Тоа и ми беше муабетот бебе што јаде и пие нема потреба ама баш никаква од цицање. Јадат тегнат месо и внесуваат многу повеќе протеини одколку млекото на мајката ама сепак да цица. Малце отиде во аут со психологов. Бебе и дете се учат на навика. А мајчиното млеко ако е тоооооолку полно со протеини на 2 годони тогаш и ние уште треба да цицаме. Дете што јаде и пие нема потреба од ништо дополнително.
Јас го доев/дојам и преку ден, имаше 7 месеци тогаш, не ми ни беше во план да го одбивам, само ете се погоди инцидентно, јас со температура и кашлица па морав да спијам во посебна соба. Сабајле се будев утоп, толку бев во бунило од температурата што не можев ни да станам да се измолзам за да си олеснам. Ама еве помина еден месец од тоа, сеа цица навечер на час-два. Со млекото не видов некој проблем, во смисла да се намали. Ја знаеш онаа шегата што кружи низ интернетов, gentle parenting is for gentle kids? Исто е и ова. Во овие 8 месеци сме поминале секакви периоди, ама овие совети од типот гушни го, крени го, дај му цуцла не палат на вакви деца. И стварно ме нервира кога луѓе шо имаат деца кои спијат редовно ми даваат вакви совети. Да не ме сфатиш погрешно, немам ништо против тебе, ама едноставно така нервозна сум Точно е, нема да трае вечно, ама хроничното неспиење влијае на секојдневното функционирање во мера која не е занемарлива. Супер што имаш дете кое има таков ритам на спиење, но верувај дека една недела да ве фати криза со често станување и неспиење навечер, мислењето веднаш ќе ти се промени. Јас мака мачам со ноќното спиење од 4ти месец, сега е 8ми и иако има периоди кога знае да врзе 4-5 часа, воглавном станува на 3 часа, а последниве недели на 1-2. Поминавме секакви хорор периоди, од неспиење, тешко заспивање, будење со тешко призаспивање, будење со плачење, сега сме во фаза будење и презаспивање стриктно со цицање. Таа нервоза ако не му се понуди цице во рок од 10 секунди од отворање очи, тоа пискање, тресење, тоа мора да се искуси за да се разбере. Џабе и цуцли, и гушкање, и нишкање. Имаше периоди кога можеше мм да го презаспие со нишкање, сега е или цицка или вриштење до бесвест. Знам дека не е гладен, бидејќи сношти се разбуди по 100ти пат, дадов да цица, заспа, при префрлање во креветче се разбуди и толку беше, мораше пак да му дадам да цица за да заспие. Сношти ме фати инает и реков нема да дадам, 20 мин се утепа од рикање па заспа. И може некој ќе ме смета за немајка или за сурова, ама стварно ми прекипи. И јас бев за тоа дека ќе го дојам додека тој сака, и поминав низ сито и решето за да не го изгубам млекото, ама ова е веќе на раб на тортура, кој шо сака нека каже. Јас не функционирам ни ментално ни физички веќе, преку ден немам енергија да го занимавам, нервозна сум цело време, со мм само се караме бидејќи никој не е наспан, едноставно кратка хорор приказна. Знам дека син ми не е виновен, и знам дека чим се буди толку често нешто го мачи, ама колку и да уживав/м во доењето, веќе ми станува товар.
Случајно ја отворив темава и налетав на постов. Ај честитки со лесно да ти е бременоста, баш ми се стопли срцево❤❤❤ Јас за второ не можам да се наканам хахахаа
Ја па мислам дека се за на психолог психотични мајки кои до 5 години не можат да се одделат од детето и се претопуваат во еден човек, губејќи го сопственото јас кога ќе станат мајка, а не едногодишно дете кое е роб на навика ама што да правиме различни луѓе, различни мислења.
Еј многу го однесовте муабетот у непотребно... Па на психолози деца и родители, не е убаво. Ние си се наспавме синоќа иначе, да не не мислите, сепак било еден ден само, али мајка ненаучена на таков ритам нормално дека ми дојде шок.
СЗО препорачува доење до 2 години, сигурно има зошто. Млекото на мајката содржи мноооооогу повеќе работи, барем денес може да се прочита сѐ што нѐ интересира пред да напишеме вакво нешто и млекото на мајката со месо да го споредиме. @TheSecret ти во скроз друга насока отиде. Сподели како го научи бебето од една година да преспива цела ноќ и како ТИ си одговорна за тоа како родител, може ќе помогне на некој, наместо да навредуваш. Патем, @Skyler честитки.
Моето мислење беше за членката конкретно. За ништо не генерализирам, па ни за ова. Да, имам среќа што имам бебе спијач, ама не знам како е ова релевантно во муабетот за влијанието на цицањето врз спиењето. Зошто мислам таа беше темата на дискусија. Секој си одлучува сам каков ред ќе му стави на свое дете и не постои правилно и погрешно зошто не се децата машини па ајде ќе ја подесиме и нека тера. Не мислам дека станувањето на твоето бебе конкретно ќе се промени ако престане да цица зошто очигледно си има други проблеми со спиењето, ама ако мислиш така вреди да пробаш. И моето бебе е нестрпливо и почнува да плаче дур да се наместам кога ќе стане ноќе да јаде, ама станува еднаш преку сила два пати и затоа не ми е проблем. Можело да биде и поразлично па ќе сум се справувала. Така се погодило.
Релевантно е, пошо очигледно влијае. Не познавам никој во моја околина чие дете е на ад, а се буди толку често во ноќта. Ако има некоја членка со такво искуство, нека сподели. Јас за нашиот проблем со спиењето се консултирав прво во советувалиште, па со педијатар, па со невролог. Заклучокот на сите беше истиот, дека има проблем при врзување циклуси на спиење (што е нормално во првите 24 месеци), но дека е останата навиката при ноќните будења да презаспива со цицање. За некои деца е доволно како што викаш ти, да го гушнеш, да му понудиш цуцла, да го понишкаш. Но тоа се не толку изразени случаи. Нивниот совет беше да укинеме ноќни подои, постепено. Е сега проблем е што нема метода за да се оствари ова без плачење. Гледам низ темава, а и низ форумов општо постои некое осудување во поглед на таквите методи, и тоа е најчесто од луѓе кои не виделе ваква мака. И верувам дека сите родители кои се одлучиле на ваков чекор биле навистина приморани на тоа, без друг излез. Нејсе, јас сеуште немам храброст за тоа. За ситуацијава се консултирам и со лактациски консултант, која постојано ме убедува дека се ова е нормално и е дел од развојната фаза, но истовремено и става акцент на менталното здравје на нас како родители, и секогаш ми вика, happy mum, happy kiddo. Да, не постои еден ист калап за одгледување деца, но осеќам дека притисокот за доење станува се поголем, па и решението за секој еден проблем е, дои го додека можеш, се е тоа нормално, гушни го, гали го, брзо минува времето итн. И има тука некоја прикриена доза на осуда, пример како што и одговори на една членка дека 8 месеци било рано за одвикнување. Мислам и јас фрлав вакви совети од ракав кога доењето одеше како подмачкано, сега со оваа ментална состојба и сите стекнати искуства, би размислила два пати дали да дадам таков совет. Верувај дека не знаеш во каква ментална состојба е членката која размислува во таков правец. Поентата ми е да бидеме малце претпазливи кога дискутираме. Мене конкретно темава ми е тригер бидејќи имам лошо искуство.
Секој си знае како со своето дете, но дека на бебе му треба врзан сон исто како и на возрасен треба. Првично треба да се размисли човек еве да стане и 2 пати само во ноќта колку е претепан и ќе спие сабајле повеќе. Организмот се навикнува да функционира и да работи така што дење е за јадење ноќе е за спиење. Без разлика дали е бебе или возрасен ако не е уморен е среќен, а за тоа треба добар непрекинат сон. Дури и не навремено јадење води кон тоа да си нервозен не пак сон. Дали ќе го оставиш да плаче 20 минути и да знае дека нема да цица или некој друг метод ќе воведеш и рутина тоа си е твое и ти најдобро знаеш. Али ако си претепана за спиење џабе ти е се. Конкретно за ад точно знам на колку време јаде, додека со молзеното беше индивидуално некогаш за саат ќе се рабудеше некогаш на е саати кога како и и беше изреметен распоредот за спиење. Сега кога е само на ад се знае на 3 саати до 11 вечер после тоа наредните 2 оброка на 5 саати и се. Јас наспана и она наспана и е бубаче. Синоќа дури и се искака додека пиеше млеко и сменив пелена и за 5 минути сама си презаспа.
А зошто не спиеш со бебето и да цица во спиење? И на осум месеци тешко дека е навика, потреба е и така си ја задоволува. Јас знам дека тебе не ти одговара да го слушнеш тоа, повеќе ти одговара да биде ова некој проблем кој може да се реши и готово. Зошто си исцрпена од неспиење. Знам, зошто јас бев таква. Не знам што не направив и што не сменив за да спие ноќта, ама не се случи тоа. Премало е осум месеци за да има проблеми, едноставно такво е бебето. Тоа со плачењето имаш колку сакаш студии прочитај дека бебето престанува да плаче зошто знае дека и да плаче нема никој да дојде, не дека е среќно и намирено, па си продолжува да спие. Може да седи будно, само нема да плаче, а ти ќе спиеш. Ама, тоа е крајната мерка, кога веќе човек е на пукнување и не може. И да, не е нормално да не спиеш по цели ноќи и да станеш да одиш на работа, физички не е можно тоа да се издржи. За жал, нема ко порано село, па да спиеш додека некој го чува бебето, па да собираш сила, па некако да се гура периодот. Ни така, ни така не е работата, па на крајот се прави нешто за да се преживее и тоа е тоа.
Ќерче е на АД од 3 месеци, до 9 беше супер спиењето. Од 9 месеци еве веќе 2 години направи, многу често се буди. Мислам често, ваљда и тоа е релативно. За мене е често, некој друг може да издржи вакво темпо верувам. Имам читано членки со бебиња со полош распоред на спиење и им се восхитувам. Ама да, иако е на АД once in a blue moon се дешава да преспие цела ноќ. Препишувам на разни промени што и се случуваат, константно затоа што одбива млеко. Не е за тоа
Баш зошто ти е тригер одлучуваш моите коментари да ги перцепираш како осуда, ама и тоа си е твое право. Со две членки ја почнавме дискусијата и една од нив беше таа на која и кажав дека е рано да го одбие на 8 месеци и дека ако го одбие ќе треба да пие АД. Рано во смисла дека на бебето уште му треба млеко, а кој како ќе реши да го снабдува со тоа млеко си е апсолутно негов проблем. Ама ете ти си решила да осеќаш осуда во моите коментари, стварно не знам зошто, ти си знаеш. Членката ја читам постојано и се нема пожалено дека бебето има проблеми со спиењето, па од таму и мојот коментар. Како и да е, не сакам да сум му тригер на некого за лошо да се чувствува. Затоа слободно заобиколи ги моите мислења во иднина ако те иритираат. Најдругарски.
Првото не го доев, второво го дојам и иако е мачно некогаш, почетокот ни беше страшен, доењето е многу повеќе од храна. Утеха е пред се, сламка за спас, доверба, а после и храна. За мене како мајка е непроценлива таа врска и многу тешко ми паѓа фактот што е ограничено времето, нема да цица до 1 одделение сигурно, само одвреме навреме ме фаќаат кризи еве вака или кога не сака да заспие иако сме се утепале од доење навечер, двете гради ќе ги испразни и пак неќе. Како пример го кажувам.
Inaku moite deca od cetiri pet meseci si spijat cela nok, legnuvaat so cicanje i sabajle koga se budat pak cicaat i si napreduvaat super, takvi mi se pogodile ete jas ne sum odgovorna tuku moite geni
Моето беше на ад и се будеше постојано и од коа престана да пие исто беше, апсолутно никаква промена немаше. Така да не знам од кај вие е тоа дека дете на ад преспива ноќ?
Znaci vo toj slucaj ne e gladno. Nesto drugo mu e. Dali go maci nesto ili saka da se guska so tebe seedno, neznaat oni drug nacin kako da kazat deka im trebas oni znaat deka cickata na mama e uteha.
Ама ние спиеме заедно. Овие циклични периоди на неспиење/проблеми со спиењето (кои се почести од периодите со спиење) го земам со мене на спална. Иако креветчето негово е буквално залепено за креветот. Има периоди кога спие во креветче без проблем. Конкретно за периодов, се решив да се обидувам да го враќам во креветчето бидејќи и тој сон што го имам измеѓу доење е за никаде, цела скичмена и здрвена. И пред некоја вечер кога го оставив да плаче, беше до мене буквално, легнати заедно на спална. Не го оставив сам. Го гушкав, го галев, му зборував, ама тој сакаше да цицне, иако цицаше 15-20 мин пред тоа. А за плачењето, никогаш не сме го оставиле сам да се исплака и да заспие. Иако некогаш си мислам дека тоа ќе беше подобро решение и за нас, и за него. Во смисла ќе исплачеше вечер-две, можеби и повеќе, него вака, кога имаме плачки малтене секоја вечер, иако е или во раце или легнат до нас на спална. Има два оброци, вечера не сум вовела ама пробав две вечери за ред му дадов зеленчукова каша како вечера, чисто да видам дали е гладен. Па полоши вечери од тие не паметам, спиев разголена со двете гради и само нудев града во бунило цела вечер. И СЗО препорачува доење до 2 години, ама во истата статија има фуснота кај шо пишува дека мајката треба да има поддршка за да го оствари тоа. Иначе ко што викаш, треба да дојде до точка на распукнување, некои работи колку и да сакаме не се физички можни.
Да ти кажам јас пробував секако. Давав вечера порано, давав вечера покасно, гледав да заспие порано, да заспие покасно, да спијам од лева страна или од десна страна Секакви можни совети испробав. Освен со плачењето, зошто сум стриктно против тоа. За мене, за другите секако нека прават како што мислат и како се осеќаат. Знам точно како е кога сакаш да се фрлиш низ прозор, па не осудувам, иако секогаш сум за тоа да се избегне. Сите ми викаа ќе престане да цица и ќе си спие. Кога престана да цица пак се будеше, само што сега немав цицка, туку мораше со нишање. (Не успеваше со ништо друго, иако секако све испробав можно). Па уште морав да станувам и да нишам. Со маж ми само се менувавме, ама тешко беше ужасно. И сега еве ја оди на школо и уште не спие мирно цела ноќ. Сонува, дрнда во сон, преживува, станува пие вода, оди во вц. Ноќеска имала ноќна мора, па се исплашила. Знаете како има некои луѓе легнуваат и спијат длабоко, некои се будат од мува да прозуи. Епа, тоа е.
Преголем притисок постои околу нас на тема доење. Еве моето цицаше до 2 и пол месеци и тоа не екслузивно. Сите кои те среќаваат роднини пријатели веднаш тоа прашуваат "Цица ли?". Ако одговориш со "не" добиваш "ако па и тоа ќе порасне", како некоја утеха демек правиш лошо ама секако ќе си порасне. Инаку имам читано и статии каде што пишуваше дека бебе што спие блиску до мајка го осеќа нејзиниот мирис и цело време го потсетува на цицање.