ. Нека прифати и маж ми еднаш . Битно за Бадник и Божиќ ќе си биде дома а Новата година ќе дојде посекако Немам слики од тортата па затоа ќе ве почастам овошје што носев во градинката . И по едно пакетче за форумските дечки Имајте убава вечер мајќи и дечиња Да си поминете најубаво каде и да сте . Одам јас да ги завиткам подароците за НГ за маж ,мама и синко Да им ги ставам под елка ноќеска . Синко не оти разбира нешто,ама маж и мама ќе се радуваат Среќни празници
Здраво. Госпоѓицата пак ме користи како кревет, па да искористам момент и јас да ја испратам годинава тука. Последниве 2 месеци сме налик луда куќа, дете трча насекаде, паѓа 100 пати на ден, скока и се качува на секаде, стана доста звучно, де некој инструмент се малтретира, некоја честитка ечи негде заглавена под кревет, Поточиња фрштат, општ хаос. Почна да дрнда цело време, да сврзува реченици од кои првата и беше *тато бегај*, па мислам дека со мм добивме одговор на тоа дали ќе имаме дифтар или мило девојче по дома. Втората омилена, мамо кај си , што ме растажува ептен некогаш кога мора да ја оставам. Е сега, и Биби и Боби ги бара така ама нејсе. Многу ми е мила, секој ден се изненадуваме со мм за зборењето, па нормално почнавме и со кодиран јазик по дома, да избегнеме непријатни случки у јавност. On the not so bright side, спиењево е смешки, навечер спие ама боже мој преку ден е драма, а и мотото за јадењево ни е сѐ освен здраво. Во Новава година се надевам на повеќе патувања, време за нас и хоби, зошто психава ни страда од тоа трчање насекаде, секој ден. И помалку настинки. Среќна Нова, ви посакувам само убави моменти.
Да шкртнам и јас нешто дур бебе дреме. На крајот на годинава сум благодарна. Тоа е наједноставниот збор што целосно ме опишува моментално. Благодарна сум за ова мое сонце што секој ден сѐ повеќе ме грее. Заљубена сум до уши во едно мало човече и колку и да сум уморна, благодарна сум што животот конечно на ваков начин реши да ме уморува. Благодарна сум и горда и што со сопругот стигнавме до тука. Посреќни и посложни не сме биле, се надевам дека доаѓаат уште поубави денови и дека мракот е зад нас. Во новата година ќе посакам пред се добро здравје за сите. Ќе посакам и да научам малку повеќе да го координирам времето и да наоѓам повеќе време за себе. Повеќе денови поминати во природа, патувања и некое ново хоби. Фала и на 2023та што беше добра со нас. Конечно можам да кажам дека сум среќна!
Добар ден на сите, Малку мрчатор за почеток на пораката. Пречекани куп гости со пакетчиња за бебе, најбитно никој навремено. Се најавуваат во 19:00 пример, доаѓаат во 20:30. Или најавени за пладне, доаѓаат во 14:00 часот. Битно се видовме со куп драги луѓе. Нова година, интровертот во мене вика најубаво со мезе, по пижами и пред Тв, ние тројца. Екстровертот од мој сопруг закажа дружба со 5-6 други фамилии така да ќе видиме како ќе поминеме со бебе, во толку гужви. @AngelOfArh , @Bubce38 , среќни родендени на батковците. За оваа година освен нели раѓањето на ќерка и немавме некои побитни остварувања. За следна само да сме здрави и живи, не поставувам некои големи цели, ќе оставам спонтано да течат работите. Среќна да е новата година за сите, да имате остварување на вашите желби.
Утро поминато на Водно, ручек кај баба и вечер со блиски пријатели дома. Супер ден за да се заврши годината. Маж направи руска, испеков каре, кифли и благо купени, уште да ја набодам пршутката и сирењето и спремни сме за дочек . Неколку нервни сломови, неколку настинки и антибиотици, многу нови постигнувања и ептеееен љубов и гушки со ќерче е тоа по што ќе се памти годинава. Едвај чекам Бадник најубав ми е од сите празници. После тоа одиме на зимовање, малку да пододмориме. Во 2024та го чекаме бато да се роди . Среќна Нова мајки, имајте успешна 2024
@Bella_Stella како ги имаш склопено желбите за 2024, како јас да сум ги пишувала . И јас исто имам такви желби за новата 2024, колку што можам да се посветам на себе за да бидам поисполнета и посреќна па да успеам да им посветам време на двете деца, на мажот, домот... а последниот дел од годината веќе и професионално кога ќе се вратам на работа. Сето тоа бара голема организација, само сакам да не ми претставува стрес туку со мир да ги поминувам сите обврски. 2023 за мене секогаш ќе биде една од најубавите години поради раѓањето на синчето. И покрај сите предизвици на крај добро завршува. Благодарна сум, преблагодарна .
И јас да пишам овде за последен пат во оваа година. Прв пат ќе славиме во друга држава. Годинава свртивме нова страница. Само за добро нека е. Скоро се е спремно за вечер. Салати и кифли направени. Останува маж ми да ја спреми скарата. Музика се пушта од сабајле. Сами ќе си бидеме. Најубаво ни е. Утре можеби ќе имаме гости. Оваа година децава прв пат без пакетчиња. Не сакаа. Си побараа нешто друго. И си добија. Ние возрасните се подновивме со облека и обувки. Овде имаат баш распродажби. Речиси се им е на пола цена. Нешто ме прифатија будалите па почнав да се шминкам пред секое излегување низ град. Маж ме гледа Децава пораснаа па можеме повеќе време да поминуваме сами со маж ми. Трето дете не планирам. Нека дава Господ таму кај што нема. Среќна Нова Година! Се најубаво во новата
Чао чао 2023 година. Магична година! Ни ја подари најголемата љубов која може да ја осеќаме ние како родители. Година во која и за прв пат видов дека маж ми може да се стопи пред некого, човек кој никогаш не искажува емоции, му се предаде на нашето сонце , кое ни го разубави животот и обои во најубави бои. Благодарна сум му на бога што по толку напор не благослови со ова мало ангелче. И посакувам 2024 да биде уште подобра, да им подари на сите што чекаат по едно такво чудо. А нас да ни дава многу здравје, среќа и бериќет Чедата да ни растат здраво и безгрижно! Среќна Нова година мамасити мои драги
Добро утро мајки! Мојата 24та почна неславно, со 39тт, со дете што се гуши од шлајм и мајка без памет. Од кај излезе овој секрет и оваа температура не знам. Спие врз мене за да може да дише, отспав едвај 2ч и толку. Ми се плаче. Неславно ми почна, толку колку што 23та ми почна славно. Ми се плаче! Бебе мое беспомошно, не сака дури ни да цица, а штом не сака ни да цица е опасно бидејќи тој е најголемиот цицољуб на планетава. Нека помине ова, нека помине што побрзо. Ко за беља парацетамолот сум го дала некому, немам, измкнав едни чепчиња, едвај ставив едно, ама ќе морам пак да ставам, почнува пак да се угорува. Сум заборавила како е кога се волку мали а волку болни, башка овој не ни знам како реагира на тт, страв во коски. Ја испративме старата во друштво на свекрва ми, божем кумовите ги викнавме, не сакаа ли, не можеа ли, не знам, ама многу грдо се осетив. Толку беше од моето викање нив на славење веќе, почит колку за тоа што имаат титула и толку. Може и јас премногу сум осетлива, ама некој цел месец да ме прашува што ми е планот за денов, па ќе го удостојам со еден одговор ма каков било. Надвор почна да се разденува, едвај чекам да се спакуваме, да отидеме да го ѕирнат детулево на лекар и да здивнам малку. Ако вака почна, како ли ќе тера?
@AngelOfArh , дојди да се гушнеме. И кај мене со температура. Додуша не крева цело време ама не сме раат. На мисла сум дали да бараме дежурен доктор на болница или утре да ја чекаме матичната. Освен Тт, нема друго. Јади помалку ама бар јади. Скарана е со месо ама свежо овошје и грчки јогурт по некое лажиче може да помине. Се сомневам јас на заби затоа што не сака воопшто нешто да се допри до непцата ама ќе видиме. Со крвни слики и прегледи ќе стартуваме. Ако не денес, утре секако.
Утро мајки Среќна ни Нова година Да бидеме само здрави прави среќни и весели . Сите да сме си на купче со најмилите ,тоа е најважното Да нема ни болни дечиња , ни родители ,ни баби и дедовци . Пред две години на денешен ден домот ни стана побогат за еден член Како вчера да беше коа го донесовме дома синко , такво малечко во транспортер го внесовме и го ставивме транспортерот на куњската маса и стоевме над него еден час и само немо зјапавме во тоа малечко човечуле. Се сеќавам, маж Не трепнуваше и само повторуваше : абе Бубе нели е многу мало ,на сликите ми личеше многу поголем Па мајка се придаде : абе ним случајно да ви го сменија , ним да ви дадоа друго бебе по грешка Ама синко од бебе беше пресликан татко му ,па таа опција од старт пропадна . Се распишував уште во цуцулови зори,ама станав во 06ч,наспиена ,одморена,свежа. Чекам да дојде 07 ипол и да одам да го земам маж од работа. Ќе ги отвориме подароците од под елка ,едвај чекам да им ги видам реакциите на синко , маж и на мама Гледам и мама ставила три подароци за мене сигурно маж ми и дал обврска да купи и спакува нешто од него и Славен за мене Не очекував ,искрено Да одмори и маж сега па вечер идемо у бољи живот . Да ја пречекаме и ние официјално 24ката Имајте убав ден мајки Гушки и до дечките
Среќна Нова женски. Се најубаво. Ние бевме дома. Стандард шема години уназад. Си каснавме, си пивнавме, се испруживме на кревет Имаше огномети. Пола саат пукаа. Малото почна да плаче зошто и ние не сме купиле. Им купивме жижалки, па се радуваше детево цело време. Му викам на мм - Плачко како тебе. Освен што е светол во косата, другото се е на маж ми. Copy-paste Поголемиот е цел на мене. 100% оригинал. Надвор врне. Ручек се крчка. Маж треба да си дојде од работа. Вчера му викам - Утре сакам пак да си купам нешто. Ме гледа и ми вика - Ти си забегала Во Германија поинаков начин на живот. Нема одење по гости. Ако сакаш да се видиш со некој фино лепо ќе си отидеш во некој кафиќ. Тука само за поводи си одат на гости. И комшии не се дружат. Само здраво и толку. Ми одговара ваков начин на живот. Поздрав. Убав ден
Среќна нова мајки, само убавини во новата 24ка Ние стандард со деци и со золва и деци дома кај нас, ама последниве години не ни ја дочекуваме, секој по дома а и ние во кревет со деци уште пред 12 сме кома Прв пат оваа година кажаа желби за Дедо Мраз што сакаат да им донесе, и прв пат мајка им купи и им ставив под елка. И сабајлето живи радости беа тоа, па ќе ни стане традиција веќе, дека пораснаа па разбираат мајкини љубови Деци иначе не можат да се оправат, кој кашла, кој нос му тече, кој се комплет, значи хаос се недела ипол веќе. Па и капак и мене ме фати не можам да дишам од што сум затната и некоја болка во грб аууу ме скина грбов цееел ден Кај бејби ништо ново, не се оправи со спиењето, дури сега е бетер од кога се затна во носот, секоја вечер на 20мин се буди со плачки и јас не знам веќе кој пат да го фатам Овој период лани се сеќавам, толку му беше мачно и едвај чекав да се породам, а сега се спремаме за прв роденден. Не ми се верува дека и моето најмало на крајов од месецов ќе полни годинка… времево си летка Убава вечер мајки
Не осетив дали не огреа сонцето од 4ти скок мислам дека некако веднаш преминавме во 5ти. Колку е можно? Пишува дека ќе почне за 10 дена, сега сме 4+++. Дали се заби во прашање. Бебе ржи буквално. Фаќа и гриза се што ќе му подадеш. Цуцлата ја прави лом, ја фаќа со рацете и ја обрнува од кај пластичната страна и така ја шмука т.е. гриза. Едвај се раниме. Само ноќеска пие млеко мирен, а преку ден тоа е борба кој да го држи шишето јас или он. Го вади па кинка зошто не му е во уста не знам више ни колку мл пие зошто не се знае колку млеко правам и фрлам. Го држам за да ждригне па кога ќе ме фати за коса кубе ме штипе на врат не се држи. Регресија не не фати многу, си спие убаво, но додека е буден акција цело време. Како се вашите бебушки на 5 месеци?
Истоооо како што опишуваш ама буквално, јас и ти мислам ист термин имавме за пораѓај Кај нас бели се доле непцата се гледаат заби ама нема извадено. На тик ток гледав со чаша стаклена да му ставиш на непцето демек ако е бело значи вади заби ама кој знае дали е така. Нешто не дрма сигурно