Мислев Мислев за тој производот Отосан дека ми рекоа така, иначе знам дека чистат со шприц и на мали бебиња. Сум пробала на моето ама толку многу мрда и плаче, и ми е страв да не го убијам со шприцот и не успеав до го исчистам..
оооооо мајкички милички бебенца Лежам дур двајцата околу мене спијат на моменти дур се будни и хаосот е на највисоко ниво а тие како 2 појачала сакам побрзо назад на работа Кога и да се посветам повеќе на бебе во денот ме убива mom quilt дека дада сум ја оставила ( со баба / градинка / или едноставно сама игра ) а кога и да играм со неа па си викам сирото мало бебе ке му помине бебешкиот живот јас неа се ја гледам Дур спијат до мене или кога се гушкаме благодарам на Бога за преголемиот дар и молам за нивно здравје .....Ах колку би било убаво да можам овие мои дечиња бар до 5 години да си ги израснам сама дома .....но нема и нека ми се здрави и живи а мама здравје од средина на февруар се враќа на работа .....желна и за работа и за дружба .....но уште сега ме фаќа паника прво како свеки ке се снајде со мали дома а и со дада да ја зема од градинка друго како јас ке се снајдам без моите дечиња по толку долго време во денот и последно но најважно како моите дечиња посебно мали бебо ке ја прифатат промената Периодов сум влезена ептен во кујна ....инаку свеки готви on a daily basics сем кога јас произјавам желба .....ама кога готвам нешто скроз се внесувам со срце и обично излегува топ како свинското печење овој Божиќ не да се фалам ама прв пат правам и предобро беше и така доста од мене за сега
За 20 дена почнувам со работа.. Ќе работам од дома, ама ќе работам. Знам дека сум во ‘предност’ за разлика од некои мајки што мораат на девет месеци да си ги остават бебињата за да одат на работа, ама сепак.. Многу се плашам дали ќе знам да го организирам денот како што треба и да ги завршам успешно сите обврски. Помош немам никаква, само се надевам дека ќе успеам.. Многу ми е жал што нема да можам да му се посветам како до сега и ќе морам да го оставам да се заигрува сам. Знам дека и тоа си има свои предности, ама сепак ми е криво. Некоја грутка имам во градиве последниве денови и само ми се плаче, многу ми е тешко.. Не знам кога се породив, а веќе дојде крај на породилно.. Пребрзо лета времево, ме нервира. Почна да се исправа, сака да стои, да оди.. Сите го гледаат и викаат аа ќе прооди кај и да е, а јас кисело се смешкам и во себе си мислам дека кога ќе прооди веќе нема да биде бебе, моето мало бебе што во мене го гледа цел свет.. Не знам зошто сум преплавена со вакви чувства, ама веројатно е нормално.. Си го бацувам и гушкам деновиве повеќе од било кога, мислиш некој ќе ми го земе.. Од една страна сакам да работам и малку да сменам секојдневие, ама од друга знам дека ќе биде напорно и ептен се осеќам под притисок..
Ќе успееш. Заради ковид работев од дома од на бебе 9 до 16м. Полесно e дур се помали, после 16м стана невозможно да сработиш. Посебно тимс состаноци.
Зошто баш сега ова? Кога ми е толку тешко. Тешко што бебе не ја прифаќа жената што треба да го чува. Плаче и ме бара. А јас имам броени денови до работа. Како ли ќе биде стварно не знам. Но бебе без мене тешко да седи. А и јас без него
Јас сум далеку од крај на породилното, но секако одамна работам од дома. Како планираш ем да работиш ем да го гледаш? Имам многу размислувано дали е тоа можно, јас имав фиксно работно време од 9 до 17ч, а мм оди на работа во 12.30 се враќа во 22ч.
@Bella_Stella , се надевам ќе успееш. Јас имав/м флексибилно работно време плус место, е тоа значи дека итно морам да завршам повици или да праќам мејлови со бебе во раце. Кога спие најбитните и неодложни работи да ги направам прво ама за компанијата, не за мене. И јадам пред компјутер, и во неодложни ситуации оставам дете на 10-15 минути пред Тв. Знам дека е лошо тоа, не дека не знам. Меѓутоа од тоа што моето дете беше на 5-6 месеци или до кај 9, сега е променето за 180 степени. Имаше период каде на подлога или во нишалка си се заигрува сама и по повеќе од пола час. Некогаш и не сеќавав кога заспала. Од друга страна сега со едно око гледам во лаптоп, со друго во неа, затоа што лази, се исправа. Најинтересно и е на местата што се најопасни, вклучувајќи ги каблите. Е сега јас имам и опција баба и дедо, плус градинка кога не е настината. Ама флексибилноста во нивните очи значи, од градинка да се јават, спие, не спие детето, земи си го. Или и е растечено носето. Или други објаснувања. На бабата и дедото секоја можна прилика и одговор им е можеш од дома, и крај. И тоа се трудам најминимално да барам помош за чување. Најискрено кажувам дека едвај чекам да се вратам на целосно време од канцеларија и да не се раскинувам на сите страни. Знам бебе е до 16:00 пример во градинка, после тоа 4-5 часа до спиење си поминуваме заедно и крај. Вака сум 10 пати поуморена и само по патишта, однеси дете, земи назад, појди по документи, врати се, па состанок, па порано, покасно. Пак ќе речам, ова е мое искуство, пак зависи што ќе работиш, колку часа, дали со фиксно работно време итн.
Зависи дали работата ти е таква да мораш нон стоп да работиш во фиксен период или можеш да работиш кога сакаш битно да е завршено. Пишав погоре, јас работев од дома ради ковид мерки кога големиот имаше 9 до 16м. Како помал ги завршував работите додека спиеше со 2 големи дремки и вечер откако ќе легнеше после 9. Додека играше на земја исто ѕиркав мејлови, а ако имав состанок му пуштав мкд цртани на тв. Не е идеално. Тешко е, кога ќе почне повеќе да разбира е невозможно. Јас таа година добив оцена и за најдобар перформанс, ама имав мотив ептен да се покажам за да ме остават дома подолго со него. Е сега кај мене не се гледа кој физички колку време е на работа, битно е да е сработено во рок, ти шо сакаш праи измеѓу. Со второво немам можност за работа од дома секој ден и баш ми е криво што ќе мора во градинка од одма.
Ќе успееш мила, ќе се научите и двајцата како ви одговара Ќе ти биде малку хаотично додека да фатите ред. Јас месец дена не знаев кај се наоѓам Не знам какви ти се обврските спрема работата да ти дадам совет како полесно да се снајдете. Јас состаноци терав со нејзе во раце или долу на под со играчки опколени Ако морав нешто итно да завршам, јбг. Си седеше долу со играчки. Ако баш ептен збеснуваше по мене, во хранилката до мене и работевме заедно. Паузата ја темпирав за нејзе кога и се јаде, јас јадев пред лаптоп додека спие. Поточно све гледав најбитно и најнеодложно да завршам кога спие, нормално. Ќе успееш срц, верувај И да потврдам Кукличе што кажа, помали полесно е да фатиш ред со работа од дома отколку поголеми. Иди прелажи ја сега да седи у хранилка до мене. Нема теорија, лаптопот ќе ми го мавне од земја
Мајки на две деца под 2 години, како успеавте? Малата има 11 месеци, дознавам дека сум трудна. Непланирано и не сакано. На 300 ума сум. Претходно имав ризична бременост, три месеци лежев и само до вц одев. Си викам ако пак биде така кој ќе ја чува неа, ионака сум сама дома скоро цел ден, без помош. Ама па и сум пресреќна. Еден куп емоции имам, не знам каде да терам.
@KuklickaSk @atz1995 @Miss_S @LiquidLuna Идеално за мене ќе беше да поработам уште 3 месеци од дома и на годинка да го пуштам на градинка, а јас да се вратам во канцеларија. Ама тоа за жал е невозможно со моето работно време. Од работа ми излегоа во пресрет и ми ја сменија позицијата, поточно ме унапредија. Ќе имам поголема одговорност, ама и поголема флексибилност. Во америчка фирма работам, со работно време од 14 до 22ч. Никако не можам да искомбинирам да оди во градинка, треба да не го гледам по цели денови. Маж ми работи од 8 до 16ч, така да он ќе превзема кога ќе заврши. Од работа ми кажаа дека не им е важно кога ќе работам, се дур тоа што ми е обврска е завршено. Дали ќе биде на полноќ или за викенд, не им било важно. Во фирмава работам подолго време и имав менаџерска позиција, па мислам дека сега се флексибилни зошто кажав дека опциите ми се тие две, или да работам од дома или да си одам. А најверојатно не сакаат да си одам. Баби и дедовци немам на помош. Родителите на сопругот се помлади, уште работат и не се опција. Моите живеат во друг град, мајка ми е пензионер, ама џабе. Ќе пробам да ставам некој ред, да се научам да издвојувам приоритети. Не само за работата, општо во секојдневието. Бебе засега личи дека ќе се заигрува сам, што не значи дека ќе е така. Ама мене ми е криво што ќе го немам времето што го имав за да имаме повеќе заеднички активности.
Епа исто ни е златна. Јас работам до 11 само, тотално те разбирам. Моите се во друг град, свекор и свекрва немам. И тоа што го чувствуваш е оправдано, мојата оди во градинка и стварно не се гледаме многу временски. Верувај дека ќе се снајдеш, а со флексибилноста на работата пак ќе поминуваш време со синко. Ко ќе потпорасне ќе си правите и игра од тоа, ќе видиш. Ќерче веќе ме имитира и вика "мама боте, шшш"
Јас имам уште 4 месеци од породилмо ама бебе ќе мора во градинка, срце ме боли од сега ама тоа е... За првото мајка ми беше слободна таа го чуваше, а и корона фати па свеки беше исто дома, јас работев цело време во пандемија. Почна на 2 год и 2 месеци в градинка. Сега 2те работат и неможат да го чуваат. Нз како ќе биди, а зависам од работата со 1 плата од 500е нема шанса да издржиме
Јас не можам да бидам флексибилна. Има строго работно време. Не дека не сум ескивирала, во бременоста спиев кога ми текне но сепак не можам на тоа уше да лежам. Ќе видиме до мај
Хаха душа мила, тишина да биде за мама да работи. Проблемот кај мене е што очекуваат да се вратам на работа во канцеларија eventually, а тоа е скоро невозможно. Ако го пуштам во градинка на есен треба да го гледам само за викенди. Со една плата е тешко, плус во работава се имам баш пронајдено, напредував и тешко ми е да ја оставам. Ама од друга страна он еднаш е мал и еднаш сум му толку потребна, така да вагата сите знаеме каде повеќе тежи. Од друга страна па ми се работи од канцеларија. Да имам причина да се дотерам, да заличам на нешто. Да имам живот и надвор од дома. Тотално се запоставив, како клошар сум 24/7. Маж ми некни ми изнарачал дуксери и се некои такви baggy работи. Јес да сум тој стил повеќе, ама очигледно е и он како ме гледа веќе.
Ајјјјјј едно по едно До есен знаеш колку време има? Не мисли толку унапред и уживај сега. Почни вака од дома, после може и желбите да се променат. Сосема нормално и оправдано ако имаш аждаја ко мојава да сакаш да го пратиш у градинка Се ќе си дојде на свое место Едит: за клошарство остај, не ми збори. Земав да си ја пеглам косата, не памтам кога последен пат го направив тоа, мм ме праша швалер дали имам А јас уствари само мрза за пеглање ме фатила еве цела година...
@LiquidLuna @Bella_Stella еее за клошарство да не збориме. Косата ужасна ми е, не сум шатирана година дена, белите влакна вриштат за да се средам. Два пати бев за мк, два пати фризерот ме зафркна, не по негова вина. Овде незнам кај да одам на фризер. Маж како ме гледа не сакам ни да знам , битно синко е заљубен во мене, а маж нека ми извини уште некое време ќе биде во втор план . Јас до годинката ќе бидам дома после морам да работам, како ќе биде ќе видиме. На мм му велам ќе можеме ли до лето да издржиме финансиски. Па здрави живи ќе видиме како ќе биде. Не сакам да мислам на тоа, ме фаќа паника. Јас снаоѓање во нова работна средина овде. Одвојување од синко. Не ми звучи ни убаво ниту забавно. Ама кога се мора тоа е.