@Bella_Stella , има ли бутикот Фејсбук или Инстаграм? Далеку сме ние од Струмица. @Skyler , со лесно. Немам искуство со трето дете, ама сигурно лесно, веќе имаш искуство со првите две.
Де мор па ти, сеа ја мора по тебе, така некако се пратиме со децава, морам и ја трето сеа. Ај по една женска, да не ни е досадно, шо викаш? Чек траумата од малово да ми помине мене
Аиии мама!!! Една смешка од пред некој ден една пријателка што ми ја кажа. Дојде на гости и не гледа вика видете се што сте среќни, ајде дур е мал набрзинка уште едно. И јас као аа не рано ни е. Вика абе знаеш како викаат, првото се гледа тешко, второто се гледа само, а третото ја јаде храната на кучето, ама тоа си е проблем на кучето, не е мој. Со среќа и со лесно, баш убава вест!
Омг омг омг бууум Мајка со лесно да ти е, јас знам дека можеш. Честитки од срце, многу ме израдува, убаво ја стартувавме новава! Бејби фивр инкомингггг
Аиииии лелеее честиткии Еве јас ќе ти кажам искрено, да, ќе биде тешко, ќе има моменти кога ќе сакаш да си го фатиш патот и да не се вратиш цела недела, ќе имаш и муабет сама со себе "што ли ми требаше сега ова" итн итн, ама љубовта од двајцава големи према бебето кога дојде беше... И сега веќе бебе ќе полни годинка и веќе си играат сите 3ца, се галат, се бацуваат и се чуваат, а на мајка срце полно Ќе успееш и ќе ја имаш силата, ќе видиш
Јас и со двете ги имам тие моменти Можам да замислам со 3, јаооо мајко мила Колку ти се разлика? Првите две ми се 2 ипол години, второто и третото би биле 2 год. Секоја втора година дете
Честитки и со лесно! И јас вака како тебе сакав разлика кога беа помали, ама чекај ова чекај она чекај корона чекај работава... чекањето отиде 6г Првите 2 ми се 2г и 6м разлика, третово ќе биде од првото 9ипол год, од второто 7 Ама многу се радосни, само ми бацуваат стомак уште сега Малава денес ми вика: Абе знаеш дека малку ти е пораснат стомакот, пораснало бебето еве сега толкаво е (и покажува со рацете)
Мене дека ми помина траумата со првото, па земав залет Искрено, кога ги гледам луѓето со ‘лоши’ втори деца многу ми е жал, како гром од ведро небо ти доаѓа. А вака кога првото е лошотилак, а второто мирно ти доаѓа како дијазепамче А женско леле колку сакам, се надевам овој пат ќе ми се исполни желбата, ќе си пукнам Му кажав на мм ќе го убијам ако е пак машко и онака ова по негова вина е. Храброст ли е, лудост ли е
Не сум верувала колку семејства имаат по 3 дечиња се додека не се вклучив на форумов. Би сакала и јас здравје. Со лесно мајка
Да ти даде Господ една убава мома, паметна на тебе Многу ми е мило. Сигурна сум дека супер ќе се справиш. Со лесно да ти е бременоста мила
Со среќа и со лесно. Мислам дека разликата во години ти е идеална. Само што ги успав тројцата и се мислев,како да успеам да им докажам дека ги сакам сите три исто,тоа ми е најтешко како мајка на 3. Убаво ви почнала годинава,дај Боже до крај да ви биде таква