Се радувам за вас, од срце. Немам три (иако би сакала ), ама сигурна сум дека љубовта од нив ќе ви биде гориво за да ги поминете успешно сите предизвици. Честитки, најлесна бременост да си имаш, живо и здраво бебенце да си земеш в раце.
После две мирни бебенца третово е "лошо" ,три месеци поминаа па понекогаш си викам што ми требаше ама брзо поминува.Моите се три машки,ќе биде интересно.Искрено тешко ми падна малце на почетокот ама сега се враќам во нормала.Со лесно бременоста,брзо растат се поминува
Шо убавооо. Од секогаш си замислував да имам три дечиња. А сега имам страв за второ. Ама никогаш не се знае може ќе се престрашам покрај вака храбри мамасити
Мене па ем ме фаќа мерак, ем ми ‘фуфка’. Маж ми запнал за три месеци кога ќе наполни бебе годинка да сме почнеле со обиди. Ама чисто сумњам дека ќе соберам храброст.
Колку треба да сум луда ако мислам на трето и после ваква ноќ?! Стануваше на 2 саата да цицне и да презаспие само, толку. Ако не го одбијам сега никогаш нема, до четврток имам време да се одлучам, викендов ќе биде пресуден. Убедете ме дека нема да е гладен ако не му дадам да цица навечер
Ако веќе размислуваш во таа насока одбивај го сега зашто се потешко ќе станува понатаму. Не ме прашувај како знам
Па тој е планот, продолжен викенд иде, да го одбијам, ќе спие со татко му. Од сега ми се слошува, ама тоа е.
Цицаат од навика. Моето ко темпитано секогаш во исто време се буди навечер. Се гледа дек е навика. Ама не можам да го одбијам мал ми е некако 8 месеци
Немам искуство со одбивање, ама три дена не се малце? Ние минатиот месец имавме ситуација кога јас бев болна, бебе спиеше со мм, а јас во друга соба. Како почна да спие со мм, почна да ја преспива ноќта скроз, ќе заспиеше околу 20-21, следно будење во 6 изутрина. Ова траеше 10 дена. Кога оздравев и се префрлив и јас во спална, почнаа лудориите Прво настина, па се будеше на час-два и му давав да цица, ама оздраве и еве сега пак сме исто, се буди навечер пак на час-два и мора да цицне.
Ќе видиме, немам искуство. Првото беше на мајчино од шише, сам по себе го џитна шишето, за ова а помислам жаби ми скокаат во граден кош.
Како после 10 дена имаше млеко уште? Или не те читам нешто убаво. @Skyler честитки. Никогаш нема да ти биде досадно. Лесна бременост.
Ќе биде подобро,знаеш нели Јас првите месец дена спиев со бебето во дневна,имаше жолтица и тешко се будеше за да цица,па се измолзував на секој подој само за да ја наранам саглам. Маж ми со двете поголеми во спална. Ќе станеше во сред ноќ средната ќерка со плачење за мене, не беше навикната да спие без мене ич .. Па се разболе бебе-бронхиолит,преку еден ден до Скопје на контрола, па една недела лежевме во болница.. не да сум западнала психички.. ужасно се осеќав,како да бирав едно дете од три,не знам, ептен грди мисли имав. Како растеше, ќе оставев бебе дома и јас со нив во парк,на лулашки,на пица некаде.. знаев дека им должам време со мене. Но ден за ден се подобрува ситуацијата,иако тогаш ти изгледа дека си сам на светот. Сега кога бебе е веќе 9 и пол месеци,кога ќе ме прашаат абе тешко ли е со 3 мали деца? На сите им одговарам дека не ми е,затоа што сум заборавила на тешкото. Се поминува
Јас пред годинка не ни помислував да го одбијам, ни сега не помислував, ама ме исплаши синоќа станувањето на 2 саата, како бебе ми нема станувано толку колку сега. Така да ако не се пролонгира станувањево не го одбивам уште некое време, ќе трга во градинка па ќе му треба утеха некоја
Јас бев решена да го дојам до годинка и да го одбијам, ама сега се предомислувам. Има уште неполни три месеци до тој ‘рок’ и не ми се прекинува, сакам уште да го дојам. Тоа што станува на 2 часа може му е некоја фаза. Да не вади нови заби? Или пак сонува и бара утеха. Со цуцла нели се смирува? Тоа не можеш да го укинеш, самото бебе си диктира темпо. Можеш да пробаш место града да нудиш цуцла па ако не е за јадење ќе презаспие, а и не мора да значи, дискутабилно е. Може му требаш само да го гушнеш па да продолжи со спиење, ама може и да си е гладно. Моето бебе заспива околу 9-9 ипол, станува накај 4 и нешто, ама некогаш знае да стане и околу два, ретко, ама се случува. Понудена е цуцла, пробано е само да го гушнам. Ама се гледа дека му се јаде, цуцлата ја катапултира и цица убава количина. Кај бебиња на таа возраст како нашите, кога се веќе многу радознали и стануваат свесни за околината, ноќните подои се сметаат за најефективни и најголемиот дел од дневниот внес на млеко доаѓа токму од нив. Јас не гледам зошто да се кратат, освен ако толку не можете да го издржите станувањето навечер. Тешко е, ама па нема вечно да трае.