Денес бебето мое именден имаше, спремав дивеч, цел ден чисти спремај, моите и неговите требаше да се на гости, арно ама сверква ми ја оставија итно во болница со пневмонија, ние ручавме што ручавме ама умот на сите таму ни беше. Секако не сакав да го поминеме вака првиот именден ама кој би сакал ваква работа, само баба да е жива и здрава, имендени ќе има и други. Гледам зборите за работа, баш денес другарка ми тргна на работа, децата ни се две недели разлика и така си помислив да треба да го оставам сега во градинка дали би можела и не можам, нема шанса. Знам дека многу мајки немаат опција да не ги остават, благодарна сум што јас ја имам, ми се крши срцето за сите вас, многу сте храбри! Јас поработувам од дома веќе неколку месеци ама моето не е за плата и не е за некој друг, спремам да почнам еден бизнис па поработувам кога ќе најдам време. Секако не се споредува да мораш да сработиш и да работиш кога сакаш и колку имаш време, ама се трудам максимално функционално да се организирам сега, за кога ќе треба да работам(со надеж дека ќе тргне бизнисот) ќе можам да сработувам. Бебето ми расне толку брзо, лета времето, ем сакам да порасне побрзо за да не е зависен толку од нас, ем од друга страна сакам да остане вака мал и ние да сме му цел свет. Почна да лазе, ама многу е брз и смешен, како играчка на навивање, ама сега дефинитивно е полесно кога не мора да го носам во раце цело време, сега му е интересно долу и се заигрува, јес да треба да го пазам повеќе ама барем кичма одмори малце. За средување не ни зборам, добро е ако успеам да си измијам коса. Еднаш неделно одам кај мајка ми и таму се чупам, депилирам и средувам, оти дома секогаш кога имам време за тоа, јас си наоѓам работа. И така.
@Bella_Stella , во случајов бидејќи имате различно работно време со сопругот, ќе се снајдеш. Наутро време со бебе, веројатно како што расте и дремки ќе има околу 14-15:00 часот, па после да го превземи сопругот. Мојот на смени работи и голем ден од времето од утро до вечер сум сама со бебе/работа.
Да и јас се надевам на подолга дремка во тек на работното време, така би било супер. Ќе се снаоѓаме сите, немаме избор. На крајот на денот целта е убава, камо сите да доживеат да се уморни од среќен и исполнет живот.
Плачам.. Во вистинско време го прочитав. Фала ти што го напиша Знам дека секоја мајка се пронаоѓа во овој емотивен текст.
4 скок плус регресија. На гости кај баба му кај мене во раце го помина денот. Баба му го зима, урла. Онака раце немам веќе
Зошто бе никој не кажува колку е тешка фаза новороденче со второ дете? (Второ и трето кај мене) Јас ептен си го романтизирав процесот, тргнувајќи од искуството со првото дете, кога ми се отвори еден нов свет, целосно се окупирав со бебе, јас се родив како мајка, очите не ги тргав од него, врз мене спиење дење ноќе итн... Пробувам некако да жонглирам помеѓу сите нив, ама уште не можам да ја прифатам скроз новата ситуација. Кога се вративме од болница, големото се разболе и качи температура, па матичниот не советуваше да ги изолираме малите во една соба и да спречиме контакт колку е можно... ние со маски кај нив неколку дена, ептен ептен ми беше тешко... Сега најчесто сме сите заедно, ама сакам и на секое да му пружам екаклузивно поминато заедничко време. Па кога сум со бебињата големото најчесто ме бара, сака да си играме, да читаме, да одиме некаде, посебно зашто бременоста во најголем дел ми беше врзана за кревет, па доволно страдаше по мене. Кога сум со него, ептен ми се стега срцето, зашто знам дека бебе фазата трае една секунда и додека да трпнам ќе бидат пораснатки Верувам дека ќе изградиме некоја рутина со тек на време, кога големото пак ќе почне во градинка, ама ете јас некако наивно пристапив на сево ова, и пропратено со бејби блуз првите недели ептен опаднав психички.
Мама и мене ме чека тоа а? Малата ќе ми биде 3 и пол кога ќе се родат близначињата,се надевам ќе помага нешто И јас си го некако романтизирам тој момент сите дома заедно,ама цврц,додека фатиме ритам,оооо,ќе има журки низ дома Ама ајде бргу растат,ќе се издржи се'
СТРУМИЧАНКИ кажете каде да барам нешто убаво за кере за роденден некој посаглам детски бутик и како се со рсботно време во сабота
Мајки незнам каде да пишам. Чистевкупатило и плочките ги прскав со Саво по 5 мин влезе ќеркичката по голема нужда.. ја оставивме вратата отворена, ама пак ми е шубе дека дишеше таму.. дали знаете колку е штетно и какви симптоми можи да јави?
za waikiki znam samo se somnevam deka ke najdam nesto sto ke mi fati oko bas za rodenden fala za ova drugovo a kade e tocno ???
Имам одено во еден бутик и за облека играчки и опрема беше, ама преубави работи имаше и многу избор. Го заборавив името. Во тие уличките беше позади Глобал кога одиш накај Нугабест. Спроти дуќанот имаше една зграда знам нешто позната фирма беше, не ми текнува што Ама објаснив, ни јас не се сфатив Струмиџанки јавете се на помош
ЈАВЕТЕ СЕ СТРУМИЧАНКИ ИТНО Е УТРЕ СЕ ОДИ МОРА ДА ЗНАМ ДА НЕ ЛУТАМ А ЗАДЊА ШАНСА МИ Е ЗА ДОБАР ФУСТАН / СУКЊА ПАНТАЛОНИ ТАМУ
За девојчиња има многу избор во Ваикики, барем таков впечаток имам кога сум купувала подароци. Mini & Us е кај кружниот кај Рамстор и Стокомак. Тој што го објаснува @Anturium е позади Глобал, карши Нова Лаб, Ремедика беше порано таму. Сум влегла неколку пати, ама никогаш немам купено од таму. За машки нема ништо асално.
Ова твоето ко ја кога објаснувам за Струмица, скроз исто Три четири пати сама до Струмица, ама освен да се паркирам под ваикики таму на паркингот кај Рамстор друго не знам. А и до дм знам да отидам мислам, ама не сум сигурна . Ама еве ако ги има повеќе струмички тука нека се кажат, не за друго да ги маркирам и за кафе да ги барам кога ќе се стопли времето
Мајка алал вера за Mini & Us полн погодок ја облековме госпогицата толку убави работи имаат и посебни ептен сум ти благодарна што ми ги посочи
Спојлер: Омг омг омг Не можам да дишам од страв. Пресреќни сме, иако мислевме дека нема да бидеме ама преплашени. Мајки на 3 деца ве молам утешете ме, не знам дали ќе успеам, дали ќе ја имам таа сила