Го допирам со прстот на непцата и се смирува одма. Бели се да ама не гребе ништо. Жалче е ептен ај барем нека излезат брзо.
Среќна Нова година мајки и дечиња, среќа,здравје и мир да си имате Се надевам сите сте добри. Јас оддамна не сум ве поздравила, ама немам кога. Ќе почнам некогаш да пишувам па ќе избришам, а ве читам, ретко додуша, ама ве ѕиркам понекогаш Новата со друштво ја прославивме. Они со деца, ние со деца, заедно се во градинка па се знаат и се изнаиграа, до 3 сабајле седевме првпат толку да издржат, ама што убаво ни дојде дружбата, сум заборавила како е да си помуабетиш на раат Бебе дома си седеше со баба, се подружи со нас еден саат и дома на спиење во 10. Ред не смее да трпи, иако она и во 8 би си легнала ко што си е навикната Јас почнав на работа пред 10 дена, тоооолку ми е убаво, срам ми е да кажам дури. Конечно монотонија да разбијам, ем со народ, ем излезена од дома, најадена, напиена кафе.. Дадите во градинка, бебе дома со свеки се чуваат. Они ми се ептен големи станати, ја чуваат и играат малата ептен. Она па ги обожава, им се кикоти на глас, ги закача, ги кубе и гребе од љубов, ама се и е простено од нив Не знам дали дека трето, искуство ли е, рутина ли е, ама во овие 9 месеци ништо посебно тешко не искусив. Ни скокови, ни заби осетив тешко да вади, ни болести (освен кашлица) ни па ненаспана се осеќам .. 8 саати си ги спијам редовно,тоа најбитно ми е, оти јас сум човек што не функционира ако не а наспан Дефинитивно потешко е со едно, него ли со повеќе дечиња. Барем има кој да ја занимава додека ручек правам,или пеглам, се бањам. Баш се чувствувам одморена,среќна и исполнета. Нормално не се сите денови розеви, секаде е слично .. ама ќе биде подобро,нели Се спремаме за роденден на средната, и тоа па 3 год ми прави веќе ми растат дечињата Се е полесно после 3тата година мислам. И она не е веќе тоа бесно и лошо дете, баш е умна сега, сама си игра, е има малку страв од голлемата оти она е во вечити тантрум, ама гураме некако Големата опседната со се што е светкаво, само шминки бара да и се купува, ташни, парфемо, и што уште не. Машала расте во висина, секој месец гардероба обновувам и пак за месец-два се и е скусено. Ама тоа им е работа па, да растат. Плата покачена, бонуси ветувачки, ај белким ќе завртам некој денар конечно, оти досега се маж ме вадеше Ич не ме бива со пари, 5 дена плата најмногу ми трае, стварно срам ме фаќа. Што има врска уствари, еднаш се живее Заспав бебе, момите кај мајка ми на спиење ги испрати после 6 месеци, да се спремам и јас за спиење оти утре спремање Бадник ме чека. Убаво да си поминете за празниците, гушкајте дечиња и бидете ми поздравени
Вечер мајки. Оддамна не сум пишала, некако од кога се префрливме во “дете” форум се чувствувам пораснати за да пишувам овде Баклавата направена, тиква и костени испечени, мама преморена ама среќна. Шоубаво ми е вака сите дома на топло во исчекување на Бадник. Е уште снег фали, ама не може се да биде совршено нели Многу убав период ми е овој, ама само за дома седење, ич нејќам ладно и во ниту една зимна облека не си се свиѓам. Лето кога се пицнам преубаво се чувствувам, а не вака пренатрупана со облека бетер крава кога ќе се видам. Ради облеката де Прославивме Нова година во Келн кај пријатели. Градот ми е љубов на прв поглед. Катедралата, пивниците, божиќнипт маркет со огромното лизгалиште, убавини, да се изнагледа човек на убав млад народ ем. Бебе спиеше уште во 11 како топ, цел саат огномети се пукаа муа не го полаза, убав и мирен на мајка беше он сите го поплуваа Е затоа сега дома ми наплаќа. Постојано сака занимација и не се заигрува ни минутка сам. Се буди често дека отфрливме втора дремка, валда преморен е со една плус му го поместив заспивањето за порано па во 6 е на сите четири кренат, ама во 8 е пак кома па и мама со него да се доспие Среќна Нова мајки, имајте среќни и мирни празнични денови
Мразам зима. Ај што не можеш како човек да излезеш, деца да прошеташ туку и ова вирусите досадни еден по друг, уште недолечено ете ги фатиле нов. Таман малото го заврши антибиотикот, големиот заврши со бронхитот, ете ти го пак малото температура, мрсули до колена и кашлица. Само плаче, не може да спие од носот, исецкав кромид и се чудам како да преживеам од смрдеата Сакам лето, да шетам гола, да седиме до касно и да спиеме до касно. Уствари сакам само да спијам без милион аларми за сирупи и капки, без плачки
Го пројдов истот минатата недела, од 4 дена работни 4 бевме кај матичниот, малото, па големото, па пак малото, па пак големото. Ама заврши, готово. Пробај го системот за лаважа на нос, од Зегин го земав, се препородивме дома. Досадна сум, секаде го кажав, ама многу ни помогна.
А предпоставив ама ај викам да прашам, страв ми е да го правам ова , никако да престрашам а и со моево ова мислам ногу тешко ќе оди, како правите многу ми е страв од задавување
И мене ми е страв, мислам ви кажував кога сакав со поголемото да пробам, па ај прво на мене јас морам се да пробам. Една недела имав вода во синусите И се откажав. Бевме на доктор, кај моево позади се слева многу густ зелен секрет, од тоа е кашлањето. Ќе видам маж ми ако има гз ова да го прави.
Не да се плашев... Не дишев додека маж му ставаше. Не може да се задави, ако му иде во уста дека е солено ќе исплука или поврати и толку. Поише мрсули нит со Носко нит со обично аспираторче не извадив. Рака полна секрет првиот пат од бебе од 1г. Си вдишала, тоа е, они не вдишуваат пошто се дерат нормално додека го праиш ова и не може да вдиши малтене. Маж прво проба на него па на деца, ама не обична вода, мора да е растворов или евентуално физиолошки.
Дозволено ли е ова за деца над годинка? Мене во аптека кога прашав за да го купам ми рекоа дека е за возрасни, не се препорачувало за толку мали деца...
Аууу ја уште имам уплав од вакви работи.. ќере беше неполна годинка кога золва запна вака да и го чистиме носот, ја будала ај викам сум гледала видеа стварно се искача од нос, ама она со шприц и напраи.. не сум 100% сигурна ама 97% сум дека од тоа и се дупна тапанчето. Пошо вечерта го правиме ова сабајле ми се буди со малце крв од увцето и правец систина ни рекоа дупнато тапанчето Не ми даде одговор на прашањето дали е од тоа, ама јас убедена сум дека не може да е случајност после еве нека бидат 12 саати крв од уво. И од тогаш не сум се осудила на ова пак
Многу сакам да пробам и не само на детето него и јас да не се мачам со мрсули ама дали ќе можам незнам , маж ми рече шанса нема он да прави ова така да останува јас да престрашам.
Јас кога прашав ми рекоа дозволено е, еве 1 недела и кусур како го користиме полесно не дишеле синковци. Малото има точно 1г. Ми рече дека е дозволено, а сум гледала по нетов дека и на помали го прават со шприц. Инаку кажавме и кај матичен рече нема никаков проблем, подобро чистење од тоа нема, како да гњури во море исто. Другарка им го праи ова на нејзините од раѓање, ваљда има врска и колкав млаз и со што ги чистиш, ние со едни ќесички што идеа со ова, као солен раствор само што во нив има и хиелурон, а мм проба со обична вода и го болеше, ваљда составот има врска. Јас за вакви работи сум многу скептична, големиот иако спушташе на секое едно никогаш пример лој од гуска не сум дала, не ми иде дека на мало бебе може а гледам по тоа групите и на бебиња од 4м им даваат, мене ми е нелогично, ама ова ми е исто ко да сум однела бебе на море нели.
Јасно де, и јас сум скептик за бабини лекови, како лој од гуска, ама еве золва ми пример секое кашлање само им дава и вика многу сум задоволна многу исфрлале шлајм, им даде еднаш на моиве ама ја не видов некој аир да ти кажам и не гледам потреба. Исто и Паскал коа го праша еднаш, се чудеше чоекот ама.. секој си знае за своите нели А ова беше со мал шриц и со физиолошки само
Баба му го држи во раце Неговите очи се вртат наоколу барајќи ме. Ме наоѓа и чувствувам како неговите очи гледаат во мене. Гледам во него, а он почнува да се смее. Се насмевнувам и продолжувам со мојата работа. Знам дека уште гледа во мене. Повторно го погледнувам, но наместо насмевка, почнува да плаче. Го земам во раце. Престанува. Има 4 месеци. Доста му беше играње на земја, па го земам и го давам на татко му. Вртам грб и тој веќе плаче. Се враќам да го земам, а тој тажно гледа во мене. Има 4 месеци. Тој не ми го отежнува животот намерно. Тој не бара повеќе отколку што му е потребно. Неговите потреби се толку искрени. Неговите искуства се толку реални. За прв пат во животот сфаќа дека сме две посебни личности. Досега јас и тој бевме едно исто. Исто како што го делевме мојот циркулаторен систем додека тој растеше во мене, тој дојде на овој свет знаејќи само за нашето заедничко постоење. Тој не постоеше без мене и јас без него. Одеднаш, тој може да види со болно ограничено разбирање дека навистина можам да го оставам. Има 4 месеци. Оваа реалност е застрашувачка. Без концепт за време, тој има само едно нешто - длабока доверба дека ќе дојдам кога ќе ме побара. Има само 4 месеци. Некои денови, тој е по цел ден во моите раце. Други денови, тој среќно игра гледајќи го својот брат. Некои денови, можам да го дадам на некого и тој со задоволство ќе гуга. Друг ден, тој почнува да плаче уште пред да го дадам на друг. Има 4 месеци. Тој само учи за животот. Тој стекнува доверба. Јас доаѓам кога и да заплаче, дење или ноќе. Сè додека моето присуство му дава мир и сигурност тој тие ќе ги добива. На крајот на краиштата, тој има само 4 месеци.
Вака и мали бебиња чистат по болнициве, јас со големото пробав ко имаше 3 год и се уплаши ама излегоа мрсули, за бебево ко беше на 2 месеци затнато ја прашав матичната ми рече немој сама а искрено и страв ми беше, иначе порачав шприц од алиекспрес чекам да стигне. Лој од гуска, никако да пробам, големиот 5 год е, една другарка редовно го користи и вика дека мн помагал, 1лајче во млеко, го повраќал цел секрет како топка излегувал, исто и го мачкала на грб кога кашлал. Јас исто не користам вакви народни лекови ама лојов мн го фалат.